Ja bev u slicna situacija ali srekata bese na moja strana da odime kaj mojte da ziveeme 2god i da si kupime kuka... Sea sme sreken par so 3decinja na 27god a on 28 god... Ti ja posakuvam celata sreka na ovoj svet...
Вау, браво за дечињата, нека ти се живи и здрави. Јас сепак пак че речам, немам подржка од моите, мн се проблематични и во кавги сум цел живот. Мм го знае тоа, тој беше првиот на кој му ги доверив сите проблеми, и на почеток мн ме подржуваше. Сега,понекогаш мислам дека ми е најголем непријател, и ми е страв да се побунам одма настанува кавга, и му гледам омраза во очите. Молчев и пред некој ден решивна сестра ми да се изјадам, па се покајав, девојката се утепа од плачење кога и реков дека мијам садови надвор, т.е сега во купатило и каде готвам. ПА решив да си молчам, да не ја ископлексирам повеќе.
Bidi hrabra imav golema sreka sto mm e seuste pokraj se sto ke odlucam so mene.... Ti posakuva se da ti se ispolni iako posle loso ima i dobro...
Најди си работа и нешто под кирија, евентуално кај твоите. Колку и да е тешко кај нив, ако имаш работа сигурно ќе биде полесно. Тогаш никој нема да ти го земе детето, колку сака нека се заканува. Ако не преземеш нешто наскоро, анксиозноста ќе премине во многу полоша состојба. Заради детето обиди се да биде подобро. Штом мажот ти рекол дека не те поднесува, не знам зошто уште седиш во таа куќа.
Батали провокации и прашања што врска немаат со ситуацијата во која што си.Многу ми е жал што го пишуваш ова и плус со анксиозни напади дека си.Најдобро е како и да е да молиш кај твоите некое време да се засолниш додека се стабилизираш. Твои се,сакале не сакале ќе те приберат. Објасни им се најубаво и најискрено дека си жртва на психолошка тортура и дека се мачиш плус со анксиозност дека ти треба мир да се соземеш и да решиш што понатаму со својот живот.Ако не успееш во ова не ми се верува дека ќе се смириш доволно добро за да започнеш нов живот растеретена од сите товари на сегашниов. Упорност и со многу многу сили почни и помогни си прво ти самата на себе си а потоа и другите ќе ти се придружат но најважно на почеток поддршка само од твоите додека се смириш/стабилизираш. Дете имаш за раснење не е тоа мала работа.Ако не за тебе за детето успеј.
Luge lesno e da se kaze so zbor najdi si rabota arno ama vo nasava makedonija kade taa rabota? Roditelite nejkat ni da slisnat. Stom mu gi kaza domasnite problemi na nego, uste koga ti bil decko, toj sega go iskoristuva toa mislejki ke ja maltreriram kolku sakam ona ke sedi, nema kaj da odi. Bezobrazen eden. Vidi na google nekakov broj od nekoj centar za zeni, informiraj se posle razmisli si ubavo sto sakas da napravis. Ne e lesno da se zivee sekoj den so kavgi, znam kako ti e. Se nadevam ke najdes nesto.
Женички не можам кај моите, реков од нив побегнав. Татко и тежок алкохоличар, што во пијанка заборава кој што му е пцуе, тепа, малтретира. Брат бивши робијаш и наркоман. И мислев дека ќе имам среќа во бракот дека ќе се отарасмод нервози, но не.. Не се исти ни толку големи,но најверојатно немам нерви веќе, и барам барем малку подршка и разбирање. А за анксиозноста и депресијата, не можам ни да одам на психијатар, за мм тоа е есфатливо и ненормално моите стравов и мисли. Доста и се борам и воздржувам ради детето, ради него и седам тука. А работам од дома , но тоа е минимално за да одам сама под кирија. Не знам, и самата барам излез од ситуацијата.
Тогаш штеди подолго време за кога ќе можеш да застанеш на свои нозе. Маж ти што мисли за одење на психијатар не е негова работа. Најди психијатар/психолог од соседен град ете да не те знае никој,снајди се некако,неопходна ти е стручна помош да ти се растераат сите црни мисли.Со минато од семејство од кое потекнуваш секогаш ќе запаѓаш во нефункционални фамилии. Работи на себе си на својата личност. Кога ќе почнеш ти да се менуваш,ќе започнат да се менуваат и работите околу тебе т.е. тоа сега што ти пречи нема ни да го приметуваш. Менувај се под итно.
... секој брак кој е склучен поради некој друг (родител,околина) поради интерес(финансиски,рејтинг) или брак кој е склучен прерано или прекрасно или брак кој е склучен поради бременост прашање на ден кога ќе има криза која и на глава да се дуби не може да избегне, поправи... ...за све друго што не спаѓа во горе наведеното, а се склучило брак секогаш ќе има пребродување и спас и поминување на криза која во овој случај е нормална појава !
Незнаев кај да го поставам прашањево па решив тука ако не е соодветно преместете го. Живеам со свекор свекрва и золва ниту јас ниту мм не работиме ..Се работи земјоделие Јас еден период почнав да ода на работа но свекрвата кажа немогла да ги гледа децата да сум остајла работава..Ајде оставив му зборам на мажот да оди тој некаде и само а денес а утре и се така поминаа 5години Ако некаде сакам да ода. Или заедно да одаме треба да се прашат дома кога земав плата ми кажа дома да ја дадам платата..Ние седиме на втор спрат ама немаме кујна и не дозволуваат да се направи имало други трошоци...Кога идаат моите седиме долу кај нив сите мајками и ме пита зошто долу може сакаме сами да си поседеме кога му реков на мм за врат ке ме фанеше што тука ке сме седеле страмота било што имало мајками да ми кажува кај треба кај не сакаш да не одиш повеке кај нив така ми стои ми вели..Никогаш не застанува на моја страна ме преви ненормална бидејки сум нервозна па некогаш и се дерам на децата после плачам ама неможам да издржам па ме прави секаква..Ми вели не сум била благодарна за децата давале пари за нас што требало му викам па затоа не сакам тие да ни дават сакам ние ми вели јас сум задоволен од моите родители и тие ке бидат задоволни од нас..Немам сили веке му реков сакам живот сами да си живееме како сакаме почна да вика ти не си нормална да не сум чул уште еднаш таков збор од твоја уста оти ке ти ја скапам..Немам сили повеке секојн ден тонаам
... мое мислење, мора да пресечеш сега додека си млада и додека се уште имаш можност да го спасиш бракот, највероватно живеете во село и таквото живеење да си покорна на свекор,свекрва ем золва само ќе ти го отежнува проблемот секојдневно, одлучи се и тргни се, макар и под кирија во најблискиот град, предходно разговарај со мажот дека вака не иде и дека ако те сака да се тргнете од заедницата и сами да живеете, децата ќе ги носите во градинка/училиште, а вие двјацата ќе најдете работа и ќе живеете од тоа.... ако не сака тој тоа, тогаш консултирај се со социјални грижи кажи дека си малтретирана дека децата не растат во нормална смирена средина и ако треба ќе бидеш самохрана мајка, ќе добиеш надоместок ќе ги имаш децата, ама барем ќе бидеш среќна, тука се и твоите домашни кои сигурна сум дека ќе ти дадат подршка, а за кратко време, сигурна сум дека и мажот твој ќе ти се придружи иако е мамин син, тој со нив е повеќе од страв одколку од почит, па самиот ќе сознае дека неговото место е покрај тебе и децата, а не покрај мајка му и татко му...
На 24 април 2017 Вчера во 18:27 т.е. 19 декември 2017 Во меѓувреме на 9 јуни 2017 А на 19 јули 2017 сте биле на одмор П.С. Имам слободно време.
Имам пишувано тука за моите поблеми,па затоа сакам пак да се што се вели изјадам, бидејќи споманв немам на кого. Значи се врти истата приказна-јас го одржувам бракот и се во него, од домаќинство, внимание, комуникација па се до секс. Но тој вооптшо не се менува, во секоја кавга или разговоро му велам да се семни, да комуницира,да ми обрнува внимание..Ми вели ќе се смени не може без мене и детето и толку.Ние 6 год сме заедно, 4 во брак а тој е се полош...А знам каков е со другите се смее, зборува не можеш да дојдеш до збор од него.Останаме ли сами е друг човек. Се дог и за нова година не сме заедно никогаш слаеле, келнер е. И тој со неговото друштво се слушнал и им реколо да ќе одие со вас, и без да се консултира со мене. Ајде прооголтав. Но вчера кога видов како со неговите колеги прави муабет се смее, не можев веќе, пукнав, се скаравме. Многу лоши работи си кажуваме во кавга осебно тој на мене,страшно е. И му реков не сакам да одиме за ноа го никаде, не сакам да глума дека сме среќни(а и прескапо е).И неговиот пдговор веднаш е, штом не сакаш да си со мене пакувај се и оди си. Одамна би, но пишав немам каде а детето не му го отавам, јас сама и би се снашла но кај со двегодишно дете...Многу ми е криво што во ништо никогаш немав среќа...цел живот ми е таков со проблеми..
Немаш фамилија да одиш на некој период дури се потрудиш да најдеш барем некоја работа и да имаш за основни потреби и за свој џеб? Барем да пробаш да се оддалечиш од човекот. Оти понекогаш во вакви ситуации кога разговор и компромис не доаѓаат во предвит потребно е да се отргнете еден од друг за да видите како тоа би изгледало од поинаква гледна точка. Знам дека е лесно човек да каже "разведи се и оди барај работа и одсели се" ама праксата во македонија не оди баш лесно туку така. Затоа треба да почнеш да мислиш на тебе и на детето, да бараш начин за да го решиш проблемот и да излезеш од истиот. Со скрстени раце дома затворена ништо нема. А сигурно има некое решение. Зборот ми е ако ти самата себе си не се потрудиш да ја пронајдеш среќата во еден живот што го имаш никој нема тоа да го стори за тебе. А биди сигурна дека на никој ама на никој човек не му лесно. Дека се е борба. Ако си преценила дека нема погодување со човекот, дека не си среќна и дека нема повеќе љубов и компромис.. разбирање барај начин. Оти животот е краток проблемите се големи поготово од ваков карактер ама силни сме ние жените мораме и можеме да се избориме и да одиме напред.
Здраво. Нова сум на форумов. Во брак сум 4год. Поради годините(млади стапивме во брак)и поради финансиската состојба сеуште немаме деца. Имам чувство дека сопругот ја губи љубовта спрема мене а јас сум премногу внимателна со него и му удоволувам се го сакам како првиот ден. Никогаш тој прв не ме гушнал и не ме бакнал. Вчера ми се падна паричката а тој не ни ми рече со среќа. За последниот роденден не ми купи ништо а порано ме изненадуваше со уникатни поклони. Водиме љубов често но во последно време имам чувство како тоа да е само за да си ги задоволи потребите(што ги има како маж). Очајна сум што да направам ве молам за совет.
Да разговараш. Кажи му го се ова што тука го пишуваш. Па ако има љубов, пожртвуваност и воља за напред ќе се потрудите да си ја обновите вашата врска. Понекогаш ако не и секогаш луѓе кои долго се во брак имаат најчесто вакви типови на проблеми, монотоност, изживеаност, досада.. се тоа е нормално оти се ви е изживеано.. би било време за нешто ново. Нов период во вашиот живот за да си ги обновите страстите. Се ова е најнормално до степен АКО и двајцата увидете и се потрудите да промените нешто .. инаку досадата и таа монотонија може да ви го "убие" бракот доколку не реагирате.
Работите поради кои мислиш дека маж ти не те сака не се баш вистински причини за таква мисла. Сама кажуваш немате деца ради финансиски проблеми а бараш уникатен подарок ко порано !? Ај малце преиспитај се, да не ти фали финансиско внимание а не љубов!? Може на тој човек не му е секогаш до гушкање поради други проблеми. .. Мораш да погледнеш и од негов агол а не само да кажеш што тебе ти фали. СебичНо и нефер од твоја страна.
Од почетокот на бракот имаме финансиски прпблеми а порано добивав подарок. И едно чоколадо би ми значело. А и несме до толку во финансиска криза. Немаме финансии за дете. Пари за прегледи пораѓај храна алишта за дете. Креветчијна колички и такви работи. Кога ќе имам дете сакам да имам финансии се да му овозможам