problemi vo brakot ahh ne sakam da dojde do razvod moite roditeli se razvedeni samo jas znam kolku i kako patev .. ke probam na sekoj nacin da go resam ovoj problem ..no ako so vremeto problemot ostane ist ne gledam drugo resenie osven da se razdelime .. i jas mislev deka toj e mojata srodna dusa no .. vo pravo si ne mozes da zapoznaes nekoj za 5 meseci .. sega na prvo mesto e mojata mala princeza koja ja ocekuvam so netrpenie i nisto drugo .. ponatamu ke vidime ..
problemi vo brakot Ах милата..мили и на малото,како ќе му биде поарно,да расте во средина каде мама и тато само се карат и живеат одвоен живот или да биде среќна со мама,а тато да го гледа од време на време. Сигурно не ти е лесно,пробајте да разоварате,немој да го претискаш,да го обвинуваш,пробај така на мирен начин убаво да зборите и да најдете решение дур не е касно.После кога ќе подпорасне,и ако тогаш се разделите ке и е потешко сигурно. Прави како што ти вели срцето. Дали ке се бориш,дали ке останеш размисли убаво за тоа.
problemi vo brakot Има тема за брачни проблеми, ама кога веќе коментирате да дадам и јас свое мислење. Долчевита, дали добро разбрав дека откако сте се земале живеете во Словенија? Каде се запознавте, кој на кого предложи брак? Каква е финансиската состојба на мажот ти ? Кога го прочитав твојот проблем, ме збуни што толку кратко сте во брак, плус и детенце ќе добиете, а веќе вакво однесување... чудно ми е. Прво што ми падна на памет е дека те земал за да добие пасош? Не знам баш како одат тие работи, ама знам за случаеви каде момчиња се мажат со некоја од странство само заради тоа. Искрено се надевам дека грешам. Инаку пробај да разговараш со него, нека ти каже што го мачи, и пробајте заедно да го решите проблемот доколку постои.
problemi vo brakot pa nie zborevme za brak no malce bevme i pod pritisok na drugite zatoa sto jas sedev kaj nego koga si odev za mk i cel grad bruese deka sedam kaj nego a ne sme vencani .. nie se sakame i toa ne ni pretstavuvase problem eden potpis na list .. a za pasos gresis zatoa sto toj ne sakase nikako da dojde vo slovenija no sepak go napravi valjda zaradi mene .. mozebi mu e tesko da se prilagodi ..
problemi vo brakot Мило ми е што грешам. Тогаш може навистина му е тешко да се прилагоди, што потполно го разбирам, нова земја, нови луѓе... меѓутоа не знам зошто сето тоа влијае на односот меѓу вас. Затоа, ти препорачувам да разговараш со него, тој најубаво ќе ти каже кој е проблемот, отколку ние тука само да претпоставуваме. Поздрав
феминки кај нас ситуацијата уште не се подобрила, ниту збор не си кажуваат се разминуваат како странци... предолго трае. што да направам? оставив, не се мешав, ај демек ќе си го решат сами проблемот ама не
Девојки ми треба еден совет. Во брак сум 3 месеци, а претходно одевме 10 години. не дека се бесе совршено но имавме заеднички јазик, се немаше случено да бидеме по неколку дена скарани. минатиот месец се преселивме да живееме кај моите и од тогас почна мојот пекол. На мажот ми се му смета, нервозен, само вика по мене цело маало го слуша, не го препознавам. Имаме посебен спрат, никој не се меша од моите, но него се му смета и за најмала глупост он ке си ги собира алиштата ке си оди. не знам што да правам.. Од нервоза ништо не јадам, не спијам, моите почнаа да се загрижуваат за мене, а кога ке пробам да разговарам со него зошто е толку нервозен, нормално се порекнува и јас сум за се крива. Ве молам посоветувајте ме што да правам оти губам разум веке... :'(
Единствен совет што можам да ти го дадам е - не брзај со деца. Врска е едно, брак е друго. Кога си во врска, се гледате кога сте расположени, некој саат во денот, а друго е со некој да делиш живот 24 часа дневно. Веројатно не сте живееле заедно пред брак, па ова е период на адаптација, кој за жал може да биде ваков каков што го опиша, а може балканското его му е повредено затоа што живее кај твоите. Може е и нешто трето, ова се само претпоставки од ракав. Не брзај со деца, и види како ќе се однесува. Пробај да ги средиш работите со мирен разговор, дај му време да се навикне, ама ако продолжи вака тогаш можеби најдобро би било да се разделите. Подобро сега, отколку кога ќе имате деца.
И јас би те советувала да му дадеш време. Не го претискај,остај го да се олади малце,остај го да прифати,да се навикне. И немој да не спиеш,да не јадеш..биди барем ти силната и издржи. Биди смирена,изведи го некаде надвор ако сака без да зборите за тоа и да го претискаш зошто така зошто онака,тој кога ќе се отпушти ќе си почне да збори. Така отпуштено да си зборите како порано кога сте биле во врска. Барем ја така би играла. Само немој да паничиш. Ќе биде се ОК,не сте заедно од вчера.
Е па не му е лесно, домазет е а живее во земја во која таквите мажи се сметаат за папучари. Може навистина му треба период на адаптација ако не сте живееле заедно пред бракот, ама и јас ќе ти кажам, не брзајте со деца. Види дали ќе се смени, или тој навистина си е ваков, само ти досега не си знаела. Немој да мислиш дека 10 години се доволни да запознаеш некого целосно, посебно ако воопшто не сте живееле заедно - може и да излезе дека не го познаваш воопшто. Разговарајте!
Драга моја сум поминала низ овој пат по кој одиш.И знам колку ти е тешко.И знам што се се меша во тебе и колку си на крајот со нервите.Мораш да бидеш стрплива зашто на него му е повредено егото.А сигурна сум дека отсрана некој и му кажал некој муабет и затоа е таков.Само трпение.Не го повишувај и ти гласот.Одведи го некаде настрана,на прошетка,на викенд и отворено разговарајте.Нека каже што го мачи,кажи му и ти дека не ти е лесно да си меѓу 2 огна.Ако те сака ќе биде со тебе.Можеби е ова и некој тест на неговата љубов.Покажи му дека неговите родители ги почитуваш исто како и твоите.Дека тој ти е на прво место.Ако толку не му се допаќа да седи тука еве најдете стан под кирија.Нека се соочи со сите можни пропратни трошоци.Нека се отвори пред тебе.Направи нешто само за него.Дружи се со неговите најблиски.И најважно не дозволувај твоите да приметат колку си нервозна.За жал овој товар ќе мораш сама да го износиш.Ти посакувам среќа.
Se nadevam deka se raboti samo za teskotii pri prilagoduvanje, oti inaku se si e najnormalno koga sme nadvor, ete bevme i na odmor se bese tamu super, ili kaj drugi luge, ama koga ke dojde doma, t.e. kaj moite ne znam kako da mu e tesna kozata. A jas sum stavena megu dva ogna, ne sum ni da mu odvratam, ne sum ni da pokutam, ne sakam da me slusaat drugite, a koga e smiren koga razgovarame, normalno deka ne priznava deka ima problem. tipicno maski. Se nadevam deka ke pomine ovoj period na adaptacija, no do togas jas ke go zagubam razumot...
Ај и јас да си побарам совет, можеби ќе ми дадете поинаква перспектива на мојата ептен замрсена ситуација. Прво сосема јасно ми е дека самата сум виновна за целата ситуација ама се чувствувам како да го гледам возот како иде накај мене а јас стојам на пругата и едноставно не можам да мрднам. Се почна пред 5 недели, со моите им организиравме да дојдаат семејството на снаа ми(за брат) да ја изненадиме, да бидаат и тие присутни за првиот роденден на внуците. Јас направив гарантно писмо за сестра и, татко ми за брат и, а брат ми за родителите, и од тогаш мира немам од сестра и. Седеше само една недела кај татко ми и после тоа со изговор дека многу плачеле бебињата побара да седи кај мене, малку чудно ми беше со оглед на тоа што имам и јас уште помало бебе кое исто плаче ама ај да не испадне дека не сум гостопримлива ја прибрав дома. Девојкава е напаст невидена, онака пред мои очи безобразно а и неуспешно пробува да го заведува мм, се шета по гаќи и прслук (кај мене е сред зима, топло не е па тоа да е изговор) излегува од купатило со некоја минимално крпче покриена, кога и реков дека не е воопшто пристојно така да се шета, ми се изнасмеа и ми рече немало потреба да се плашам од конкуренција На мм преку глава му е од нејзиното нападно однесување и последнива недела си отиде кај неговите да седи(тие не се дома на одмор се низ Европа) и ми напомена дека додека не ја решам ситуацијата со девојкава дека немал намера да се враќа дома. Сега мене јасно ми е дека најлесно решение е да и речам да си оди, меѓутоа мојот однос со снаата е сосема коректен, секој ден се гледаме, никогаш настрана не го погледнала татко ми, брат ми го обожава и е прекрасна мајка на моите внуци и сега треба нашиот однос да го уништувам само заради сестра и, таа ќе си оди за 4 недели а ние остануваме тука засекогаш. Колку да и објаснувам на снаата за тоа каква е сестра и, сепак и е сестра, сигурно нема да застане на моја страна против сопствената сестра, мада и нејзе и е криво што се потрошило солидна сума на пари за да дојдат тука и таа место со сестра и и внуците да седи, цело време со мене седи што не сум и ништо. Мм е многу повреден затоа што мисли дека секогаш го ставам моето семејство пред него, и го сфаќам ама ситуацијата не е или црно или бело како што мисли тој има и сива зона, знам дека мажот и детето треба да ми бидаат поважни од се ама па и без фамилија не се живее.
Лелеееее Лепо фино и кажи дека е на гости кај тебе стицај околности и ќе се однесува по правилата што ги имаа во таа куќа т.е твојата/вашата, ако не и одговара нека си отиде кај сестра и. Ако тебе не те послушала еве мажот и нека и го тресне муабетот во лице па можеби ќе се засрами малку и ќе и дојде памет. На крај краева подшепни му на брат ти или на снашка ти да си ја приберат кај нив. Сигурна сум дека ќе те разбере а и зетот мт да се прибере дома. Зар никој ништо не примети и праша кај е мажот ти? Сивата зона е компромис и да се издржат тие 4 недели додека не си отидат
^Татко ми 4 дена од неделата предава во друг град, не е дома а и да му кажам дека мм заради сестра и на снаата си отишол кај неговите ќе ги избрка сите од кај него дома, јас сум татина мезимица, не сакам да дојде до толкав карамбол затоа си ќутам. Инаку мм не му ја мисли колку јас што ја мислам и рече да се однесува и облекува попристојно и додека седи кај нас да не го замара, таа ја изврти целата работа како јас сум и љубоморна бидејќи е млада и сум го набедила со сила мм така да и рече, и ај разбери се. Брат ми пак и тој се наоѓа во средина иако сум му сестра нели треба секогаш на страната на жената да се биде и константно ја убедува сестра и да седи кај нив а таа никако кај мене и точка. Се мислам сега да си го земам малиот и да си отидам кај мм, неговите и овака не се враќаат уште 6 недели , кога веќе сеир ми пука дека си отишол мм, ќе ја оставам сама што сака нека прави.
А да разговараш со снаата, онака пријателски, доколку имате таков однос, да и кажеш дека и на тебе и на мм ви е непријатно што е толку слободна кај вас Сестра и е, но и самата е мајка и сопруга, доколку е разбрана би требало да те сфати и да разговара со неа.
Jaс би ја сосе куфери исфрлила во двор . Да ме истерува од мојот дом некоја си таму недостојна и мм да го брка па и сеир да ми води... Ние жените размислуваме до ситница и понекогаш нависитна тупиме до ситница додека пак мажите многу многу не се замараат. Земај малиот и правец кај мт поседи ден-два, три и уговорите како протерати уљеза кој веќе нема ни осет ни ништо и сака прљаво да игра и да се понаша во туѓа куќа напаѓајте заедно па веќе никогаш да не и текне да стапне кај вас (а и нема да може без ваше гаранциско писмо). Има некаква позадина и злобност штом така тврдо и достојно си стои дека кај вас ќе седи и точка. Тоа баш и не ми е толку нормално и ок. Како гостинка таа треба да се прилагоди на околината зашто е на гости а не тие на неа и таа да хара по туѓи куќи Како и да е, здружи го мажот ти, најдете компромис како да го решите проблемот.
Јас да сум на твое место би удрила еден јак врископиштачки секс со мм и тоа секоја вечер, и при тоа ќе ја замолам т.е. ќе и го тупнам и детето да го причува некој саат, не цела вечер нели Би и` рекла дека сакам да се потсетам на времето кога сме биле младенци и да вриштам од оргазми без да се плашам дека ќе го разбудам бебето. Само колку да види дека бракот, а со него и сексот, ми е екстра добар и дека не се плашам од конкуренција која не постои Само без нервози и тактички исфрли ја
Лолита ме изнасмеа Нема гајле девојкава, ми се чини на сред секс и во соба ќе ни влезе со понуда да ни се придружи Додека ве читам во снаи, свекрви и золви најискрено сум ги превртувала очите и сум си викала абе невозможно е да има волку злобни луѓе и ете си дочекав на моја глава да видам до каде може злобноста да оди, јас кога ќе видам брат ми колку е среќен со снаата и децата мене ми се исполнува душата а не да бидам јас причина за неговата несреќа пре ќе си пукам во глава. Девојкава има некое типично селско размислување дека само затоа што е помлад мм од мене мора да сака да биде со некоја помлада а таа е помлада и со самото тоа мисли подобра е од мене. Самата гледа дека не ја ферма мм, дека бракот ни е одличен, ме сака, почитува, помага низ дома, без обзир на тоа колку е уморен секогаш малиот му е во прв план и колку да не сум верувала дека некоја што би требало да ти биде блиска ти е љубоморна до тој степен да сака да ти го растури бракот ете сега самата се уверив, на жалост. Инаку разговарав и со снаата и со мајка и, демек незгодно ми што цело време поминува со мене, моите се ставиле во големи трошкови(за нејзе и за брат и се депонираа по $15.000 а за родителите дека постари по $10.000 плус карти не е мала сума на пари) за да се виде со сестра и и со внуците а таа со мене седи, којзнае кога пак вака во живо ќе се видат и тие се согласуваат дека однесувањето не и е баш нормално ама ништо не и викаат. Инаку ептен манипулаторка е кога нејзините се во близина се однесува како калуѓерка а нив ги нема ехеј одма се појавува заведувачката И во право е Славица ние жените многу некогаш ја тупиме, мм вика дека ако видел некој од неговите браќа да и се пуштаат на снаа ми, би им рекол пред сите да ги засрами а ако продолжаат со нивното однесување би прекинал контакт со нив, истото го очекува и од мене
bittersweet не си ја лупај главата, само потсетувај се дека ќе потрае уште 1 месец, и после очи нема да ѝ видиш којзнае колку време. Епа за 4 недели не вреди да си расипуваш односи со никого, ни со брат, ниту со снаа, ниту со никого. Што ќе постигнеш ако ја накодошиш што мустра е (ова народски кажано, не ми текнува посоодветен збор сега) на сестра ѝ? Апсолутно ништо, ќе испаднеш само лошата, баба-рога, па на сета жртва која си ја удрила да дојдат па и крива да испаднеш на крај. Или убеди го маж ти да се врати, и акнете го гласниот секс и тотален игнор на младата дама, или фино лепо како што кажа збери алиштенцата, детето и придружи му се на ММ, штом имате друга празна куќа, па седете си на раат. Кажи ѝ - сакам да се чувствуваш удобно и гола ако сакаш да се прошеташ, па еве ти цела куќа празна на располагање само за тебе. Не ѝ покажувај гнев и лутина, дупчи ја поштено, ќе ѝ дојде памет. На таквите башка не им е интересно кога се на игнор, нема кого да реметат, и ќе се опамети. Ремети ја ти малку, на еден суптилен и интелигентен начин.