1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крводарителство

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од karina8, 17 декември 2010.

  1. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.460
    Пол:
    Машки
    Убави забелешки. :) Се согласувам. Има ситуација каде телото апсорбира премногу железо од храната и мора да се растерети преку донирање крв. Се вика хемохроматоза. Но, дури и тогаш можеш да даруваш крв од нужност и воедно морално, или да даваш крв од калкулантство, едното не се коси со другото. Можеш да имаш хемохроматоза и да го темпираш давањето за да ти „следат законски" слободни денови, или да донираш затоа што сакаш да спасиш нечиј живот искрено и да не темпираш. :) Во погорниот коментар се мешаат биологија, медицинска нужност и морален принцип на исто ниво.

    Дали е важно во биолошка смисла дали ќе те лечи кардиохирург што пуши цигари, или ќе добиеш крв од дебелко, Швајцарец или млад човек што губел часови со тоа што давал крв? Апсолутно не. Но, овде нема никаква автономија на избор од страна на оној што ја добива крвта, тој е целосно заборавен во равенката. Ти не избираш, немаш автономна одлука дали ќе примиш крв кога си, на пример, под анестезија, во инфаркт, на операциона сала. Овој што донира има таква автономија, структурно, освен човекот што има хемохроматоза, кој ја има само делумно.

    Да продолжиме со ситуацијата кога операцијата е успешна, ти си пациентот, ти ги живееш последиците, и каде се враќаш? Во исто толку трансакционен свет кој те довел до тоа да имаш инфаркт. :)


    Докторот што пуши цигари, што нема време за спортување, кој се растеретува од супер-стресната работа со пушење, се убива себеси, ги убива тие околу него, дава лош пример за околината, го корумпира системот затоа што е недоследен и ги лечи луѓето од тоа што ги доведува на неговата операциона маса.

    Дебелкото мисли дека прави добро дело додека општеството го труе со холестерол, адитиви, ГМО, микропластика. Го „за*бал“ системот, „добива“ споен викенд, но системот му го одзел квалитетот на животот.

    Средношколецот што губел часови или избегнал писмена со тоа што дал крв, трансакционо, дури и да ја надоместил конкретната лекција и следниот пат одговарал, сепак не ја научил најважната лекција: за да бидеш навистина вешт и со знаење, треба да вложиш напор за да бидеш дисциплиниран, доследен и свесен. Тој утре ќе биде кардиохирург, или пациент. Повторно, системот ќе се репродуцира затоа што имплицитно наметнал исти матрици на размислување и однесување.

    Биологијата и моралот се поврзани, и биологијата ја определува ситуацијата, но не и намерата. :)
     
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.817
    Допаѓања:
    323.911
    Си калкулирам кога имам прилика.
    И јас ќе ги следам препораките на мојот лекар и ќе задоволам нечија потреба и ќе бидам слободна 2 дена, ќе одморам.
    Незнам што е толкава стигматизација за денови кои ти следат !?
    Многу "чесни сестри" , малку дарители.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Дали може да се дава крв ако имам Хашимото?
     
  4. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.460
    Пол:
    Машки
    Нема да ја играм играта на навредување...Аргументите/противаргументите се исцрпени, мислам дека ги покрив сите ситуации. Ако некој има други забелешки/аргументи нека ми реплицира на конкретнава објава, или за да не правиме монопол нека ми пише во инбокс. Луѓето имаат тука и конкретни прашања. Мојата намера беше да покажам дека може и поинаку да се размислува. Секако нема да ги сменам луѓето и светот. Но, ова некој ќе го чита и ќе размисли. Можеби нешто ќе „кликне“ кај некого. Можам само да изразам надеж дека ќе има помалку даватели, а повеќе дарители , и најважно, помалку луѓе што имале потреба да добијат крв од калкулантство, зашто кога калкулираш самиот стануваш вкалкулиран и го засилуваш системот на калкулирање и тоа на сите ни се удира од глава, и на давателот и на примателот, и пошироко.Тоа го објаснував. Во принцип, е многу едноставно.
     
    Последна измена: 28 април 2026 во 10:36
  5. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.460
    Пол:
    Машки
    Ако болеста е стабилна е и под контрола, ако TSH вредностите ти се во нормала и се чувствуваш добро, во принцип можеш. Но, јави се во Институтот за трансфузиона медицина за најконкретно 02 322 6923.
     
  6. Four

    Four Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2014
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Машки
    Исто ко да сум читал политичар.

    Ми се имаат јавено ноќе, утрото да дарувам крв за девојче од Прилеп, кое требаше во текот на денот да се оперира во Скопје. Бидејќи и сестра ми има иста крвна група, даде и таа.

    Сега кај калкулациите. Фирмата во која работам, а и добар дел од фирмите во државава не сакаат крводарители. Не дека не сакаат, туку не сакаат да ти платат два дена, во кои за фирмата не си сработил ништо. Капитализам е ова. Работникот е потрошен материјал.
    Сега кога давам крв, барам потврда. (Порано таа потврда ја носев на работа, и бев оправдан, и тие два дена ми беа платени).
    Сега потврдата ја носам кај матичен лекар, тој ја копира, ми дава боледување за тие два дена (шифра: донор на крв и ткиво), таа потврда и боледување ги носам на работа. На работа тие два дена НЕ ми ги плаќаат. Тие документи одат во фондот, фондот ми ги плаќа тие два дена. НО, на работа губам два бонуси од 5000 денари.
    Минатата година дадов крв 4 пати, и оваа година сум со истата намера, ако во меѓувреме не направам тетоважа.

    Си напишал говор ко да ќе закачиш 50 болести од тој што ти ја дал крвта.
     
    На dromka, Vikktorr и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  7. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    3.460
    Пол:
    Машки

    Убаво што си посочил со какви пречки се соочуваат крводавателите/крводарителите кај нас, објасни поради кои причини некои фирми „не сакаат крводарители“, и општо, за твоето искуство за донирање крв во вонредни услови. За останатото, нема да коментирам, не мислам дека е валиден аргумент, мислам дека не си ме читал доволно детално (намерно или ненамерно) и не чувствувам потреба да се одбранувам, главно се површни лични квалификации и како ти го доживуваш моето изразување и што ти подразбираш под „говор“, „политичар“, „блаблаба“, итн. итн. И даде добра идеја, ако некој сака да го искорити мојот „говор“ за инспирација, слободно нека го преземе. Отворен е форумов. Но, важно е (1) повеќе животи да се спасени (2) помалку луѓе да имаат потреба од спасување (3) и кога ќе бидат спасени, или ќе можат да спасат нечиј живот, помалку да живеат во трансакционен свет (капитализам, еве да користам твој термин), а повеќе во хуман свет.
     
    Последна измена: 30 април 2026 во 09:37