Течење крв од нос Колку што јас ја гледам другарка ми, таа ја наведнува главата назад, како на кревет кога лежиме. А носот го затвора со марамче.
Течење крв од нос ставај бенил, капки за нос се тоа кои ги регулираат капиларите во нос.и прашај во аптека по колку да ставаш.
Течење крв од нос Скоро сите така прават, но не треба така. И мене ми течеше крв во школо секој ден и еднаш ме пратија во болницата,блиску е до школото, и докторот рече напред да ја наведнам главата,не назад, зашто можам да се задушам.
Течење крв од нос Точно така: главата се наведнува нанапред и носот се стега цврсто со прстите во коренот (горе, под веѓите).
Течење крв од нос Јас едно време имав проблем со капиларите и нон-стоп ми течеше крв од носот. Бев на лекар и ми рече кога ќе почне да ми тече крв, да го стегнам носот доле кај ноздрите со палецот и показалецот. Ама не со врвовите на прстите, туку кај коренот, не знам дали добро објаснувам. За неполна минута престанува течењето
Течење крв од нос Мене како мала нон-стоп ми течеше. Малце да се потчукнев или силно сонце да ме мавнеше и одма пукаа капиларите. И тоа што го напишав погоре секогаш ми помагало. Но, ете, можеби има и друг начин.
Течење крв од нос Кога ќе ви тече крв од носот, клекнете, раширете ги колената, главата ставете ја меѓу колената, наведнете се нанапред и притискајте го носот на коската, горе, блиску до очите. Никако да ја голтате крвта! Спојлер Ова го знам бидејќи бев на натпревар по прва помош и вака не‘ учеа.
крв од нос Поздрав до сите феминки!!!! имам еден проблем со моето три годисно детенце,веке двапати во една седмица и потекува крв од носето не е обилно но сепак ми е страв.првиот пат ми каза дака си го цепкала а за другиот не видов ми каза свекрвами ! Ако има некој искуство со вакво несто ве молам писе те ми Благодарам!!!
Течење крв од нос ^ Може да го има чепкано. Јас како мала, кога ќе ми се направеа „корупки“ во носот Спојлер тоа нели од мрсулите што се здрвиле , имав глупава навика да ги чепкам и корнам и веднаш крв ми протекуваше. Мора да го учите девојчето да не прави така.
Течење крв од нос Доколку има течење крв од нос, една од можните и најчести причини поради тоа е недостаток на витамин К. Овој витамин може да се надохнади при внесување на речиси секое месо од животинско потекло, дневната доза од листен зеленчук, ајдучката трева или спанќот. Првата помош се состои од притискање на носот 2-3 минути со палецот и показалецот ( главата да биде малку наведната напред). Седнете или може и да стоите, немојте да легнувате наредните 10 минути.
мене ми течеше крв од носот од левата ноздра едно 2 недели секој ден некаде во мај месец, потоа цело лето не ми претече, еве сега кога почна пд 16 септември секој ден до ден денес ми тече носот некогаш пообилно некогаш малку, во минатите две недели правам анализи и немам ниту стафилокока ниту стрептокока во носот,синуси немам, крвна слика добра, само намалени тромбоцити (130), пиам апчиња против крварење ц витамин и екомер! ништо не помага во петок закажав кај доктор Нетков, па да видам што ќе ми каже, но пред тоа некое мислење ваше, искуство?? фала ви однапред!
ноќеска ми потекло крв од нос а јас не сум забележала, сабајлево си лежев во кревет и гледам крв на перницата, добро не се исплашив многу зошто повеќе пати ми течело. Сега ја отворам устата и имав крв од неа, мислев да не е од некој заб ама ми течеше крв и од едната ноздра. ВЕ молам кажете што е тоа, многу се плашам. сега читам дека треба да се пие витамин Ц.ПОМОШ бе молам
И мене ми има течено крв и тоа во средно па многу професорки од памет ги имам извадено хеех .. Лек :станав крводарител па одтогаш ниту еднаш ми нема потечено крв .
Здраво и мене истото ми се случува ама само кога ќе се капам и носот нон стоп ми е затнат еве повеќе и од еден месец истото ми се случува некогаш не ми тече кажете нешто ако знаете
и мене ми течеше екстремно многу видов не видов појдов на лекар и ми рекоја да пијам витамин Ц и да си купам капки со витамин Д и да го премачкувам зидов внатрешно го направив тоа и од тогас да не е за подрек ми се нема ич растечено
Кај мене ова е честа појава.Бев на доктор и ми кажаа дека имам слаби капилари и низок притисок дека од тоа било.Кај мене бргу престанува, не тече мн, а еве веќе една недела не ми течело.Успех..хаха
Мене ко помала ми течеше многу крв од носот,по цели крпи со крв сум ги правела,блузи,абе целата крвотници бев...се сеќавам лето беше и само малце посилно ако направев некој потег,абе во истата стотинка ми течеше крв,како од чешма,бев на лекар да ми ја проверат крвта дали ми е слаба,ама ништо,резултатите покажаа дека ич не ми е слаба,мислам дека ми кажаа некои витамини да пијам и ми помина...
Честото крварење може да резултира со намалени тромбоцити во крвта , односно бели крвни зрнца , може да се појави и поради анемија и недостаток на витамин Ц и железо во крвта. Упатена сум во ова , бидејќи често крварам од нос , и тоа обилно крварење , кое трае и по неколку дена , дури и резултирав со овие недостатоци. Единствен спас е внесување на гооооолемо количество на витамин Ц и железо , и регулирање на исхраната.