Во право си не викат дека имало минаре од 32 метри. Имало две минарина и била меѓу првите џамии кои се изградени во МК. Целиот харим на џамијата нема никакви форми кои би ја нарушиле неговата целина, доколку се прифати нашата претпоставка, е една од ретките џамии со две минариња на Балканот. Реално дури мислам и дека можда и требит две да напрает, па ете актуелно ќе е за туристите толку шо си се фатила за нив
Тоа што спомна претходно дека има верници од таа вера, верниците не ги прави верници минаре. За пример, во соседна Србија има еден куп мали градови каде има по една црква, и ниту една џамија иако има верници муслимани, значи се молат дома, не мора да имаш минаре од кое ќе грми за да си голем верник, така? Инаку вас во Охрид по ова заклучувам дека градоначалник ви е Рејсот Сулејман Реџепи, тој си решава, а вие зошто гласате на избори не знам.
Ако куќата ми е на 2 спрата (со дозвола, маркица), а јас сакам да ја пуштам нагоре уште 5 спрата (зошто ми е ќеиф), можам ли да се вадам на мрчењето на комшиите одоколу дека се неразбрани идиоти, љубоморни, дека го пикаат носот во туѓи работи, итн? Ќе ми помине ли дивоградбата ако упорно плукам и покажувам со прст кон оние кои сметаат дека законите постојат со причина и треба да се почитуваат, ама за мене се хејтери, или е доволно само да си свиркам и да си бркам работа. А комшиите и општината нека си лаат ако немаат друга работа. Исто како и забавниот парк кај Вип Арена. Бидејќи е поставен на приватно земјиште не им требала дозвола за работа, па затоа можеме сите ние да си ставиме во двор што ни душа сака. Јас решив да ставам лансирна рампа за ракетни летала.Па што, мое си е, што сакам ќе правам.
ууу браво.. не дискутирам веќе на темава посебно не со тебе зошто немаш никаква почит ниту кон луѓе, ниту кон вера, ниту кон верски објекти, ниту кон сограѓани..ништо.. Си се фатила за политика, политика, политика и демек сега ние сме криви, ние дозволивмеи не знам шо. За дивоградбите и то како си во право ама ова шо е на верска основа многу ме нервират и многу сум исфрустрирна искрено. Згора на се' провоцираш и поттиквиш немир кај граѓаниве, вие од Охрид, вие охриѓаните..како дозволивте, како гласавте, џабе гласавте...Сфати веќе еднаш дека во Охрид како и во цела МК и секаде имат и муслимани. "минаре од кое грми" страшно
„Не идајте бе“ Кој сака ќе се изјасни на темата. Ја имам куќа во Охрид и право да коментирам исто ко и вие. И после 2-3 години се уште за ништо не пронаоѓате одговорност во вашите, фамозното минаре се гради во нивен мандат, функционери дигаат дивоградби во нивен мандат, ништо од тоа не се важи, некако вината успева да се пронајде во минатата власт. Претходните беа семоќни, овие со хендикеп у работата. Битно партијата да ви е владејачка, за друго не му ја мислете, они нека „мислат“ наместо вас. Ако е гигантско минаре за нив ОК, тогаш гигантско минаре ќе биде. Никој не ги сака туристите да прааат гужва ради лепе очи, парите се бројат. И што е ова Вајлд, во времето на вака проевропска влада, 32-метарски минариња да никнуваат во централно подрачје на еден град, религијата да се наметнува во секојдневието на неговото јадро, наместо некој модерен ритам, јаче да оддекнува ориентална молитва што се дешава? Да се возобновува минаре затоа што некогаш го имало? Знаеш колку џамии се изградени на места каде што имало цркви? И тоа со УНЕСКО, вие како си замислувавте дека ќе биде, ќе премижувате дигање дивоградби, а УНЕСКО со ѕвездички ќе ги внесува во листа? Всушност, не се мали шансите и да остане статусот, Охрид на неколку години добива предупредување дека ќе го изгуби, па ќе видиме до кога ќе толерираат, спомнато е на форумов одамна, јас имам пишувано.
Штом не го изгубат статусот од УНЕСКО угледот на градот ќе падне. Туристите сакаат стабилни, мирни, безбедни земји, држави каде владее поредок и ред. Досега Србите доаѓале, но во иднина градот може да ги изгуби и тие туристи. Toa охриѓани ќе ги удри по џеб. Убаво си кажа феминката погоре, не сме во време на турско ропство, па сега минариња до небо. Друга работа во право е таа за црквите, нон стоп ги ограбуваат, колку вредни икони ни завршија каj соседите, еххеее, ама кога сме си овчички кои водат сметка само за својот личен задник, така ќе биде. Ние се караме, сите други користат, се што е наше пропаѓа. https://www.kurir.rs/region/severna...gradjane-protesttom-trazeod-vlasti-da-reaguje
Искрено не ни е многу драго,ама факт е дека и на гла да застаниме џабе е. Не дека е муслимански објект,туку дека се сосила и дивјачки прает и иритират,инаку готово веќе е кренато. Не знам како заклучи и си зеде за право да ми кажиш дека овие биле мои и слично,тој е тој затуцан ментален склоп,ако кажиш нешто лошо за едните одма си со другите. Само ти објаснав како стојат работите на твојот банално нелогичен коментар. Па то се решават со мерење децибели и пишење казни,ама то во нормална држава. Вас во Ск не ви сметаат? И таму ечат,сегде ечат.
Па си гласала за другите, не можеш со глас да застанеш зад нив и само после некоја седмица да се оградуваш од поврзаност со нив. И не зборувај токму ти која си немала визија да ги предвидиш постапките на некоја опција за логики, затуцаност и баналност, аман, глупаво е.
Ама ти со твојата ултра висока интелигенција укапира дека сум гласала за нив,зш реков дека и да гласавме за вмро исто ќе беше по ова прашање. Седи кец!
Од кого кец, од тебе? Тебе некој ти го спомна ВМРО или ти рече дека требало да гласаш за ВМРО? Не, поентата беше дека не треба упорно да давате поддршка на политики кои не ви се допаѓаат во градот, по што ти сама скокна во дефанзива на актуелната општинска власт „не било до нив, било до ВМРО“. Сега ќе правиш некого будала дека си неопределена?
Жено,вмро го одобри ова и ти викаш дека требало да гласаме за нив,односно за други а не за актуелните. Читај се шо пишиш.Не се бламирај.
Јас сум од Куманово. Грми, мислиш те крева во воздух во 17 часот таа во центарот ако поминуваш во близина, а тие од Диво насеље се слушаат дури во приградските населби. Да, во нормални држави тоа се казнува. Инаку, знам луѓе што си ги продадоа становите оти пет пати на ден терор кај џамијата не се трпи. Не се седи, не се спие, во 5 часот наутро молитва, те буди. Ужас.
Види, таков начин на обраќање кој вклучува „женооо“ и сл. ќе си го применуваш на пазар. ВМРО јас на темава не ги спомнав никаде прва, а ти можеби треба да ги спомнеш ВМРО нареден пат кога сред мандат на градоначалник на ВМРО ќе ти осамне ново џиновско минаре сред град, дотогаш муабетот ти се сведува само на релативизирање и whataboutism, колку и да ти е тешко да се соочиш со реалноста. ВМРО на времето земало огромни пари од Ердоган, а честитата актуелна власт без пари дозволува да се гради, од доброта, за да јакне мултикултурноста во градот Ем не сакаш дивоградби, ем не ти вредело за протест очигледно како и на мнозинството, уште и на избори даваш поддршка и на темава се побуни за да си ја одбраниш власта.
Морав да ти реплицирам на констатацијата дека требало да ја смениме власта за да ги донесиме тие шо дадоа амин за ова. Скарана си со логика.
Кaснo се пaли зa се oвa... Му се дaде цензуз нa сељaкoт... Сегa ли ви текнa декa вмрo не чинaт... Oни не чинaт oд oсaмoстувaњетo, демo христијaнскa превaрa.
Признај си на себе дека овие што ги донесовте да сакаа можеа да спречат (како што може секоја власт), сети се на нивните лажни ветувања, преболи дека кривицата е сега во нив и да завршиме со ова. И не се однесуваше коментарот што го цитираше само за минарето, чисто информативно. Да беше ВМРО власт додека се одвива ова, јас потполно истото мислење ќе го имав, немаше да ја перам власта како што ти правиш. Ама ВМРО е во опозиција и не смарај со опозиција, не дефокусирај.
Да се вмешам и јас како асли Охриѓанка, искрено ама ич не ми сметат минарето. Повеќе ми е жал за шумана Плаошник шо ја истребија и напраја огромни цврсти градби. Ми е жал за Заум шо напраја олкај конаци, бетони изнаклаваја. И никому ништо. Се бунеа двајца без тројца. Жално е кејон шо е цел урбанизиран и сите секое лето по 3 метра према езеро се пикет. Ама сите чутет. Епа дур чутиме, убо ни се прајт. Цело езеро полно со кајчиња, бродој и катамарани. Кај и да е без риба ќе останиме. Сите за минарето се фатија, а никој не гледат колку згради ко печурки никвет и колку е сменат ликов на градов.
За Охрид единствен чоек шо напрај, е Љупчо ко беа на власт. Никој друг!!! Да не поткренеше Паско Кузман, Владо Маленко и Ламбе Арнаудов, нишо ќе немавме, жими езерово.