Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    @NOVAVON што бараш бре жено уште со тој човек???
    По ова што го изнесе јас не гледам ни малку оптимистично за вашиот брак, не знам што уште те врзува тебе? Деца колку што знам немате, макар и тоа не е доволна причина да се остане во така нефункционален брак. :?:

    Зошто му даваш шанси да те понижува и да се изживува врз тебе? Какви се тие навреди, разбирам во кавги, афектни ситуации да се каже понекој лош збор, ама ова што тој го прави ги поминува сите граници. Па тоа и на најголемиот душман не му се вели. :@ Абе само еднаш така да ме навреди има очите да му ги ископам и да си ги спакувам куферите.
    Цел живот татко ми вака ја малтретира мајка ми и од искуство можам да ти кажам дека таков човек никогаш нема да се промени. Тие луѓе не знаат да уживаат во животот, не знаат да се радуваат на она што го имаат, цело време се несреќни и бараат причина за кавга. Денес тебе ти го уништува животот, утре кога ќе имате деца истото и ним ќе им го прави. Немој не си го троши времето со некој кој не заслужува, немој и ти како мајка ми да си го уништиш животот.
    Млада си и паметно размислуваш, ете си решила да напредуваш во животот и не ти треба некој што ќе те кочи и психички ќе те уништува. Ако тој е решен така да живее во омраза и кренал раце од бракот остави го сам нека си пати. Твојата среќа е некаде на друго место! :*
     
    На LivingGlam, Glasna, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    @NOVAVON ти не живееш со сопруг , туку со цимер. Па дури и цимерите имаат културен однос, не се навредуваат, си помогаат.

    Што очекуваш повеќе од тој брак? Очигледно е дека нема повеќе љубов од страната на маж ти или не знае како да ја искаже. Не знам што да кажам. Ти ја трпиш сета таа физичка тортура , не превземаш ништо.
    Претпоставувам дека си млада и животот е пред тебе.
    Ако има што да се спаси, спаси го. Ако не заврти грб и замини.

    Имате ли дечиња?
     
    На Gosh, Someonespecial, Luna91 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Немаме, немаме ништо заедничко всушност. Некој од моите поблиски често ми го истакнуваат тоа вие буквално немате ништо заедничко полесно е да се разделите. Проблемот е што ова многу долго трае. На почетокот многу лично си земав,почнав да губам самодоверба,се затворав во себе,се прејадував,накачував килажа. Сакав да одам на фитнес,не ми дозволуваше на почетокот,потоа откако изгубив желба да одам ми велеше оди на фитнес. Но откако почнав со факултет си најдов неколку поблиски и се тргнав од брачниот монотон живот, почна да ми се враќа самодовербата, да размислувам што толку јас сум згрешила во животов па да ми е вака? И се одговорот ми оди дека се омажив со несоодветен партнер, не си одговараме.
     
    На Згодно Момче и duffi им се допаѓа ова.
  4. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Бевме на брачно советувалиште едвај го натерав кај жена психијатар. Не сослуша 2та,одделно и потоа со секој посебно разговараше. Ни предложи дека најдобро е да се разведеме, ама кај мене финансиската ситуација е таква да морам да доучам па да најдам работа како средство за издршка. Реално он не издржува бидејќи работи. Тука е најголемиот проблем. И добива сила дека он е газда во куќа може да прави како сака. На моменти знае да е фин,разбран. Ама главно е ладен,некомукативен. Он вика отсекогаш бил таков,а јас во врска го паметам како поразговорлив. Он вика дека алкохолот го опуштал и затоа бил таков а сега веќе не пие воопшто и е тежок намќор.
     
  5. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    21.577
    @NOVAVON биди мудра и силна и излези од тој брак.Немаш деца немаш обврски,имаш занимација факултет а и твојот живот е пред тебе.Верувај кога тогаш ќе се појави некој со кој ќе имаш се што заслужуваш а овој брак ќе ти изгледа како кошмар од кој си се спасила.
    Никоја жена па ни маж се разбира,не заслужила таков однос од партнерот.Тоа не е нормален однос на двајца млади во брак.
    Сопругот мора да ти биде поддршка за се во животот,а не да те вреѓа само затоа што има свои фрустрации.
    Немаш ли колку толку финансиска и морална поддршка од твоите?
     
    На mareane, evangelina.ina, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    52.127
    Пол:
    Женски
    Епа долго време е, ама ќе стане уште подолго, а тој уште повеќе ќе добива сила да те вреѓа.

    Нема да живееш 1000 години, па да дозволиш да трошиш толку време со некој што психички те малтретира и ти ја вади душата. Си трошиш време од животот за некој што не заслужил ни да го погледнеш после такво однесување.
     
    На Doozy, Lolipop23, Viktorijaaa5 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    @NOVAVON не сум у брак ама цел мој живот сум го поминала со дисфункционални семејства околу мене (у фамилија, вклучувајќи ја и мојата).
    Искрено, најдобра одлука ти е да го оставиш, не верувам дека нешто те кочи.

    Ако уште не си сигурна, еве направи logout од профилов и прочитај си го напишаното како да е некоја друга феминка а не ти, и прашај се што би помислила за ваков брак и што би и кажала лично на феминката.

    Подобро пресечи уште сега, животот е краток и стварно за миг ке помине, вреди ли да бидеш со некој што ништо убаво не гледа у тебе?
     
    На toogood, mareane, evangelina.ina и 6 други им се допаѓа ова.
  8. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Се ти е убаво напишано,ама проблемот е кај мене финансиски т.е.издршката на домаќинството е од негова плата. Моите ми викаат веќе да се помирам дека он е таков и да не очекувам дека ќе биде онаков каков јас посакувам и да молчам дека ете не издржува,не пие,не пуши,дека маж е и се нервира затоа така,демек да не земам при срце дека има полоши мажи. Одговор и за прашањето на @V.odolija .
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    52.127
    Пол:
    Женски
    Немаш опција да работиш нешто додека студираш?
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Чоек искрено не ми се допаѓа ставот на твоите родители. Како што паметам на некој од мед. смер си така? Можеш нешто раб у меѓу време да најдеш? Ако си од ск, барем преку викенд некако да се снаоѓаш за раб. Ако си од 3годишните студии полесно би можела да се снајдеш за работа.
     
    На Someonespecial, NOVAVON и crimson им се допаѓа ова.
  11. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Ако се префрлам на воредно,ќе можам да најдам работа,но најмногу се грижам да не ги запоставам студиите. Ама има опција,не е се така црно.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    52.127
    Пол:
    Женски
    Епа размисли дали повеќе сакаш да останеш во бракот, или да се измачиш неколку години додека студираш и паралелно работиш.
    Што и да одбереш, со среќа :)
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Благодарам. Тоа си мислам си ставам на кантар,да видам што ќе превагне.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  14. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Немора да идеш вонредно, посакапо ке те фати така, ако си на тригодишните дај на некоја колешшка карртичка нека те куца за присутност а ти у меѓувреме иди на работа. Доброто е што за тригодишшните е навистина полесно и материјалот не ни е до толку обемен.
     
    На NOVAVON му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    А пред да ја напуштиш работата и да се запишеш на факултет со финансии кои тој ги заработува претпоставувам разговаравте и заедничка беше одлуката? Или само твоја? Оти гледам дека не му било право ама некако си го убедила. Па и сега велиш студирам, тој ме издржува, па колку што прочитав наговестуваш дека чекаш да ги довршиш студиите, да најдеш работа па да му ја летнеш. Извини ама мене ова вака поставено на искористување чисто ми изгледа. Ако бракот не ви е како треба и не планираш иднина со него оти свесна си дека можеби нема да се промени, замини си уште сега.
     
    На LivingGlam, toogood и bittersweet им се допаѓа ова.
  16. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    @NOVAVON колку години имаш, долг период сте во брак?
    Јас немам искуство со брак, но еве може да дадам мое мислење, за пример да земеме врска меѓу дечко и девојка.
    Aј што не се радува не ја подржува својата девојка во нејзините цели, уште како душман да те навредува и понижува, да не сака барем во кревет да се гушнете и сето тоа да го круниса со погрдни зборови, и сеуште да "свиткуваш опаш" ? Премногу е! Не сакам да те дополнително повредам, но претпоставувам маж ти или има друга, или си му за негови лични (секс) цели, или едноставно ти човекот не е доволно "изживеан"

    Кога нешто не оди не оди, со сила нема убавина. Немате деца тоа ти е плус во твојот случај. Развод и чао.
    Со Среќа!
     
    На ♡BuBaLe♡ и Someonespecial им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    52.127
    Пол:
    Женски
    Не е баш така едноставно. Кај ќе оди ако нејзините не ја поддржуваат да си замине?
     
  18. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Ако не е од ск, ке си најде стан под кирија со цимерки на пр. А ако е од Ск, ондак нека ги седне најубаво родителите и нека им даде до знаење дека нема да може понатаму да издржи. :/
     
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.997
    Пол:
    Женски
    Прво нека најде работа во оваа наша златна Македонија, во кој има работа на секој чекор, па кај и да е ќе почнеме и евтина работна сила да увезуваме....
    ...па после може да размисли да си замине.

    Луѓе брак е во прашање, не е 2 месечна врска...
    Божем така лесно е, остај го и ..свиркај


    И кажа жената, нема поддршка од нејзините, и рекле да се помири.
    Од воздух ќе живее?! На лепи очи ќе рента? Сметките ќе и ги простат?

    И треба плата од барем 300 евра за живот..
     
    На Gosh, mareane, YoungandBeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    13.505
    Абе, луѓе, до кога со овие сфаќања? Па зарем ќе трпи да ја понижува и навредува мажот зашто немала поддршка од родителите? Тој си има друга сигурно штом вака се однесува кон неа. Па и таквите родители зарем не им е важно детето, може да се разболи од нервози и секирации. Немам коментар навистина.
     
    На okcenzi, AnastasiaWinter и *Amethyst* им се допаѓа ова.