После ова не мора да бараш совет КАКО да раскинеш, ко што пиша така и на него ќе му кажеш отворено во фаца. Ако е нормален човеќ ќе разбере, никој не би го трпел тоа, ваљда е свесен.
27 год имам..што чувстувам за него? Жалење што толку години поминаа сега ќе биде како да сум му потрошила време...а од друга страна на моменти ми е одбивен заради се ова што наведов...љубов не чувствувам во никој случај
Често се случило и да го викам за некаде или да излезиме и да ме одбие...дури и за секс ме одбивал...фб вибер се е чисто не ми делува дека ме вара барем досега не сум насетила ништо
Си имав проблем со таков тип. Често беше изморен, се некои нови изговори, а да не зборуваме за непокажување на внимание и љубов. Го шутнав по неколку месеци врска. Иако се 6 години кај вас размисли дали сакаш да бидеш со таков човек во иднина. Не е лесно да преќинеш, ама сепак се работи за твоја иднина, дали сакаш таква иднина? И да, што ако имаш 27 години? Животот не завршил ако преќинеш токсична врска, врска кај што тој не покажува воопшто интерес. Брак не е само да кажуваш пред општеството дека си ја завршил обврската, брак е многу повеќе. Ако сега е незаинтересиран кој знае каков би бил во брак? Често партнерите се менуваат.
На тоа и мислев. Немој да избрзаш, можеби ќе биде полош, не знам. Не треба да имаш жал, зошто утре никој нема да ти каже фала за жртвата.
Раскини му.Не си поѕрошила ничие време.Ако има нешто повеќе ќе стане покомплицирано вака со време прекини си.
Откога раскинав со дечко ми станав малку попретпазлива. Не можев да трпам некој што си има негови желби, многу инат и ич мозок. И кога излегувам со некој како на распитно да е одма почнувам тема по тема, се што ме интересира. Бев некое време повлечена(само дома во соба , прва година на факултет бев тогаш и не излегував од собата каде што спиев во станот). Но, не беше долг период тоа. Мислам дека со време се се средува. Олеснување , најдефинитивно.
Олеснување дефинитивно. На почетокот е тешко но како мине времето сфаќаш дека си се спасил на време. Го имам тоа доживеано и знам како ми беше.Сега сум среќна што заврши
Да ја оживеам темава, некако случајно ја насретнав, па сакав да се искажам. На почетокот од мојата сериозна врска ми беше тешко, имав чуство како да се губам, некако како да не бев јас таа што знам дека сум била претходно, толку се изгубив што и многу глупости направив, но потоа повторно се вратив со таа личност и беше пак година дена од врска но прекина на многу полош начин, тогаш не ми беше тешко толку многу, некако разбрав колку многу ми влиаел и не сакав да си дозволам да се доведам до иста ситуација како претходно. Но во секој случај нормално е и двете да ги има… но мора да преовладува самопоштување