И јас кога читав го делам мислењето на Битерсвит- тука вриштечки секс не помага, типката веднаш би се придружила, очигледно е дека е тешко курвиче Мое мислење е да ја викнеш сестра и, и додека седите трите да кажеш дека толку труд сте вложиле, нема смисла сега кога е во Австралија да не биде со неа, дека треба да бидат заедно итн и кажи и ајде ќе ти помогнеме да се спакуваш и право со сестра ти да се појдеш кај неа Само додека го пишувам ова се мислам пак дали и колку е тоа добро- немој додека е кај неа да најде некој маж и да остане (очигледно тоа нема да и е проблем, а јасни се нејзините компетенции) па тогаш да не можеш да се решиш од неа никогаш А колку време/километри сте оддалечени ти и брат ти? И колкава е типкава? Тешка ситуација, не знам како се воздржуваш да не ја размаваш. Инаку ова воопшто не ме изненадува, знам за такви случаи каде снаата оди на гости кај сестрата на маж и и` и таму пробува да го заведе мажот на снаата и неговиот брат, им пушта порно додека нема никој друг- тие ја гледаат намерата, тоа трае со денови кога нема никој друг-ја оставаат до каде ќе оди, а отишла доста далеку пред сватот, до орален секс и се соблекла гола и овој ја избркал како куче, ама пак што им било страно непријатно од целата ситуација и од тоа каква жена им е роднина што би се рекло, никогаш не кажале нити на сопругата на едниот нити на сопругот на курвиштето, ама се погрижиле да ја понижат секогаш кога мора да ја гледаат и да и дадат до знаење дека никогаш веќе не е добредојдена во нивната куќа. Таквите мислат дека вака никогаш нема да се дознае кои курви се затоа што и другата страна е загрозена и не смее никогаш да каже, и мислат дека се сигурни Грозно Така што страшно е бре, како можат така, жена со деца да се шетка провокативно облечена и да пробува да ги заведува мажите во куќата додека маж и ја пратил со целата доверба кај неговата сестра Подобро сега кога ќе размислам, оди до маж ти, па пак врати се и така 4 недели држи ја под контрола, немој да остане како што кажав да најде некој, па после да си ја чукаш главата цел живот како можел да те ебе ѓаволот да и правиш гарантно писмо Поздрав жено и секое добро, верувам дека си запрепастена и згрозена.
Јас ке речам иди си при маж ти. На раат, ке си се разберете со него, сами, се знаете кои сте. На фамилијата ако се интересира што сакате или се договорите тоа им кажете. Дали дека чувате куката додека неговите се на одмор, да немој да разбие некој ако намириса празна кука со денови, а кај вас секако веке некој спие, или дека ви треба место насамо малку. Крај краева, они што сакаат нека мислат ама барем вие не испагате лошите домакини да го исфрлете тој партал на улица, да ризикувате фамилијарни односи или да не спиете по различни куки месец дена. Оваа што ке прави сама? Оро да не игра. Па и нека игра, на гаки оро нека игра ако сака, за еден ден ке и досади. Нема пред кој да се чепати, те нема тебе да те нервира, никој не ја титри, ем ти и момчето твое да не се карате за нејни недораснати глупости.
На такви личности како неа, најважно е само тие да се во право. И мислам дека затоа и снаата твоја многу добро ја знае, па затоа и не реагира никако. Си знае што личност е таа и затоа не реагира. Од другата страна постои уште една можност. „Скриен’’ договорен разговор помеѓу тебе и сопругот, но таа се да слуша. Нека го слушне и вашето, а не само вие да се нервирате за неа. Или пак, фино директно соочување на сопругот со неа. Ако е доволно „психички добра и здрава ’’ ќе сфати. Доволен е само еден збор од сопругот како таа невкусно е облечена во туѓа куќа. Можеби ќе вроди со плод или ќе се засрами од тоа. Ми се допадна советот на Trendafilka и потполно се согласувам со неа. За неа, ако не сфаќа ништо, преостанува само секојдневното културно буцкање, за да се сети.
Битерсвит јас не би ти препорачала да ја оставиш сама дома и да одиш кај маж ти во другата куќа. Како што е ваква невоспитана, ќе ти претура низ цела куќа па и ќе ти украде нешто. Штом сопругот твој не и обрнува внимание, немој и ти да и се замараш. Кажи му на сопругот да и го плесне во фаца, нека и каже вака дома пред татко ти да си се шеташ а не пред нас. Викни си го дома, и како што кажа лолитка, заклучи врата од спална, остај го малиот во креветче, и удрете еден вриштечки секс, она у меѓувреме нека си пука од љубомора, излезете после тоа двајцата разголени по долна облека и пикнете се заедно под туш и таква одма после сексот излези и речи и причувај го малку додека се истушираме клуч на купатило, под туш си искачате и ич не ја рецкате. И крај краева нема тука срам не срам, кога таа нема срам и нејзините не превземаат ништо за да и го сменат однесувањето. Соберете се сите кај брат ти, и нејзините и таа и вие туто комплето. Маж ти нека им каже, извинете јас морам нешто да кажам. Не сакам да ме сфатите погрешно, ама мислам дека ХХХ треба да си дојде да седи со мајка и и татко, и не сакам да ми се шета мене дома полуразголена девојка Сакале се лутеле сакале не се лутеле. Ако на неа не и е непријатно на нас ни е непријатно. Нема тука срам. Твоето семејството е најважно. Нема да дозволиш некоја курва да ти ја уништи хармонијата во бракот. Ако твојот брат и снаа, и нејзините родители се доволно свесни и паметни ќе сфатат дека ова не е кажано со лоша намера. Поздрав.
Нема ти што да се замеруваш со снаа ти, фино на брат ти објасни му дека на вашето гостопримство му дојде крај и дека тебе со мало дете ти треба мир и приватност и толку. Нема ни зошто да се правдаш а снаа ти ако се лути тогаш тоа е нејзин проблем. Мислам хелоу, до каде стигнал светов. И да не се шета гола и да е многу фина мене би ми сметала. Одговорност е да имаш дома туѓ човек, што за јадење што за чистење..... Јас на маж ми да му кажам дека некој си ојле дојле ќе спие живее кај нас ќе се изнасмее слатко па после ќе и испрати линк од хотел во близина.
Нема потреба да се спушташ на нејзино ниво, да играш игри и да изиграваш кловн во сопствениот дом само за неа да и докажеш нешто. Твој дом, твоја фамилија, твои правила кои ќе си ги кажеш гласно и јасно. Ако таа не ги почитува како гост најди начин културно да ја исфрлиш... А снаата ако е толку добра како што ја опиша би требало да те сфати и да биде благодарна за тоа што си го направила за неа и нејзината фамилија а не да ти зема за зло... Опуштено, и покажи и ја вратата со насмевка, верувам ќе најдеш начин...
Се согласувам. Особено НИКАКО да не ја оставите сама да ви седи дома. Ако имала таа малку мозок и срам немаше да го злоупотребува вашето гостопримство. Секој родител си ги познава добро децата - знае што мустри му се. Сигурна сум дека и нејзините родители ја познаваат и се чудам зошто не реагираат?!?! И сестра и (т.е. снаа ти) ја знае - гарант. Јас сметам дека треба да ја седнеш снаа ти (на само) и фино убаво да и објасниш. Посредници не ти требаат (не го шири огнот). Објаснии и дека таа (снаа ти) ти е многу мила и дека за да ја израдувате нејзе толку многу сте се заложиле и би направиле уште многу за неа, но...е тука фино лепо, ќе и објасниш дека сестра и е премногу либерална за твој вкус и за вкусот на мажот ти, дури можеш да и откриеш и по некој детал. Понуди и нејзините родители да ги земеш кај тебе (да направите трампа) за преостанатите недели. Објасни и дека би направила се за неа и за брат ти, но дека семејството ти е на прво место. Слободно кажи и дека твојот сопруг заради сестра и си отишол од дома. Дури и да ти се налути - нема да трае тоа цел живот. Кога -тогаш сестра и ќе си ги покаже роговите. Најнапред, сигурна сум дека снаа ти знае и точно поради која причина сестра и дошла кај вас (тоа не е сопругот твој, убедена сум дека тие две воопшто не се трпат) според тоа сметам дека ќе те разбере. Па дури и да се налути, мила, без фамилија -точно дека не се живее, но семејството е пред пошироката фамилија. И најважно, повикај го мажот ти што побрзо да се врати дома, па кога ќе помислам можеби најдобро ќе биде ако мажот ти и објасни на снаа ти за настанатата ситуација. Многу поубедливо ќе биде.
otkako sme vo brak mnogu retko imame sex,celo vreme prati kladilnica i mislam deka se plasi od finansiski aspekt,bidejki jas ne rabotam...dali ste imale slicna situacija da zaladat odnosite vo prvite godini od brakot?
Нема веза дали е првите години во брак, после неколку години или било кога односи да се изладат. Ако се оладат сексуалните односи секогаш има друг проблем. А не значи по правило дека мора првите години да се долг меден месец. Јас и по 11 години брак не прифаќам за нормално, дека е од времето поминато фактор само по себе да се односите мегу нас оладат. Имаме падови, како и во секоја долга врска, ама ќе се свестиме, проблемот што се појавил меѓу нас ќе го решиме и ќе надоместиме за изгубеното време Кладилниците се добри за разонода, не за пари правење, и баш кога некој се залаже дека со кладење ќе се обогати, стануваат проблем. Кај вас тука лежи зајакот а не во кревет. Маж ти се навлекол со тоа зло, сигурно се карате, ќе си дојде дома не добил пари на кладба, изнервиран, ти изнервирана оти и покрај нервозите за финансии он фрла пари и чека да падне од небо на среќа, епа не оди тоа така и од каде тука атмосфера за милување и секс? Не знам момчето колку ти е зависно од овие места, ама еднаш човек крене ли по таков пат многу е тешко да се одвикне. Ти колку и да му викаш да не оди и да не се клади он пак ќе оди. Исто како да бараш алкохоличар да се одвикне од пиење, пушач од цигари, наркоман од дрога. Ваков проблем имаш дома за жал, не само секс дека нема па да му бараш чаре за тоа, макар што те разбирам дека тебе тоа ти е потребата и затоа тука го нагласуваш проблемот на неколку теми. За жал не можам да те советувам, не сум поминала такво нешто и не знам што да ти речам, како да постапиш или како да разговараш со маж ти, да му помогнеш да разбере дека треба да престане тоа што го прави или како да го поддржиш ако реши дека сака и самиот да престане со кладење.
Првин сакам да ви се заблагодарам на сите што одвоивте време да ме посоветувате навистина ми помогнавте да ја решам ситуацијата. Девојкава од кога ми се запна да сум кажала, та да сум кажала дека мм си отишол и зошто ми светна сијалицата што уствари и е проблемот на девојкава-љубоморна е и тоа не на мене туку на сопствената сестра, да може ќе си касне од газот дека сестра и си живее супер живот Таа не мислела дека до толку ќе ја толерирам туку ќе одам да се пожалам на сестра и, нејзините ќе си ја бранат нејзе,моите мене и ете општ карамбол, растурањето на мојот брак би бил во случајов collateral damage во нејзиниот расипан план да и ја уништи среќата на сестра и. Ја седнав и кажав да не ја отвара устата додека не завршам и објаснив дека не сум глупава и најлесна работа е да ја фатам за коси да ја исфрлам како партал ама дека за разлика од неа јас си го сакам братот и неговата среќа ми е важна така да за уште 3,5 недели и на трепките да ми се обеси нема да реагирам. Ја прашав дали додека го смисувала планот размислила барем малку на родителите, мислам да отидев да кажев што им прави ќерката ќе си приумреа луѓево од срам, во туѓа држава, во туѓа куќа што ќе правеа??? ама пак јас и за нив размислувам и заради ѓубре како неа нема да им го скратам задоволството да бидат со ќерката и внуците. На крај и се изнасмеав затоа што додека ни копаше на сите нас гроб сама си падна во дупката, сестра и гледајќи дека не и ги ферма децата почна да и ги игнорира желбите а досега беше како аладинова ламба на бескрајните желби на девојкава,(козметика, облека, телефони итн) и да не се чуди наредниот пат кога ќе им пристигне пакет за неа внатре да има шипинки. На мм одкога му објаснив што и бил планот на девојкава, пробав да му ја преведам оно да умре козата на комшијата, или модерната верзија да умре комшијата да му ја земам козата дека сме малку чукнат народ (не сите ) си дојде дома и комплетно ја игнорира девојкава. Таа пак како покиснат глушец е два дена, пробува сега со сестра и добра да се прави ама и таа ја игнорира, брат ми ме прашува што и е, му викам остај сега кога ќе си одат ќе ти кажам. Така да изгледа после ово веќе никогаш нема да ја видам, стварно невиден резил е тоа да сакаш да и го уништиш животот на сопствената сестра, место да биде среќна дека си живее убаво таа и љубомори ццц болести.
E ова мислам дека никој овде не го очекуваше . Значи имало и бетер од курвичиња- личности кои сакаат да им напакостат на најблиските без причина Па немаат ли близина, ако толку и се допаѓал животот кој што го живее сестра и`, можела да и` каже со тек на време да и средат докумети па и таа да дојде и да се обиде да има таков живот, а не да уништува веќе создадена среќа Страшно нешто, не можам да се изначудам. Во секој случај крајот испадна супер за сите вас, освен за неа. И како го преведе тоа да му умре козата на комшијата жити се таму треба да му умре кенгурот на комшијата Мило ми е што сепак се добро завршило за тебе Битерсвит
^Таа годинава треба да дипломира, магистрира незнам што точно и никогаш не би правел брат ми проблем на снаата да си ги донесе нејзините тука, сите ќе сме помогнале да се снајдаат, и го кажав и нејзе тоа ама со тој шуплив памет што го има ништо во животот нема да постигне. Близина имале како помали ама кога се земаа со брат ми оваа се нешто е незадоволна, си мисли изгледа дека снаа ми не заслужува да биде среќна, да не се секира за материјални работи, сите да ја почитуваат и сакаат, иако цело време им помага на нејзините изгледа оваа си мисли дека не е доволно тоа, треба да и биде и на снаа ми мизерен животот па да биде среќна сестра и, бог да чува. Преводот беше страшна работа неможев да споредам козата со кенгури зошто тука 2 пати во годината им се прави отстрел зошто превише се котаат и се напаст, му објаснив некако, не дека му е јасна работата важно си дојде дома. Фала ти Сеси за убавите желби
Јас читав за твојава ситуација битерсвит, и сакав да пишам, ама моето решение не ќе да беше баш најдобро, бидејќи и јас имам нерешена ситуација која уште ми го мати умот, ама тоа е веќе друга тема. Искрено, мило ми е што се реши се на најбезболен начин, односно успеавте да си ги зачувате односите. Убаво си ја построила, наместо да се жалиш на сестра и' и нејзините, затоа што и со најдобри намери да си кажала нешто, сè некој можел погрешно да сфати и да настане хаос. Не ме чуди и тоа што била љубоморна на сопствената сестра, бидејќи нашиов народ е таков, не трпи кога другиот има убав живот, па макар бил и близок роднина. Па затоа и се наоѓа начин да се наштети, без разлика на последиците кои неизбежно ќе уследат. Јас не можам да сфатам, да сака да растури среќа на своја сопствена сестра :facepalm: наместо да сфати дека има предност со тоа што е сестра и' во странство и може да ја повлече, го бира полошиот и потешкиот начин. Сеси, јас не би се чудела да сум на твое место... јас само не ја сфаќам појавата на љубомора, ама не ме чуди веќе тоа дека некој е способен на сè, за да го добие она што го сака. Тие луѓе за жал, не се ретки.
извини вака дирекно ноооооо.. ти си млада имас подрска од твоите. така дааа продужи дајле а баска си Чула на денесно време брак од интерес а? ако си Чула . сега си осетила се најдобро ти поксаувам .. но не ти треба тој ..
Здраво и еден огромен поздрав до сите јас сум нова на форумов досега немам коментирано но се пронајдов некако и си реков да се ослободам од оваа моја мака бидееќи до сеа со никого немам коментирано на оваа тема понекогаш со мајками ама се до граница несакам да ја нервирам водеќии чест на другите и она народноно народот да не ми се смеее или што ќе каже народот јас се најдов онаму кај што се наогам сега .Имам 31 година мажена мајка на 2 деца додуша млада се омажив и многу работи ми поминаа низ глава .Мажми го познавав кратко време се земавме на почетокот се ок нели љубов секој да ни подзавиди арно ама се се смени тој фино лепо си се заврте по неговите почна да си влече јас нормално ќутам страм од народ несмеам да зборам а и ако зборам немам фајде бидееќи неговата мајка била позната домаќинка во селото стрес до стрес немаше ден да не сум расплакана или нанервирана не постоел таков ден Се разболев на нервна база од прејака нервоза што сум собирала во себе почнав да се онесвестувам ме примија во болница скоро 1 месец лежев ме испитувааа за на крај да ми дадат дијагноза ЕПИЛИЕПСИЈА јас во мојата фамилија немам таков болен ,во мојот живот се немам пожалено од глава да ме боли неможев да поверувам што ми се случува ви пишувам за последниве 5 години пред тоа не ни сакам да зборувам што се случуваше овие последниве години станавме далечни секс во месец 2 пати и тоа на моја инцијатива пред сите што не знаат имаме прикажано слика дека сме најсреќен пар на светот пред децата несум дозволила да почуствувааат дека нешто не е ок не излегува без мене никаде навечер со другари исто така не а сме далечни ко господ и земја и знаете што е најинтересното што јас го сакам неможам и јас самата да се разберам моментално се наоѓам во некоја си глупава анксиозна состојба а на него немуе гајле само ќе ми рече па што тие само тебе тие тешко љубов нема шанси да сум почуствувала од негова страна последниве 5 години значи челик незнам шо човек ке беше верувајте ми го пишувам ова и плачам зошто јас да поминувам низ вакво нешто НИТУ СУМ ГО ИЗНЕВЕРИЛА,НИТУ СУМ ГРДА незнам како и што веќе да направам 1000000000000000000000000000 пати го имам седнато на муабет не вреди исто како на камен да збориш и само тоа мене вака мие ок ако не ти одговара одиси а кај јас да одам со 2 деца невработена моите исто не се баш финансиски добро обезбедени ве молам дајте некој совет ГОЛЕМ ПОЗДРАВ ДО СИТЕ
ОСАМЕНАМАЈКА прво секоја чест што цел проблем успешно си го скрила од децата,меѓутоа децата чувствуваат кога мајката пати а сега што криеш и чуваш се во себе само заради ДОБРИОТ ГЛАС МЕЃУ НАРОДОТ И СТАТУСОТ НА ДОМАКИНКА ВО СЕЛОТО е голема,кобна грешка по тебе...Значи мое мислење е да се избориш со сите тие глупости од типот ах шо ке речат,мислат за мене,кој што сака можи да си речи и кажи УСТАТА НА НАРОДОТ НЕМОЖИ ДА СЕ ЗАТВОРИ,гледаш дека никој во таа куќа не те цени ни почитува па редно е сама да почниш да се почитуваш.Кренија главата,прекини со плачење(си се разболила сериозно од нерви и стрес),почни да си правиш работи само за своја душа,мисли на себе и на своите дечиња кој ќе се грижи за нив,свекрвата на игнор а и со сопругот строго и одсечно(ама муабет мажот кажал ако не ти чини оди си дома )па ти прај си само како што ти чини тебе па ако нему не му чини тој нека си ја чука главата(колку ме нервираат муабети од вакви мамини синчиња)..
Немој да очајуваш и да запаѓаш во депресии,така само на самата себеси најмногу си штетиш и си го губиш здравјето.Најпрво поработи на сопствената самодоверба,обиди се да најдеш работа ,што било,на тој начин ќе имаш еден вид на слобода,ќе излегуваш од дома,ќе смениш мисли,сега си во состојба на целосна зависност и потчинетост,мислиш дека целиот свет се врти околу него и бараш излез,покажи му дека можеш да функционираш и без него. Незнам јас која е причината што тој така се сменил за 360 степени но,мора да има некоја причина дали е тоа постојаното мешање на неговата мајка,се таа знае ,се таа е во право,само таа треба да наредува и команда,само таа е домаќинка во тој случај не му дозволувај на маминото синче да те уценува,покажи му заби, не му дозволувај повеќе да те потценува и маргинализира...Кажи му јасно и гласно или ќе се изменат некои работи или ќе си бараш друго решение па тој нека се подзамисли малку...а не тој вака си е навикнат знае и е сигурен дека ти нема да превземеш ништо и баш му е гајле додека жена му се влече по болници...твое е да повлечеш црвена линија... А за тоа што ќе каже и како ќе каже народот ич да не се секираш,никој не е во кожата на другиот па да знае како му е,твојот живот е само твој и само ти одлучуваш како понатаму... За џабе е глумењето пред другите дека имате скоро совршен брак кога вие двајцата совршено многу добро знаете дека не е така,се надевам дека ќе најдете заеднички компромис и ќе се средите но,волја и желба треба да има и од негова страна....ако не организирај некое патување само за вас двајца,еден викенд негде насамо и обиди се да му се приближиш...
Најпрвин да ве поздравам и да ви се заблагодарам за подршката и советите внимателно прочитав за се што ми имате пишано да сакам да излезам и да работам здрава права нормална но тој ми вели абе оди ти ке работиш ти ке ми донецеш пари да не сум јас ништо и несакам децата да ме слушаат што тој зборува јас во секунда прекинувам и ништо не одговорам понатаму единствено што чуствувам во тој момент е некое глупаво чуство на страв морници по цело тело едноставно ко целата да сум укочена и нон стоп мие животот таков е кога ке дојде некој тогашшшшшшшшшшшшшшшшшшшш сме најсаканите најзаљубените незнам веќе дали да појдам по гатачки можеби ќе ви изгледа смешно но ми се вртат такви мисли со свекрвата немам некаква комуникација аи кога ке ми се обрати чуствувам некој страв поцнуваат нозе да ми се тресат гласот ми трепери стварно неможам да опишам колку е гадно а ми доаѓа на моменти да земам и да ја удавам колку злоба носи во неа нее толку тешка и да повлечам црвена линија ништо друго не ми преостанува освен развод тој ни чуства има ниту страм кај да идам со 2 деца животот мие хаос незнам веќе како да постапам и што да направам верувајте незнам ниту почит има спрема мене ниту љубов ниту секс незнам шо барам овде АМА ОД КАДЕ ДА ЈА ИСЦРПАМ ТАА СИЛА ДА СИ ЗАМИНАМ ОД КАДЕ со мајками кога зборев ми рече немој да мислиш дека на некого муе арно сите си имаат маки АМА ВЕРУВАЈТЕ ОД МОЈАТА МАКА НЕМА ПОГОЛЕМА ОВА Е НЕИЗДРЖЛИВО
Жено, прво ти сама си се уништила, ставајќи го народот пред сопственото Јас и деца. Претпоставувам дека се замараш затоа што така си задоена, што се гледа по коментарот на мајка ти. Е па ти повеќе не си ниту мала, ниту малоумна. Мораш да си го земеш животот во свои раце, и конечно да си покажеш самата на себе како треба да се живее! Децата од тебе добиваат пример, свесна си нели? И немој да се залажуваш дека ништо не знаат и не осеќаат.....тоа може на комшиите очи да им мачкате (мада чисто сумњам дека и тие нешто ви паѓаат на „заљубените“ фори, пар кој има проблем се познава од авион), ама на децата кои константно се со вас - јок. Тресењето и неможноста да вратиш вербално, било на свекрвата било на сопругот, ти е од намалената самодоверба, ако воопшто ја имаш.....ти МОРАШ да почниш да работиш, да најдиш свое хоби, да си ги земаш децата на шетање низ град со СВОИ пари и секој ден да си повторуваш во огледало дека ти на себе си си најдобра, и дека децата твои заслужуваат среќна, самоуверена и задоволна мајка! Тргни од мртвава точка, најди работа, заангажирај се повеќе околу децата и игнорирај го некое време сопругот. Некоја од овие акции ќе „потегни“ некаква реакција сигурно, па тогаш смирена и самоуверена постави си ги своите услови. Не се плаши, никој ништо не ти може! Сами на себе сме си најголеми непријатели.
ТИ БЛАГОДАРАМ ДУШО НА СОВЕТОТ ЌЕ ГО НАПРАВАМ ТОА БЕЗ РАЗЛИКА КАКО И ДА РЕАГИРА И ШТО ДА ЗБОРИ ТИ БЛАГОДАРАМ НА КОМЕНТАРОТ МНОГУ МИ БЕШЕ ОД КОРИСТ КЕ ТЕ ПОСЛУШАМ И КЕ ПИШАМ ДАЛИ ИМА ПРОМЕНИ ИЛИ НЕ ПОЗДРАВ