Да де може никој тука да и каже на членката точно која група, ама пак тие две се можностите, или а или 0. А ако барем едниот е rh позитивен, пак и детето ќе биде(во случајов двајцата биле значи автоматски и детето има најголеми шанси да биде).
Поголема е шансата детето да е А отколку нулта затоа што О е рецесивна крвна група, барем така на школо учевме (ама многу е покомлицирано) Кај мене мајка ми е О а јас сум А како татко ми.
Сум утнала математика Генетика со комбинаторика учев пред 12 години..сега си проверив на гугл ама неможев да најдам како одеше решавањето и комбинирањето за да видам каде во глава ми е утката.
Мајка ми e RH негатив и ниту со сестра ми, ниту со мене ги примила неопходните вакцини што се примаат за време на бременост. Пред некое време на темава ми кажаа дека најверојатно и ние сме сега RH негатив поради тоа. Има некаква врска или?
Тоа нема врска со тоа што мајка ти не примила имуноглобулини инекција. Крвна група е предодредена уште во стомак Ако татко ти е позитив останува само да се тестираш за крвна група но поголеми се шансите да си позитив.
Мајка Б- , татко А+ ....бебе О + .....како се одредува крвната група? Вака ни се нас ...дали е во ред?
Да. Бебето може да биде О од вакви родители. Исто и Рх+ е можна кај бебето. Значи најверојатно е точно. Ако тоа прашуваше.
Хелоу чикооос, ајдее да видимеее колку сме крвна 0- група... Па за арно за лошо да си се имаме како ретки личности со таа крвна група
Мене за возачка кога вадев ми испадна 0- ( Медика плус) После во бременост во една лаб. правев пак испаднав 0+. Повторно се тестирав на клиника испадна 0+ .. Требаа да ми дадат крв по породување но не смееа не беа сигурни во врска со мојата крвна група И така.. уште не сум сигурна што како сум..
Jaс мислам дека не може. Крвната група се наследува единствено од родителите. Комбинациите, односно крвната група која ќе ја добие детето може да биде единствено резултат на нив.
По читање на темава, сфатив дека крвната група има многу комбинации ама и правила на пренесување. Генот за крвната група има два алела, еден е доминантен другиот рецесивен. Доколку еден родител има крвна група А0, другиот Б0, тогаш детето може рецесивно да го наследи нултиот алел и да има 0та крвна група. Некој од бабите или дедовците може да има исто 0та група, па така лаик човек да помисли дека ете ја наследил од него, ама сепак не може, зашто директно се пренесува од двајцата родители, очигледно. Јас имам АБ+, маж ми А+. И да има маж ми втор алел А0, сепак син ми има или А или Б или АБ, не би можел да го наследи нултиот алел. Така го разбирам јас ова.
Не може. Има случаи кај што детето може да има различна крвна група од родителите, двајцата А, бебето нулта, ама тоа не значи дека нултата ја наследило од бабата. Нултата е група која нема антиген, бебето може да има 0 при А+А или А+Б итн, ама не може да се измисли специфичниот антигенот кај што го нема. На пример, не може ако двајцата родители се А, а бабата била Б и бебето да е Б, нема шанси. Мислам искомплицирав со објаснувањево ако сакаш кажи ми за кои крвни групи се работи ќе ти кажам што може, а што не може.
Група А0 или Б0 не постои. Во комбинација (со две букви) постои само АБ. Ако маж ти е А, а ти си АБ, бебето може да има А, Б или АБ, а не може да има 0.
Гледам активна е темава, па да прашам: Каде во Скопјево (освен трансфузиологија) може да се испита крвна група? Сакам на ќерка ми да и ја испитам.