А затоа што преку 90% од странците туристи се всушност од балканските земји, претежно Србија и Бугарија, тоа значи велиш ич туристи не ни требаат, битно си имаме гигантско минаре среде Охрид?
Никој нема да го предомисли минарето за доаѓање во Охрид, исто како што вас македонците, ништо живо не ве предомисли секое лето да летувате во Грекос. Никому не му е гајле, смирете страсти.
Да да требаше да одбериме градоначалник од вмро,кое всушност првично им ја одобри дозволата за градба. Работата е многу покомплицирана,од претходната гарнитура земени се огромни пари од Турција за да се градит то минаре.
Така ти велиш, но прашај го некој си Ристо што цел ден дреме де до автобуска, де на булевар летоска за да најде некој Србин да го смести. Многу сме богата нација и земја, и да не ни фалат балканци. Како да не. Тропате глупости, а знаете дека ова е на голема штета на Охрид. Нели во ЕУ ќе одиме? Вака ли со беззаконие? Со градење на диво, покрај волјата на мнозинството?
Значи сепак пречи? И допрва ќе пречи кога молитва ќе ечи и нема да може да се спие и да се седне како човек.
Какво беззаконие бе Тањче? Минаре ќе праеле, на веќе постоечка џамија. Шо има незаконски во градење минаре?
Се познава дека ти фали сон уште од Скопје. Ако не иде спиењето, пробај медитација, опушта. Помалку ќе се нервираш - поубаво ќе спиеш. Ајде, омммммммм
Кај нема да може да се спие? Јас кај што живеев, куќата ми беше на два чекора од џамија и си спиев најнормално, ниеднаш ме немаше разбудено..
Ти следиш медиуми? На диво се гради. Зошто Заев рече дека по изборите ќе го разгледа ова прашање, а ете и без негова дозвола се продолжува да се гради. Заев е премиер во оваа држава или е обичен граѓанин како мене и тебе штом никој не ги зема во озбир неговиот збор?
Тешко дека ќе е така. И не може да ти биде на 2 чекори, може ти било на 5-6 метри, а,а на два чекори не било сигурно.
Заев не разгледува решенија за градба во Охрид, си има таму луѓе шо го работат то. Ако не си ја завршиле работата, можи ќе летнат од позиција... така ми мириса работава
@Tanjamm Е сега, те лажам јас. Не мора да бидеш буквалиста и да се фаќаш за збор. Мојата куќа беше, до мене уште една и после неа беше џамијата. Извини, пет чекора. Плус, се имам враќано дома сабајле кога пеел оџата и не беше воопшто гласно.
Има надлежност, затоа што министерство за култура требаше да реагира. Се работи за археолошки остатоци на местото, кои треба да се заштитени а се уништуваат со багерите и градежната опрема. Министерството даде забрана едно време, за веднаш да ја повлечат. Друга работа е што се протнува ко реставрација, што не е. Не е проблемот минарето. Убаво ќе беше да се реставрираше, ако навистина се направеше како што треба. Проблемот е што истиот каубоец градежник направи неброени дивоградби низ Охрид и никој не му се спротивставува. Цела изборна кампања во Охрид ја направија за таа мафија. Дојдоа, ништо не сменија. За дивоградбата кај чинарот демек му дадоа забрана, тој преку ноќ си ја покри. И така. Каубојци.
Заев вети дека директно ќе го решава проблемот по избори. Не го брани Заев, многу работи вети, и еве ништо нема. Авторитетот го изгуби.
Епа ај да напрајме нешто за да се смени одлуката? Да се организира некој протест во Охрид, против урбаната мафија, и да се бара да почнат да се спроведуваат закони. Како на времето шо протестираше Велес, против топилницата.