Целава ситуација е буллшит. Секој си гледа свои добивки а невини луѓе ќе страдаат. Светот иде у к.... Упс, грешка, веќе е таму.
Него не ми се јасни немириве и како ни се сервирани не применува сила полицаеце тек така мора да има некоја рчка пред тоа. Косово ја доби со крв и под „заштита на мегународниот блабла бла “ Господ нека им е напомош многу позитивни у убави Луѓе
Па кога Полицијата не е на нивна страна, мора да бараат помош во Господ. Кога тој што треба да ги заштитува ги тепа,а е нивен народ што да очекуваат од другите?
Еве пошто синоќа имало графити "каталонија је војводина* во повеќе српски градови, да речеме да се обидат да лупнат референдум за отцепување по денешно сценарио. Србија со сигурност нема да може да се понаша како Шпанија, ем ќе ја изгуби војводина ем ќе бидат пак налупани од нивните европски " партнери."
Секаде е така. Патот до независност, сама регија не може да го изгура сама. Шпанија реално го зема најголемиот дел од профитот во Каталонија. Некој ги финансирал сите референдуми до сеа, па така и овој. Светов денеска е соочен со многу предизвици и притисоци. Почнаа да се набројуваат двојните стандарди пред нос. Тоа не оди во прилог. Се надевам Европа нема да остане нема овој пат. Ова не е прв референдум. Значи тие упорно сакаат независност и Шпанија упорно им ги придушува сите обиди.
@Afrodite¥ полицијата треба да ги спроведува одредбите од законот, доколку не им бил дозволен референдум што мајка барале да прават, доколку полицијата направила коридор и го обебедувала што мајка се буткале внатре!!! Не ја негирам употребата на сила но викам ММЕ кој прв почна . п.с патентот на профиле сликката ти е утнат во риквер ти е
Е што мајка де, ама доста им е од шпанските срања, си сакаат референдум, и ја би се борела да сум на нивно место. Иначе за патентот, слушнав модерно било ..
Тетово и Гостивар се градови. Не се организиран систем налик мала држава. Каталонија е цела една провинција. Со свој парламент.
Не верувам дека ќе има. Многу гласачки места биле затворени, на другите блокиран пристапот. А ако објавуваат резултати, само ќе признаат пораз.
Интересно е што Шпанија не го признава Косово. Таа е една од малкуте ЕУ членки, заедно со Грција, Кипар, Романија и Словачка, која тоа се уште одбива да го стори. Споредбата помеѓу Каталонија и Косово не држи. Албанците ипак си имаа национална држава - Албанија, а Каталонците освен Каталонија немаат друго. Исто важи и за Баските рецимо, они се (колку шо сум запознат) древен и автохтон народ на тие простори, а немаат независна држава. Запознаен сум дека Шпанија е уствари мултиетничка држава, покрај Каталонците, уствари Баските беа још погорливо прашање. Тие имаа позната терористичка група ЕТА. Тука се и Андалузијците, Астуријанците, Валенсијците и куп други, а имав познаник Галициец и сите тие си имаат свои автономии и официјални јазици. Шпанскиот јазик е уствари од Кастилијанците, една од многуте етнички групи во земјата. Како што спомна Филе во клипот, фашистичкиот диктатор Франциско Франко ги репресирал овие етнички групи и им ги укинал автономиите, ги асимилирал или сл., што е секако за осуда. Но дали сега има причини да се оди на отцепување? Не знам. Познавајќи ја (горе доле) историјата на Шпанија све ова не ме изненади толку. Ме изненади само тајмингов, некако ми нема логика. Зарем беше нож до коска сега да се цепаат? Цел свет е у хаос, тероризам, мигранти, ИСИС, Сирија, Ирак, Јемен, Курдистан, С. Кореја, Рохињи у Мјанмар, Украина, Венецуела, воен удар у Турска, Брегзит, урагани, триста чуда и кај баш сеа им текна на овие? Дали е сеа време за нови дестабилизации? Не знам што да мислам. У секој случај, пол. бруталност беше безвезе, се согласувам.
Во живо , ама на Шпански зборат така да не разбирам од страната што ја следам Viva Barca објавија BREAKING: Yes to independence wins the #CatalanReferendum with 90% of votes and a turnout of 2.3 million voters. Шпанија си ја покажа вистинската демократија со праќање полиција да тепа невин народ , и тука пред неколку год еден праќаше полиција на невин народ па ете каде заврши во опозиција. Нека си размислат за понатаму што ќе прават со овие срамови. Е сега е прашање дали отцепувањето ќе биде мирољубиво или насилно со жртви, ќе се види наредни 2 дена. Целосно ја подржувам Каталонија и нивната борба за независност уште од пред многу години кога немаше интернет и камери да ја прикажат вистинската демократија и се надевам ќе се изборат без воени инциденти.