Сега почнува расплетот! Од вкупно 2.262.424 гласачи, 2.020.144 ЗА и 176.566 против. Во следните 2 дена Каталуња ќе прогласи Независност! (ова се официјални податоци на Каталонската Влада која го прогласи Референдумот за успешен)
Каталонија дефинитвно се бори за она што и припаѓа.И ако биат упорни може и да прогласат независност иако тоа би било премногу тешко.Шпанија ќе ја притска силно од една страна,САД и ЕУ(“демократи“) од друга.Но,тоа е нивно право и одлуката мора да биде само нивна.Доколку прогласат независност донекаде ги идентификувам со нас,нема да им ја признаат државата,идентитетот...Сепак,секоја чест за нив,спремни се да се борат за она што им припаѓа.
@Passenger Ова е супер тајминг. Баш во ваков тајминг се "фаќа" Европа. А на страна тоа, не им е прв пат. Луѓето си сакаат и заслужуваат да си добијат што си сакаат. Сите земји што ги наброја имаат територија која сака да им се отцепи, па воопшто не е чудно за ниту една од нив. Шпанија секако дека го нема признато Косово. Таа е најкомплексен концепт од сите, зошто Шпанија е цела со автохтони територии и секоја е приказна за себе. Народот меѓу себе не се поднесува. Се гледаат ко непријатели. А и политиката на Мадрид спрема останатите региони е дискриминаторска, претерана и жална. Косоварите ја имаа Србија за своја земја. Тоа кај што си роден е твоја земја. Реално Косово стана независно зошто таму се дешаваат најголемите бизниси со дрога, оружје и човечки органи во Европа. Но и со тоа се тргна целото црнило и шлајм што Србија ја влечеше на дно. Каталонија сака независност зошто се константно репресирани и непочитувани во сопствената земја, во суштина е ист концепт, фундаментот е тој, народот сака независност од икс причини. Каталонија боље би поминала со оглед на тоа што Шпанија е веќе во ЕУ, па според тоа Каталонија веќе ги прифатила и спроведува Европските правила и стандарди. Секако се граничи со Франција, а тука има голем пазар на трговија и е плус на отворено море. Шпанија не мора никад да ја признае. Тие може ќе не признаат нас и ние нив, зошто Шпанија не нема признато. И ние ќе имаме "непризнат" пример во ЕУ, а да им го трламе од нос истото. Ова последново е моја опсервација за развојот на настаните. Иначе вчера имаше дописник од Барселона за Телма и кажа дека во Барселона воопшто не е така страшно како што медиумите успеаа да направат да изгледа. Бар ние овде знаеме колку може медиум да напумпа прикаска.
Па не верувам дека не било страшно, сепак се знае како треба да изгледа еден демократски изборен процес, вака сигурно не. Јас сум ЗА независност на Каталонија . Зошто му дадоа независност на Косово нека и дадат и на Каталонија и на сите такви провинции , но секако да има некоја правна основа на која тие би се одделиле, и некои ограничувања. Некои кажуваат ете и кај нас ке барале Албанците отцепување. Јас сум за. Ако треба да бирам мегу држава со двојазичност и со постојани мегуетнички тензии подобро нека одат курбан два три града барем да знаеме дека ке биде мирно и ке се мисли само на економски просперитет. Ние сите имаме пријатели Албанци и соживот овде ако се остави народот да одлучи ке има, но ете политичарите се тие кои го хушкаат народот. Сега баш ме чуди зошто од јакава демократија не ја исклучат Шпанија од ЕУ или тие закони само за Балканот важат.
Не реков дека не било, реков не било толку страшно како медијата што го продаде на светов. Се десија инциденти доволно да се исфилува прикаската и донесе до граѓанска војна. Сите другари мои вчера беа надвор на улици, дел со своите деца. Да беше "толку" страшно немаше деца да има надвор по улиците. Аман со Албанците што сакаат независност овде. Една политичка партија успеа да ви ја продаде таа прикаска и сеа тоа па тоа ко слеп за стап. Истите што збореа и за граѓанска војна кај нас и потпалуваа и плашеа народ. Сега истото им го продаваат на светов за Каталонија. Вчера другарка од Барселона ми вика, не верувај во се што ќе прочиташ за нас сега. Деновиве медијата ќе не распнува. Далеку се од граѓанска војна.
Ајде тогаш со вашиот памет, Шпанија како таква нека престане да постои, оти ако и` се дозволи на Каталонија, не гледам што би ги спречило Баскија, Галиција, Валенсија и т.н? Па нека го поддржи тоа меѓународната заедница, за следни на ред да дојдат Шкотска, делови од Италија, Франција, Русија, Кина... Тексас... Се` е резултат на борба за профит и моќ меѓу интересни групи, а повикување на некоја регионална историја, нација и идентитет е мамка за простодушните и за тинејџерите.
Па не гледам зошто да не. Ако целиот профит го собира Мадрид и целата моќ е таму, зошто да не функционираат сами кога се многу способни за тоа и имаат се што им е потребно, и сами да си го распределуваат буџетот што самите го заработиле, место да им се одземе и да им се фрли нешто ситно? Нигде не се спомна идентитет, нација и историја за основна причина. Дај читај прво.
До вчера бев во Каталонија, малце е ова исфорсирано,... Иако гледам полицијата мавала сепак, по луѓето. Ништо не беше страшно, инцидентите не знам ни кај биле, сигурно по гласачките места.Претставено е како востание да се кренало. Нека се отцепи, јака е, му ги зема сите туристи.
http://www.independent.co.uk/news/w...an-commission-juncker-spain-law-a7978386.html ЕК вика референдумот бил нелегален, во уставот пишувало дека Шпанија е неделива.
А ако успее ова со независноста дали по 10 години во Каталонија ќе се појави еспањо-носталгија? Ретки се успешните причи при распад на поголеми ентитети, прибалтичките се секако тука, денес таму никој нема совјет-носталгија, а останатото е дно почнувајќи од Русија каде што бараат Сталин да се прогласи за светец до оние централноазиски вукојебини и диктатури. Чешка и Словачка ок, и да останеле заедно и вака ќе им било горе долу ок. Шкотска за малку ќе направеше глупост. Екс-ју случувањата пак се доказ дека 7-те земји кои преживеаа од 12-те пост распад на Југославија се сите до една цивилизациски и во секој поглед полоши него коа биле под Југа. Најбесмислени се земји како овие екс-ју, со големина, икономија, култура и се по ред, контејнери на национализам, корупција и гној. Повеќе логика прават или големи мастодонти со развиена трговија, правен систем и инфраструктура или пак мали како Луксембург каде што нема простор за развој на диктатура, олигархија и слични срања но можат да влегуваат во сојузи по свој избор. Луксембург, Лихтенштајн, Сан Марино, Андора, Монако, Ватикан сите се со неверојатно јак животен стандард и немаат мака ниту со национализми ниту со славни митови и истории. Тука се и псевдо-државните ентитети како Фарски Острови, Гернси, Џерзи, Ман и Гибралтар кои исто се јаки. Исто и по кариби, Што поголема (релативно) држаа (Куба, Хаити, Доминикана, Јамајка) тоа поголемо гомно. Малите како Ст.Китс, Бахами, Доминика, Барбадос, Аруба се 256 пати подобри во секој поглед. Значи најдобро се живее во најмалите држави
Тоа што се општините кај нас, тоа се провинциите во Каталонија. Ако, поддржуваш сецесионизам на едно место, не може да се залагаш за унитарност на друго/
Како тоа нè нема признато?! Во центарот на Скопје си има шпанска амбасада... Да ја немаше признаено не ќе имаше амбасада туку канцеларија за врски.
И грчка амбасада имаме ако така. Тоа значи сме воспоставиле дипломатски односи под привремената референца. Шпанија и Франција се силни поддржувачи на Грција. Тешко дека ќе не признаат.
Немаме грчка амбасада! Тоа е канцеларија за врски!!! Не можеш да имаш амбасада и да примаш пасоши а да не ја признаеш државата. И Шпанија и Франција ја признаваат Македонија, а под кое име тоа е сосема друга работа. Може да се рече за Србија дека не го признава Косово, или за Кина дека не го признава Тајван, но не и за Франција и Шпанија дека не ја признаваат Македонија. Има битна разлика!
Кој рече дека се спомна некаде идентитет, нација и историја за основна причина? Битно се спомна како некаква причина. Што би било разбирливо пред некоја деценија, а во 2017-та година е премногу наивно и инфантилно. Мене ниту ми влегува во џеб, ниту ми излегува од него профитот кој го собира Мадрид, затоа ми е смешно заземањето страни од луѓе кои живеат илјадници и илјадници километри далеку (во други земји, незасегнати). Да се инсинуира дека Каталонците се греота, оти се експлоатирани, е исто така смешно, а особено смешно ми е барањето шпанската држава да сноси одговорност за случувањата вчера. Шпанија дејствува во одбрана на суверенитетот. Сигурно нема да седат мирно и да чекаат да им се деси распад. Реакциите се сосема нормални. Во ред е и тоа Каталонците да мислат дека можат подобро, нивно право. Ама дали би било стварно така, или главата се става в торба верувајќи во некаков мит...