Девојки, ако сакате да знаете кога има крводарителски акции, следета ја страната на Црвениот Крст на вашата општина. Сите редовно објавуваат кога и каде им се акциите, па така ќе ви биде многу полесно да се информирате. Јас се` уште не сум крводарител (иако учествувам во организирање на акциите) и се надевам дека додека наполнам 18 ќе ми се намали стравот од боцкање во вена.. зашто едвај поднесувам. И да знаете, машките можат да даруваат на секои 3, а женските - на секои 4 месеци. Инаку огромна почит за сите оние кои даруваат крв, браво!
Ај едно прашање до тие поупатени во крводарителство. Јас редовно давам крв веќе 5 години, ама од неодамна ми дадоа терапија за хиперинсулинемија со Глукофаж. Запознаен е некој со тоа дали можам се уште да давам крв? Прееска видов дека наредна недела има акција кај мене во маало и таман ми е поминат временскиот период од претходниот пат, ама не знам дали ќе ми дадат да давам поради лековиве.
и јас давам крв често ама на прашањево ке мораш да прашаш некој од таму стручен да ти каже нели се потполнува листа од шо си бил болен како зависи ама мислам не е препорачливо со терапија да даваш крв ама не ме држи за збор сепак прашај
Дали ако „дувам“ марихуана и потоа донирам крв може марихуаната да се најде во крвта (доколку се направи обична крвна слика, испитување на крвна група)? И колку време марихуаната може да се пронајде во крвта?
machence27 ако се прави тест за наркотици -може да се дознае максимум до 7 дена после зимањето. а на обичен тест на крв неможе. П.С. Јас сум А позитив ако некому му треба некад...
An-na ме претрка со објавава, само што сакав да ја постирам Иначе утре ќе ми биде 6ти пат како ќе давам крв и после секое дарување се осеќам супер, нит ми се врти нит ми се лоши, само првиот патсе осеќав како да летам ама тоа ми се сличи само тогаш и повеќе не. Првиот пат кога давав крв беше пред точно 2години и бев ненормално исплашена, недела дена пред крводарителската гуглав секаквипрашања поврзани со давањето крв и кога стигнав на крводарителската ми требаа добри два саати да се охрабрам да легнам на креветот, ама среќа тој знаеше да боцка па освен мааала болка на почетокот кога ме боцна и на крајот кога ја извади иглата неосетив ништо друго, а за среќа немав ни модрица после тоа Иначе знаевте ли дека со една ваша кесичка дарувана крв спасувате не еден, туку ЧЕТИРИ живота! Може ли да се има поголема мотивација од ова?! Крвта после дарувањето се носи на трансфузиологија и таму се складира во фрижидери, претходно и се прават сите испитувања за да се провери дали дарителот е заразен од хепатит или некоја полово пренослива болест и ако се открие дека има некаква болест му се испраќа известување, а таа крв се уништува. А ако се е во ред со крвта таа се складира во специјални фрижидери и се чува на одредено време(заполната крв мислам дека времето на чување беше најмало, а за плазмата најдолго) или од таа крв се одделуваат одредени "производи" кои им се потребни. Како и да е крвта не сме ја дале залудно Ај доста со реферативе, се надевам дека многу од вас ќе се охрабрат и ќе дојдат утре да даваат крв
Здраво, ај едно прашање ако може, дали за време на менструација се намалува хемоглобинот? за да знам во кој период да давам крв. поздрав
Девојки сакав да ве прашам од тие што сe упатени...Дали можеш да даруваш крв ако имаш покачени масти и триглицериди?
За сите крводарители со крвна група нулта позитив една молба. Во Градска општа болница 8-ми Септември Скопје има потреба од вашата крвна група.
Потребна е крв од групата нулта негатив за итна операција на срце! Ве молам доколку сте таа крвна група или познавате некој што е и сака да дарува, јавете се на 078 245-951. Операцијата треба да се направи во Систина, ама каде и да сте во Скопјево ќе дојдат и ќе ве земат, тоа е најмал проблем. Потребни се повеќе од десет кеси крв, а најретка крвна група е во прашање и многу е тешко да најдеме крводарители.
kasno vidov za potrebata od nulta negativ, no dokolku ima nekoj potreba neka mi pise bi daval krv, od kicevo sum
Дарував крв пред една седмица!! Морам да кажам дека сум горда сама на себе, иако за некој ова и не е така значителна работа, за мене е!!! Го направив тоа со голема доза на страв, но сепак го направив. Сега првпат, се надевам ќе има и повеќе.
Нема тоа врска со дарувањето крв. Треба да си потполно здрава за да даваш и после тоа нема да имаш никакви последици, крвта ќе се надохнади, а телото нема да трпи загуби.