Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    13.505
    Па што ако е брак извини? Зошто да живеам со таков човек кога не ме сака. Па и со деца да е, зарем ќе трпи навреди и понижувања?
     
    На supertoasty му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Не е еднoстaвнo сo децa crimson. Вaкa, кaкo билa без негo претхoднo, тaкa и сегa. И aкo требa дa бирa дaли кaј рoдителите кoи и не и се бaш нaјгoлемa пoддршкa зa рaзвoдoт и мaж кoј психички јa мaлтретирa, секaкo декa пoдoбрo е кaј рoдителите oти кaкo тaкa ќе се пoмирaт сo ситуaцијaтa сo тек нa време. Сo сoпругoт мoже сaмo нa пoлoшo дa е.
     
    На LivingGlam, Glasna, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  3. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Што дека ако е брак? Па и брак со деца нека е, никој не заслужува психичка тортура. Ја понижува, вреѓа, и брани да биде своја плус зависи од него...
    Како да не си замине од таму? како да продолжи нормално после све? Зарем тоа е брак? Ок е да се продолжи со таков живот само затоа што еден лист има потпишано?

    Не се согласувам овој пат со тебе даст.
     
    На Lolipop23 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    А тoј штo е, хумaнитaрнa пoмoш?
     
    На toogood и crimson им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.997
    Пол:
    Женски
    Не разбираш?!
    НЕМА каде да се обрати. На улица да остане?
    Не мора да се согласуваш мила.
    Само да ги согледаш фактите што женава ги опиша.

    Од што ќе живее еве објаснете ми, јас сум така глупава малку...



    После тоа понижување, дури и малку е да го искористи.
    Гад некој и се погодил..
     
    На evangelina.ina и NOVAVON им се допаѓа ова.
  6. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Немора иронии :)

    Јас би играла на карта ако више знам јазик да почнам од нет нешто да се снаоѓам да работам, или преку викенди да работам во кафиќи макар 12 часа, или ако имам искуство би чувала деца....
    Свесна сум многу убаво дека не е лесно да се најде пристојна и трајна работа, но верувам дека за у кафиќи ако ништо друго за викенди ке е од корист.

    Но, проблемот лежи кај нејзините дома.
    Дали можеби има подршка од други роднини? Ако има, нека се обрати кај нив за совет, мислење, подршка па и помош.
     
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    13.505
    Моја братучетка така трпеше поради луѓето и родителите што ќе речат. Трпеше такви тортури долго време, собираше се во себе и на крај кога се разболе, е тогаш родителите ја сфатија и ја жалат дека требале да и поверуваат и да и помогнат тогаш. Џабе се сега, така? Епа, касно е сега.
     
    На Glasna, okcenzi, evangelina.ina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    52.127
    Пол:
    Женски
    Со какви размислувања?

    Јас реков да остане со него во брак?
    Не. Само не е толку лесно, замини си и готово.
    Познавам родители што не би ги примиле ќерките дома ако се разведат.
    Неа тој ја издржува, плус студира.
    За да си замине мора прво да направи план, да разговара со родителите, да најде решение. Што инаку, на улица треба да остане?

    Не се сите родители исти.
     
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.997
    Пол:
    Женски
    Етеее.. гледаш :)

    Се разбираме, ама не е така лесно.

    Значи, ако е 25-30год ќе работи по кафичи, ама 30-35годишна жена никој нема да ја вработи во кафич, барем во подобрите. А во маалските ќе работи за 10.000 по цел ден, а тоа ни за соба и сметки не и стасува :)
    Чување деца и тоа не е многу доходовно, ниту па нешто што може да се смета за работа на долги стази, без осигурување, стаж...
    Неа и треба стабилна работа со редовни продонеси..

    Лесно е да го напушти ако има каде да оди. Тоа и би ја советувала
    Но кога немаш каде.... :) каде би...


    Моја комшивка кога го напушти мажот и се врати дома, татко и на улица и го исфрли куферот и за коси ја исфрли надвор.
    Одговорот му беше - ти го бираше ќерко, оди и живеј со него, нема да дозволам да бидеш срам за мојата фамилија, разведена жена
     
    На Viktorijaaa5, *Amethyst*, evangelina.ina и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    13.505
    Ако нема каде, нека си го трпи мажот несозреан или мамин син. А родителите може ќе се свестат ако жената закачи некоја болест од нервози.
     
  11. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Види факт е дека постојат и такви родители кои нажалост да ми простиш "едвај чекаат да омажат својата ќерка и да се отарасат од неа" што за мене е КРАЈНО ненормално, и за мене не се тоа вистински родители, и мислат дека нивната работа е завршена за заувек. Исто така факт е најлошо во еден брак кога ќе се замешаат родители на младоженците.
    Јас лично имам другар кој е женет 4 години поради долго несогласување со сопругата таа 2 месеци беше кај нејзините иако они на почетокот не сакаат да слушнат дека сака да се врати кај нив. Но по силен нејзин притисок попуштија.
     
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.997
    Пол:
    Женски
    :clap:

    Обично се сложувам со се што ќе пишеш Блеки, ама само да ви кажам - среќни жени сте што имате поддршка во животот.
    Се надевам цел живот ќе имате:)

    Тие што немаат, е тешко на нив.
    Ситиот на гладниот не му верува...не е од денес тоа..
     
    На Gosh, Emy867, YoungandBeautiful и 10 други им се допаѓа ова.
  13. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Не е до годините,имавме пристојна врска,имало проблеми,но се решавале. 5год.сме во брак. Искрено машко си и јавно пишувам,зошто се осеќам згрозено,гнасно искористено,мзерно. Вчера требаше да одиме на гости кај кумовите и на викенд престој кај нив,ама мене ПМС и многу замор и ненаспаност и за да ме разбуди демек побрзо почна да се наметнува за однос уште сабајлето а знае дека не сум баш по утрински активности и јас така поспана си почна,го отурнав ама пак си продолжи. После се разбудив нормално ми рече демек ќе ме почекал малку да размислам што правиме дека му спомнав уморна сум,и ми фрли ситни пари да ми се нашле и си замина. Само му реков не ми требаат пари и ене ги стојат кај што ги фрли. Се осеќам помизерно од проститутка. Еве ко машко и кој и да е друг,што мислите? И да @Bridget точно дека испаѓа дека го користам,ама он убаво си наплаќа за се. Мене да ми беа финансиите по ок друга песна ќе пеев. Иако пак ќе пишам не е се така црно. Црно ми е начинот на кој сум третитана во овој брак,некогаш префино,фино па одеднаш навреди,игнорирање итн.
     
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    13.505
    Абе те разбирам што сакаш да кажеш, си правиме муабет :) Затоа и пишав за моја братучетка дека немаше поддршка и ја снајде лошо, ама родителите касно се свестија. Ама тоа е.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    @Dust Таа не кажа дека дома со куферите на улица би ја исфрлиле, туку дека ја убедуваат да проба да го зачува бракот, ништо невообичаено од постари генерации кои имаат малку поинакво сфаќање за поимот брак. @NOVAVON Да не се проблем финансиите во бракот многумина поинаква песна ќе пејат. Ама бар за мене проблем во ваков брак на кој треба најмногу да се мисли се децата. А вие деца немате, па кажи ми, дали твоите родители би те исфрлиле на улица доколку цврсто решиш да си заминеш од него?
     
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.997
    Пол:
    Женски
    Епа така е.. затоа и ти велам, тука на форум може до сабајле да филозофираме, кога не сме и во кожа на жената... и никогаш да не и бидеме :)

    Нашето општество е такво какво што е..старите со сила не можеш да ги смениш. Си имаат свои ставови и од нив некои луѓе тешко отстапуваат. Ако тие не ја поддржат денес, верувај ни утре нема да им е многу гајле ако си закачи некоја болест. Знам и такви случаи.. Ја дале невеста и сега таа е на товар на мажот, здрава права болна саката, одговорност на мажот е и толку..
    А оние другите што се каат, не ни сакам да дискутирам. Тие ми се луѓе без карактер..


    @Bridget не и рекле нејзините дека ќе ја исфрлат со се куфер, туку индиректно и кажале дека сама си го бирала мажот а сега сама нека проба да си го спаси бракот. Таа пробала да разговара, ако нејзините барем малку се засекирале за ќерка им, ќе и речеле - ќерко што ќе правиш - прави, ако не иде, за тебе е вратата секогаш отворена.

    Еве го делот..
    Во една прилика кога се иселив да живеам сама татко ми ми рече - ако тебе не ти е убаво, на сите нека им е убаво да ве гледаат "среќни" со дотичниот - ти остави го. Имаш секогаш каде да се вратиш.. во свое или во наше, единствена ќерка си ни..
    Никогаш да не бидеш до луѓе што те прават несреќна
     
    На bibiiii, Emy867, evangelina.ina и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Види има една изрека вели "тоа што сам на себе можеш да си го направиш никој неможе да ти го направи."

    Јас како машко ни на крај памет ни во врска а камоли во брак вака не би постапувал кога ќе се оженам, да ја третирам мојата жена што треба да бидеме доживотни сродни души, што треба деца заедно да имаме како за "една ноќ па уште и да и фрлам уште пари ако ме одбие за однос" ?!?!? :envy: Па има ли нешто попонижувачко и по одвратно...

    Ако вака навистина се однесува кон тебе топло/ладно како запален тинејџер, тоа треба многу работи а ти кажува. Може вака да се жалиш и да те советуваме на форумот колку сакаш, но на крај треба да ја исечеш линијата пријатно да му кажеш и да си бараш друга сродна душа, бидејќи овој и од авион се гледа дека не ти е сродна душа, зарем со ваков сакаш да го поминеш живот? Ај имаме два живота па со едниот ќе експериментираме а со другиот поучени ќе живееме... РАЗВОД злато.
     
    На Ingvild, Lolipop23 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Не ме разбра,си заврши господинот работа. Он неговото секогаш да го добие кога сака како сака. И многу пати сме се расправале сум му објаснувала како треба културно со жена. Он ми вика јас ко помлад бев културен сите жени ме откачуваа па зошто да сум фин? Истура фрустрации од претходни неуспешни врски/флертови. Неизживеан е,плус многу лошо мисли за жените. Во врска беше помирен па не се приметуваа неговиве генерални мислења за жените,ама во брак си изби се со тек на време. Те разбирам што велиш се,затоа и пишав на оваа тема.
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Ова како силување во брак ќе му дојде. Ок, ти заврши си го факултетот, тоа е побитно. Што рече за твоите, ќе те избркаат ако отидеш кај нив?
     
    На bibiiii, Nausicaa, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  20. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Они не планираат кај нив да се вратам, мој живот мој начин на снаоѓање. Ништо лично,но и кај нив финансиите не се баш најсјајни.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.