Не велиш дека би те избркале, туку вртиш одоколу па јас сфаќам дека ти си бираш каде има најмногу финансии таму, така? Да не си им на терет на твоите, да не бараш ти работа, ај кај него. Трпи си, што да ти кажам.
Се сложувам со ова. Значи нејзе само финансиите и се важни, па нека ја понижува и навредува и нека има секс на сила, нека се иживува со неа. Новавон, не си за жалење во тој случај. Трпи си го маж ти.
Лесно е да се напише така,ианку ај да ве послушам еве се спремам на - степени и ќе дремем пред контејнер ако има некој да ме собере. Како не разбирате сум била кај моите, ден два и потоа мајка ми ми има речено абе не планиравме толку ручек знаеш ова она ај иди до кај него земи да зготвам. Немаат моите,им се случи нешто непланирано и истрошија многу пари во измама,тоа е.
Ако не ти се битни финансиите зошто цело време спомнуваш дека твоите немаат? Твојот брак очигледно не фукнционира како што треба, ама и ти не размислуваш како што треба. Зошто седиш во таков брак наместо да си се разведеш на време. Имаш ли малце достоинство, гордост? Па не би дозволила на никого така да ме понижува. Очигледно твоите немаат проблем да се вратиш дома, изгледа ти имаш проблем да се вратиш затоа што нема кој да те издржува. Кога веќе не сакаш да си го решиш ти проблемот самата продолжи да си трпиш.
Аман де кај има за две усти ке има и за три Та родител ли нема да дели од него за да даде на дете ццц
Никогаш ама баш никогаш нема да ги разберам родителите кои не го почитуваат своето дете. Дали тие мислат дека подобро би било да си несреќна и да пропаѓаш во таков брак,зарем ти не заслужуваш подобар живот? Океј ти си го одбрала ама луѓето се менуваат не се секогаш исти. Утре друг ден да сум родител и да знам дека некој се изживува врз мое дете така а јас да седам со скрстени раце нема шанси.
Како што спомна една членка после мене со согласувам со неа дека ова би му дошло како "силување во брак" и велиш онака како да е нормално "си заврши човекот работа он неговото секогаш да го добие" И после се ваквото нечовечко крајно понижувачко однесување ти сеуште си со него?! Околу делот на финансиите, додека студираш можеш паралелно да работиш во некој кафич (Ако до толку на твоите им се потребни финансии) јас додека студирав пред 7-8 години работев во еден локален кафич, тоа е сосема доволно колку да имаш за себе и да "не си им на товар" на твоите ИАКО вистински родител колку и да нема финансии никогаш не би го рекол тоа на свое дете безразлика дали си мала/голема. Со среќа ти посакувам!
Благодарам за советот,да беше лесно немаше да пишувам на форум. Да имав стабилна работа одма ќе си заминев под кирија. Зошто едно е реалност друго вистина. И во друга ситуација непријатна сум се нашла да прашувам за под кирија и што како им велам ми треба вака и вака минувам низ развод,па неколкумина си се предомислија за рента. Реалноста е сурова. Искрено јас не сум очекувала мед и млеко од него, ама ме гледа се мачам се трудам да допринесувам,да стварам и јас по нешто и намерно да ти уништи,да те навреди или понижи, мене тоа ме боли. Јас знам дека има вакви ладни бракови но никој никому не пречи а ова да се сити на некоја моја мала среќа. Нит јас сакам нит било кој разумен би трпел,ама кога парите во џеб ми се броени,а моите си вртат глава тешко се наоѓа веднаш решение. И не се правдам,ваква е реалноста.
Значи од сите погоре совети, кој од кој подобар,Форумкава со проблемот никако да прифати ниту еден. Тогаш ќе дадам совет досега не напишан: Додека си во силуваниот брак нема да видиш убави мигови,затоа пробај да правиш работи кои те прават среќна, игнорирај го како да не ти е важен чим ти се важни само парите од негова страна. или веќе крајно најди некој друг финансер во меѓувреме кој нема да те силува и ќе те сака таква каква што си, кој ќе те цени и почитува ако веќе ви го нема во бракот она најважното ЉУБОВТА И РАЗБИРАЊЕТО!!!!!!!!!!!
Во секоја криза во бракот најмногу страдаат децата тоа е факт. Јас потекнувам од семејство во кое таа криза трае предолго и добро знам какви последици врз детската психа може да остави таквата криза. Дали со тоа што останаа во брак не заштитија нас? Не напротив, не ни дозволија да почувствуваме што е топла домашмна атмосвера. Ако јас тоа го немам почувствувано од дома како да јас во иднина формирам свое нормално семејство?
Де бе, за еден ручек ли? Ако треба леб и сол ќе јадам додека не се избавам од кризата, ама нема да оставам детето да ми го понижува некој, да се иживува или да ми го тера на секс за да си заврши само тој работа ко да е манијак некој. Извини, но тебе ти е поважно дали ќе јадеш кременадли или јајца пржени или твојата среќа, чест? Зашто според читаново, твоите не гледам дека ќе те истераат да спиеш на улица, туку ти си сакаш уживање како кралица.
Благодарам за советите, добронамерни се во ред е тоа. Пак ќе повторам од моите немам нит финансиска нит подршка некоја нај нај,ок да не завлегувам во детали. Моето не се решава веднаш. ЈАС можам да излезам вечерва ама каде? 2дена дома,2-3 дена по пријателки, ѓупски живот и?? Мене ми требаат почетни финансии,убаво ме посоветуваа некои така да за резултати можам да пишам понатаму како излегло. Се мислев дали да пишам,ама ете ми тежеше и пишав,благодарам за советите.
@NOVAVON од се напишано, јас единствено не можам да поверувам дека нема работа за тебе. Еве не нас, еден тон дипломци кои работиме нешто дијаметрално различно од она што сме го завршиле, па живееме. Поентата ми е, не ти треба факултет, желба за работа ти треба. Има група на фб, онаа со женски домаќински муабети, пиши таму дека ти треба работичка, многу ќе ти се понудат. Треба да си свесна дека факултетската диплома нема да те вработи, џабе губиш време и пари со студиите, барем во моментов. Ако сакаш да си ги тргниш децата од таму , ќе истрпиш неколку тешки години, сфати го како цена која ја плаќаш ради тоа што си прифатила брак со овој човек. Инаку ако добро сфатив, ти си со вишок килограми, што сексуално го оддалечува мажот ти. Мразам такви ко****ња! Ако веќе остануваш и го трпиш, трчај по некој километар дневно, за кога конечно се охрабриш да го оставиш, да си умре идиотот од мака
@NOVAVON штом немаш поддршка никаква од твоите тогаш единствено решени е да бараш работа и да бегаш од таму. Макар била и келнерка како што спомнаа погоре. Па кај нас има келнери во ресторани кои земаат и по 25.000 ден плата. Барај било што само да имаш некоја своја пара. Кажи им на твоите дека ќе им помагаш финансиски колку можеш само тие да ти бодрат, а не да те враќат назад кај сопругот. Треба да им биде жал да го гледаат своете дете како страда.
Жал ми е @NOVAVON што поминуваш низ овој пеколен период низ животот. Имам прашањеза тебе. 5 години сте во брак, а немате деца. Тоа е целта или пробувате?
Пробувавме,ама има некои проблеми.меѓу кои ни спомнаа и кај двајцата намалување килажа и он се фати за мојата килажа ко слеп за стап. Ианку не ми е до деца периодов со него, не се децата проблем моментално. Проблем е немањето меѓусебна комуникација.
Бараш совет, но ништо не прифаќаш. Си пишала дека едно утро ти фрлил пари и дека си се почувствувала како проститутка. Ако одењето од кај него кај твоите и кај твоите другарки ко што си пишала го сметаш за ѓупски живот, тогаш сегашниов живот за каков го сметаш?