Druga pricina ne gledam za vakvo konstantno drzenje ,,na oko,,na sinot. Mnogu ludje gi krijat bolestite,bilo svoi ili na bliskite. A so krienje nisto ne se postignuva.
бреееј ... темава... овај, последниве неколку страни... Две години се многу бе луѓе... шо и да е, сигурно ќе приметела. Излез... излез само низ врата.
Па зар не помисли и ти на тоа? Јас кога ќе чујам дека некој нејќе со жена си да се секса а ја има покрај него секоја вечер, уште млада, здрава права, прво помислувам оти ебе друга настрана или помислувам оти е педер. Има на пример случаеви кога сопружниците поретко се сексаат заради различни причини со текот на годините, стрес, немање време, умор од работа, грижи, деца, кредити, долгови, сето тоа си зема свој данок и не е чудно што со текот на времето сме читале и овде на форумот за сопружници кои не се сексаат скоро воопшто. А кај овој кој е проблемот? Ни работи, ни дете има, ни сметки плаќа, ни се уморува, ни кредити плаќа, го има цело време на светот, а нејќе да се секса. Ајде најди НЗС. Што може да му фали кога нејќе да ја ебе жена му? Најлогично ми дојде оти е педер. Друга причина не гледам.
Јас искрено доволно грижи си имам за себе за нешто околу мене,и стварно не се ни мислам за на форумов тука а не пак во темава за човеко дали е педер или не ,и не сум никоја за на анонимна да и решавам проблемот што си го создала сама, па како го зела ? Она не го гледала колку е близок со нив? Можам цел ден да пишувам примери,така да не ме интересира,тоа што имав јас ,од мене како совет и го кажав во првиот мој пост тука во темава,а вториот пример од какво семејство се, за другите мои постови убаво пишува за тоа и сум цитирана ко што гледам ама мене воопшто тоа не ме засега, ни навлегувам да се расправам , бил небил не е моја работа, ни па е мое да тумачам тука што и како е.
Не може да не приметиш дека мт е галениче на мама и тато кога е стално со нив. Или очекувала магично да се промени во бракот.
Се извинувам што се вмешувам во темата , но мислам дека отидовте предалеку со некои од последните постови. . Го направивте човекот педер, психички болен и не знам ти што Ако имал некој здравствен проблем девојката сигурно ќе спомнала таа најдобро знае каков е ,не е од вчера со него, а вие одма таков, онаков. Сите сме различни карактери ,имаме различни сваќања, однесување и ако некој или нешто не ни чини не значи дека тој некој друг е нетокму или е психички болен. Потполно ја разбирам девојката , како е да се чувствуваш како странец , да бидеш запоставена од мажот . Боли, секако. Сметам дека мажот и е виновен а и самата ситуација до некаде, довела до сето тоа. Седење по цел ден дома, немање работа, се едно исто те исто . Настанала монотонија која нормално си го направила своето. Бракот не е скини залепи, кога нешто не оди одма да си заминеш... Какви се не проблеми има во бракот, а девојката нема којзнае каков страшен проблем . Неговите ја сакаат, ја почитуваат, им даваат пари и др работи . Тие не се воопшто виновни, според мене, луѓето можеби сакаат да им угодат само и на некој начин се осеќаат одговорни. Главниот виновник е мажот и, тој треба да биде свесен дека има своја фамилија - жена а утредругиден ке има и деца и треба да застане зад тоа, сам на своја нога,. Не може да биде повеќе мамино и татино галениче. Жена има покрај себе а тој уште со мајка му и татко му. Мое мислење е дека девојката треба да се посоветува прво со нејзините да им каже за проблемот а после и со свекерот и свекрвата . Ако тие можеле да влијаат врз него до сега зошто да не можат и сега, кога веќе тој самиот не е свесен...? Мора да се тргне од негде. Друго, да си најде работа како за почеток да излезе од дома малку, да смени средина , луѓе и сл. Сигурна сум дека ќе се осека подобро. А за деца има време, прво да се осамостојат финансиски.
Абе ок, бракот не е скини залепи, тоа секако, ама тоа важи за брак во кој нешто е вложено, како на пример, деца, години, имот,, бизнис, пари, долгови, кредити итн да не се повторувам од погоре. Во овој брак не само што не е вложено ништо, туку и нема намера да се вложува. Во овој брак нема намера за деца, нема намера за заеднички имот, нема намера за заеднички бизнис, нема намера за апсолута менте нада, само времето си тече нема акција, нема ни реакција, нема цел никаква. Девојката напиша убаво дека сака да работи, и свекорот и свекрвата дури и рекле оти ќе и најдат работа, ама еве не и наоѓаат, ја замајуваат и и го губат времето, кога ќе спомнела на мажот оти сака да работи тој и велел седи си убаво ни е вака моите не издржуваат, не ги цениш тоа што не издржуваат. Јас мислам оти он не би и ни дозволил да работи, или кога би се вработила тоа би било тегавење секој божји ден и кавги. Мене ме интересира што велат нејзините на ситуацијава, гледав дека се уклучувала девојкава денес наутро, ама не ни напишала ништо, еве ќе ја прозивам да не извести до каде е ситуацијава, има ли некаков помак? @katevvv1
Не се лутам за ниту еден коментар од напишаните, секој има право да си го каже своето мислење. Неговите спомнаа дека нашле работа за маж ми, но тоа е нивен договор... Свекор ми, откако јас почнав да се оддалечувам од нив, постојано ми зборува за сосетката која го одвоила сино од таткото, ги поврзувам работите и си мислам дека тоа сака да го наметне за мене, демек јас сум таа што сака да го одвои неговиот син од него... Јас овие денови си ветив на себе дека се ќе претрпам само со убаво да ја средам ситуацијата, зборувам со маж ми...се плашам луѓе дека не вреди.... тој е како ... не знам како да се изразам... татко му е како светец пред него, никој друг не му значи, никој....си размислувам дали јас ако имам пари и така го издржувам ќе бидам светица за него... ВИЕ БЕВТЕ ВО ПРАВО, РЕЧИСИ 90 ПРОЦЕНТИ ПИШАВТЕ МАЖ ТИ Е ВИНОВЕН...навистина само тој е... но губам надеж дека нема да се смени ситуацијата..... @Offspring нешто од околу и кажувам на мајка ми не сакам и моите проблеми да и тежат, да бидам како овој мојот.... верувам дека ќе ми биде поршка во се, без да се меша за нешто околу нас... а со неговите не можам, верувај не можам да разговарам...тие секогаш се во право за се, ако се спротивставам јас сум единствената виновна, одма муабети ќе ми пуштат како сакам да ги разделам нив... Имам голема желба да живееме како што треба, но мислам дека нема начин.
Јас да бев на твое место ќе пробав што е можно повеќе да покажам дека сакам промена. Ќе се јавев на другарка, ќе излезев сама, ќе почнев да барам активно работа, можеби и фризура ќе сменев. Со првата плата ќе купев нешто за дома и ќе покажев дека мојот живот не е како што тие го замислуваат. Наредно кога ќе те викнат со нив на гости, не оди, кажи им дека имаш други планови. Јас прво би пробала да направам се што можам, па ако уште ништо не се менува, би си отишла без да погледнам назад. Не можам да разберам како им се живее во толку нездрава средина.
@Offspring се согласувам со тебе. Колку е помал товарот или и да го нема воопшто во бракот е полесно да се скине ( излезе ) од него , но од друга страна тоа не е нешто ќе го склучуваш секој ден, месец , година.... Враќање назад нема туку така. Не се тие во врска. ..и при најмалиот проблем да си заминат . Предомислување нема. Во случајот девојката не е ниту малтретирана, тепана, ниту нешто друго. Проблемот е недостаток на внимание. АКо и покрај сите превземени инцијативи нема веќе друго решение не бива едноставно, да се разведе тогаш да . Не може само таа да вложува и да се труди а другиот со прст да не мрда и да чека само од неговите родители. @katevvv1 што друго планираш да направиш? Велиш дека тој пред бракот не бил таков спрема тебе, си била среќна и исполнета, но дали и тогаш тој беше приврзан за мајка му и татко му како што е сега ? Или си е таков на карактер или самата ситуација влијаела вез него - немањето обврски, седењето дома по цел ден со мајка му и татко му и сл. се исто па исто , не се дешава ништо особено. Тоа гуши. И да не должам многу, се согласувам целосно со мислењето на членката над мене.
Јасно е дека тој е виновен ама дали е психички стабилен човекот? Дали си приметила нешто чудно уште додека бевте во врска? И дали си сигурна дека е хетеро?
Далеку од педер или како што спомнавте психички проблеми....Во ред си е човекот... Пишав неколку пати проблемот е во тоа што, маж ми животот си го продолжува со мајка му и татко му, без да прифати дека е женет... Би требало животот со мене да го дели и работите со мене да ги споделува, а тој по цел ден со нив крои планови и со нив секој саат го поминува.. Неговите го порджуваат во се, уште велат...убаво е кога сме си вака заедно... Убаво е да, но ние треба да имаме приватност, мораме заеднички да живееме јас и тој....нели сме во брак... Тука е проблемот.
Фактички сакаш сами да живеете, а тој нема осет. Убаво му е со неговите и ти тоа го гледаш и мислиш ќе се смени нешто ,нема ништо да се смени освен ти да се смениш да си одиш на работа ,па кога ќе му зафалиш што те нема па ќе видиш како ќе сака приватност. Вака сте по цел ден заедно и нема веќе чуство да ве врзува ,како деца сте со мајка и татко ,а не сопружници. Најди работа нешто за да те нема од дома,и ќе видеш како ќе доаѓа по тебе. Дури и на свекрвати ќе и смета што ќе си имаш свој живот, вака се ти знае ,да ми извиниш дури и кога си прднала, тоа е ,најди излегувај па сам ќе те бара .