Јас многу сакам да дарувам крв, но кога бев прв пат пред 2 години, успеаја да ми извадат само 160-180мл. Едноставно не можев повеќе, не течеше. Често гледам дека се бара мојата крвна група, А- и сакам да дарувам пак, ама ми е страв пак да не е неуспешно. На трансфузиологија ништо не ми кажаа зошто успеав само толку да дадам, а не повеќе, што мислите вие до што може да е проблемот?
Здраво Во текот на неделава од факс имаме крводарителска акција. Одамна сакам да го направам тоа но искрено со коронава почна се и некако страв ме фаќаше. Но веќе имуна сум на вирусот, сакам да донирам. Може ли некој крводарител да ми ја објасни процедурата детално што како се прави, би била многу благодарна.
Ќе ти кажам од мое искуство. За почеток потребно е да не си гладна, јади некоја полесна храна не мрсно. Се пополнува прашалник на кој од голема важност е искрено да се одговори, потоа ќе поразговараш и со докторот за истиот. http://itm.org.mk/прашалник-за-крводарители-2/ Земаат крв од прстот за да се провери хемоглобин. Мерат притисок и слушаат срце. Ако е се' во ред следува дарувањето крв. Штом си решила веројатно не ти е страв од игла, не боли. Трае околу 10тина минути, мисли си на нешто позитивно, тие и онака ќе ти прават муабет. Кога ќе заврши, ќе одмориш некоја минута и толку. За понатаму ќе ти дадат совети да не се уморуваш во текот на денот, да пиеш течности и слично. Ако те интересира нешто поконкретно, пиши ми.
Се онесвестив... тие што беа околу мене се преплашија. Инаку не се плашам да давам крв, од после кога ќе ја видам модрицата на рака, од тоа ми се слошува.
Здраво, дали проверуваат и која крвна група си таму, дека прв пат сакам да дарувам претходно немав можност да дарувам поради здравствени проблеми и кога одев во средно не ни сакаа да ми ја проверат крвната група. Сега веќе кога можам сакам да дарувам, но дали проверуваат која крвна група си таму на лице место или претходно треба да си ја знаеш?
Дали можи да се изгуби свест за време или после дарувањето крв? Јас сакам да дарувам прв пат, но некако кога ќе ми текни на тоа ми се врти...
Можно е ама многу ретко се дешава. Не треба ни да размислуваш за тоа, дури и да се случи не е ништо страшно - те прскаат со вода и се освежуваш за 10 секунди. Најбитно е да се најадеш квалитетно и да испиеш накај литар течности пред давањето. Добро наспивање е исто пожелно.
Здраво феминки. По дарување на крв, кога ти ги соопштуваат резултатите и како? Сопругот прв пат донираше и ми спомна дека му рекле дека доколку има лоши резултати, ќе го известат телефонски веднаш, па ме збуни што тука гледам дека некои само дома добивале известување. Инаку донираше однапред еден ден како бек ап опција за операцијата на дедо му. Ваљда ја испитале до утрето и ваљда ќе му јавеа доколку имаше лоши резултати за да донира некој друг од фамилијата…
Здраво сакав да прашам дали некој после давање крв имал некој поголем проблем и тешко се опоравил или скоро кај сите е нормално пролазна омалаксаност
Дали ќе ме пуштат да дарувам крв доколку имам низок притисок? Кога сум подобра притисокот пак ми е 90/60...