Мислам нема ваква тема, ако има слободно избришете. Пред неколку години прв пат ми се појави крварење за време на плодни денови, обично во месеците кога е ладно. Ми трае по неколку денови, кафеав исцедок. Гинеколошки преглед сум правела, се ми е во ред, прашав и за тоа, ми рекоа дека е нормална појава и не треба да ме загрижува. Овој месец за време на овулација истото ми се случи, само пообилно и црвено, нешто како почеток на менструација. Дали е до климатските промени, бидејќи бев на одмор, а сега сум на планинско место каде е 15 степени. Дали стрес, ненаспаност, замор можат да придонесат исто така, еве не знам. Ме иритира, иако знам дека е нормално, го мислам секој пат. Дали некоја од вас имала ваква ситуација или некогаш се соочила со крварење меѓу циклуси? Како би знаеле дека е овулација, а не инфекција или некое пореметување на хормони кое не би требало да се толерира?
Јас на два пати имав ваква ситуација. Првиот пат знаев дека ми е од многу стрес зашто минував низ многу турбулентен период и не му дадов некое особено значење, иако можеби требаше да одам на лекар, но претпоставував дека тоа е причината. Е ама пак ми се повтори пред неколку месеци па тогаш отидов на лекар зашто се исплашив доста. Кај мене имаше кафеав исцедок, како на почеток или крај од циклус. Траеше 3-4 дена и прекина само од себе, па на лекар ми кажаа дека кај и да е ќе добијам циклус. Циклусот ми дојде како и обично, ниту каснеше, ниту беше чуден. Најнормален. Кај мене се работеше за болна овулација, немав дисбаланс на хормони. Ми спомнаа и дека се случува телото да исфрли на ваков начин заостанат исцедок од минат циклус, но ако се повторува пожелно е да се оди на еден преглед. Прво добро е да те види гинеколог, па потоа ќе ти даде упатства за што понатаму.
Гинекологот ми рече дека било нормално, да не се грижам. Проверував и хормони тогаш, пред неколку месеци, имаше некое мало незначајно покачување на некој од хормоните. Резултатите од прегледот ми беа исто така добри. Читав на интернет, некаде пишуваше дека само 3% од жените се соочуваат со ова (некаде имаше од 10-30% мислам, не знам точно), но мал процент. И се смета за нешто сосема нормално. Затоа ме интересираше дали на уште некој му се случува. Благодарам за мислењето @Mishela
Ми се случуваше... кога имав полицистични јајници. Ќе пукне циста за време на овулација и ќе прокрварев еден ден, кафеаво или бледо црвено... тогаш знам дека ми беше од цистите. Друга причина за крварење при овулација, не знам...
Мене често ми се случува. Бев неколку пати на гинеколог, правев комплетни прегледи и тестови и се' беше во ред. Докторката ми рече дека не е ништо страшно, крв некоја што не истекла за време не циклус сега излегува. И речен дека најчесто се случува кај женски кои имаат поголем број на јајце клетки. Знам ми рече дека сум била бонбона за оплодување
Гледам долго време не сте пишувале на темава... Веќе трет ден денес имав де кафеав де црвен исцедок на гаќите.. во 15 ден сум од како последно добив м... се слушнав и со докторот рече од овулацијата било.. колку дена може да трае? Ако трае и утре ќе одам на доктор иако пред месец испитав све беше добро... ме и тересира колку време може ова да трае? И дали нареден меѓу циклус пак ќе се случи?
Мене од 12 години ми се случува ова. Еве ноќеска имав рандом една капка на 11ти ден и малце како да ме боцка од едната страна...којзнае дали е тоа. Крварењето е пред или после испуштање на јајце клетката?
Се сеќавам дека никогаш не сум знаела кога сум во овулација. Буквално ништо не сум чувствувала. Кога се трудев да забременам правев тестови за овулација и почнав да приметувам бел густ исцедок. Потоа почнав во овулација некогаш да чувствувам и слаба болка во јајници. Ама никогаш се немам водено по календари и остали срања. Видов дека ништо од тоа не е точно. Имам ПЦОС и често задоцнети овулации, задоцнети менструации итн. Последниве три месеци нема шанса да промашам дали е овулација или не, затоа што освен густ исцедок, мала болка во јајници веќе имам и крв на бришење по малку и трае 2 дена. Дали ова е нормално ? Мислам знам дека симптомите на овулација сите се нормални сум читала, кај некој ги има кај некој не. Но зошто сега ми се јавуваат а порано не било така?
Na sredina na ciklus sum I sekogas imam rastegliva sluz prozirna doktorkata mu kaza toa bilo znak deka sum plodna e sega imav I krv vo taa sluz I porano sum znaela da imam ama ne obrkav vnimanie sega nesto se isplkasiv deka imam I vospalenie na usite, pred nepoln mesec bev na gin rece se e vo red treba li da se zagrizivam ili normalno e?