Зошто последниве неколку пати откако ќе нанесам крема со фактор 50+ како да ми се лупи кожата т.е. како бело нешто имам на лице? Под кремата со фактор на утро ставам ниацинамид, се растажив, а толку многу ја сакам оваа на еуцерин.
Не е до кремата, до ниацинамидот е. Понекогаш знае така да прави, пробај да ставиш помалку ниацинамид и почекај мин-две пред да ставиш фактор. Ако пак не помага тогаш користи го невечер и со тапкање со дланките стави ја кремата за да не го мрдаш.
Немора да значи. Јас ја имав на Биодерма со спф50, и истиот случај го имав како @Gi.ir.ll192 ми се лупеше целата крема, а имав пробано и со и без серуми. Некогаш кожата не ни ја упива кремата.
Не можам да најдам тема наменета само за хидратантни креми за лице, па тука ќе пишам. Некој да ми препорача хидратантна крема (не мора со СПФ) без парфем и алкохол, што може да се купи кај нас, по можност околу 600 денари. Моментално ја користам од Balea MED, но не ми се допаѓа текстурата.
Ова е темата за хидратантни креми. Ако бараш конкретно таква, во dm освен Balea med, таква е и на Revuele. Во аптеки не знам дали ќе најдеш нешто под 600 денари, разгледај низ темата .
кој мислите дека е подобар за мрсна т зона, и чувствутелна кожа склона кон црнки/бубуљички ситни? и која е разликавс меѓу двава? тој детокс како со подобри состојки или?
На тој десно пишува мат лук значи ќе те матира, а тој лево за сите типови на кожа. Јас би го одбрала тој десно оти и јас имам мрсна т-зона.
ама и на првиот пишува супер мат .. не знам кој е полесен евее некој што ги користел дватаможе ли да ми кажеш кој е полесен и каква структура имаат?
Прво, и двата не се мат кога ќе се нанесат. Јас имам комбинирана кожа и не приметив дополнително да ми се масти лицето. Detox е малку полесен. Двата ми се добри но сепак позадоволна сум од Detox.Со другиот најмногу имав проблем со лупењето од кожата, а со овој го немам тој проблем. Еве ти и swatches, не знам колку можеш од слика да видиш. Првиот е Detox super mat, а вториот Mat Look. @Gi.ir.ll192 и јас имав проблем со лупење, конктетно со Carroten Mat Look, a не користев нијацинамид. Еве дури и сега на swatch-от што го направив за сликата, кога го размачкав се лупеше, значи на раката немав ништо друго. Кога ко користев него, откако ќе го нанесев почекував неколку минути и поминував со четка за пудра, таква округла и рамна горе, за да паднат тие излупените.
Не знам што може да е. Како да не се впива во кожата, туку останува на површина и се суши па се лупи.
И заштитува нешто така? Навистина не ми е јасно оти, денес ставив помала количина на ниацинамид и не заприметив за сега ништо, ќе видиме попладне.
Јас повеќе од недела дена ја користам Carroten SPF 50. Генерално имам мрсна кожа, но кога ќе ја нанесам наутро после миење на лицето само со вода, убаво упива и остава минимален сјај. Во текот на денот немам забележано дека ми е нешто помрсна кожата од вообичаено. Единствено што забележав е дека на вратот кај што ми се превиткува кожата се прават бели линии.
Не знам, се надевам дека останува дел и на кожата а дел се лупи. Експериментирај со нанесувањето, помала количина, со тапање, не со многу размачкување.. можеби нешто ќе се погоди, јас пишав претходно дека по нанесување поминував со четка за пудра.
Што мислите која е подобра Ла рош посе(има една за мрсна кожа склона со акни , има сика во составот ама не ми текнува во моментот како се викаше) или Еуцерин оил контрол?
Ја земав Bioderma Cicabio spf 50 па да споделам впечаток Генерално имам сува кожа само делот околу носот ми е помасен, сега дека пожешко заприметувам дека и остатокот од лицето почна повеќе да ми се масти, кремата не е мрсна но секако е хидратантна и не би ја препорачала за тие со масна кожа. Важно ми е што не ми ја иритира кожата и не ме печат очите нити пак откако ќе се измијам лице кожата не ми е воспалена што ми се случуваше со други креми со spf да ми солзат очи и кожата да ме пецка. Но тоа и е намената да ја смири кожата од црвенило и да спречи иритација и чешање тоа си го исполнува немам замерка. Ја пробав и под пудра и само крема без ништо, за среќа не почувсвтвував како да ми се "гуши" кожата што исто така ми се случува со другите вакви креми. Цената и е 960ден. од Зегин Се на се солидна крема е може да се каже дека е една од подобрите во тој ранг