1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крводарителство

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од karina8, 17 декември 2010.

  1. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.920
    Пол:
    Женски
    Имам проблеми со лицето, со акни итн. Ми кажаа дека е ептен можно да биде од јака крв. Дали ако дадам крв ќе има некаква врска со тоа, дали ќе помогне? Многу сакам да давам крв, сакам да помогнам, но воопшто неможам да поднесам болници, игли, крв итн. , се онесвестувам одма :sweat: ??... :envy:
     
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Зависи, доколку си сигурна дека нема друга причина за акните, како хормони или проблеми со црн дроб, хеликобактер или некоја бактериска инфекција, можеби е до крвта. Иако, мислам дека е само еден мит тоа дека со давање крв ќе ти се исчисти лицето. Јас барем немам приметено некоја разлика.
    За стравот, ако до толку сакаш да ти ги снема акните, можеш да истрпиш половина час со игла во раката, не боли толку, ама ако се онесвестиш збогувај се со хематологија :D
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.273
    Допаѓања:
    17.712
    Пол:
    Женски
    Никогаш немам давано крв, а сакам да давам :!:
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Не сум јас доктор, ама според мене нема врска. Не ја сфаќам поентата, имаш јака крв па сака да ти излезе преку лице?? :^)
    За проблемите со лицето обрати се на дерматолог, така бар ќе знаеш на што си.

    Мене всушност не ми е јасно ова јака крв. Ама во секој случај, крводарителството не е терапија. Кога даваш крв, го поттикнуваш организамот поактивно да произведе крвни зрнца, што е најнормален процес во секое тело. Кај крводарителите често викаат дека попрочистена е крвта, затоа што ако даваш редовно (на 3/4 месеци на пример) организамот цело време ти произведува нови крвни клетки.

    За тоа дека имаш страв од болници искрено не може да ти помогне никој, се ти е тоа на психичка база, а таму само ти мешаш прсти. И мене не ми е омилено нешто на светот да лежам на војничко креветче со игла во рака ама јас можам да го поднесам (иако претходно ми се потат дланките ко луди). Ако ти не си спремна, јас не би ти рекла да се форсираш. Реално, има мал милион начини на помогнеш, можеби крводарителството едноставно не е за тебе.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  5. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.920
    Пол:
    Женски
    Така е, некои велат дека е можно да е од јака крв па мора некаде да избие, а некои велат нема врска не е можно да е од тоа. Фала за мислењето :)
     
  6. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.920
    Пол:
    Женски

    Не сум сигурна не сум испитала уште ништо, ама ќе биде. Обично кога ми земат крв од прст, или кога ми стават инјекција ми се стемнува се пред мене, и од страв и од организмот е.. таква сум не поднесувам болници игли... Фала, позз :)
     
  7. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Немам давано крв до сега но сакам да дадам, затоа што е убаво за мене и за моето здравје и ќе ми се прочисти крвта а и згора на тоа со мојата крв ќе му се помогне некому.
    Меѓутоа ме предомислуваат дека ако сум дала еднаш ќе треба почесто да давам, на неколку месеци.
    А и читам што имате пишувано тука дека по 3-4 месеци време ви е да давате пак.
    Дали со тоа што еднаш ќе дадам крв ме обврзува да давам и потоа постојано во рок од три/четири месеци или нема вркса тоа?
     
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Нема врска, ти сама одлучуваш кога сакаш да одиш да дадеш. Минимумот е 3/4 месеци да има меѓу две дарувања за да има време организамот да се опорави.
     
    На Снегулк@23 и Monroe им се допаѓа ова.
  9. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Почнав да давам крв во средно и тоа поради слободните 2 дена што не следуваа откако ќе даваме крв. Но подоцна си продолжив. Јас имав проблем со акни на лицето и на грбот, ми велеа дека тоа е поради тоа што имам јака крв. Откако почнав да давам крв лицето ми се исчисти. Потоа поради некои здравствени проблеми цела година немав давано крв, верувајте повторно ми се појавиа акни на лицето и грбот. Откако продолжив со дарување на крв повторно акните ми ги снема. Понекогаш си велам дека можеби и не е поради тоа, ама кој знае...
     
  10. ivvy86

    ivvy86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Досега не сум давала никогаш крв но добив некоја голема желба да отидам барем на една акција... Да не знаете нешто да не има периодов и каде?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Во Битола знам ќе има,не сум сигурна ама мислам дека ќе има на 17ти февруари,од 10 до 14 ч.,ако е нешто поинаку ќе пишам пак.Само незнам дали ти одговара во Битола.
    А и да,во Домот на културата изгледа ќе биди.
     
  12. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416

    Во контекст на ова што го имав напишано, а мислам дека не бев доволно јасна
    Сакам да кажам дали ако давам еднаш крв ме обврзува да давам повторно
    по обновувањето на крвта.
    Т.е дали може да дадам крв само еднаш и никогаш повеќе да не дадам?

    :tmi:
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Никој не те обврзува со ништо. Ако сакаш ќе даваш, ако не-нема :)
     
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    И јас сум крводарител,и тоа супер чуство кога знаеш дека на некој ке му помогнеш.
     
  15. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    До сега имам дарувано еднаш, а планирам на наредната акција да дарувам пак :)
     
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Отворен Дневен центар за дарување крв во Скопје



    Во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ денеска беше отворен Дневен центар за дарување крв. Се работи за наменски адаптирана просторија што ќе биде отворена од понеделник до сабота, од 10 до 17 часот. Таму ќе работи екипа од Институтот за трансфузиона медицина и социјални работници од Црвениот крст.

    Центарот за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски кој истакна дека проектот се должи на одличната соработка меѓу Црвениот крст на Град Скопје, Црвениот крст на Република Македонија, Институтот за трансфузиона медицина и Град Скопје.

    - Ова е нова форма и можност на дарување крв. Крводарителите до сега требаше да одат на Трансфузилогоја или да чекаат некои акции за дарување крв, изјави Трајановски и додаде оти во уредувањето на Центарот помогнале повеќе компании и амбасади.

    Сузана Пауновска, секретар на Црвениот крст на Град Скопје истакна дека многу е важно крвта да ги чека пациентите во болниците, а не обратно. Дневно, потенцира таа, очекуваме од 10 до 20 крводарители во Дневниот центар.

    Потсети дека лани, на територија на Град Скопје собрале 15 илјади крвни единици.

    Дневниот центар за дарување крв ќе биде под патронат на Град Скопје, кој е и светски град на солидарноста и хуманоста. За таа цел Град Скопје одвои околу 200.000 денари за опремување.
     
    На AnaKarenina и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    7-ма по ред крводарителска акција во чест на Тоше.
    "Јас штотуку спасив живот, а вие?" Дом на АРМ 09.00 - 18.00 часот, 5-ти октомври 2013 година.
     

    Прикачени фајлови:

  19. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    До сега немам дарувано крв но мн сакам да дарувам ама не знам дали смеам на 14 години да дарувам крв?
    И ако можам каде треба да дарувам?
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мала си за да даруваш крв, почекај уште некоја година.
    Кога ќе наполниш 17ипол, ќе можеш со дозвола на родител да даваш :)
     
    На EMILI1999 му/ѝ се допаѓа ова.