Сакам да прашам дали некој знае ако едниот родител е на пр.Нулта крвна група,а другиот на пр.А,дали може детето да има сосема трета кр.група или мора тоа да го наследи од родителите. Размислете па пишете ми.
КРВНИ ГРУПИ јас мислам дека до негде и нема врска крвната група ан родителите во некои случаеви е различна, барем имам таква слушнато
КРВНИ ГРУПИ Јас мислам дека треба да биди поврзана пример јас со татко ми имам иста крвна група а брат ми од мајками само Б го има наследено а факторот од таткоми, мислам дека има врска, али не сум 100% сигурна.
КРВНИ ГРУПИ НЕ. Единствено ако едниот има АБ а другиот или А или Б или 0 може да излезе било коа освен 0. Или ако се двајца со А или двајца со Б може да изезе 0. Во други случаеви мора како родителилте.
сакам да прашам дали некој знае кои крвни групи кога ке се спојат детето има некои аномалии? дали тоа се две исти крвни групи или? а и уште нешто, дали имате слушнато за крвната група АБ+ ? дали е тоа исто како АБ?
Се оди по принцип на комбинации на гените. Случај да детето нема иста крвна група со родителите е многу чест. Неможе да се случи само кога и двајцата родители се 0 крвна група, или кога се во комбинација 0 со А или 0 со B. Ако ти треба подетално објаснување, кажи ќе се потрудам да напишам.
Ниедна комбинација на крвните групи кај родителите не е причина за појава на аномалии кај децата. Тоа нешто што го имаш наслушнато е Rh факторот. Во зависност дали е присутен или не, се бележи со + односно - покрај крвната група. Кога жена со Rh- фактор остане бремена од маж со Rh+ фактор, при втората бременост доаѓа до уништување на плодот. Меѓутоа денес има вакцина која ја прима жената после првото породување, за да втората бременост помине без компликации.
и само да се надоврзам со тебе, кај 0- група е вака... значи за жена од 0- група, после прва бременост мора да прима вакцина...
Лудото19, Лолипоп мислеше на сите крвни групи со RH негативен фактор, вклучувајќи ја и O-та негативната крвна група. Инаку, само доколку мајка е Rh -, а бебето Rh +, се примаат инекции, мислам дека се викаа Rhogam. Се примаат после првата бременост. Бидејќи се различен RH фактор со бебето, мајката го доживува како страно тело и создава антитела, кои во првата бременост не се доволни да му наштетат на првото бебе. Но ако останат после пороѓајот во телото на мајката, нивниот број се зголемува и е опасен за второто бебе. Затоа се прима таа инекција.
да да јас се помешав зашто мислев дека само кај 0- крвна група се прима инекција ама ете глеам и кај другите крвни групи со - се примало инекција
Се работи за комбинаторика, и убаво веќе објаснила Лолипоп, да не се повторувам. Сеуште се сеќавам на задачките од генетика за комбинирање на крвните групи и какво потомство дава. Ете на пример за тие две групи што ги наведе на почетокот (А и О) шансите за потомок да има една од тие две крвни групи е 50:50. Само кај АБ крвните групи има можност за поголемо комбинирање, и децата да имаат друга крвна група. Еве јас сум А, а моиве се и двајцата АБ
Има повеќе крвни групи - О, А, Б, и АБ (дали се + или -, тоа зависи од Rh факторот). О крвната група секогаш се наследува рецесивно, за разлика од останатите три кои се доминантни. Секој ген има две алели од кои се одредува конкретна карактеристика, така и гените за крвните групи, па притоа постојат многу комбинации. Кај О група - алелите се секогаш, ама секогаш оо Кај А група - може да бидат АА, Ао Кај Б група - може да бидат ББ, Бо Кај АБ група - секогаш се АБ И притоа кои комбинации се можни: Ако едниот родител е оо, а другиот е АА - детето може да има крвна група АА или Ао (ќе си биде А) Ако едниот родител е оо, а другиот е Ао - детето може да има крвна група Ао или оо (или А или О) Ако едниот родител е оо, а другиот е ББ - детето може да има крвна група ББ или Бо (ќе биде Б) Ако едниот родител е оо, а другиот е Бо - детето може да има крвна група Бо или оо (ќе биде или Б или О) Ако едниот родител е оо, а другиот е АБ - детето може да има крвна група АБ, Ао, Бо (може да биде А, Б или АБ) Ако и двајцата родители се оо - детето секогаш ќе биде оо (О крвна група). А аномалии кај децата поради исти или различни гени за крвни групи нема. Ниту пак Rh факторот т.е неговото присуство/отсуство може да направи проблем, барем не во денешно време.
Еве се потрудив да ги испишам сите комбинации на различни крвни групи помеѓу родителите и какво потомство може да се добие. родители-----------потомство оо и оо-------------100% 0 Ао и Ао-------------75% А; 25% 0 АА и АА------------100% А Бо и Бо-------------75% Б; 25% 0 АБ и АБ-------------50% АБ; 25% А; 25% Б; оо и Ао-------------50% А; 50% 0; оо и АА------------100% А; оо и Бо-------------50% Б; 50% 0; оо и ББ------------100% Б; оо и АБ------------50% А; 50% Б; Ао и АА-----------100% А; Ао и Бо------------25% А; 25% Б; 25% АБ; 25% 0 Ао и ББ------------50% Б; 50% АБ; Ао и АБ------------50% А; 25% Б; 25% АБ; АА и Бо------------50% А; 50% АБ; АА и ББ------------100% АБ АА и АБ------------50% А; 50% АБ; Бо и ББ------------100% Б Бо и АБ------------50% Б; 25% А; 25% АБ; ББ и АБ------------50% Б; 50% АБ П.С. Ги болдирав случаите кога детето може да има различна крвна група од родителите.
^^^ Колку би сакала и јас да можам да давам крв, ама пуста слабокрвност цел живот ме прати Јас сум А негатив...
Малку ми е чудно ова што го кажавте за жената со негатив и маж позитив, за некаква вакцина. Мој пример Мајка ми е 0 негатив, татко ми 0 позитив, јас сум второ дете... и сум баш нормална хахаха, Јас имам 0 позитив како татко ми
Па не значи дека не се нормални тие деца, само при втора бременост титарот на антитела кај мајката е голем па тие антитела го напаѓаат плодот. Тоа се случува само после првата бременост. За секоја понатамошна бременост на мајката се дава инекција со цел да се намали титарот на антитела. Денес не е страшно, но на времето на Rh негативните мајки им било забрането да имаат второ дете, зборам за пред повеќе од 60 год.