Размислувам да прекинам речиси 8годишна врска поради монотонија. Незнам ни дали го сакам ... од друга страна се плашам што понатаму да не налепам на полошо...
@princess92 Баш сега ти го читав постов погоре, кога гледам пишуваш 8 годишна врска, што значи пред две години откако си прекинала пак си се смирила. Не можам да разберам ни зошто ни како. Воопшто не вреди да си трошиш ни минута повеќе со него. Не те заслужува воопшто. Ќе ти биде тешко, но ќе помине време ќе се опоравиш. Верувај, дефинитивно не ти е потребен во животот. На крај подобро сама, отколку во лошо друштво.
Браво на храброста на девојките кои прекинале долги врски..и јас сум во врска 2 ипол годишна се е монотоно а тој освен да сетаме по улици друго не сака никаде не одиме заедно го сакам и немам храброст да прекинам..
Имав 8-годишна врска, со заедничко живеење, но со никакви планови за иднина од негова страна. Љубовта иструли и време беше секој да си фати нов пат. Дефинитивно беше олеснување во мојот случај.
Браво за одлучноста. Многумина се прават слепи при слични факти, и после о леле, само да не се прекине долга врска ахх
Одлуката ми требаше да ја донесам две години Но почнав да станувам нешто што несакам да бидам, огорчен и исфрустриран човек. А поради тој страв да не останат сами, и вложувањето во врската долги години, завршуваат во брак а фрустрациите стануваат се' поголеми.
Феминки, само што се регистрирав на форумов, бидејќи имам некои прашања па можеби ќе можете да ми помогнете или барем да си ја споделам маката Бев во врска од 7 месеци. Ова ми беше прва врска. Започна некако ептен ко на зафрканција, ама сепак беше убаво. Уште кога се запознавме и се распрашав во врска со него некако знаев дека не си одговараме, затоа што тој до тогаш имаше одено со многу девојки, а мене тоа ми беше прва врска ама со оглед на тоа што беше супер кон мене си реков да си ја пробам среќата. Првите неколку месеци се беше добро, имаше по некоја караница ама добро одеше. После како што поминуваше време почнав да приметувам дека се оддалечува некако, дознав дека се допишува и со други девојки и неколку пати се скаравме за тоа. Ме изневери и му реков дека е крај ама никако не се откажуваше. Со месеци се каравме и се смирувавме, му простив милион глупости кои ги направи, ама не се поправаше По 7 месеци му раскинав. После тоа уште неколку пати ме молеше да му се вратам, ама го одбив. И ете после месец дена си фати друга девојка. Ми беше тешко многу, но по некое време решив да продолжам понатаму. Е тогаш „бам“, ете го пак. Почна да ми пишува дека му недостигам, иако е уште во врска. Е сега сум многу збунета. Некако пак го сакам назад, а знам дека не е сменет. Некој совет, што да правам? Да бидам пак со него или да го заборавам?
Најдобро за тебе би било да продолжиш понатаму без него. Знам, тешко ќе биде, и јас сум се нашла во ситуација да бидам изневерена. Го простив неверството со надеж дека нешто ќе се промени, но ништо не се смени, само полошо стана. Млада си, сама кажа дека ти е прва врска, крени ја главата, штом има нова девојка значи дека веќе дозволил друга да ти го заземе местото. Нека моли, ќе му помине. Тоа е само лажно молење кое на крај резултира со разочарување. Не му верувај. Со многу работи те повредил, не заслужува друга шанса. Дај ја таа шанса на некој друг, нека дознае дека те изгубил засекогаш. Тогаш верувај, ќе ја сфати твојата болка. Ако не ја сфати, значи никогаш не те ни сакал. А таков најмалку ти треба. Се најдобро
Јас сум по секоја цена да се прекине лоша врска, било да е долга или кратка. Ако веќе сме изгубиле интерес еден за друг, нема комуникација па и женското е третирано лошо, зошто да се пролонгира тоа, да се губи време и години. Може не е лесно, љубовта е слепа, ама подобро кога ќе покажеш карактер и ќе се одлучиш на таков чекор. Ќе боли ама со тек на време ќе биде ок, па голема веројатноста е да имате и поголема среќа да запознаете некој кој стварно ќе ве цени, како иначе ќе го откриете тоа? Јас лично сум немала вакво искуство ама имам пријателка што дури и се мразат со дечко и отворено искажуваат револт, со гнев зборува за него ама крај не ставаат, и тоа трае долго.. поарно слободен отколку да си го нарушиш здравјето, се собира горчина сепак. Затоа девојки што ќе се одлучите на овој чекор глава горе, некогаш животот ве запознава со лошо за да ви ги отвори очите да видите добро. Се е лекција и искуство.
Некогаш ќе преминеш преку сакањето, џабе сакаш ти некој кога неговите постапки не ги сакаш. Ние се заљубуваме во постапки, не во луѓе. Не знам колку години си, можеби дечкото е привлечен, има некоја харизма, но ќе сфатиш дека се тоа е минливо. и ти самата знаеш дека не е сменет. Тогаш тоа е тоа, плус те изневерил, а и кога во врската ќе почне раскинување па смирување, по мене таа врска нема иднина. Подобро расчисти поскоро, вака си посредник помеѓу него и некоја друга, што не е пријатна ситуација
Никој нема да биде повреден само доколку и двајцата партнери сакаат да прекинат.. Во спротивно, некој ќе пати
Да објаснам подетално...незаинтересираност од негова страна, ни за искачање ни за секс како некои пензионери сме, не добивам никакво внимание ни љубов не ме бара, ако го побарам јас тогаш се гледаме ако не не, а од друга страна сака брак со мене и ми врши притисок да се земиме што побрзо...не знам дали ме сака или само онака од навика инаку има 35 год...ама јас не сакам брак со таква личност и со тоа понашање
Па му требаш за да го задоволи она што општеството и фамилијата очекува од него - да стане татко а ти таа што ќе му служи за расплод. Ради годините плус. Нема логика во бракот да стане подобар партнер од она што е сега, туку спротивно. Размисли си дали сакаш така безживотно да го минуваш животот со некој, твоја одлука е.