Кој уште верува во иссправноста на ЕУ? Каталонија е само почеток а нејзиниот пример ќе го следат многу други "држави", сите очи се вперени накај нив,нема назад сега. Допрва доаѓа време на разздружување на државите, чекај само во ЕУ да тропне, е тогаш сите ќе прават се што е во нивна моќ да го спречат тоа. Нешто како "Целта ги оправдува средствата". Затоа многу држави не коментираат за полициската бруталност, затоа што знаат дека ако еден ден ги снајде истата судбина ќе постапат исто, па можда и полошо.
Кој уште верува? Ние-ќе менуваме знамиња,грбови,име за да влеземе у организација што би требало да се распадне у блиска иднина
Епа така ни е кога од една страна се договараме со Грција а од друга со Бугарија, е сега нема назад, толку ни бил паметот.
Ништо од ова не ме чуди, затоа што цел Свет е отиден во бестрага... Луѓето не можат да се освестат и така... Зло до зло. А во врска конкретно со темата - не сум многу запознаен што, како и зошто, ама од оние некои работи кои ги слушнав, сметам дека е во ред луѓето да се изборат демократски за своите права и да се одделат од Шпанија. А тоа дека на ЕУ тоа не ѝ годи е , исто така, сосема разбирливо.
Мн игри се во прашање....Каталонија ако излезе без проблем ќе постигне што сака...има прилично силна економија и организација на цела покраина.....политичкото минато и огромните даноци во Каталонија (можеби најгололеми во Шпанија)се најголем фактор за тоа што сакаат да се разделат. А Шпанија ме ги дава заради интересите и секако ако се случи тоа....на ред ќе е Баскија....Андалузија....Памплона....од Шпанија ќе биде само Мадридската регија
Ја не можам да сфатам, живееш у колку толку нормална држава, колку толку важен играч во светот. Шо ти е гајле дали некој те викал Шпанец или Каталонец? Туризам ова она, имаат пристоен живот, а секое менување на граница значи многу проблеми и војни. И да прогласат независност, никој нема да ги признае, го слушнавме ставот на ЕУ, цела соработка и трговија со Шпанија ќе престане, кој ќе изгуби? Каталонија. Не мешајте баби и жаби со Косово. Србија е понебитна од нас, а у овие ситуации секогаш иде непишаното правило "помоќните" кажуваат. Колку и да е тоа неправедно.
^ За момент помислив да не си Шпанец или Каталонец нешто Туку и јас тоа се чудам цело време. Мене Шпанија ми е меѓу омилените земји, кога би бирала, би била мое место на живеење, а некој толку инсистира да не биде дел од неа... Госпо не знае кај дава. Текстот веќе не е во употреба, ама со него звучи уште поубаво.
За каталонските правни советници, седницата е незаконска. Седницата на каталонскиот парламент за прогласување независност е незаконска и треба да биде прекината, велат правни советници на каталонскиот парламент. Каталонскиот претседател Карлос Пуџдемон в понеделник ќе се обрати во каталонскиот парламент, а на дневен ред ќе биде победата на референдумот за независност на Каталонија. Уставниот суд на Шпанија го забрани одржувањето на референдумот додека не се утврди неговата уставност, што е причина поради што правните советници оцениле дека нема законска основа за одржување на седницата. извор: www.makfax.com.mk И сега? Сами сфаќаат дека работата е зезната? Чув и дека Шпанија е се поблиску до активирање на тој членот 155 кој ќе и ја укине автономноста на каталонија и на крај ќе го изгубат и тоа што го имаа. Небитен фактор, но голем поборник за независноста, фудбалерот на барса Џерард Пике изјави дека треба дијалог, не скока како пред 3 дена. Јас мислам дека е готово. И најпаметно, насилство не им треба, не им требаат жртви.
www.telma.com.mk/vesti/shpanskata-vlada-go-zapochna-procesot-na-suspendiranje-na-katalonskata-avtonomija Кога ќе бараш поголеми рогови од тие што ги имаш, ќе ги изгубиш и постоечките.
Од денес Европа е побогата со уште една (еднострано прогласена) република. Кој ќе биде следниот чекор на Паласио де ла Монклоа, останува да видиме. П.С. Многу драма има во насловот на темата. Може да се промени?
1. Дали е нелегален референдумот, и зошто? 2. Дали ќе има граѓанска војна во Европа, и тоа во самата Унија? П.С. Си ја ебале мамата ЕУ, стојат на страна на Шпанија, а за Србија... Битно парички да се лапаат, луѓето нека умираат. Малце офф топик, али у последниве години се ми се разјаснува дека да сакаше ЕУ, досеа сто пати ќе влезевме... Грција е небитна.
1. Оти Шпанците во устав си напишале дека Шпанија е неделива. Така поделбата е противуставна. 2. Не верувам дека Каталонците ќе се откажат толку несно од независноста. Апсолутно, Грција е само изговор.
Ама е дволична ЕУ Косово сите членки на унијата го признаа а Каталонија сите против. И ако сакаа досега ќе не примеа можеа да ја притиснат Грција ама не сакаат.
Ако се одделат од Шпанија, слободно можат и од ЕУ да излезат. И после шипак парички за Унијата, па и за Шпанија, реално. Тоа е болката. А за Косова, се знае. Дрога, оружје, бело робје... Него, дали ќе се дозволи граѓанска војна или ќе влезат Шпанциве изненадно и ќе поапсат ( и убијат, за жал) се на функција, и ќе ги одземат сите надлежности на сила, за да се спречи поголем масакар.?
Се согласувам со Гош , ЕУ и Нато се злото во светот , почнувам да верувам дека тие се масони и одлучуваат за све и свашта во светот и ги држат сите конци во рака .... Јас ја подржавам независноста на Каталонија , како што може Косово зошто да не и Каталонија ! Зошто не важат за сите исти правила? Каде е демократијата ? Со Овие валкани игри на ЕУ и Нато ке видете дека ке ја бомбадираат Каталонија , ке пуштат војска таму , не ке смееат да излезат од дома граганите .... За џабе прогласи Каталонија независност кога никој не ја признава(бидејки сите се подеректива на ЕУ и Нато , и не сакаат проблеми да си создадат) за разлика од Косово ... Само на Хорхе може да му текне пак да стреси некоја глупост и да ја признае Каталонија и другиот ден снајпер ке го снајде... Тоа е злоото на Еу и Нато
Ако се одделат од Шпанија нема ни да бидат во ЕУ. Тоа ја боли унијата. Се е политика, јасно ни е на сите. Претпоставувам ќе влезат Шпанциве и ќе средат се по ред, ама дали ќе го смират народот... Граѓанска војна не се сопира толку лесно.