Пак се работи за ген( алел) што е рецесивен и може да се провлекува низ генерации се додека не се погоди и друг рецесивен ген за истото својство па на тој начин да се манифестира.
Ако може некој да препорача каде да се провери крвна група а да не е трансфузиологија или тоспаш. Досега и таму и таму ни имаат утнато крвни групи
Како кај мали деца може да се испита крвна група и која е веројатноста таа да биде , јас сум Аб +, сопругот 0-
Мислам дека крвната група се одредува уште при раѓање од крв од папочната врвца. Доколку не одредиле, можи на трансфузиологија. Веројатноста е 50-50 детето да биде А или Б крвна група. За Рх факторот зависи дали ти си хомо или хетерозигот за РхД генот. Доколку си РхД хомозигот тогаш дететото ќе биде 100% +(позитив), доколку си хетерозигот тогаш е шансата 50% да биде + и 50% шанса -( негатив).
Е како така без печат? Кај и да оди нема да важи тој документ. Не се нормални. Јас на трансфузиологија испитував крвна група. Ми дадоа картонче со печат. Кога дојде ред да се пораѓам, на ГАК ми рекоа ако нема печат не важи.
За трансфузиологија зборам и јас. Само таму даваат документ за крвна група, претпоставувам членката на тоа мислеше. Можда имаше некаков електронски печат, отпечатен лист ми дадоа. Може дека спаѓаат во бесплатни испитувања во бременост, не знам. Кажаа дека веќе не давале картонче. Кој ги знае што прават. Едит: Кога полагав за возачка ми дадоа картонче, ама тоа го имам изгубено при селење. И сега очекував картонче, затоа и ги прашав
Zdravo sakam da ve prasham dali znaete koga moze da se zemat rezultatite od transfuziologija za krvna grupa i Ph faktor?