Здраво девојки Како што гледате на резултатот кај уринарен статус покажува дека имам крв и еритроците 12-14. Матичната ми кажа дека би можело да е од цистата што ја имам на едниот јајник, пукната е ама нецелосно испразнета. Не ми кажа ништо дополнително да испитам нити некаква терапија или совет. Некоја со слично искуство? Секој совет би бил добредојден
Можно ли е ако се прави крвна слика во период кога имаме добиено, во урината да покаже + еритроцити или не?
Здраво,последниве неколку дена забележувам дека имам како крв во урината,не многу туку како потемна урина и крв малце и многу ми е страв,инаку имав болки во карлица можеби 3 месеци ама не постојано туку како да ме стегаше неколку секунди и ми проаќаше и мислев дека ми е од стрес зошто имав доживеано многу голем стрес и еве веќе некое време не ме боли карлицата ниту јајниците,само сега ова со уринава не знам што е премногу ми е страв,дали е можно да ми е циста? Инаку имам редовна менструација само што последниве 3 месеци ми трае помалку околу 3 дена,а пред тоа ми траела 6 7 дена..многу ми е страв значи