И мене истово ме интересира? Не сум дарувала крв сеуште ама сакам да почнам, па ме интересира тие што давале да ми кажат дали е болно и дали се чувствува нешто после дарувањето? На колку време може да се дава крв? И нели сигурно ја испитуваат крвта дали е ок, па дали резултатите може и јас да ги видам? Многу прашања ама се надевам дека Вие што сте дарувале сте информирани и ќе ми одговорите
Не е воопшто болно , јас денес дарував и искрено повеќе сетив болка кога ме боцнаа во прст. Само едно прашање до оние кои имаат дарувано, кога ми ја вадеа иглата ме здоболе ептен и сега околу кај што сум боцната малку ми е како помодрено и ме наболнува и на допир. Прсната ми е вената нели ? Дали да земам да подржам една коцка мраз на пример за да не ме боли и да ми намали бодрото ?
После дарувањето ќе ти дадат еден сендвич да каснеш, за да закрепнеш, бидејќи си дала дел од сопствената крв. И нема да те остават веднаш да станеш и да си заминеш, треба да помируваш малце. Мислам дека може да се дава максимум 4 пати годишно. На крвта и‘ треба време да се обнови за да го надохнади делот што си го дарувала.
Хахаха слатко ме насмеа Еве како да ги мотивираме луѓето,од утре сите дарувајте крв затоа што ви прават детална анализа на крвта која кошта 80 евра Јас скоро ќе правам 17 години,сакам да дарувам крв но несмеам поради возраста.Дали со 17 години ќе го имам тоа право па макар и со потпишување на родител?
Не знам дали е исто како при вадење на крв од вена за анализа, но препорачуваат добро да се стегне местото одпосле за да не излезе модрица. Сепак кога веќе се појавила сигурно ќе исчезне за извесно време, евентуално ако смее хепатромбин маст за модринки да се стави ќе ја снема брзо. Уште за анализата на крвта дали ја даваат не ми кажавте, ми е страв да не нешто не е ок па да оштетам некој недајбоже ама се надевам дека во тој дел се внимава да не се направи некоја грешка со неисправна крв. Одамна на некое предавање за крводарување во бледило како да се сеќавам дека докторката кажа дека резултатите доаѓаат до тој што давал крв, ама не сум сигурна како оди тоа и дали е навистина така?
Жените можат да даруваат крв на секои четири месеци, а мажите на секои три. Да, секако дека ја испитуваат крвта така да ако ти е се во ред, не те известуваат, а доколку имаш недај боже некое заболување, те известуваат на домашна адреса. Можеш да дадеш крв, но со писмена согласност од родител.
Многу е убаво чуството да знаеш дека со твојата крв можеш на некои животот да му го спасеш До сега имам дарувано само еднаш, однеодамна, и сега чекам да ми изминат тие неколку месеци па повторно да дарувам. Оние кои сакаат да даруваат крв, а немаат до сега дарувано, само ќе кажам дека не треба да се плашат, само малце боли кога ја ставаат иглата потоа не е толку страшно како што изгледа Исто имам слушнато дека крвта на крводаритерите се користи само во ептен итни случаеви, сообраќајќи и сл.
Кај нас се одржува во црвен крст, зависи од каде си, во другите градови незнам како е. Не треба книшка ако одиш прв пат барем кај мене не требаше.
Јас имам давано на факултет и во студентски дом кога се организираат крводарителски акции. А може да се дава и во црвен крст, мислам дека обично организираат во некој ден во секоја последна седмица од месецот. Не треба ништо да носиш ако првпат даруваш, ако даруваш вторпат си ја носиш книшката која после првото дарување ќе ти ја пратат на домашна адреса, за да ти го евидентираат дарувањето.
Од Скопје сум, па кога ќе има било каде некоја акција (во било кој град) може да се известуваме во темава, па да направиме добро дело бидејќи на некој сигурно му е потребна крв.
Ако немаш наполнето 18 години можеш ли да даруваш крв ? Јас искрено сакам да дарувам И јас се плашам од игли, но кога вршев некои испитувања имаше потреба да ми земат крв од вената. Прво побледев од страв, но навистина не болеше
Пишаа поназад дека со дозвола од родител може од 17 години. Инаку еве првата акција што ја најдов во скоро е на 23 Септември во Скопје, Струмица и Прилеп. http://www.facebook.com/events/263633950414842/
имам 19 години и веке имам дарувано 3 пати крв до сега но во иднина здравје само ке бидат и многу повеке... се чувстувам презадоволна знаејки дека некој можеби баш поради мојата крв останал во животот, но малку се тие кои што се крводарите а што не коштоа тоа да го правиме сите ? недај боже на некој да му затреба крв а да нема тоа се случува често... ме интерсира дали можеш некаде да се пријавиш на пример во некоја болница и во случај да е потребно хитно да се спаси нечиј живот а да немаат крв да те бараат во моментот да даваш крв ? би сакала да има такво нешто и да се пријавам...
за жал, цел живот сум слабокрвна. а толку сакам да дарувам крв....се надевам некогаш ќе имам прилика.
секако дека ке имаш прилика животот е пред тебе, нај првин појачај си ја крвта мој совет е да јадеш цвекло, да се храниш правилно, да внесуваш витамини и да пиеш сокови од боровница па очекувам дека нскоро ке се пофалиш дека си дарувала крв
Ама тоа важи за 17 години А под 17 пишале дека ни така не смее. Утре ќе одам ќе прашам, требаше вчера ама се успав сабајлето a после бев од поручек нашколо докасно и не стигнав, денес е неработен утре ќе одам пред часови и ќе ми кажат таму дали смее или не смее
Последен пат пред околу еден месец кога давав крв ми беше многу лошо не бев јадена а и имав месечно нема да верувате како во воздуг живеев, лебдев неможев да стојам на нозе само ми се слошуваше ми се вртеше едвај поминав недела