Јас мојата најголема љубов и раскинувањето на врската со годни не ја преболив. Патев, тагував срцето ме болеше. Ден ноќ само на него мислев. Мислев дека цел живот нема да се опоравам дека нема да сакам никого дека ќе патам вечно. Ништо не можеше да ме утеши. Ама ете навистина е времето лечи се, макар што моето време долго траеше ама помина. Неможам се уште да заборавам колку бев скршена, иако не покажував пред никого, и него ќе го сретнев и се правев дека сум го заборавила дека ми е сеедно. Ама ете така требало да биде, ми беше мака оти ние никогаш не се скаравме, никогаш немавме проблеми во врската, никогаш не кажа еден лош збор пред мене, го сакав ме сакаше и сите го знаеа тоа, но нас далечината не однесе. Тој во една држава јас овде, се трудевме колку што можеше ама ете. Како и да е се уште за него имам најубаво мислење, му посакувам се најдобро, сета среќа оти тој заслужува. Знам дека и тој истото го мисли за мене. Понекогаш мислам дека се сретнавме во погрешно време. Ама ете не сме си биле судени.
Љубов постоеше ,разбирање и небеше само навика секој кој што слушнал дека сме раскинале неверува бидејќи можеа се да очекуваат но дека јас и тој ќе раскинеме не но ете се случи и тоа од xxxx причини се распадна и нашата врска ии враќање нема ќе останат само убавите спомени.
Се смиривме, но зошто, јас сум свесна дека неможе толку лесно да ми прости.. се уште се лути на мене комуникацијата ни е на најниско ниво , не се смее со мене , поретко ме бара на тел.... за никаде, му требало време ама колку ...
Според ова што го пишуваш за начинот на кој тој те третира тебе после смирувањето, тоа делува како мачење. Ако не било пишано, подобро оттргнете се еден од друг, а времето лечи се. Па за некоја година ќе имаш и подобар партнер и посреќна врска и ќе сватиш дека ова ти бил мачен период.
Девојки и мене ме мачи тој проблем. Имам само 20 год и врска од две год ама од многу пооодамна сме заедно . Единствен дечко. Премногу бевме блиски, но се претвори се во навика. Се освестив дека не живеам онака како што би требало во овие години. Почнав полека да се одалечувам. Во овој период се појави и потенцијален. Сега сфаќам дека ми е потребно време да се најдам себе. Можеби е само период кој трае добри 4 месеци. Премногу се потиснувам немам храброст да се одлучам, ме плаши и фактот дека овој потенцијален погоре споменат ми дава некоја сила да прекинам долга врска иако не знам ништо за него, постои само некоја посебна физичка привлечност и обострана заинтересираност уште од прв поглед, ама доволна за да ме разбуди од зимскиот сон. Што ќе ме советувате. Дали тоа олеснување после прекинот треба да си го дозволам покрај неговото страдање.
Ако се предомислуваш само за неговото страдање,дефинитивно треба да ставиш крај! Во спротивно,убаво размисли,може само моментално ти доаѓаат некои бубачки во главата,сакаш да го проживееш она што си го пропуштила,ама набрзо да сфатиш дека не е тоа она што си сакала и ти фали дечко ти.Во подолга врска се јавуваат овие дилеми,ама треба да ги решиш самата со ладна глава.Размисли дали постои сеуште љубов од твоја страна или не,немој да се каеш после поради некоја потреба од лудување и потреба за нов дечко.
Крај е. Заврши. Засекогаш. Го имав само него, а сега го немам ни него. Го сакав најмногу на светот, Господ знае само колку го сакав. Ама го изгубив, а јас сум виновна. Назад нема. За мене тежина, за него олеснување.
Штотуку ја раскинав мојата 6 годишна врска. Едноставно не можев повеќе, се гушев. Имам премногу работи претрпено и простено и веќе преку глава ми дојде од се. Се започна откако ме изневери и јас му простив. После тоа никако неможев да се вратам во колосек и довербата ми падна на 0 %. Освен тоа често си наоѓав разговори на ФБ со други девојки, каде им се додворува. И тоа го простив. И сега последен пат најдов разговор со девојка на ФБ кај што дознав дека и ѕвонел на телефон ,а и да не заборавам неговиот изговор беше дека не ѕвонел тој туку "другар му" . Сега ме моли да се вратам, као демек ќе се сменел и дека немало ништо само општи муабети биле и дека ме сака премногу и плаче на телефон, Teшко ми е да поверувам во сето ова особено после сите лаги во овие 6 години. Премногу ми е тешко неможам да се помирам и неможам да преболам немам сила веќе... незнам што да правам ... се чуствувам изгубено ..
Раскинав врска од 3 и пол години... едноставно не можам да опишам како се чувствувам, незнам дали ми е тешко или не. Имаше и убај и неубај моменти, ама во последно почнав да се гушам од се. Му го посветив целиов живот се шо имав му дадов. А тој продолжи со преголемата љубомора. Несмеев никаде да излегувам, ми се љутеше заради другарките. Контактот со нив ми беше сведен на минимум и без негово знаење. Не сакаше никаде да одам без него, а тој не го сакаше баш ноќното излегувење. Полека ме убиваше немам ни самодоверба ни ништо. Ме претвори во нешто што јас самата не сум... Го излажав само да излезам еднаш со брат ми и тој го дозна то... Така требало да биде. Да не се сличеше ова незнам дали некогаш ќе соберев храброст да му раскинам... Го сакам многу ама вака со олкавав притисок нормално не се функционира.
Најправилно си постапила според мене, џабе е љубовта и бројката на заеднички моменти кога љубомората преовладува. Океј е љубомората, секој од нас ја има без разлика, меѓутоа големата е знак на недоверба. Без доверба врска не се гради, затоа и ти било мачно со такви забрани и испади. Битна е храброста и само напред, уживај си во слободата да кажам ќе помине време и ќе го преболиш. Ќе се појави некој кога најмалку ќе очекуваш и ти посакувам нова успешна врска со човек карактерно спротививен на бившиов.
И двајцата контактираме со други луѓе чисто онака флертаџиски, никој од нас никогаш не изневерил или било што слично... И двајцата сме свесни дека истото го правиме, со таа разлика што јас него секогаш го откривам, тој мене сеуште не или се прави наудрен. Предолго сме заедно веќе 6, скоро 7 години... Контактирам со еден дечко сега што нормално ми симнува ѕвезди, ме опсипува со комплименти и нема да лажам тоа ужасно ми прија, сигурно оние во долги врски ги знаат чувството. Мојата недоумица не е само поради овој сега, туку и поради тоа што и претходно кога сум флертувала со други сум се осеќала убаво, дали е тоа знак дека доста ми е од врската? Уште одамна не знам дали го сакам, со него сум бидејќи ми посветува огромно внимание, но од друга страна знам дека и тој флертувал со други, но искрено помалце од мене и знам и дека ужасно се каел откога ќе го фатев... Едноставно не знам што да направам, не сум паметна. Бил ли некој во иста ситуација? Тој ми е најдобар другар, но страста како се помалце да ја има...
Нормално дека со текот на времето врската нема да е како на почетокот, но врската не е само пеперутки во стомакот, за мене е нешто многу поголемо. Јас сум во врска подолга и од твојата ама кај дечко ми гледам љубов, другар, сигурност, доверба... едноставно иднината ја гледам со него. Тие комплименти и флерување на секому му прават да се чувствува добро бидејќи влеваат самодоверба, но јас ќе ти кажам дека и тој новиот исто ќе ти се здосади и секој нов ќе ти се здосади... ако ти е врската квалитетна и имате разбирање со партнерот би те советувала да не фрлаш во вода толку години што сте граделе врска. Доколку пак не се чувствуваш убаво со него и мислиш дека врската е оладена тогаш расчисти со него и потоа пробај си ја среќата со други.
Пред две ипол години раскинав 6 годишна врска....олеснување големо олеснување...можеби бидејќи причината беше друг во кого се заљубив, и еве го сега со тој друг сме во брак година ипол и неможев ни да замислам колку убаво може да биде својот маж да го сакаш да го гушкаш да го бакнуваш, навечер да легнеш на неговите гради и слатко да си заспиеш... Кога бев со бившиот во врска ми беше се монотоно избегнував гушкање, бакнување па дури с***, не разменувавме воопшто нежности а за слатки зборови да незборувам оно и типов беше таков ладен а емоции затворен и како да не се заљубиш во некој кој што е тотална спротивност... Сите ме осудуваа ама гајле ми е ВАЖНО МЕНЕ МИ Е УБАВО!
Штом ја нема страста и штом флертувате со други редовно па уште и не е тоа табу тема, јас и не гледам некоја иднина во врската, искрено. За комплиментите морам да НЕ се согласам со тебе, бидејќи и јас сум во долга врска и ако ми упати некој комплимент ми годи на личната самодоверба ама на никаков флертувачки начин не го сфаќам тоа, бидејќи еднакво исто ми годи и ако е упатен од женско. Точно е дека на почетокот и понатаму не е исто, ама мене искрено 100 пати ми е поубаво сега, едноставно чувствувам љубов, сигурност и мечтаам за иднината кога сум во неговите прегратки, ниеден флерт нема да ми го задоволи тоа чувство. И до карактерот е, мојот ни на почетокот не ми упатуваше комплименти, едноставно не е тип што симнува ѕвезди од небо и токму тоа ми се допаѓа кај него, некогаш и кога ќе ми упати некој скромен срамежлив комплимент јас се топам. Не ми ни треба дечко кој секој ден ќе ми вика „леле колку си убава маче“, а очињата ќе му шараат и по други „убавици“. Мене тие комплименти дури ми се претерани и глумачки, некој што постојано го анализира и коментира твојот физички изглед на сексуален начин, според мене истото го прави и со другите. Но, конкретно за твојата врска ти си знаеш, ако не си среќна со него само губиш време и ништо повеќе. Ocicka2014, по се ова што го напиша и повеќе од очигледно е дека ти не си осетила ни Љ од љубовта со бившиот, сега ја доживуваш онаа вистинската, бидејќи ако сакаш некого нема шанси да не копнееш по неговите допири. Баш ми е мило за тебе. Со маж ти навистина набрзина сте извеле се, но тоа е само уште еден доказ на она што постојано го велам, некогаш не треба многу време да сфатиш дека некој е за тебе, поговото во позрелите години. Додека во тинејџерските знаат да се случат врски кои траат со години и мислиме дека тоа е тоа, а кога ќе созрееме сфаќаме дека не е, раскинуваме и потоа го наоѓаме правото. Сум видела еден куп такви примери, после раскинување на долга врска за неколкумесечна врска стапуваат во брак. Никогаш не е доцна за она вистинското.
огромно олеснување,раскинавме на денот кога праевме три години заедно. Беше живо измачување за мене,првата година беше се ок,заедно живеевме оти во странство и двајцата,после се се смени,тој стана толку ладен,толку чуден тип,ко старец немаше желба за ништо,не излегуваше,само дома,ама баш ништо.. 20 годишна личност да не се забавува епа неможам да разберам. Јас собирав,трпев,пробував да сменам ама се осеќав се по осамена и отфрлена од негова стр,почнав да излегувам сама со другарки и другари. во меѓувреме запознав дечко што знае да ме цени,почитува,прави среќна и се тоа,но бевме само другари се додека бев во врска. Откако му раскинав на мојот бивши и се осеќав пре пре пре убаво,еден месец бев слободна и после се фатив со дечкото што веќе го знаев,еве веке година дена сме заедно,си се веривме и си чекаме бебушка.
Врската заврши многу брзо откако го пишав тоа, едноставно решив дека е готово и ставив крај. За мене беше неверојатно олеснување едноставно како да почнав пак да дишам. И за во иднина дефинитивно поука, кога нешто не оди треба одма да се стави крај. 100 пати крпено и лепено никогаш не може да издржи долго
Кога се ближи крајот на една врска се чувствува.Измешани емоции,ладни погледи,напнати разговори,меѓусебна нетрпеливост,несогласување, се доволен сигнал за да се сфати дека целината се распаѓа.Секоја разделба поттикнува некаква тежина.Но,колку побрзо сфатиме дека се правиме за наше добро,толку побрзо сами ќе си ја олесниме ситуацијата.Од нас зависи колку сме подготвени да си помогнеме.
Да кажеме двајца млади се запознаваат, се заљубуват и се во врска. врската им трае 2/3 па и 5 години. По толку долга врска нормално е барем еден од партнерите да се чуствува оладено и да сака да проба нешто ново. И нормално е веќе шетањето во парк, држењето за рака и некои си романтики да не се интересни. И најчесто тој едниот партнер ги прави сите проблеми затоа што повеќе неможе да издржи се однеусва ладно, несериозно, незиантересирано и слично. А нема храброст да разговара поточно мисли дека му е тешко не затоа што го сака другиот партнер туку постои нешто што се вика НАВИКА. Но колку побрзо се заврши тоа толку подобро и за двајцата. Подобро разделба отколку безброј проблеми, расправии и нервирања. Истото се случува и со бракот. Првите 2/3 години има љубов. Но после се останато е веќе навика. Само што тогаш неможеш да си заминеш кога ќе ти текне, посебно не ако имате деца. Тоа е веќе и одговорност.
Некое време е тешко но потоа е и тоа како олеснување. Пред кратко време раскинав сериозна врска и сега веќе се чувствувам сосема добро, young, wild and free! Но еднаш три месеци патев.
Олеснување, дефинитивно, посебно ако врската последните месеци била вистински хорор. Бев со него долг период. Го сакав, му бев верна, бев достапна секогаш за него но доцна сфатив дека не требало секогаш да му го пружам тоа. Тоа не го добив од негова страна. Додека јас се измачував тој секогаш се оправдуваше со изговорите дека јас си правам филмови. Заслепена од љубов еден период го допрев дното молејќи за трошка од неговата љубов. И ме натера да верувам дека јас сум виновна за се па го молев да ми прости за нешто за кое и всушност самиот тој го предизвикал, за да ми даде повод да избувнам. Мислев дека ме сака се додека не почна да ме заменува со неговото друштво, со девојки од интернет.. Не ми го даваше вниманието кое го сакав. Ми требаше како никој никогаш. Не барав од него да ги запостави пријателите, барав од него да ми посвети внимание сепак, далеку бевме. Не барав подароци, и да троши пари на мене, сакав трошка љубов, макар за момент да се чувствувам сакано. Почна да ги избегнува повиците, средбите, пораките. После некој период самата се повлеков. Да, ми беше тешко првите неколку месеци, сепак сме имале и убави моменти но подоцна кога сфатив каков човек сум сакала да имам покрај себе не сакав да верувам во тоа. Гледам дека и со останатите девојки после мене е ист, сега кармата му враќа нему. Да бидам искрена секогаш ќе чувствувам нешто за него, пламенот во мене ќе гори за него, колку и да не заслужува.