1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крводарителство

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од karina8, 17 декември 2010.

  1. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    И јас давам крв на скоро секоја акција што ја има, ама на последнава неможев да дадам заради едни апчиња што ги пиев :@ инаку многу убаво се чувствувам кога давам крв, знаејќи дека ќе спасам нечиј живот со тоа ;)
     
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Сега ја видов темава, па ми текна да прашам...Јас секогаш давам на акции, ама сега нема некоја акција а време ми е да дадам. На транфузиологија може онака да отидеш и да даваш крв? Дополнително, каде е трансфузиологија?? :) :?:
     
  3. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132


    и јас секогаш давам крв, дечко ми ме прави ментална ама јас сакам, убаво ми е кога давам крв се радувам...

    Тигерладу и јас чекам сега некоја акција за да давам и мене ми е време, а транфузиологија ецпроти жена парк, од кај што се влегува за итни случаеви во градска има една врата и тука се дава крв, тука е црвен крст.. :l: :l:
     
  4. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Jас! Јас! Веќе 4 пати имам давано! И се запишав во листата на потенцијални дарители на коскена срж, и ако случајно има некој болен со кој сме компетабилни, ќе дадам и коскена срж! Се би дала за да спасам живот!

    И имено се мислев да отворам тема за дарување на коскена срж, затоа што пред некој месец имав можност да слушнам повеќе за тоа, како се случува, а пред некој ден тие што беа заинтересирани се запишаа и баш ме зачуди реакцијата на повеќето „Нема шанси! Страв ми е!“ А тоа што некој син или ќерка ќе умре или на нечиј татко, нечија мајка си му единствен спас во 6 милијарди луѓе на светот?
     
    На TheIdealMe му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    До сега немам давано крв а баш сакам да дадам ама сеуште немам 18г но мајка ми вели дека не може секој да дава крв бидејќи таа крв што си ја дал треба огранизмот да може да ја обнови и не знам дали ќе ми дозволи некогаш да го сторам тоа а инаку знам дека е многу здраво исто така да се даде крв бидејќи организот се прочистувал :)
     
  6. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    24.762
    Прв пат давав крв на 17 години... ми беше малку страв, но потоа веќе ми помина... сега сум горд крводарител и драго ми е што знам дека со мојата крв спасувам нечиј живот...
     
  7. Boom

    Boom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    10
    Немам дарувано крв, а баш би сакала, од истата причина и со истата мисла што сита даруваат крв - да спасиме нечиј живот!!!

    Не знам ни како иде дарувањето на крв, треба да има некоја акција за тоа или пак можеш кога сакаш да си одиш и да си даруваш крв?!
     
  8. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Имам давано, два пати и би давала уште. Мојата крвна група е од најретките и најбараните. Од самата помисла дека можеби мојата крв ќе спаси нечиј живот, не ја чувствувам ни дебелата одвратна игла додека ме боцкаат.
     
  9. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Можеш кога сакаш, не мораш да чекаш акција :)
     
  10. Boom

    Boom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    10
    На тоа и мислев :) каде се дарува крв, во трансфузиологија?!
     
  11. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Јас тамам се решив да станам крводарител, како сите од моето семејство и се направив мене да ми даруваат.
    Појма немате колку е потребна крв само на Хематологија а за другите клиники па неможам да замислам.
    Сигурно имам примено над 50 единици крв и им благодарам за секоја капка на сите крводарители.
    Понекогаш и нема, е тоа многу е лошо и опасно.
     
  12. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Само еднаш имам дарувано крв и тоа кога бев 1година. Се читаше дека ќе дојдат доктори и кој сака може да дарува крв и дека утредента е слободен од школо. Јас :fubar: тоа и чекав.
    Дарував крв и подоцна неколку часа јас примав крв пошто ми стана лошо и имав потреба од крв.
    Абе :fubar: на кој да му текне.
     
  13. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    додека бев во мк давав крв..овде немам уште давано ама ке почнам и убаво е тоа што кога даруваш крв ти прават детална анализа на крвта...ама јас ке дарувам оти сакам ..а покрај тоа ке спасам 80 евра оти во лабораторија една општа проверка на крв..само онака општа кошта 80 евра :(
     
  14. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Имам дарувано два пати до сега,и решив да стигнам до 10 во најбрз можен рок, така да на секои 4 месеци ќе си ја посетувам трансфузија :D
     
  15. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Баш би сакала да дарувам крв кога ќе бидам барем над 18 години. Само ме интересира дали има некоја определена килажа за да даруваш крв?

    Познавам еден семеен пријател и дарува крв уште од 20 години, тоа е многу добро и за прочистување на крвта, а исто така и спасуваш нечиј живот и плус има крводарителска книшка и секогаш кога ќе оди в болница за ништо не плаќа :)
     
  16. Cuculkaaa

    Cuculkaaa Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    0
    Само треба да имаш над 55кг...
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Jас не сум дала крв до сега :tmi: Oд проста причина што секогаш, ама секогаш се онесвестувам, и избегавам вадење крвишта од вени :(
    A би дала, ако е нешто ептен итно и битно, би дала обавезно 0+ сум, па и да паднам во несвест, ќе ме расонат :D Aма јазикот го голтам јас :|
     
  18. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.438
    Допаѓања:
    17.080
    Од колку години може да почне да се дарува?
     
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    17-18 ама зависи од многу фактори, тежина, здравствена состојба..

    Во четврта год. моите од класот даваа оние што се 18 или малку помали од 18.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Давањето крв е многу убава работа. Покрај тоа што чувството дека твојата крв спасува нечиј живот е незаменливо, има и други предности. После 10 крводарувања, во државните клиники сте ослободени од партиципација. Јас досега имам трипати дарувано крв, и имам намера да продолжам и понатаму.

    Меѓутоа, друго нешто што ме збунува е тоа каде оди нашата дарувана крв? Нели ние даруваме крв за да им се најде во болниците, а зошто тогаш неретко слушам раскажувања од луѓе, како во болница при операции им барале да си платат кесичка крв или да си најдат сами крводарител?