Не знам како било, ама се убедував 15 мин бидејќи имам 53кг а и крвната слика од пред два дена ми беше добра и никако не попуштаа. Џабе патот.
Јас вчера дарував за прв пат, но заборавив да прашам за картончето каде ставаат печати дека со дарувал знае некој како се зима тоа??
Ако дарувам крв утре, ми следуваат 2 слободни дена од работа нели ? А за тоа даваат некаков документ како доказ да приложам кај работодавачот ?
Еден гад не се за*бува со гадост, затоа што стануваш како него и го „храниш“ системот кој го создава.
Не се сите такви. Знам човек што само на органозирани акции во викенди дарува и не користи денови. Ниту еден ден до сега нема искористено, а фирмата дозволува. Искрено јас би си ги зела
Денот кога даруваш крв, и другиот ден. Потенцираш дека сакаш потврда. Ко ќе ти биде потребна крв за тебе или за близок, верувај дека ќе те боли цеФка дали крвта е од некој кој спојувал викенд, бил дебел или бил швајцарец.
Даруваш... Што е битно дали ќе земеш или нема да земеш ден?! Ти следи по Закон. Кога ќе споиш добро и корисно за сите е ОК. Има такви и 100 дена да им дадат , капка не даруваат.
Дарување крв (подразбира дарител), самиот избор на глагол е значаен, подразбира хумана намера. Тоа е, во принцип, чин на колективна свесност, ослободен од трансакција. Постои суштинска разлика меѓу тоа да ти следат два дена одмор или оброк од здравствени причини и од друга страна, свесно и стратегиски да го темпираш дарувањето за да поврзеш викенд, да избегнеш работа, или да извлечеш одмор од непријатен шеф. Тоа не е ситница, тоа е огромна разлика во намерата. Не се сите такви, и тоа е вистина. За среќа. Но, зошто ова воопшто ме засега? Затоа што намерата зад гестот има тежина. Кога некој ќе ми дава крв, ми е важно тоа да не е направено со калкулација. Можеби звучи строго, но конзистентноста меѓу она што го зборуваме и она што го правиме е основата на интегритетот и на здравјето на системот во целина, колку и тоа да е невидливо, или навидум да изгледа „наивно“. Истиот принцип важи и пошироко: — Лекар што пуши додека проповеда за здравје не само што е неконзистентен, тој активно придонесува кон индустрија која предизвикува здравствена штета, и со тоа го поткопува својата благородна професија. — Маркетинг агенција што продава производи претставени како решенија, а кои немаат медицинска основа заснована на докази, постапува цинично, независно колку елегантно е спакувана пораката. — Фармацевтска компанија што препакува рокови на лекови без строги безбедносни параметри придонесува кон систем во кој профитот стои пред безбедноста. (За сите овие погоре сум бил сведок, за жал.) Сите овие примери имаат една заедничка позадина: расчекор меѓу декларираните вредности и реалното однесување, и тоа во контексти каде тој расчекор реално може директно да им наштети на другите. Не верувам дека можам да ги сменам луѓето, иако би сакал да имам таква моќ, Но, верувам дека доследноста, свесноста и хуманоста имаат кумулативна вредност, со секој избор, малку по малку, придонесуваме кон свет кој е малку помалку циничен, малку поконзистентен и помалку „ако ми дадеш ти, ќе ти дадам јас" или „а, што добивам јас од тоа“? Дали сакам да живеам во свет изграден строго врз трансакциски односи? Не. Дали другите го сакаат тоа, тој избор им припаѓа ним. Мене, да, ме „боли цевката" за тоа.
Калкулација...хммм Еве јас на пример имам здравствен проблем кој бара да дарувам крв. И тоа се смета за калкулација? Демек, ако даруваш за нечие здравје е хумано, а ако даруваш за твое (и за нечие) е нехумано. Дарување е поим кој е единствен и нема "ако". Штом си ја пружил раката причина никого не треба да интересира. Причината е од лична природа. Битно е дека некому си дарил живот.
Кога нешто ме следува со закон зошто да не го искористам? Јас секоко правам добро дело со тоа што дарувам крв, без разлика која е причината.. Сум дарувал крв во средно знаејќи дека ќе бидам ослободен за да избегнам тест, испрашување и тоа не значи дека си себичен ми следува и ќе си користам.. Не значи дека не си хуман ако искористиш нешто што ти следува после добар гест...