Татко ми е крводарител повеќе од 20год. можеби, а јас...јас се онесвестувам уште пред да појдам во лабораторија да ми земат крв Претходниот пат дури и реков на докторката, вади тоа побргу оти ластовици гледам над главава Бар да префатев некоја храброст од него. Ужасно се плашам од земање крв од вена, ама баш од вена, од прст не ми е проблем, па секогаш ми се слошува. Да немав ваков некаков психички проблем, страв, би дарувала, убаво е секако да имаш можност некому да помогнеш.
Да,сум дарувала крв до сега и нема ништо подобро од чувството кога знаете дека со вашата крв може некому да спасите живот.Чувството е незаменливо,целосно ме исполнува,првиот пат малку ми се лошеше ама сепак помислата дека давам живот за живот беше прекрасна и од неа помина и мачнината и се .
Истиот проблем го имав кравче, не ластовици, мислев прасиња ми летаат над глава, а го надминав со тоа што почнав да дарувам крв Еднаш кога ќе го направиш чекорот, после веќе 70% од „проблемот“ ти е надминат. Не дека пак нема да ти се слошува (јас и на пороѓај ќе им се онесвестев ) ама полека полека храброста и самодовербата дека го можеш тоа ти растат со секое наредно давање крв
Во недела во Велес, во ликовниот салон ќе се одржи крводарителска акција по повод 9Ноември. Од Велешаните кој е во можност нека повели нека дарува.
Сакам многу да дарувам,затоа што знам дека секој грам од таа крв ќе биде искористен во добри цели.Но меѓутоа не можам,затоа што имам одредени проблеми со дишните патишта и сум на апчиња.Пробав двапати,но ми рекоа дека имам плус и низок крвен притисок.Затоа оној кој ја имаа таа способност,НЕКА ДАРУВА ! Сепак,КРВАТА ВОДА НЕ Е !
Прво треба да пополниш формулар во кој има лични прашања за тебе. Ако некој од одговорите не е во ред сестрата ќе ти рече да се вратиш друг пат, ако сите прашања се во ред ќе те прашаат дали си давал/а порано и ќе те најдат во компјутер, ако не си давал/а претходно ќе те заведат во компјутерот и ако не си ја нзаеш крвната група ќе ти земат од прстот за да ја проверат, истовремено проверуваат и хемоглобин. После ќе проверат и крвен притисок, а ако им изгледаш слаб/а ако немаат гужва ќе ти мерат и тежина. Ако и тука е во ред, ќе те легнат на креветчето и ќе ја стават иглата, зависи од човек до човек, но кесичката се полни за 10 до 20 минути.
Ако сакаш и можеш, тоа е доброволно. Само треба да помине минимум период од едно до друго давање на крв.
Мене веќе трети пат ми е да дарувам крв.Си одам сама во трансфузиологија и си дарувам крв. Јас самата некако се чустувам подобро, поздраво , а и самата помисла дека мојата крв ќе ја носи некој друг човек на која му е потребна ,ме мрави задоволна и среќна. Нулта позитив ми е крвната група и сега во Ноември дадов, ќе можам да дадам дури таму почетокот на Март.
што убаво,баш сакам да дарувам и јас крв,ама не ми е дозволено поради тоа што имам алергиски реакции во моето тело и носам антитела,што некому можат да му наштетат... нулта позитив сум.. а многу сакав да спасам нечиј живот,ама ете.. тоа е тоа
Обично не им дозволуваат на лица под 18 да даваат крв,бидејќи сеуште се во развој. HoNeY93 мислам дека нема да сакаат да ти земат крв бидејќи не може да се дава крв кога примаш хормони и други лекарства.Тие секако прво прашуваат и проверуваат некои показатели пред да може да се даде крв.
Може само најверојатно ќе ти бараат еден лист потпишан од родител. Јас прв пат дарував на 16 години, после долги дебати со мајка ми. И мило ми е што направив така, на крводарителската "кариера" си гледам како на еден од најголемите успеси. Доколку немаш претходни здравствени проблеми нема никакви ризици. Пред да даруваш во секој случај ќе ти проверам хемоглобин мислам беше тоа со течноста, не ме фаќајте за збор, крвен притисок и ќе ти дадат еде прашалник. И тоа е тоа.
И килограмите се од значење исто така.Да не е под 55 кг. А хемоглобин обавезно се проверува.Кај жените треба да е над 120 г/л.
Да, да ги заборавив килограмите. Иако ние кога дававме, му дадоа да дава на еден другар а типот мислам 50 кила одвај има. Е тоа не ми беше јасно.
МНогу би сакала да дарувам крв, двапати се обидов но двапати ме одбија, многу би сакала некому да помогна, знам колку е тешко кога е потреба а ја нема, посебно тие со ретките крвни групи. Инаку сум О - но сега поради здравствени проблеми неможам да дарувам крв, би било многу убаво доколку можам некогаш некому да му помогнам со дарувањето крв, сепак дарувањето е една голема искрена желба некому да се помогне и да се спаси живот.