Крводарителство

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од karina8, 17 декември 2010.

  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.541
    Има ли на форумов крводарители ? :) Убаво е кога знаеш дека со таквиот гест ќе спасиш нечиј живот, а исто така е добро и за нас самите ,убаво е барем еднаш годишно да ја прочистиш ...
    Имаше крводарителска акција деновиве во школо, ама ми рекоа дека смеат да даваат само тие што имаат над 18..а стварно сакав да дадам.
    Сте биле ли вие некогаш крводарители :?: Имате ли намера да се одлучите на таков чекор некогаш? :)
     
  2. littlegirl92

    littlegirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    јас имам 18 години и веќе три пати имам дарувано крв (о+ сум прекрасна група)
    иначе ако има 17 години можеш да даваш крв ама треба твоите да потписат една дозвола кај нас во школо знам ни делеа
    а искрено јас имам прекрасно чувство кога дават крв нареден пат ми доаѓа да давам во јануари и едвај чекам
     
  3. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    908
    јас лично до сега не сум давала крв од причина што не можам да поднесам игли и крв инаку како гест е хуман и јас би апелирала до сите оние кои можат да дадат крв тоа да го направат. Капка крв живот значи.
     
  4. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.342
    Јас имам досега 2 пати давано крв, пред се за да не одам на училиште 3 дена, нормално во периодот на средно образование:$ Срамота навистина, но сега навистина сфаќам колку е тоа важно, дека друга е намерата, и доколку начекам некоја акција без размислување би дала крв. Имам многу јака крв, и убава крвна група сум, иако од таа глупава причина мило ми е што сум дала крв.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.749
    Допаѓања:
    53.484
    Пол:
    Женски
    И јас сум нулта позитив. Не сум дарувала крв од причина што бев слабокрвна, па долго ми требаше да се доведам до нормалната граница. Варирам тука негде :) Инаку ова е племенит гест и браво за тие што сакаат да спасат нечиј живот :)
     
  6. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.764
    И јас сум нулта позитив. :) Имам два пати дарувано крв, последен пат беше во април. Баш денеска зборувавме со колешката да отидеме во болницата во трансфузија и да даруваме. Во јануари планирам да го исполнам ова денес што го кажав. :)
     
  7. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.024
    и јас сум крводарител и стојам под мотото капка крв спасува живот.А+ сум и годишно дарувам по 3-пати крв,се чувствувам исполенто кога ја правам оваа активност :)
     
    На slobodka и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  8. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Искрено сакам да сум крводарител, ама во моментов не можам да дарувам крв :) Но секогаш ги поттикнувам домашните да го направат тоа, бидејќи имало момент кога мене ми била потребна крв :|
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    3.583
    Допаѓања:
    13.813
    Јас не смеам да давам крв, НО сум вклучена во организирање на крводарителски акции и така некако компензирам за тоа што не смеам да давам =)
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.785
    Бев да давам два пати:
    првит пат иронично ми рекоа Ајде со си патики ќе те мериме :swear:
    вториот пат ме вратија уште не мерена.

    Не можам да ги убедам луѓево дека иако немам 50 килограми, крвта не ми е слаба и здрава сум ко дрен.
    Еех...
    :doh:
     
  11. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    122
    Јас не можам да издржам мене да ми земат крв кога треба, веднаш паѓам во несвест :( , така да не можам да давам крв, едноставно не поднесувам болници. А едно големо :clap: за оние кои сакаат да даваат и даваат крв.
     
  12. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    240
    Ех да знаете само од кога се мислам дали да одам или не. :worried: Мајка ми е крводарител и стално ми вели оди, ама јас пак никогаш систем не сум примила, крв од вена ми немаат земено и....не знам како ќе изгледа тоа. Страв ме фаќа :sweat: Ама си се ветив дека по нова година ќе одам ;) Новата година ќе ја започнам со добро дело ;)
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    3.583
    Допаѓања:
    13.813
    Sе бара крвна група А негатив за Филип болно дете од леукемија.
    Контакт телефон 070994977

    Се бара крвна група Б+ за Драган Караџовски. Може да дадете крв на трансфузиологија и да кажете дека е за овој дечко.
     
  14. Teff

    Teff Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    20
    Ах, многу сакам да бидам крводарител..
    али ПУСТИ СТРАВ :$ !
    Се онесвестувам кога ќе видам игла. :lol:
     
  15. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.342
    Дали може да се дава крв во сите градови за нив? Како оди тоа?
     
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    3.583
    Допаѓања:
    13.813
    Па најчесто оди дирекно на Трансфузиологија во СКопје давањето крв. Ама за детето Филип не сум сигурна, може да има и во други градови организирано. Можеш да се јавиш на дадениот број и да прашаш (иако на ФБ има шпекулации дека детето починало :( )
     
  17. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    На тел број неможе да се добие никој зашто е нон стоп зафатена линија... Друг начин да се стапи во контакт со лицето знае ли некој?
     
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    3.583
    Допаѓања:
    13.813
    Детето Филип починало пред еден месец, ама сега се раширила веста за потребната крв. Не вртете на бројот :(
     
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    5.365
    кој е расположен за давање крв на 25 Јануари со Дом на АРМ од 9-17 ќр има крводарителска акција во чест на роденденот на Тоше
    ајде хуманитарки да се покажеме ние феминките
     
  20. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.541
    Дечки после давањето крв се чувствувате ли умалаксани како да немате сила? Сакав да давам ама ако истиот ден имам тренинг не знам дали ќе можам да трчам :?: