Што спаѓа под уникатни поклони? И не си ми јасна, велиш финансиски проблеми и поради тоа и деца немате, а бараш уникатни поклони.
Под уникатни поклони што ги имам добивано од него мислам чаша со наша слика(200ден) счожувалка со наша слика( 250-300ден) рамка за слика(100ден) мојот омилен дезодоранс
Два пати прочитај што ти пишала Витамина, и јас би ти го пишала истото. И во врска и во брак може да дојде до ваков период, ништо не се случува, сте поминале речиси низ се. Разговарај со него, вренесе нешто ново во врската. Уникатни поклони не се по дифолт скапи. Пример за мене уникатен поклон е порадок изработен со внимание и со љубов. Пример, балони, торта, вечера по мерак, свеќи, интересна честитка, рамка со слика од некој интересен момент итн. За некого ова е лигавење, пример ја не сакам таков тип на внимание, ама некои жени сакаат ваков третман.
Јас не знам маж кој би се сетил на такво нешто. Во брак не е како во врска. Во брак знае да стане тапа. И фала богу тоа е убавината на бракот. Немањето емотивни турбуленции. Не знам, може јас грешам, еве другиве нека кажат што мислат..
Ама таа пишала дека имаат финансиски проблеми и може на мажот веќе му дошло преку глава што се во таква ситуација и плус за дете дека немаат услови и веќе не му текнува поклони да купува. Треба да се разговара со убаво.
Точно, ако со мажот со кој делиш постела секој ден не можеш да направиш искрен муабет, тогаш со кого? Не знам на какви финансиски проблеми мисли. Пример, за мене финансиски проблем би бил да немаме безбедни работни места и примања од 200 евра (сметам дека со 400 евра е ризик да се стане родител), да немаме солидни услови за живеење итн. А во право си, можеби му е преку глава од монотонијата, ситуацијата во која се наоѓаат моментално, многу причини може да има.
Женава си кажа дека немаат финансии за нешто повеќе а не дека немаат леб да јадат. И да, поклонот може да биде и од 50 денари на пример, од кинеска или прехрамбена продавница. На пример ете чоколадо или ситница, украс. Не знам зошто направивте од мравка слон и дека бара не знам што, човек е, едно чоколадо на пример во знак на почит и внимание не е на одмет на никого, битна е желбата, љубовта сепак. Искажувањето на истата. Не преувиличувајте. Поразговарај отворено со сопругот за ова што те мачи и не ти дава исполнтеост и мир во животот. Се надевам се ќе се реши, ќе си најдете компромис. Само со искрен човечки разговор можете да постигнете нешто.. Да пробате да мрднете од мртва точка, ете на пример шанса за нешто повеќе финансиски. За се има решение. Треба малку повеќе разговор и труд.
Самата ситуација е таква. Маж ми знаеше во почетокот да ми се појави со букет цвеќе на работа, чоколадо, 8ми март, валентин, роденден, годишница, секогаш добивав по нешто (најчесто цвеќе) . Во почетокот скроз имаше изработено ланче со нашите имиња, ама од мое гледиште, ете јас мислам дека тогаш бевме само ние двајца, немавме некои огромни планови и очекувања, додека сега на пример е друго, животот те гази со обврски и трошкови на сите страни. А и во неколку наврати му иам дадено до знаење дека освен нај потребното да не троши, и знае дека сум стипса за пари, па може сам си има сфатено дека за мене подарок, букет цвеќе е фрлање пари. И јас приметив дека едно време ги снема тие подароци, последно добив цвееќе кога се породив и му реков не директно, ами со одбрани зборови му дадов до знаење дека некогаш би ми значело малку да се потруди. За годишница си добив поклон, пак цвеќе хаха во кутија срце со чоколадо. Ич не мислам дека сама си побарав поклон, само наговестив дека би ми било драго да добијам и си добив, и си бев среќна. Ене и на ФБ на насловна ми стои кутијата со цвеќе и чоколадото Незнам за вас, ама јас си кажувам на мм се што ми е на душа.
Не само подароци што немам јас го немам и неговото внимание. Речиси никакво изразување на љубов. На крај краева треба да мисли на мене да мисли што ми се допаѓа за да ми купи поклон
подароците и мартејалните добра може секој да ги купи и поклони на било која жена, секако дека и тоа е знак на внимание но кога станува збор за љубов, за брак, подароците и матрејалните добра се на последно место, има овде многу други елементи кои можат да се дадат на една жена па и маж односно во брак, внимание, зборови, почитување, љубов, страст, емоции....за сите овие па и за многу други вакви ствари не е потребно ниту 1 денар. Проблемот е што целиот живот прерасна во вештачи, така и бракот, никој не го живее она што тој го сака, браковите се многу несреќни, сиромашни (но не со матрејални добра).
Здраво и од мене , пак во оваа тема. Значи односот со мм е катастрофа. Се бориме, знам и двајцата, но и двајцат сме свесни дека е залудно и кога тогаш ќе се разделиме. Како што кажав, одамна би си отишла не ми се заканува со детето, а не го оставам и по цена никогаш да не сум среќна. Еден ќе е добро, шест не. Најголем проблем ни е комуникцијата, одсекогаш била. Тој наместо да ме подржи кога ќе ме види нерозна од мајка му или од некојс ситница , уште толку ми додава, се однесува со погрдни зборови, ме пцуе , ми вели носот ќе ти го скршам...Не може да ја сфати мојата аксоиозност, всушност не сака., колку пати му имам објаснето што е. Молчам колку што можам ради ќерка ми, иако има две години постојано си вели не карајте се иако тоа се случува да правиме муабет(во тие ретки моменти) Ќе се истрауматизира детето за цел живот. Ах проклетсво мое, моето семејство, немам подршка од нив. Се би било поинаку. Го гледам на работа, со другари со други луѓе целиот е намсеан, дружељубив, разговорлив. Кога е со нас јас ја водам целата комуникација. немам сила веќе, 6 год се...
Колку што те разбрав, тој несака да се разведете (ете ти се заканува дека ќе ти го земе детето) а и комуникацијата ви е сведена на нула. Зошто немаш поддршка од твоите ? Имаш ли воопшто зборено со нив? Имаш ли прилика да збориш со мајка му, па таа од околу да зборне со него ?
Nemanjeto komunikacija so partnerot e najgolemiot problem. Ama ti velis se trudi i toj, znaci dvajca ste vo ova...mozebi ke uspeete. Edno e koga se trudat i dvajcata da bide podobro vo brakot, a drugo e koga samo eden se bori, a na drugiov ne mi e gajle....
Пишав за ситуацијата со моите, да не се навраќам Да , се труди нo реков тоа трае еден ден и пак ајде кавга. Тој мене воопшто не ме знае, му имам речено дека не се труди да научи за мене на пр. која ми е омилена боја и такви работи, а камоли нешто поголемо, додека јас знам како дише во буквална смисла. немам сила веќе сама се да издржувам
И јас сум во иста ситуација мила No makeup :'( Сменет е дури не го препознавам. Исто така живееме во заедница, една соба на брат му, една ние, а неговите во дневната со кујна. Се потепував од чистење, до пред пораѓај - се сама. Згора на се мајка му сЕ може, сЕ знае, а всушност болна е од параноична шизофренија. А мм толку е сменет што не можам да сфатам. Постојано лаже за се и сешто, не знам каква е таа потреба од лажење, Ќе излезе, во ниедно време се враќа - сабајле, кај карање, па и тепачки,а татко му како некое муле (извинете на израз, но изреволтирана суум :'( ) ни превзема некоја мерка ни ништо. Исто ми се заканува декаќе ми го земе детето, и иако работам и имам услови каде да се вратам, и поддршка од моето семејство уште се обидувам да спасам брак. Страшно. Сакам да си заминам, ама секој пат давам шанса дека ке се поправи, ама никако.
Ако на маж ти му е поважно излегувањето од јутра до сутра и игнорирањето на животно прашање за вас како фамилија не знам зошто и понатаму чекаш чудо да се деси.. Само едно ќе ти кажам дека имаш еден живот и не дозволувај да го проживееш така како што го живееш.. во една соба со 3 генерации и со маж кој што те игнорира во секој поглед.. Ти можеш и мораш подобро..
Ако имаш каде, и подршка од твоите бегај...ако не не знам што би те советувала, кога и јас сум во катастрофа ситуација. Пред некој ден изнервира од неговите, не може на нив, ме испцува, ме исколна, уште да почне физички да ме малтретира. Но јас веќе отрпнав, сега само одам по лекари, се нешто ми пронајдоа, и не сакам да му се замарам ни на него нина мајка му. Ситуацијата и тие не се менуваат, па затоа се смениив јас.
Sobrav partalite denes, deteto vo race I si otidov. Dojdov kaj baba MU na gosti (Samo denes, bidejki I taa znae kakva e situacija I me poddrzuva znaejki kakvi se) dodeka se snajdam, I eve dojde I on, kako odma mozel da najde I pod kirija I se. Se nadevam ke bide dobro na kraj. Aza kolnenjeto I pcuenjeto mozes da zamislis sto sE iznaslushav od majka mu. Samo fala mu na gospod sto imam rabota, kola, I poddrska od site znaejki kakvi se tamu nenormalni.