Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Јас се чудам како воопшто пишуваш тука,нели по цел ден сте заедно со мажотти , како воопшто вадиш тел или седиш на пц за да пишуваш тука
     
    На zalosna, Petar80 и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  2. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Се плашиш од свекорот/сверкрвата?од маж ти?Свесна си дека се работи за твојот живот и твојата иднина?Дека не смееш да си дозволиш друг да го контролира твојот живот,а не поготово пензионери.Зашто не бараш работа?Која ти е целта во животот?Со кој памет си прифатила да идеш кај него да живееш кога си му ја знаела состојбата дека ке живеете сите во една соба?Што ти се вртело во глава?Дека од небо ке паднат милиони и дека ке уживате со скрстени раце?

    Не ме сваќај погршено и дека те напаѓам ама ова допира до мене,и затоа и вака реагирам.Неможам да сватам младо девојче од 24 год да мава со глава во зид,стварно неможам да разберам зашто си брзала?последен на светов ли е?Абе МАЖ треба да ти го направи бе БАЈКА животот,тоа е љубов бре девојче да се бори за тебе,да се грижи,да ти овозможува секој ден све подобар и подобар живот.

    Размисли убаво сега ако остана вака и не преземеш ништо,вака ке ти остане состојбата цел живот а дури со тек на години ке станува полоша и полоша.
     
    На crimson, NOVAVON и H.VAGA им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.853
    Зошто ја обвинувате жената, неможам да сфатам.
    И бракот и заедничкиот живот се ,,мачка во вреќа,,...и 10 години со некого да си во врска сосема друго е да си во брак.Колку врски траеле 10 години па браковите им завршувале за 2 месеци...
    Те што мислела..
    Те што гледала...
    И таа е свесна сега, ама ако имате умно нешто, пишете и на жената.
    За обвинување сите не бидува.

    Нели читате дека бара чаре да најде излез ама никого да не повреди..
     
    На Stories, Kitten, Dzevelekova и 20 други им се допаѓа ова.
  4. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Јас кате ја разбирам.
    Некој има кажано дека таа им зборува зад грб на свекорот и свекрвата додека таа кажа дека тие до денар за нив даваат и дека проблемот е мажот е не тие епа ок.
    И некој вели седи си ке се среди...
    А како да се среди? Значи пари има и седи си? Влечи го најдебелиот крај?

    Јас како разведена можам да ви кажам дека парите не го прават бракот ама сложуванјето со сопругот. А тој ако не ја мари 2 посто нема друго чаре освен барај работа и заминувај додека си млада.

    Деца нејке , да работи нејке , да спие со жената нејке , да прошета со нејзе нејке,...

    Само мама мама. .. и тате? Епа тоа така не иде бре не брак е или изживуванје на снаата?

    Верувај на кој има поминато дека нема да се смени .. Јас со дете одам работам и дома и надвор со не совршен факултет па ти ли неможеш дипломирала и без деца.

    Спаси се додека е на време :*
     
    На MiloMalo, fallenangel, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  5. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со @referentka, овде недај боже маката да си ја кажеш, одма те осудуваат мислиш сите светици се ...... боже боже|(
     
    На MargaritaD^2, Dzevelekova, Роберт 7 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Бабе луѓето се добри со неа а мажот? тој ако го мрзи да работи и нејке да има деца јас незнам што уште седи таму , после 2 години!
     
    На NOVAVON му/ѝ се допаѓа ова.
  7. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Кате јас сум разведена и знам како е одеднаш да си го бараш твоето право кај свекрвата , знам се те разбирам затоа распрашај се за работа , земај си ги куферите и дим да те нјама... сега ке видиш кате дека свекрвата ке се ожали на синко , синко ке мисли сакаш да ги разделиш и ти веке нема да си добра снашкаа...

    Мојата свекрвкца таква беше и успеа да го убеди свој синко да остави жена и дете и да си иде кај мајка...
     
    На bibiiii, Antebellum, NOVAVON и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Приметувам дека е голема тенденцијата да се напаѓа низ форумов, па само ова ќе ти го кажам: прилично млада си влетала во брак, но сите правиме грешки. Ова што ти се случува, нема шанси да се промени на подобро, бидејќи старите како стареат, уште покатил ќе бидат. Не се ни они до толку криви, колку што е крив маж ти. Вистински маж кога ќе се ожени, жената му е приоритет и фамилијата што ќе ја створи со неа. И не за џабе рекле, со маж треба да ти биде убаво, за да ти биде лошо, можеш и сама. Затоа, мој совет ти е, бегај од таму, додека не си заглавила целосно и додека не закачиш анксиозност, депресија и што уште не...
     
    На EminemsGirl, NOVAVON и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Абе душичко, мажот она си го бираше а не јас...нека се избори малку за своите барања и потреби. Жена е жив ѓавол;)
    Проблемот што се уште немаат деца, дали некој сака или несака да имаат е нивен проблем кој исто така се решава со разговор помеѓу нив двајца.
    За прашањето дали и е мажот мрзелив или она, не сакам да размислувам оти тука нешто не ми е веродостојно..повеќе ми оди да заклучам оти она е мрзеливата и каде и да отиде, кој и да е друг маж, во која друга куќа да оди, она пак ке им најде мана:)
     
    Последна измена: 18 октомври 2016
    На fallenangel, Petar80 и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.853
    Тоа што сеуште немаат деца во случајов е предност !
    Ако дојде нож до коска-разлаз и толку.
    Тешко е да те хранат, да ти даваат парче леб, а уште потешко е ако тоа парче леб им е ,,виза,, за да управуваат со тебе.
    Ја сфаќам девојката потполно за што збори.
     
    На Offspring, Glasna, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  11. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Колку глумат или мислат дека се ВИСТИНСКИ МАЖИ во врска, а влезат во брак, како кажат/допуштат мама/тато. Додека не му влезеш на некој дома/во фамилија не на саат-два за ручек/смеење туку заживееш не месец, денови,денови не знаеш што г...но е/се. Или најарно е одма по кирија да не си под закрила на постарите, па ако иде со тек на време 2та ќе створат се заедно,ама ако тој си е г...но и под кирија ќе цица од мама и тато,но побезболно е за развод(за делби имотни и се друго). А кога се земаш без работа и знаеш дека ќе живееш под туѓ покрив на негови мама/тато што можеш да очекуваш? И не осудуваме ама она млада се залетала и знаела на старт дека ќе живета вака е сега маж и што заборавил што и ветил кога давал збор и што заборавил дека има жена дома а не сетра нема да го реши така лесно со муабет итн. Дела и требаат. РАБОТА да има свој пари па со тека на време ќе види дали тој се менува или не па таа да седи или замине.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Е па тоа е, татко му е пример. Каков однос кон жената те.мајката има тој (вероватно ја смета жената дека е за дома, нема тој што да муабети со жената, жени со жени треба да се дружат, мажи со мажи), таков однос и тој, маж ти, развива и ќе има кон тебе.

    Сега ти имаш две опции:
    1. Ќе го прифатиш тој начин на животот, ќе легнеш на брашното, исто како и свекрва ти со години наназад. Вероватно било поголема срамота да се разведеш па тогаш таа и не се усудила многу да размислува, едноставно прифатила тоа како начин дека така треба да биде. Така е воспитана, така и самата растена највероватно.
    Ако прифатиш дека тоа е така, нивното гледање на жената и нејзината улога во бракот/ семејство вероватно и ќе ти стане полесно во текот на животот, за жал ќе морам да додадам. Ќе ја прифатиш таквата " судбина".

    2. Опција ти е да се бориш. Да дадеш прилика на оно внатре во тебе што ти кажува дека е погрешно, тој нездрав однос, веќе прилично заостанати размислувања и по СЕКОЈА ЦЕНА да се бориш. Ќе испаднеш и бунтовна и дрска, можеби и ќе те навредат оти ќе излезеш од нивниот шаблон на она како треба да се однесува една млада невеста, ама ако си решила да не можеш веќе да трпиш тогаш пробај си ја среќата. Само внимавај и знај многумина ќе се најдат навредени и повредени.

    Ова е вистинско животно прашање. Или ти (твоите замисли, идеали, желби за животот, семејстворо) или они (како они ќе ти ја искројат судбината така ќе биде)

    И не знам зошто секогаш читам дека мажот е најкрив. Не, не е. Кој го воспитал така? Родителите.
    Вие очигледно не знаете какви секојдневни испирања на мозокот (за нас кои мислиме поинаку) се тоа, тие го така креирале, усмериле, воспитале. Татко му под рака 24 години совети му дава, татко му е пример, авторитет.
    А се ме тера да мислам дека се од албанска националност, ете нека ме исправи членката.
    Не сакам притоа да кажам дека тие не чинат, ни случајно, ама тој кодекс на воспитување, однесување кон жената, тој став кон семејството да се држат заедно по секоја цена, е посебна одлика за нив, генерално зборувам.
    И пред очите ми доаѓаат многу вакви семејства кои знам.
    Пред некој ден еден културен човек ми кажува дека има виза за Америка ама нејќе да оди. Оти ако оди децата ќе ги изгуби, ќе одат по својот пат таму, а тука полесно му било да ги држи заедно, потешко ќе добијат документи после.
    Мислам за мене се тие страшни размислувања, за некој кој има став дека семејството мора да се заедно по секоја цена тоа е сосема нормално.

    Многу зависи колку нејзиното семејство ќе ја поддржи да се спротистави на ваков нездрав начин на живот па и по цена на развод. Од нив одлуката ќе и зависи. Оти притисок од најблиските е многу лоша работа.
    А таа самата е мирна по карактер и и треба храброст да се избори. Ама треба да се бори, за себе, за својата лична судбина.

    Пиши што ќе направиш.
    Со среќа.

    Патем, највероватно нема ниту да и дозволат да работи. Штом ја залажуваат ќе ти најдеме работа ние, јасен е нивен однос и кон ова прашање, само уште таа треба тоа да го сфати и прифати.
     
    Последна измена: 18 октомври 2016
    На MargaritaD^2, Dzevelekova, supertoasty и 9 други им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Искрено да ти кажам, јас тебе не те разбирам:?::?:Е аман де, од кое село е, што е толку тутурутка..ја држела свекрвата под рака кога шетала(facepalm) абе дај молимте:D ако треба да тропаме глупости и бош моабети да правиме колку да губиме време, ајде те сфаќам:)
    Ако за неа ова претставува проблем, што останува со понатамошниот живот кога би имала деца и др.:?:
    Едноставно некој бара влакно во јајце, размазен, распрден..незнам дали и кај мајка и вака лежела и пишувала на форуми..и на крај, зошто не ми одговори она на прашањето зошто не и доаѓаат пријателки дома?
     
    На fallenangel и rose60 им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.853
    Сум била во оваа ситуација и знам.
    А за тоа да тропаме глупости и бош моабети да правиме колку да губиме време многу ти благодарам :|
     
    На Роберт 7, Glasna, DVAANGELA и 3 други им се допаѓа ова.
  15. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Епа секој мажот/жената си ги бираме и јас мм си го бирав во врска се ок во брак друг стана и што значи дека грешката е кај неа? Таа има грешка само што им молчи , и во право си жена ѓавол што ѓавол знае и жена ке научи ама не е убаво од страната на мажот и да нема никаква поддршка.

    Ако види дека овој не се заозбилува нека фака магла , што со мајкаму ке шета по пазари нели?
     
    На bibiiii и NOVAVON им се допаѓа ова.
  16. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Се согласувам целосно дека треба да се осамостои и да се вработи, но тоа што влегла во брак невработена, не му дава право на маж и ниту па на било кој друг, да ја обесправува. Јас колку што знам, во брак се влегува од љубов и не се мери на канта чиј збор ќе биде последен. А што се однесува до глумењето...мислам дека ако обрнуваш внимание на детали, и тоа како можеш да осетиш дали идниот маж ти е мамино синче :)
     
    На bibiiii, Antebellum, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Не можеш со сигурност да осетиш.:D Сепак за да прочиташ некој ти треба искуство,добра улична школа,да си независен,дали финансиски,имотно како и да е,утрее да не те команда нит маж,нит негови итн.А таа на 22 години кога се зела,само што дипломирал или уште учела незнам колку имала време да се стекне со таа уличната школа.;) Изгледа ич немала време,се зафркнала и сега тешко и е. Не е единствена што згрешила,важно да се извади од непријатнава ситуација дали со него заедно дали сама времето ќе и покаже.
     
  18. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Децата не служат за решавање на брачните проблеми. Таквите што со деца спасувале брак или им пропаднал со тек на време или тера бракот ама и секој од брачните партнери тера по свое. Иако ок ти е поентата, сакаш да доловиш да не ситничи толку, демек дете ко ќе има нема да знае кај е а не дали свекрва и за рака ја држела итн. Ама верувај она не ситничи, 2 години тоа па тоа со 2ца старци кои ги финансираат и држат во рака не е шала.
     
  19. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Овој проблем на кој се пожалила, не е барање влакно во јајце, туку сериозен проблем. Ако некој во моментот е невработен, има мака во бракот и одлучил да се отвори на форум, не значи дека тој некој е распрден и ужива во слободното време, па дури и користи нет и пишува на форуми, "како не и' е срам?!" Ко што можам да видам, девојката воопшто нема никаков партнерски однос со мажот. Ок, не се согласувам со тоа што не работи, ама не прочитав ни дека мажот е екстра способен. Него му е должност да биде секогаш на нејзина страна, и обратно. Толку од мене на оваа тема :)
     
    На Stories, supertoasty, MilaP и 4 други им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Морам да прашам дали имаш деца, дали си во брачна заедница, оти децата се и те како важен и неминовен фактор за решавање на брачни проблеми!?