1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крвна група

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од beti111, 13 октомври 2010.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    11.030
    Пол:
    Женски
    На ова мислев кога пишав комбинација на Ао или Бо значи втората бројка е рецисивната нулта
    родители-----------потомство
    оо и оо-------------100% 0
    Ао и Ао-------------75% А; 25% 0
    АА и АА------------100% А
    Бо и Бо-------------75% Б; 25% 0
    АБ и АБ-------------50% АБ; 25% А; 25% Б;

    оо и Ао-------------50% А; 50% 0;
    оо и АА------------100% А;
    оо и Бо-------------50% Б; 50% 0;
    оо и ББ------------100% Б;
    оо и АБ------------50% А; 50% Б;

    Ао и АА-----------100% А;
    Ао и Бо------------25% А; 25% Б; 25% АБ; 25% 0
    Ао и ББ------------50% Б; 50% АБ;
    Ао и АБ------------50% А; 25% Б; 25% АБ;

    АА и Бо------------50% А; 50% АБ;
    АА и ББ------------100% АБ
    АА и АБ------------50% А; 50% АБ;

    Бо и ББ------------100% Б
    Бо и АБ------------50% Б; 25% А; 25% АБ;

    ББ и АБ------------50% Б; 50% АБ
    Копирано е од првата страница на темава.
     
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.278
    Пол:
    Женски
    Овие на левата страна се генотипови, на десната фенотипови.
    Генотипот се однесува на двата алела (по еден од секој родител), а десно, фенотипот е која крвна група ќе се "формира' од тој генотип.
    Ао во случајов е генотип, а крвната група (фенотипот) е А.
     
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    11.030
    Пол:
    Женски
    Генотип е еднакво на алел? По еден генотип наследуваме од секој родител? А фенотип како се наследува?
     
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    @An-na лаборатории, Биотек, Авицена, било кај моеш мислам, и по поликлиникиве
     
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.278
    Пол:
    Женски
    Алел е единечна форма на генот, наследена од еден родител. Значи една копија од ген
    Генотип (збир на гени) се однесува на тоа какви гени си наследил, во случајов имаш пример кај Ао, на ниво на гени, имаш една доминантна алела за А крвна група и една рецесивма. Фенотип е како тоа физички ќе се манифестира, односно тие два алела од генотипот прават А крвна група (фенотип).
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.170
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали знаете дали крвна група се испитува преку земање на крв од вена или од прст?
     
  7. gladiola37

    gladiola37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Od prst se ispituva.
     
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Од вена
     
    На Snowflake97 и jelo им се допаѓа ова.
  9. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.171
    Допаѓања:
    45.765
    Пол:
    Женски
    Крвна група од вена се испитува
     
    На Snowflake97 и jelo им се допаѓа ова.
  10. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Може.
    Јас имам наследено од дедо ми.
    Родителите ми се А и Б, а јас сум 0+.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Како си наследила од дедо ти, може да ми објасниш? Пошто јајна клетка е од мајка, сперматозоид од татко, и крвната група е наследена од родителите, зависно од комбинацијата на нивните гени.
     
    На cresa-jagoda, Mantub, elenaklasik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    Па ако мајката е АО, а таткото БО, детето може да биде О(нулта)
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.890
    Пол:
    Женски
    Ама тоа не е наследување од баба и дедо, туку комбинации на гени.
     
    На Munchmallow20, cresa-jagoda, elenaklasik и 2 други им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.592
    Пол:
    Женски
    Наследување не е правилен збор, точно.

    Мајката ако е АО, А го добила од едниот родител, а О од другиот. Таткото ако е БО, Б го дпбил од едниот, а О од другиот родител. Така јас знам.
    Учевме една табела во средна кој каква крвна група може да има. АКо таткото и мајката се А и Б, може детето било кој крвн група да биде.
     
    Последна измена: 14 март 2022
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Јас тоа го знам многу добро, комбинирањето на генските алели. Ама муабетов беше дека од дедо е наследена и сакав да ми објасни. Оти наследуваме од родителите како директни потомци, не од баби и дедовци.
     
    На cresa-jagoda, elenaklasik, forumce и 2 други им се допаѓа ова.
  16. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    11.030
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не може да се наследи. Баш малку читнав на оваа тема. Во право е @Annath и @forumce дека погрешен израз употребивме.
    Јас го имам слушнато како податок дека можело да се "наследи крвната група од баби или дедовци"
    Дури и свекорот убеден беше и надежен дека можел син ми неговата месна 0та да ја наследи ^_^
    Затоа малку реков да се распрашам а во меѓувреме и читнав. Сфатив дека во генот за крвната група има два алела. Еден е доминантен а друг рецесивен.
    Нултата група се наследува од рецесивниот алел. Ако и двата родители се погодат во генот едниот-рецесивниот алел да ја содржи 0тата, тогаш можно е детето да ја наследи така. И покрај тоа што главни на родителите им се пример А или Б крвни групи. Значи нултата се наследува од родителите, рецесивно. Па така некој дедо или некоја баба ако има нулта, а и внукот нулта, ќе испадне дека од нив ја "наследил".
    Јас сум АБ крвна група. Сопругот А мислам. Син ми ќе има некоја комбинација измеѓу А, Б или АБ.
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Генот, или алелот за нулта група е рецесивен, другите се доминантни. Често слушам вакви изрази за наследување од баба и дедо, исто и за бојата на очите.

    Сините очи како и нултата крвна група се наследуваат рецесивно. Ама за едно дете да има нулта крвна група или сини очи во случај кога родителите го немаат ни едното ни другото, мора родителите да имаат по еден рецесивен ген (алел) за да се комбинираат двата кај детето и да има нулта крвна група, односно сини очи.

    Пак ќе кажам, сѐ што наследуваме, наследуваме од родителите како директни потомци, од комбинацијата на нивните гени.
     
    На elenaklasik, cresa-jagoda, forumce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Машки
    Бојата на кожата и очите можат да се наследат од неколку години наназад од потомството.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  19. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Машки
    Крвната група неможе од баба и дедо да се наследи, се наследува од родител ако едниот е А, а другиот Б има еднакви шанси детето да биде било која од крвните групи.
     
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.278
    Пол:
    Женски
    Може само да се поклопат исти групите на внук и баба/дедо, не да ги наследиш буквално.