Ти жено си имаш проблем со маж ти не со свекот и свекрва и не те сакаат на нивен начин те поштуваат како снаа поштувај и ти неможе они да му речат ало сине оди легни со жена ти он треба да е сам свесен само он е крив за оваа ситуација никој друг него стегај со
Според мене не вреди да се растура брак за ова, пошто бракот не е плукни залепи па и при најмала криза да се растури. Може со разговор да средиш малку... Маж ти е најкрив за се. Тој пати од синдром Петар Пан. Не сака да порасне, да се осамостои и да го прифати ралниот свет. Млад бил да работи? Извини што? 24 годишен, женет, а млад бил за работа. На 24 години знаеш ли кои кариери ги имаат луѓето постигнато? Цели семејства оддржуваат на тие години... Не му е ли досадно без работа? Колку и да е тешка и напорна работата, сепак ако работи ќе има обврска, ќе има колеги и нови пријатели, друго е само дома со татко му да се дружи, друго е нови луѓе да запозне. Па исто и тебе добро би ти дошло ново искуство. Седни и кажи му, реагирај додека не ти се скинале живците. Што прави тој дома по цел ден? Здрав, прав, млад застанал дома да седи битно невестичка донел...син на мајка Кажи му дека ти треба внимание од него, кажи му дека сакаш да шетнете сами...млади луѓе, тазе во брак, а немаат место за односи? Па сега ако немате односи, кога ќе имате? Плус кажи му дека ти е незгодно само од неговите да барате пари. Кажи му дека време е да се осамостоите, штом сте се зеле не сте мали... Тие пензионери, вие невработени и цело време сте заедно, знаеш дека кај и да е ќе пукне тиквата. Со родена мајка толку често да си заедно па ќе се испокараш, а не со свекрва. Додека си во добри односи со старите негови, додека уште можеш да собираш во себе, зборни со него сериозно и превземи нешто, биди му лута некое време, игнорирај го, не му зборувај нека се сети малку...крај краева барем убеди го за бебе, мрднете од мртва точка, направете мала промена...ќе ве убие монотонија и опкруженост со едни исти луѓе.
затоа и ви пишав, не сакам да направам погрешен чекор. Не сум свесна каде е проблемот. единствено за кое сум сигурна е дека сум сама. Тоа нивно почитување и не ми годи многу. Наутро станувам сама, тој со нив кафе пие си имаат разговор, одиме да шетаме со нив и тие се спремаат ако нека ги, но јас под рака со мајка му???? Веќе ми пречи, на кому јас сум жена??? Како да му докажам дека греши? Тој мене ме обвинува, колку се грижеле тие за нас, а мене ми сметале. Не ми пречат, само сакам да имам маж, да бидам домаќинка во куќа.
Пријатели, пријатели ни се пријателите на мајка му и татко му. А не сме некои безумни, имавме друштво големо, јас бев на факултет-дипломирав. Угледни луѓе сме, неговите мислат ако се сликаме за на фејзбук заедно среќни сме... тоа е девојки памет во глава на сите кои планираат брак. Знам во право сте, неспремни влеговме во брак и тоа е тоа.... Фала на сите.
Епа токму ова кажи му го нему. Кажи му дека ги почитуваш и ги сакаш неговите родители ама повеќе го сакаш САМО него покрај себе. Прашај го како не му е незгодно уште да живее на грб на неговите? Потсети го дека тие се постари, а вие помлади и не може секогаш и секаде да сте заедно. Кажи му дека треба да се осамостоите, дека сакаш малку слобода а не толку напнатост. И најважно дека сакаш малку приватност со него...и така не работи барем нека го искористи времето за да ти посвети внимание. Мене ми изгледа на мајкино синче маж ти п.с. Сега пиша дека имаш и дипломирано...стварно не губи веќе време само со седење низ дома. Си ги трошела твоите, си се школувала, си дипломирала, па слободно барај си работа. Повеќе ќе те ценат и дома и секаде...нема да зависиш за пари од никој, па ни од маж ти Сега со диплома дозволуваш да зависиш од старите? Се надевам ќе зборнеш со маж ти и се ќе се среди. Само не се нервирај, тоа е тоа...
Сите дадовте добри совети... Но не целосни Од целава ситуација никој мислам дека не ја свати суштината... Девојче претпоставувам дека маж ти им е,, син единец,, а неговите се луге што долго чекале на дете..(ке птврдиш) Психолошката состојба на неговите е тотално срушена,сами се мачеле..без никој да им помогне..чекале долго за дете..и несакаат нивното дете да мине низ тоа.. Претпоставувам така и е воспитано.. Тебе те гледам како керка нивна,не снаа... Маж ти...во општо не бил и уште долго нема да биде за брак.. Тој со неговите 24 уште нема ден работа..а ти чекаш,и сакаш дете од таков? Рече пензионери.. Стари луѓе..утре заминат на облаците..вие ке сте,, дивиот све тојота,, Не е ни чудо за такви карактеристики, тие секогаш ке одлучуваат за се ваше... Да не кажам маж ти уште многу треба да созрее А и ти со размислувањево..ти треба уште малку.. Мој совет...напушти пред да бидат деца...после само полошо.. Знаеш колку е тешко за такви деца што се чекат од тато и мама.. Ама така е тоа..еден сех и одма брак...
Со диплома тешко се наоѓа работа...а тие ми велат, пристојна работа ќе ти најдеме ние, а работа не се ни бара...не е лесно сама да успејам и со диплома, а вака само ја губам довербата и вредноста на дипломирањето. Нему овие зборови да му ги кажам може големи конфликти да настанат, тројцата се исти, каде и да сме заедно да сме -заедно сме посилни, заедно, заедно... Ми останува само покана за четворка во кревет да свикам за да ја сватат поентава, друго и не ми останува (извинете на изразот, ама така е).
Јас се трудам да направам еден профил од ова што го напиша. Кате, по мене Не си свесна за проблемот кој постои и треба да се соочиш, т.е соочите со маж ти. Додека детето е мало, безпомошно, целосно зависно од нас заштитничкиот став ни помага да бидеме добри родители. Кога ќе порасне таквиот став е штетен Мал си сине, не можеш, , пази сине, ќе паднеш, ќе се повредиш, ќе се извалкаш, мама, тато ќе го направи тоа. Со таквиот пристап не се осамостојува, се создава зависност од родителот , се создава несигурност, плашливост и сл... Не само кај маж ти, тоа се случило и кај двајцата. Се додека не се осамостоите неговите, твоите и секој што ќе ве издржува ќе си зазема за право да ви се меша , доминира во бракот. Брак, ако може така да се нарече. Разговарај со маж ти, почнете и двајцата да барате работа. Спомена дека имаш факултет, со тоа и поголеми можности. Почнете од некаде, осамостоите се. Мислам најголем проблем гледаш во тоа што немате место и „време„ само за секс. Во оваа ситуација јас лично не би помислила на дете. Застанете на нозе, преиспитајте се и двајцата што сакате во животот. Да не страда утре невино дете. Тоа има свои потреби, како финансиски, така и двајца СОЗРЕАНИ родители. Сигурно утре нема бабите да го гледаат? Годините немаат врска. Некои личности и на 40 не се созреани, некои на 20 се созреани. Друга тема е тоа. За развод е најлесно. Во едно, две рочишта за 30тина минути ќе се разведеш. Тешко е да е одрже бракот. И јас сум 24 години. 5 месеци оставени со маж ми, во процедура бракоразводна парница и бебенце од едвај 1 месец. Расправиите почнаа одкако видов дека не сака да работи, зависи емоционално од родителите. Пробав јас на секој можен начин да разговарам, да допрам до него. Безуспешно. Некои луѓе едноставно се неодговорни, мрзеливи, зависни од трета особа иако во врска се покажале како одлични партнери, одговорни, грижливи. Мислејќи - ќе имаме дете , нема да си оди, „врзана е во крпче„. Неодговорноста и незаентерисираноста ја покажа со тоа што не појаве ни интерес да си го види своето чедо. Сето само за пари само. Како што кажав погоре, трета, невино суштество ќе страда. Можам се да му овозможам, ќе се трудам, но татко нема да можам. Да не разложувам повеќе, да не одам во друга тема.
Имам золва, таа е 500км далеку мажена. И сега мислат дека јас сум и замена. Ќерка и снаа...голема е разликата.
Разведена жена не е страмота , и јас сум разведена и не се страмам, имоите свекор и свекрва беа такви , толку многу што бм почна да потпаѓа под нивно влијание, дури кај мене го тераа да ме брка , зборови од типот како таа не сака однос со тебе ( а пази после месец породена јас сеуште неспремна неможев ни да мислам на однос сакав да оздравам како што треба) и ред други муабети, чим живеете заедно приватноста скроз ви е нарушена и допрва ќе ви биди. Кај мене , колку и да ме сакаше се смена, ете се смена, човек кога ќе му дрнда на некој се едно исто колку и да не му влегува во глава еднаш ќе му влези, а посебно ако се мајкаму и таткому ! Мојот после една година се каеше , ама назаднема враќање, гледај седни и размисли што си била и што си станала, си поминала 2 години , ќе чекаш уште колку ? И за дете мислиш? Немој , бидејќи тоа најмногу ќе страда, ние веќе разведените знаеме колку е болен децкиот плач и тие солзи по нивните татковци, не се заглавувај уште повеќе, седни зборувај со него ако не сака решение си знаеш , на мирен и фер начин не сакаш и готово, сепак си 24 животот е сеуште пред тебе за нова среќа и мир во себе, и не заборавај немој да се страмиш од никого ако се разведиш .
Убаво било со вас Си правам муабет како со некој што со години го познавам. Фала уште еднаш. Само силата ми е потребна за да издржам. Знам дека мојот е најмногу виновен, цел ден да не влезам во нивната соба нема да дојде да ме види, како да поканам другарки-каде да ги пречекам? Боли, многу боли, зошто се омажив, зошто се зацрнив? За да седам и шетам со свекрвата... Човекот за кој оставив многу работи да не може да ме свати, неговите како светци морам да ги гледам, свекорот да биде жена на маж ми, а свекрвата мој маж. Да можев сето ова да му го кажам нему, и да ме разбере најсреќна би била, не смеам и страв ми е.
Ех, немој никогаш да си викаш така „зошто се омажив, зошто се зацрнив?“. Има лек верувај. Работите ќе се сменат. Треба само да бидеш силна. И не гледај на се` така црно. Ако не си го сакала немало да прифатиш брак. Сигурно знаеше и тогаш кога му кажа да што значи да бидеш со некого во брак. Најсмирено направи муабет со маж ти и се` ќе се реши, ќе видиш. И мајка ми на почеток имала сличен живот како кај тебе, ама со тек на време татко ми застанал на нејзина страна и ја бранел пред сите. Затоа, не губи надеж и не си ставај уште поцрни мисли во главата за да си го дозамразиш бракот. Ти кажав и погоре, вработи се и работи нешто што било, огласи има еден куп. Ќе излегуваш од дома почесто и нема толку многу да мислиш на работите. Ќе имаш друг приоритет. Потоа кога ќе си имаш свои пари, ќе размислуваш за проширување на фамилијата, инаку е тешко да бараш 1000ка од некој за пелени.
Извини девојче ама ти имаш проблем со себе, пошто никој не ти предизвикува нервози и проблеми, те гледаат и те почитуваат..а ти што правиш, ги оговараш позади грб. Зошто да не викнеш пријателки на кафе, зарем ке ги избркаат? Зошто кога шетате ти не си го фатиш мажот под рака а на свекрвати кажи и она да си го фати свекор ти под рака..уффф ама глупости се ова..абе ти во кое време живееш, во кое село живееш, не ми се верува дека има волку заостанати работи. Ај најдите си работа, остани трудна ако можеш, работи нешто за да не бараш влакно во јајцето..ти незнаеш што е мака...се нервирам, не ти пишувам повеке
сакам да ти верувам, но губам верба. После две години кажувам за мојот проблем и тоа на форум, верувај дека веќе губам верба. Тие колку имаат, толку даваат, до денар за нас. Тоа не е начин да покажат колку не сакаат. Се плашам од помислата без да останеме, нема да бидеме спо
Луѓе какви ви се овие совети да си роди дете, за да разбиеле монотонија ? Мислиш ја советувате да си земе милениче, а не да створи нов живот живот во таа нездрава средина. Девојката е свесна, трезвено размислува и мислам дека доволно шанси дала и толерирала во овие две години. Мое мислење е дека одлуката ѝ е донесена, само сакаше овде да види дали тоа што го мисли е правилно и дека не си умислува дека оваа ситуација со сопругот не е нормална за брачни партнери. Како не е мала причина за развод ова? Маж ти да те третира како сестра, да не те посакува, да нема никава амбиција за вас, туку да се понаша како мало дете па и да бара и од сопругата да ја игра истата улога и сето тоа не е мала причина за развод? Јас сфаќам дека девојката не требало така брзо да влета во брак, сигурно е свесна и таа, ама треба да знае дека и ова не е толку трагично, не е нешто од што се зацрнува животот и многу лесно може да се излезе од ситуацијата баш и поради тоа што немаат дете. Колку подолги врски се прекинуваат, што се 2 години во споредба со сите идни поминати во нервози и измачувања? Кате, доволно било, пробај уште еднаш укажи му на сопругот за сѐ што те мачи, наврати се на вашата врска и на сѐ што сте планирале, предложи му да излезете со некои ваши врсници, нели рече дека сте биле големо друштво, да одите некаде на ден-два сами и сл. Ако почне да те напаѓа и не сака ништо од тоа, ако сака да продолжи да си биде мало детенце и да си се гушка со неговите, тогаш спакувај си ги куферите и кажи му чао. Ќе се препородиш потоа, сигурна сум.