Колку години имате жити се? 13 накај 14? Едит: епа од 16 год сте заедно. Ете ти резултат на малолетен брак и љубов. Кога тогаш ќе пукне тиквата... Ама сепак глупо е неговото понашање. Се гледа дека е незрел.
^ Не сум во брак, и сега тоа ми е последно на мисла, но сакам нешто да кажам за постот на крејзигрл. Колку и да звучам сурово, јас мислам дека на типов му се смачило од тебе, му се здосадило, па веднаш си бара друга опција. Незнам искрено како би ти помогнала, види, седните, разговарајте, сепак деца имате. Разговарајте отворено.
@CrazyGirl15 Не сум во брак ама сум била во врска подолга од вашиот брак и тоа на постари години од вас.. Во бракот (и долгите врски налик брак без хартија) се е во знакот на компромисот и разговорот. Нема проблем што не може да се реши со разговор, има само проблеми за кои партнерите не сакаат да разговараат од ХУ причини Неговото однесување е знак за незрелост и непромисленост. Жената да си ја блокира на ФБ и да почне нови девојки да брка, а тој татко со 2 деца?! Ти се молам... А твојата постапка па, уште подетска, да не останеш покуса и ти по неговиот памет. Седни го и разговарајте. Со ум, без устата да ви е побрза од паметот. Ако сака да успее бракот - ќе поработите на случајот, ако не - со сила убавина не бидува
Искрено , јас пукнав веќе , и затоа во афектна состојба на нервоза сторив такво нешто , но ликовите се флавно школски со кои никогаш ништо не би имала . Инаку , ако успее некој да дојде до збор од него , ќе се решеше ова со компромис . Меѓутоа , тој не знае да исслуша . Секогаш е тој во право , и кога е и кога не е .
Епа кога он секогаш е во право ти не му се контрирај. Понуди му да се осеќа дека е во право а прај си за ваше добро СО МОЛЧИ ТОЛЧИ. Инаку многу млади сте влегле во брка, сигурно остана трудна претпоставувам...што да пишам,понекогаш секој секому се здосадува.
Ти важно седни го... и збори си.. Нека те прекине 101 пат ако сака.. Нека вика, нека урла, нека крши ако сака се додека не крене рака на тебе.. Откако ќе заврши, кажи му - јас драги го кажав своето, повели сега ти. Ако има нешто да каже, ОК..ако нема пак ОК .. А веројатно ќе има, затоа што викаш дека човек не може до збор да дојде.. мирно ислушај го и дај му предлог за понатаму. Ако сака брак, добро.. Ако воопшто не сака да слуша, земи си ги децата и оди кај мајка ти. Ако му е дојдено до вас ќе ве побара, ако не и онака ќе ве шутнел.. Брак со сила не можеш да направиш да опстои. Кога едната страна само се труди, ќе биде на климави нозе. Но кога и таа страна ќе се повлече, бракот е само хартија. Важно ти си се обидела..чиста си пред себе А тоа што тој не сакал, ќе му стане јасно еден ден...
Потрагата по друга личност во момент на брачна криза е најнепромислениот потег што може да се направи. Тие некои, тој/таа нема да го променат односот меѓу вас, туку може само да ја влошат ситуацијата. Обидот за разговор е најразумно решение за надминување на проблемите. Иако сте премногу млади и зад себе имате 4 години брачен живот вреди не значи дека не можете да ја надминете кризата. Ако навистина постои обостран интерес да го зачувате бракот, ќе се потрудите отворено да разговарате за причината за меѓусебната нетрпеливост. Ако тој покажа индиферентен однос, не можеш ништо да направиш, освен сама да продолжиш понатаму. Децата се твојот поттик да се обидеш и да сториш се што можеш за да не се обвинуваш некогаш.
Какво ви е бе ова понашање со фесбуциве ко некои недоветни деца? Демек бракот и децата треба да ја созреат личноста ама кај вас тоа не важи. На ваков начин ако си ги решавате брачните кризи еве не знам, ќе блокираат и ќе додаваат мажи на фејсбук. Наместо ко возрасни луѓе да седнете да се разберете и да си ги решите проблемите во бракот ви со што се занимавате. Совет? Прво созрејте како личности па после основајте семејство. Толку од мене.
@CrazyGirl15 prvo neka se zasrami maz ti za kaznite zborovi, a potoa ti za postapkata so fejzbukot, alooo so ke kazat tie mazi koga ke te sretnat na ulica? Razmisluvas li? Sto ke bide ako pravime kako tebe posle sekoja kavga? Se gleda deka si nedorasnata za brak....... Imate deca, svesni se malku! Ova se resava so razgovor, a ne so brkanje mazi i zeni na fb!
Погрешно си ме разбрала . Он се дере и кога Е и кога НЕ Е во право . Ок за ова со фб , непромислена постапка во афект беше , јасно ми е , ама овде неможе човек да побара совет на раат . Одма е недораснат и не знам што . Побарав совет да се справам со неговиот бес без посебна причина , а не да ми солите памет за фејсбукот . За тоа сум сама свесна , ама за да добијам правилен совет го кажав и тоа , за одблизу да знаете за што се работи . Ќе ве молам држете се до тоа .
Ах бре дете, не е проблем Фејсбукот, не е проблем тоа што е недораснат, не е проблем ништо.. проблем е што секогаш е во право и е бесен? Не мила.. Се од горенаведеното е проблем. Џабе ти е да решиш еден а другите да ги турнеш под чергиче.. И да..лути се колку сакаш, ама не само што е недораснат туку и неиживеан.. Не видел ништо од младоста, затоа е вака збеснат.. Видел колку пропуштил во животот, па сега се однесува како што и се очекувало..
у кафето/сокот дизиапамче столчено ке биде ко бебе мирен друго чаре нема освен да го оставиш да порасне а тоа значи д аму ги трпиш сите патешествија шо ке ги прави Ако можеш да седиш траеш и трпиш години и години ок ако нема друго чаре нема освен развод Сепак седни г кога ке си дојде сега и се ова кажи му го него
Тешко на децата во каква дисфункционална средина ќе израснат... Трауми од детството: Тато ја блокира мама на фб!
Се случува тоа почесто така ? Ти сите овие години го трпиш тоа. Згора на тоа имате и две деца кои секојдневно ја гледат тортурата која ја трпиш ти. Он е повозрасен од тебе или? Со констатацијата дека малолетни бракови брзо завршуваат не се сложувам. Знам неколку кои функционираат. Барем така изгледа. Едни од нив почнаа од нула, стигнаа до свои приватни бизниси. Ама за ова треба многу слога. Кога стапивте во брак престанувате да бидете деца. Ама изгледа маж ти заборавил, па тера по свое. Мора да научи дека треба да се носи со обврската сопруг . И да има избувлив карактер викање и пискање не е решение. Па блокирање на фб. Мајко мила. Освен многу зборување со него ништо друго не те спасува. Ако и тоа не делува тогаш проблемот е многу подлабок. Ти ќе одлучиш дали ќе трпиш и чекаш да порасне или ќе пресечеш.
Ви благодарам девојки и жени . Ќе се обидам да разговарам со убаво .. Дафи он е 8-9 месеци постар . Иста генерација сме ама различни месеци . Баш за децата ми е . Подобро самохрана мајка да сум , отколку да ги пораснам во семејство со расправии .. Затоа и побарав совет . Лесно е да се разведам , ама тешко е да се задржи семејството , особено функционално ..
Луѓе читате ли или само коментирате како од небо паднати ?! Ако не следите дискусија, не знам само како се вклучувате во истата... И дајте малку помалку сеир фаќање и настојување да се правите интересни и вицкасти со коментари на туѓи проблеми.