Информацииве се од сајтот на ПЕТА...тие сигурно знаат повеќе од нас...а Џеј Ло на многу наврати има изјавено дека обожавала крзно..па сега видете сами..проценете...
https://www.facebook.com/media/set/?set ... ce=message погледнете ги сликиве и после кажете дали сакате да носите крзно или не! јас би носела,ама само вештачко
В недела, на скопскиот Плоштад (кај новата фонтана) со почеток од 12:00 часот, „Анима Мунди„, заедно со „Асоцијација на активисти за права на животните„, организира информативен и протестен собир – перформанс против крзнената индустрија. Од Анима Мунди најавија дека на овој собир ќе ги информираат луѓето какви маки преживуваат животните кои се убивани на најсурови начини за да им се задржи крзното неоштетено. Од надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, поточно од Агенцијата за храна и ветеринарство ќе побараат законска забрана за одгледување на животни за производство на крзно. -Така е секаде во нашето соседство - Србија, Хрватска, Босна, Црна гора и пошироко во Европа, а во Македонија тоа сеуште не е забрането - велат во Анима Мунди, организација за заштита на животните. „На граѓаните им порачуваме - Да се запре овој масакр е возможно, а се започнува со вашиот избор. БОЈКОТ НА ПРИРОДНОТО КРЗНО - не облекувајте ја суровоста!“ повикуваат од Анима Мунди И најдобрата слика според мене, баш за да ве наежи, уф
Мојот денешен револт си го кажав во темата СДК kafe-muabeti/sakam-da-kazam-t9061/2750.html#p837264 Значи браво за Анима Мунди и денешниот протест Крзно - Благодарам, НЕ!, за прв протест од овој вид солидно поминале, но нема да посакам поуспешни вакви проекти, ќе посакам овој проект да има резултати и луѓето да пројават малку свест. И да, ќе посакам новинарите да имаат свест. Иако поголемиот број имаат солидни репортажи, дел од нив се запрашуваат која женска ќе се соблече, дали ќе има соблечени луѓе како протестите во странство? Jасно е дека се палат новинарите на голотија и тоа им е побитно од целта на протестот. Се прашувам дали Вест во рок од 1 недела ќе има 2 сосема дијаметрално спротивни статии, една за подршка на протестот и една минатата недела за бундите на некоја нискобуџетна фолкерка. Еве ја целата галерија http://www.facebook.com/media/set/?set= ... 732&type=1
Не би носела крзно од животни, но фејк крзно би носела. Ми се допаѓа како изгледа како додаток на капутчиња и јакни. Оваа акција што беше на Плоштадот денес ми се допадна како идеја за подигнување на свеста, но мислам дека не беше најсјано организирана. Особено делот со маскираните девојки ми е така аматерски. Многу посериозно ќе изгледаше и целиот протест, ако носеа маички со натписи, отколку да лежат во кафез и да глумат животни.
браво за ова! Мило ми е што и кај нас се организираат вакви протести, зашто крзното се поголем замав зема и кај нас, гледам по бутициве.... и прееска на вести ги фатив, и тој дечкото рече не мора да се правиме неандерталци што и е во право Спојлер п.с тоа зајчето позади што е содрано е се уште живо Кој знае после колку саати ќе умре во агонии Така да, никогаш ама никогаш нема да оправдам носење крзно, не знам од која причина, ама најверојатно од фурање демек ми се може бре,поготово овие славните, (кој која цена го купил, и колку чинчили содржи нејзината фамозна бунда), и никогаш нема да почитувам такви особи, ама никогаш а и нити ги сакам во моја близина! Тоа си е мојот став едит- фби секаде низ светот се глуми со кафези, и да, мене таа идеа ми се допадна, зашто животните тоа го доживуваат
Се согласувам дека кафезот е добра опција, но мислам дека би била поефективна доколку во кафезот би биле луѓе, наместо луѓе маскирани во животни. Така подобро ќе се долови моментот и ќе се добие подобра компарација А инаку, како настан, го поддржувам.
ФБИ тие луѓе-животни во кафезот се со причина. Ги прикажуваат заробените животни во фармите за крзно. Бундата им е малиот дел крзно останат на нив пример на раце нозе, останатиот крвав дел се издерени и без крзно. Заробени и оставени да страдаат до смрт. Не е финтата кафез или затвор за луѓето кои носат крзно, не е тоа целта, целта е да се прикажат животните како страдаат. И мене тој концепт ми се допаѓа и не ми изгледа аматерски, зашто прва година е ова, на една млада невладина организација. Немам баш никаква замерка, не ни треба да им наоѓаме, секоја им чест што луѓето се потрудиле.
Сакам крзнени работи,пример капутче со крзненце,џемперче со крзно и од елеците крзнени сакам да си купам НО,би носела и носам САМО вештачко крзно Јас да облечам природно прво и прво ќе се осеќам глупаво,чудно,жално,а и алергична сум на животинско влакно За јас да се фрцкам во мојата бунда убиле неколку животинки Боже сачувај...никогаш нема да купам нешто на кое има вистинско крзно никогаш!!Божем на чело ќе ми пишува дали е вистинско или вештачко,а и јас лично ќе се срамам да кажам така гордо дека носам вистинско крзно
Никакво! Од една страна се животните, жртви заради некој да се прчи со крзното..од друга страна е прашање на вкус, no me gusta. И браво за Анима Мунди, поздрав за протестот. Но сепак,тука не е крајот на злоупотребата на животните..
Спојлер Ме расплака сликата со лисичето Браво за постот ,Росонерка! И уште едно браво до организацијата Анима Мунди ,заслужуваат најголема можна почит! Најискрено се надевам дека ќе се пробуди свеста на народов наш алчен и мизерен ,останатите навреди ќе ги задржам за себе.
Носам крзно и тоа природно!! Вештачко и немам намера да ставам- ептен ми изгледа ефтино!!Имам четири бунди и не искачам од нив цела Зима.Кој нема збори дека нема да облече, а кој заносил еднаш природна бунда веќе нема да ја соблече цела Зима.Топли неверојатно. Искрено мислам дека пола од луѓево што се противници на носење на природни крзна уствари немаат поима што застапуваат. Е веќе кога сум кај застапниците на заштита на животните сакам да им предочам нешто: кожните ташни и чизмите што ги носат цела Есен и Зима , се запрашале ли од што се произведени???? Најверојатно НЕ.Зошто тогаш ќе застапуваа да не се носат и кожни додатоци исто и кожни седмоседи по дома што им се наместени.А за месната индустрија и да не говорам.Се утепува човечанствово од кркање салами, бифтеци, свински кременадли и се остало, ама за тоа никој не се буни нели? Епа господа не може така, или сите животни застапувајте ги или ниедни.Дискриминација ли вршите и на животните и тоа по расна основа а???? Браво, браво!!Или свињите и телињата не се толку важни и симпатични па ај за нив не Ви е важно?????
Мислам дека за кожата не е специјално малтретирано животно. Се искористува и месото од животното и кожата. Не му ја дерат кожата и не го оставаат така бавно да умира. Ама не знам како можеш да ја носиш бундата без да помислиш колку животинчиња биле убиени само за една бунда и оставани така.
Слободанка извини ама ти имаш ефтин мозок, а не тие што носат ефтини бунди со вештачко крзно. За бундата постои замена постои вештачко крзно. А тие влакна се добро обработени да ни некој страдал а и топлат. Нема разлика освен во процесот на создавање на бундата. За месото не постои соодветна замена. Ве молам сојата не ја спомнувајте зашто таа е се само не месо. Плус тука постои синџир на исхрана, месото за храна, кожата за потребите на индустријата. И од тука се нашите кожни чизми. Не се малтретира ни убива некое животинче само за некој да се радува дека носи мртви животни на себе кои се издерени и малтретирани. Јас ги почитувам вегетаријанците и секоја им чест. Ама ти не се дрзнувај да навредуваш месојадци само за да си ја оправдаш твојата не една него 4 бунди. Јас немам изедено толку месо во животот колку што ти носиш мртви животни на тебе и се фалиш за истите.
Така е браво Сирота јас си немам пари и затоа не носам крзно, да имам пари прва работа што ќе купам е бунда од природно крзно за да ме топли цела зима А јас малоумна си мислев дека е лоша работа да носиш од аздис природно крзно, тоа да ти било дека немам пари па кисело ми е грозјето Не носам никакво крзно, ни природно ни вештачко, јас и не ја рабирам ни потребата од вештачко крзно ако си против носење на природно крзно зошто би носела и нешто и налик на природното
Јас не знам до кога ќе мешате прехрамбена индустрија и мода. Север и југ се бре, едното е за основни човечки потреби, без другото се може, впрочем без инетерес за мода живее пола свет. Не ви држи вода аргументот дека сите треба вегетеријанци да станеме, затоа што не носиме крзно. Аман! Ако ништо друго, барем кога сте решиле да носите крзно, информирајте се!!!