@daylight со нив имаме воспоставено дипломатски односи. Тие не немаат признато под Уставно име, тоа ми беше муабетот од сам почеток, може не се изјаснив до детал. @sjdgo не беа спомнати како причини за барање независност, туку како нешто што праи раздор меѓу народите таму. А не би било нормално ниту за пред 10 години, туку за пред 10 века. Шпанија секако дека си го штити суверенитетот. Секоја земја така би. Каталонија секако има право да си ја штити својата територија исто така. Ја исто така немам ништо ни од едната ни од другата. Овде дискутираме и секој изнесува мислења според своите гледишта, а впрочем настанот е и светски актуелен и е тема во глобална рамка на дискутирање. Експлоатацијата нигде на друго место не е смешна и не знам зошто толку лично си ја сфати дискусијава која моментално се тера насекаде, ама секако тоа не е мој проблем.
Јас сум за тоа да се оддели Каталонија, макар тоа и да не ѝ е во прилог на Европската Комисија. Од проста причина што истиве овие Европејци (вклучувајќи ја тука и Шпанија) направија тешки глупости и си поигруваа со човечки судбини на самиот Балкански Полуостров. Тука не станува збор само за Косово туку и за граѓанските војни кои се случија од 1991 до 1995 година. Нека осетат малку на сопствена кожа да видат како е. Сега сакам исто така и Шкотска еден референдум за независност да спроведе (а ќе бидат охрабрени од ова) зошто цела Шкотска сака да е дел од ЕУ за разлика од овие Англичаниве кои беа и ќе останат главниот сателит на Америка.
Каталонија може објави победа синоќа ама веднаш се виде дека е џабе. Никој нема да го признае референдумот, никој нема да ја признае државноста ако се осмелат на таква церемонија, а што е уште појасно ако се обидат такво нешто, експресно ќе им биде задушено востанието. Шпанија се покажа како зезнат играч, ни се допаѓало тоа или не.
Кој сфаќа лично? И што нешто пред 10 века, па зошто читам тука се паѓа на муабети за признавање на името ако не е нормално за последниве 10 века... И едно е да ме интересира политичка актуелност, друго е да навивам како да се работи за фудбалска утакмица.
Сега на Хавиер Солана да имам негов ФБ па да му пишам.. ..Драги бивши претседателе на Нато алијансата.. Кога Косово бараше независност а Екс Југославија не му даде,ТИ даде наредба да се бимбардира Белград. Ајде сега дај наредба да се бомбардира Мадрид (твојот роден град)зашто не и дава независност на Каталонија. ИЛИ господине Кавијар СоЛајна ургирајте кај сегашниот претседател на Нато ПОВТОРНО да го бомбардира Белград бидејќи Војводина ќе бара независност ! Нато зликовци!!
Зошто го мешате Косово овде. Војната во Косово не почна за отцепување на Косово од Србија. И да не беше Аркан Косово немаше ни да се оддели. Само им пожелувам на Каталонците да не им се случи истото што на Косово, и секако ако имаат желба да се одделат и за тоа немам против.
Да не продаваше и другата страна човечки органи од православни христијани немаше да има исто така војна. Впрочем, кога ќе видиш и двете страни се виновни, само некој не сака да го согледа тоа како што треба. А за Шпанциве ич не ми е жал, и немојте да мислите дека Каталонците не се спремни да отидат далеку, ќе се изненадите. Јас за Крим на пример не верував дека ќе се отцепи од Украина па на крајот не само што се отцепи, туку и избувна војна плус во самата Украина. Така да, не давајте уште од сега прогнози. Колку што е релевантно тоа дека нема да има војна толку е релевантно тоа и дека ќе има војна.
Пред малку читав за едно од сценаријата во врска со независноста на Каталонија. Рахој кој го има мнозинството во сенатот би можел да го активира членот 155 од шпанскиот устав и да ја суспендира и укине автономноста на Каталонија. Е тек тогаш ќе е интересно.
Телевиса дел муерте пресента сценарио : Фашизоидната специјална полиција млати раја и неколку од тепаните умираат. Роџак на умрените видно изреволтиран брца шрафцигер во око на рандом цајкан. Рандом кола со цајкани е спалена со молотов коктел за одмазда, цајканите јагленисани се цврчат како ребра на скара. Специјалците тргнуваат во одмазда, киднапираат активисти за независност, им ги распоруваат стомаците и ги бесат со сопствените им црева. Пијан специјалец снима со смартфон дешафката. Неговиот пасивен геј партнер, релативно осетлив на насиље е ужаснат од тоа што го гледа на телефон и ја аплоудира снимката на лајвлик. Цел свет гледа цревата. Започнуваат барикади по улиците на Барселона, нече кастиљанска чизма газити свету каталанску земљу! Власта во Мадрид праќа тенкови по улици, падобрански батаљон се распоредува низ најважните стратешки места низ Барселона. Припадници на ЕТА сексуално се возбудуваат и во порив за солидарност со нивните каталански браќа силуваат шпански часни сестри во забатален манастир. Ги вадат од подруми пушките и бомбите и тргнуваат во поход, сеа е моментот и Баскија да се омрси, и онака Мадрид е зафатен во Барселона. Ситуацијата ексалира, Жерард Пике мистериозно исчезнува, 16 авиони Ф-18 на кастиљанскиот крвав агресор истоваруваат по 5 тони бомби врз олимпиското село во Барселона каде што се претпоставува дека се крие наведениот лик.
Украина не е во НАТО, стандардот им е потпросечен, во таква средина национализам и етничка омраза лесно излегува од контрола, не во ЕУ. Плус, зад Крим е Русија, за независна Каталонија кој се застапува освен самите Каталонци?
Ај ќе те замолам фино и културно да не ме цитираш. Последен пат кога имавме јас и ти дискусија не помина баш најдобро и не би сакал повторно да се случи нешто такво. Од чиста култура ова ти го кажувам, понатамошните твои мислења ќе ги игнорирам секако. Благодарам на разбирање. И се извинувам до сите за ова мислење што е надвор од темата.
Ако немаш или не знаеш што да одговориш (фатен си во ќор-сокак и слично), тогаш немој да ми реплицираш воопшто, наместо да замараш со вакви бесмислени офтопици. Јас сакам да разговарам исклучиво на темата на која коментирам. Не сакам да добивам известувања од ликови кои не се способни да си ги исконтролираат емоциите од некои минати времиња на обичен форум полн со непознати. И сега веќе се осигурав чиј дупли профил си, со оглед на тоа дека првата и последна дискусија со овој твој профил и не помина така лошо како што си се исплашил. Некоректно од форумот што на мојата игнор листа мора да одат неколку профили на една иста личност.
Јас само пишав што прочитав. Од каде да знаам што ќе се случи. Еве за да не биде за џабе, Каталонија сигурно нема да добие независност. А што конкретно ќе изгуби ако се активира тој член, ваљда има на гугл. Каталонциве ама баш никој не ги поддржува, така да не ќе има ни потреба за тоа.
Јас знам дека ти само си прочитал и јас само прочитав, но чим споменуваш дека ќе биде интересно тогаш мора да има и причина зошто. Нема ништо да изгубат, повеќе ќе изгубат Шпанците а Рахој само ќе ја турне цела Шпанија во граѓанска војна исто како што беше примерот со Украина со Јанукович. Ќе ги мотивира Каталонците само на уште полошо. Така да на таа карта да игра Рахој не би било препорачливо. Тоа што не ја прифаќала ЕУ нивната независност нив не ги интересира, а сигурно дека нема да се соочат со ембарго. Имаат море на крај крајава.
Каде е сега ЕУ да ја осуди полициската бруталност,луѓе беа влечени по улица ко говеда и им беше забрането да отидат да гласаат.Лицемерно,лицемерно... едит http://www.motika.com.mk/demokratija-na-shpanski-nachin-3-videa-4-foto/
Чекај, Јункер уште го составува текстот а кутриот од што не знае што да напише ќе си премолчи на крај...