1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крај на сериозна врска-Тежина или олеснување?

Дискусија во 'Разделби' започната од janafilth, 14 февруари 2012.

  1. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Секој крај е тежок. Но, доколку во таа врска сте имале повеќе непријатности отколку убави спомени, крајно време е да му кажете на вашето мозоче дека е подобро да се стави крај. Доколку не е таа причина, и те како е тешко. Сепак не е сеедно нешто што си го градел долго време одеднаш да пропадне.
     
    На crazylady и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  2. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.690
    Пол:
    Женски
    Јас денес раскинав шест годишна врска. Се беше супер ама почна да ми приговара за бесмислени работи и решив дека дојде крајот. Го оставив да си каже што сака, ме прашуваше некои работи јас одбегнував директно да одговорам, со надеж дека тој ќе сфати што бара од мене, видов дека за џабе си се надевам и решив... Ставивме крај фино и културно.

    Во моментов не знам како се чувствувам.Не знам ни дали ми е тешко, ни дали чувстувам олеснување. Можеби е рано да се каже. Не знам дали згрешив што не му дадов уште една шанса да се промени во име на се она добро што ни се случувало, но знаете како викаат - волкот влакното го менува, ама табиетот никогаш!

    Засега сум индиферентна, но сеуште се нема ни разденето. Утре не знам како ќе биде... Ни задутре, ни за еден месец...

    Ќе ви пишам пак како ми е. Не за нешто друго, туку за да си олеснам сама на себе... :|
     
    На crazylady, hermosa и Barbie20 им се допаѓа ова.
  3. sunny1

    sunny1 Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    12
    и јас раскинав вечерва 6 годишна врска незнам дали е тежина или олеснување мене искрено ми е тешко,сепак не биле малце тие 6 години само тоа е ...
     
  4. nnina

    nnina Нов член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    пред неколку дена изглегов од сериозна врска која траеше 2 години,на моите 18 год,да можам да го вратам времето никогаш не би се впуштила во СЕРИОЗНА врска бидејќи мислам дека е бесмислено губење на време..го сакав и тој ме сакаше,но поради некои негови постапки(не мислам на изневерување) едноставно како за миг сите чувства ми се избришаа..постојано ме бара и ми вели дека не сака да завршиме,ми вели колку најмногу ме сака..но дали е можно неговите зборови воопшто да не допираат до мене..не се чувствувам лошо но имам 2 проблема,запознав еден дечко што навистина ми го заврте умот но сеуште сме пријатели,постојано некој нов ми се допаѓа..а другиот проблем е да не ми е ова моментална ситуација и по некое време да не почне да ми недостасува и да сакам да се смириме :| ве молам ако имате некое слично искуство споделете го со мене :) :*
     
  5. anaa666

    anaa666 Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2

    и јас затоа раскинав три и пол годишна за која се каам многу затоа што ја започнав толку рано. Беше премногу љубоморен а и јас почнав да се чувствувам многу загушено, всушност ништо не ми беше убаво ВООПШТО НИШТО, сексот го избегнував цело време додека не дојде момент и да ми стане одбивно и кога ме бацува тоа беше измачување ама сама си направив и уште неможам да си објаснам СО КОЈ ПАМЕТ ТОЛКУ ВРЕМЕ ИЗДРЖАВ?? и раскинав веќе има година и повеќе. Многу време после тоа ме молеше, плачеше да се смириме а јас бев горда бидејќи се надминав себеси, го надминав стравот дека нема да најдам подобар.. Иако знам дека многу ме сакаше и после него наидов на многу кретени ( и сеуште наидувам :rofl: ). Ама баш тие кретени ми помогнаа да си ги поставам критериумите. Подобро е човек да менува додека е млад, да види и добро и лошо и најлошо. Бидејки со недостатокот на искуство и најдобриот да го имаш до себе, ти нема да го знаеш тоа.
    Ако ти е така не верувам дека бившиот ќе ти недостасува само пази од овој новиот голема е веројатноста дека не е таков каков што си навикнала.. Немој никако да му покажуваш емоции пред време ма што и да биде со вас. Остани си ладна максимално и што е најважно прави го она што те прави навистина среќна и никако немој да се смируваш ако единствена причина е дека е добар дека те сака...
    Ако не го сакаш веќе, ако се изгубила хемијата меѓу вас пиши пропало :D :D Голем поздрав до тебе :*
     
  6. MadamMalaa

    MadamMalaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Пред неколку дена прекинав 2 ипол годишна ''Караница'', можам да кажам дека среќна сум што заврши, но на друг начин малце ми е тешко кога ми текнува на се што сме поминале заедно, но како и да е тоа не беше врска нон стоп се каравме, беше многу љубоморен и колку и да го сакам неможев веќе да издржам, кога бевме заедно се беше океј, но штом се разделевме одма почнуваа караниците, многу го сакам милон шанси му дадов да се смени, но знајте дека човек Никогаш не се менува, иако ме молеше плачеше кога и да му се скарав само што ќе му се смирев ќе поминеше 1-2 дена и тој продолжуваше со старо, бев тотално загушена овие 2 години на почетокот се беше убаво но после не... ги читам вашите мислења и искуства и се надевам дека овој пат ќе останам цврста и ќе успеам во тоа да го заборавам и доколку ми ѕвони ме бара планирам да не кревам да го игнорирам како да не постои... знам дека ќе биде тешко но се надевам дека ќе успеам, ако имате некој совет како да го заборавам побрзо добредојден е :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Штом била сериозна врска, значи имало љубов и се останато, што значи не може да е олеснување, само страдање, барем на почетокот. Олеснувањето може да дојде после, кога ќе се навикнете и сфатите дека така е подобро, доколку имало јака причина, се разбира. Тоа е мое мислење, не знам кој како гледа на сериозната врска, ама јас би се чувствувала како еден дел од мене да умрел. Не за џабе викаат едно кученце да чуваш па ќе навикнеш на него, не па сакан човек со кој си делел години, и добро и лошо и си планирал заедничка иднина.
     
    На Divinebutterfly и hermosa им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Има олеснување доколку во последно врската станала мачење и проблем,наместо уживање. И доколку има сериозна причина за крај. Човечки е да е тешко после една долга врска, иначе дури можеби и не била вистинска таа љубов и врска. А и немало да се одржи толку долго ако немало некој вид на љубов сепак.
    Е сега, олеснување е крајот на таква врска, но тежина се СПОМЕНИТЕ и ПЛАНОВИТЕ. Она што некогаш било перфектно, но сега е загубено, бидејќи на некој тоа престанало да му значи и фрлил се во вода без око да му трепне (пример). Или двата партнери се оладиле и веќе не функционираат заедно,но се сеќаваат на она што ги држело заедно или го имале. Тоа е мачното. Ако се надмине тоа,ќе исчезне и тежината и ќе е полесно да се продолжи напред. Но,тоа е тешкото. ТЕшко е за остварување. А колку побрзо се расчисти со спомените и тоа дека врската е веќе завршена,толку полесно ќе е да се продолжи.
    ВАка така,може да се каже дека крајот ги носи и двете работи,тоа се периоди што се менуваат внатрешно и колку и да е силна личноста и да и олесни после тоа (пошто сепак за некој крај треба да има некаква причина,штом била сериозна врската,а не минлива),сепак ќе има и некаква тежина на моменти.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  9. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100
    Јас бев во вска 3 години.Првата година како и секаде е најубава и најполна со љубов,во втората настапија проблемите,а третата досада.Мислам тоа беше така кај нас.Зависи за кого како,за некој кому не му ило убаво и неможел да остане повеќе во таа врска секако дека е олеснување,но за некој кој е повреден тоа би претставувало болка.
    Јас лично незнам каде да се сместам зошто и од двете наведени чувствувам по нешто.Неможен некого со кого си бил толку блузок и си поминал толку време да не ти недостига тоа е сосема нормално.Да ми недостига и секогаш ке остане споменот за него во мене.Можев да останам до него,но јас одбрав да знаминам зошто тоа повеќе го гледав како олеснување.
     
  10. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Големо олеснување
    Сега гледам што значи да живееш слободно
    Можам да кажам дека од сегашна гледа точка, слободно можам да кажам дека јас толку многу години сум била под ропство.
    Тоа девинитивно не било љубов
     
  11. Schmetterling4

    Schmetterling4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Тежина и тоа огромна.Не е лесно после 5 години.Во таа врска се имав вложено, за наеднаш преку ноќ
    сето тоа да го снема.И после месец дена нема ноќ да не заспијам плачејќи или во текот на ноќта да се разбудам и да не можам да заспијам и сето тоа бидејќи премногу размислувам за се во врска со него.
    Но едно знам веќе нема да дозволам целиот мој живот да се врти околу една личност и веќе со ниту еден дечко не правам планови за во иднина,како би било кога би се земале ,деца ,имиња, каде би живееле и сето тоа.
     
    На awayfromyou му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    Тешко... и покрај поминат 1 месец, тој си има нова врска си се забавува, а јас ...не покажувам пред луге ама сама кога сум и дома ме маваат тие лоши мисли дури си мислам макар да ме побара и се ке му опростам, навечер, насабајле тешко ми е...но не морам да издржам ;) знам дека ме чека нешто подобро..и навиката како што кажаја погоре има голем дел а и жив се човек на све навикне ;)
     
  13. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Зависи каква била врската. Ако била исполнета со караници, неверство, недоверба или едноставо не биле еден за друг.. подобро е да се раскине и е еден вид на олеснување. Останување во таквата врска е само мачење и за двајцата.
    Но ако е супер врската, стабилна, сериозна и нешто тргнало наоачки .. тогаш претставува тежинаа но сепак со тек на времето се поминува па подоцна можеби и ќе биде подобро :)
     
  14. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    269
    И јас денес раскинав 4годишна врска , кривицата беше моја свесна сум , многу згрешив, сега за сега е заникаде какво олеснување за натака ке видиме ;(
     
  15. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    :( Ајде можеби ќе се смирите, не очајувај веднаш.
    Можеби ќе се свести колку му недостигаш и сам ќе те побара
     
  16. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно е огромна тежина еве веќе еден месец одкако ја раскинав мојата 6 год врска и во ниеден случај не ми е плесно напротив од ден на ден ми е се потешко
     
  17. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Се зависи од тоа колку убави и незаборавни мигови ти понудил,колку сте уживале во врската,дали имало љубов или пак годините поминале од навика да бидеш со него.. И јас раскинав врска долга 5 години и доста сериозна,ама ете ме жива,здрава и заљубена :) можда олеснително било што кај нас последните години немаше љубов,немаше страст,последните 2-3 години ниту една помината "незаборавна ноќ".. Не викам дека не се осеќав ко тенк да ме прегазил ама неколку дена после све станав едно сончево утро,се измив се нашминкав и реков Животот е убав! :) Излегував,се дружев запознавав нови другарки и другари,се трудев да не мислам на ништо друго освен на себе..после година и 3 месеци се фатив со душулето мое и сега знам дека ова е тоа што Господ го чувал за мене
     
    На crazylady и homealone им се допаѓа ова.
  18. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    799
    Зависи за кој како. Јас сега во врската, на некои моменти осеќам тежина, напнатост.. Понекогаш едвај чекам да раскинеме, али он ме кочи,неќе.. Така да, од моја гледна точка и во моја ситуација тоа би било олеснување .
    Сепак, зависи секоја врска е различна, среќна или несреќна на свој начин.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Кога би зборувала на темава пред некои си 2-3 месеци, ќе речев неверојатна тежина.
    Стани, легни - со истата мисла, што ако беше вака, што ако беше онака, вината цела ја префрлав на мене, анализирав реченици, зборови, спомени, делови од карактер, буквално преокупирана бев со крајот што беше неизбежен.
    Дефинитивно сами мораме да сфатиме дека едноставно се случува да изгубиш личност која премногу ја сакаш. Секој ден има по милиони раскинувања во светов. Милион разделби. И лоши врски на кои им се гледа крајот кој ако не денес, ќе биде отпечатен утре. Човек што вистински те сака ништо не може да го избрка, ама оној што не те сака, ништо не може да го задржи. Некогаш не зависат нештата само од нас, а само едниот да се труди и бори.. залудно е.

    Затоа, еве ме, чувствувам неверојатно олеснување. Искрено, не ни верував дека ќе дојдам до овој стадиум кога веќе минатото нема да ме боли. Наместо да плачам поради спомените што ги имам, јас се смешкам во себе, зошто се научив да се сеќавам без да ме пече нешто од левава страна. Времето лечи, пријателите лечат, новите спомени ги потиснуваат старите, секое време си има своја убавина.
    Се` е до оние мисли што се врткаат во главата.
    Ама најважно е што, поминува.
     
    На eliesaab, martine, H.VAGA и 4 други им се допаѓа ова.
  20. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Тежина.Голема тежина.Секоја веќе легнувам со истата мисла,секој ден станувам уништувајќи се со спомените.Каде ли погрешив? Со што ли заслужив толку да ме повредиш.А, јас .. наивна, сеуште ти посакувам да бидеш среќен.Те сакам и ми фалиш,за жал.
     
    На martine и Crna Dama им се допаѓа ова.