Дали се прават некакви испитувања пред да даваш крв или отидеш на трансфузиологија и ти кажат што како би сакала да дарувам крв?
Не. Коа ќе отидеш на трансфузија пополнуваш прашалник, ти земаат крв со испитување на лице место дали може или не да даваш крв, една капка ставаат во некој реагенс и така знаат, не знам што всушност испитуваат т.е кој елемент, ако покаже дека може те прегледува доктор
Испитуваат железо во крвта преку време на седиментација. Исто така, се проверува и крвниот притисок - луѓето на граница на низок притисок не се за давање. Пред давање треба добро да сте најадени и пожелно да не сте настинати. Тогаш као паѓа имунитетот и поранливи сте, иако кај мене дарувањето крв нема влијание. Хумано е, добро е за организмот... Од бенефициите - дел од фирмите признаваат 2 работни денови, а по 10-то давање од здравствените установи ве ослободуваат од плаќање на партиципациите во здравството.
Дарувањето крв го обновува организмот и штити од мозочен и срцев удар. Првите неколку часа по дарување се критични т.е. се осеќа благ умор.За кратко време организмот регенерира. Жените препорачливо е да даваат на 4 месеци а мажите на три. Единствено кај крводаротелството нема меч со две острици туку со две добра:хуманост за друг и за себе.
Имам 2 пати дарувано крв, би дарувала бидејќи знам дека би спасила нечиј живот а и поради мое здравје бидејќи крвта се обновува, но два пати поминувам лошо од после
Да ве прашам дали конкретно знаете некој на којшто итно му е потребна крв? Јас сум нулта позитив и планирам во вторник да донирам во трансфузиологија и онака, меѓутоа би сакала ако знаете конкретно некој да ми пишете. Ви благодарам. Поздрав.
Каде може да се дарува крв освен на трансфузиологија?. Знам порано имашее акции низ општиниве, сега со коронава не знам како е .
Во дневниот центар Даре Џабаз во Црвен Крст. А за акции по општините имаат распоред, треба да провериш.
Здраво. Дали постои некоја граница за тоа колку килограми минимум треба да се има за да се дарува крв?