1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Здраво.Јас само да се изјадам бидејќи ств немам на кого. Пишував на оваа тема. Во последно време псебно откако мм смени фирма, се е хаос.комуникацијта ни е многу лоша,односно не е мн променета-јас прашувам ,тој одговара. Воопшто не ги дели неговите мисли и чувтсва со мене. Мнгоупати му имам повторено дека многу е важно да имаш на кого да прераскажеш како ти поминал денот, но ништо не се менува. мн е нервозен и мн пати молчам ради детето , гоелам е хиперсензитивна и разира кога се караме. Но немам сила да се борам веќе. И јас почнав да молчам, да зборам само кога е неопходно. Се чуствуавам дека се гушам и дека сум на раб на нервен слом. Ако му се пожалам, спред него се сум болна и се ме боли,а навистина имам проблеми со желудникот, попуштени и проширени вени а за анксиозноста и паничните напради воопшто да не спомнувам. Кога е дома имам чувство дека ме мрази, кпга е на раб ми се јавува и вели те сакам. но знам дека не е така, знам дека сме несреќни и двајцата, но немам каде, имам пишувано. Да ме послушаше кога се зедовме , да направевме како што му реков ништо од овие стресови и проблеми немаше да ги имам. Но тој е толку своеглав ,немам зборови. И сега сфатил дека сум во право , но не може ништо да смени и уште понервозен е, Преку глава ми е веќе да живеам во страв,очајна сум
     
    На La diabla му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Бракот има периоди.
    Има и лоши и добри страни.
    Се не е бело нема ни да биде
    Ако успеете да се потрудите да се отворете еден со друг за искрен разговор да најдете решение и компромис е супер ама најлошото е кога од едната страна нема фитбек
    Треба и двајцата да сакате да решите нешто за да постигнете нешто
    Со сила убавина не бидува сепак..
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Страв од што?
     
  4. La diabla

    La diabla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Истата приказна душо незнам каде да побегнам ми иди од се
     
    На No Makeup му/ѝ се допаѓа ова.
  5. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    СТрав од неговото нервозно, психичко и насилно однесување да не стане физичко малтретирање
     
    На Роберт 7 и La diabla им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ова воопшто не е во ред...
    Би ти советувала да заминеш пред да ескалира.

    Не ми се допаѓа воопшто муабетов...
     
    На TashSefton му/ѝ се допаѓа ова.
  7. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Ах а каде ,зарем мислиш дека би трпела да имам каде..Пишував во претходните постови
     
    На didisi, La diabla и WildMk им се допаѓа ова.
  8. feminka10

    feminka10 Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, редовно ве читам и многу совети индиректно добив од вас, па решив сега да се зачленам и да го објаснам мојот проблем. Незнам постов дали е во соодветната тема или треба да иде во развод. Во брак сум 5 год, имаме дете и двајцата се грижиме и мислиме за доброто на детето, но односите помеѓу нас никако да се средат. Од самиот почеток и во врска дури бевме имавме премногу несогласувања и проблеми. Незнам ни јас колку пати сме се разделиле и повторно сме си дале шанса да го спасиме бракот но сето тоа неуспешно. Сега сме разделени еден месец се гледаме само кога детето треба да дојде да го земе или да го земам од него. Во врска со детето имаме компромис за да може колку што може побезболно да ја прифати нашата ситуација.
    И за доброто на детето завчера прифатив да одиме на ручек за малото да види дека мама и тато може да функционираат и вака, и нормално цивилизирано се однесувавме и двајцата. Е сега проблемот е што тој тоа си го свати како сеуште да има надеж за нас и инсистира да се смириме и повторно да пробаме. А ден претходно зборевме околу разводот и што како околу постапката старателството за детето и сл се договоривме дека и на двајцата мом не ни одговара да се разведеме судски, да почекаме да средиме со др работи и кога ќе е најповолно да се разведеме.
    Утре треба да се видиме да го земам малото и сака да збориме, а јас веќе два дена неможам да го издржам притисокот за да се смириме. Всушност незнам и колку ќе ми биде паметно тоа. Секогаш кога сум му се враќала мн брзо сум се покајувала. Он никогаш нема да ги промени некои навики негови што мене страшно ми сметат и стварат караници. И последниот пат докажа дека тоа му е приоритет со тоа што пак ги повтори без да му е гајле јас како ќе се осеќам, дали ќе се налутам и сл.
    И јас не сум совршена, никој не е без маани но барем до сега се што нему му засметало или ствара немир во нашиот брак сум елиминирала и не сум повторила иста грешка за која знам дека ќе ми донесе проблеми, што не е случај со господинот.
    Инаку сум финансиски независна, заработувам доволно за удобен живот и имам огромна помош и подршка од моите.
    Знам дека ме сака, но повеќе не сум сигурна дали јас го сакам. Немам никој и немам намера да одам со некој дури официјално не се разведам, најмногу од причина што не сакам да му дадам нешто што би можел да го искористи против мене на суд. Не излегувам, не шетам никаде сама, само со детето искачам.
    Пред пола година запознав колега на работа и ненормално ме привлече (прв пат од кога сум со мм некој да ми се засвиѓа и дури да мислам дека и имам некои чувства за него). Тогаш со маж ми бевме заедно но немавме комуникација никаква 2-3 недели. Тогаш јас почнав да комуницирам со колегата и он покажа интерес за мене но нормално со оглед на мојот статус мажена неможевме да си ветиме ништо. Го блокирав и престанав да комуницирам со него и на работа го избегнував за да не паднам во искушение да го изневерам маж ми. Со маж ми продолжив скарај се смири се се до пред месец дена дури пак не пресеков и се вратив кај моите. Колегата кој ми е веќе бифши колега даде отказ пред 5 месеци бидејќи нашол подобра работа и ние немавме контакт цели 5 месеци се до пред неколку дена кога ми пиша од др профил бидејќи дознал дека пак сум се разделила со мм.
    Јас за цело тоа време нити еден ден не помина да не помислам на него и да не се прашам дали можеби е тој вистинскиот. Се извинувам за предолгиот пост, сакав детално за да бидам подобро сватена, дали мислите дека овие моиве чувства спрема колегата се само бегање од реалноста дека со мм ми е катастрофа или можеби треба да ја убрзам постапката за развод и да си продолжам со животот?

    Инаку мм дозна дека сум комуницирала со колега, ми го виде во блокирани корисници и јас му признав дека сум пишувала со него но дека сум прекинала комуникација за да не оди во др насока. Он тоа неможеше да го свари, но полесно му падна кога дозна дека не работиме повеќе заедно. Но секогаш ми го префрлаше...
     
    Последна измена од модератор: 15 септември 2018
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Никој овде не може да ти рече разведи се и продолжи со животот или не се разведувај и биди во брак причините и дали вреди или не вреди да се бориш ти најдобро си ги знаеш во животот.
    Вака стабилно ми изгледаш и многу цврсто остани и така, но земи пробај да ставиш на кантар се во твојот живот и пробај да воочиш што натежнува дали убавините во бракот или лошите работи.. ако ти од твојот сопруг не добиваш заинтересираност, почит, разбирање, компромис и подршка односно клучните факти за составување на една љубов и брак онда тури му пепелот може среќата навистина ти е на друго место крај краева ни прва ни последна што ете поради сплет на околности не сте се разбирале што е тотално разбирливо, само немој да избрзуваш за врска со друг и нешто сериозно.. дај си време за да сватиш што сакаш а што не сакаш од животот, дали би била среќна со друг човек или не никако избрзување од една ситуација во друга туку ти треба малку сама да си со ладна глава за да можеш да размислиш како би се гледала посреќна во иднина, ако во човекот што ти се допаѓа и понатаму гледаш хемија и некаква иднина тогаш дај си шанса ама не избрзувај со врски и се пропатно туку за почеток е доволно едно другарско запознавање на нешто повеќе.
    Ако пак од друга страна имаш сеупте чуства за маж ти можеш да пробаш од далеку така да му дадеш шанса да се поправи, значи не да се враќаш туку да пробаш да му укажеш вака на овој начин да се потруди околу вас оти за еден брак се потребни двајца ако еден се труди или ниеден тоа со сила убавина не бидува.
    Сепак детенце имате размисли си и пробај да го тестираш мада што сметам дека се тоа е пропала прича бидејки да сте биле вистински немало да се дешава целиот овој куршлус натаму наваму и овие проблеми, со некого едноставно не оди, па и у брак да сте ете може среќата не ви е наклонета за да сте двајца.. со сила убавини не бидуваат.

    Остани сама некој период далеку од маживе и пробај да си ги средиш мислите и тбоите желби и понатамошната искра за среќа.

    Се најдобро.
     
    На tina-63, Offspring, Independiente и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Никој нема да може да ти одговори на прашањево и да држи вода муабетот.
    Треба сама да си одлучиш што сакаш од животот, што ти е битно и во кој период..
     
    На La diabla, Independiente, feminka10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Земи еден лист хартија и на него запиши си се што би добила ако се разведеш и се што би изгубила...само внимавај, младоста брзо поминува, староста доаѓа...вреднувај ги работите
    ..во животот не се движиме се како што ни сакаат емоциите, некогаш превагнува разум...
    Само мене се ми се чини дека ти сопругот воопшто не го сакаш.
     
    На СноуБол90, baby-star, Mari* и 4 други им се допаѓа ова.
  12. feminka10

    feminka10 Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Јас веќе се навикнав без него, не дека не ми зафалил но бидејки секојдневно комуницираме за детето како е што прави сватив дека како пријатели мн подобро би функционирале. На страна сум од сите работа дома градинка и тоа. Шетање само со малото и ништо не ми фали :)
    Е сега пак да му се вракам и пак да имаме караници и нервози неможам повеќе па немам два животи така да ги поминам. Ама он почна со драмите пак да се смириме дека ќе е вака така онака брда и планини ветување. Се двоумам дали вреди или не... и мене ми е најмногу за детето, а што е најжално последните месеци ме убедуваше да одиме на второ, јас прво не сакав зашто незнаев што со нас но прифатив дека ајде можеби ќе се оправиме со тоа ама не се фати... и сега сме разделени
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Пак ќе кажам. Остави го нека се труди ако те сака онолку ко што ти ветува ете ако ти е за детето и за останати емоции..
    Биди сама со себе на чисто на дистанца со двајцата и остави некое време времето да ти покаже што понатаму.
    Не избрзувај да се враќаш нит да се разведуваш
    Остави времето да ти покаже кој пат ќе го одиш а ќе видиш дека ќе знаеш за некој период
    Не мора по дифолт да брзаш со одлуките
    Јас гледам и искра во маж ти односно твоја искра кон маж ти ама штом така дај му време нека се потруди на дела а не на зборови остави го да види дека си одлична и цврста дека можеш без него
     
    На Offspring и feminka10 им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ах.. па ако не ти фали како партнер и знаеш дека се чувствуваш поубаво да бидете само пријатели, нема што да размислуваш за да му се вратиш.
    Дете нема да поправи расипана врска/брак... ќе дорасипи..

    Не знам кои се причините поради кои сакате подоцна официјално да се разведете, ама ти препорачувам да убрзате... Немаш потреба од 'влечење'. Расчистете, па да можете на мира да си продолжите со животот.

    Детето ќе биде многу посреќно со двајца родители кои се добри пријатели, и живеат под различен кров.. него ли со двајца родители под ист кров, кои се караат.

    Се најдобро :hug:
     
    На crimson, Lolipop23 и feminka10 им се допаѓа ова.
  15. feminka10

    feminka10 Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Едната причина е што не сакам да избрзувам со разводот а има и др фактори заради кои не ни ни одговара ни на двајцата да се разведеме но ако сакаме тоа можеме да го решиме и да почнеме постапка за развод.
    И јас така мислам..

    Во врска со дотичниот колега што ми мати вода :) што мислите?
    Бегање од реалноста или....
    Според мене не ми е нормално тоа што 5 месеци нема ден а да не помислам на него и како би ми било со него?
    5 години чекав и се трудев и давав се од себе бракот да се оправи. Тоа до денеска не се случи
     
    Последна измена од модератор: 16 септември 2018
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    7.229
    1. Premnogu si odalechena Od soprugot, nemash emocii, ne mu veruvas, ne uzivas so nego
    2. Vtoro dete vo brak vo kriza e rizichno
    3. Ako ne mozes da zivees so nego I nemas mir togas ne treba da cekash podobro vreminja za razvod
    4. Bivshiot kolega e samo begstvo Od situacijata vo momentov. Prvo rascisti so eden pa vlezi vo druga vrska
    5. Stabilna I umna si, rasuduvas trezveno, no ako ti e ladno srceto I laden krevetot , nemas potreba da se izmachuvas sebe si.
     
    На tina-63, SummerGirl, feminka10 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Може да е и едно и друго... Вие не сте имале врска, не сте ни биле излезени.
    Треба да почнете да излегувате, па да видиш што е вистина позади...
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  18. feminka10

    feminka10 Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Ако се разведам некогаш можеби и ќе излеземе. Најпрво да си расчистам сама со себе што понатака...
    Фала ви на сите за одговорите
     
    На WildMk и mira.mira им се допаѓа ова.
  19. feminka10

    feminka10 Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Значи вака, после долго размислување мислам дека најдобро ќе ми е да му дадам уште една шанса на бракот. Но не веднаш... за денес му реков дека само ќе го земам детето и дека сеуште не сум спремна за разговор но дека во текот на неделата ќе се видиме и ќе разговараме што како понатака.
    Проблемот е што ова нашево не е криза што трае неколку месеци туку криза што трае цели 5 години..
    Исто така знам дека доколку се смириме он веднаш ќе сака да продолжиме со плановите за второ дете, а искрено и јас тоа го сакам. Без разлика дали тоа ќе ги дорасипа или подсреди нашите односи, знам само дека не сакам детето мое да си го оставам без братче или сестриче.
    А исто така не сакам пак ни да размислувам како понатака ако се разведам па почнам со др па со др деца негови полубраќа полусестри...не дека ќе е прво и последно така, но не сакам пак да биде во иднина моето и твоето го тепаа нашето :D
    Што мислите дали е во ред да размислувам за второ дете и да дадам шанса на бракот па макар и што знам дека може само ќе жртвувам уште 1-2 години од животот, но барем ќе му подариме на детето нешто најубаво, братче или сестриче што даде Господ :)
     
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.425
    До вчера нели пишуваше дека 5 месеци мислиш на колегата, а сега 2ро дете. Вие си правите ексурзии си одам, се враќам, сакам не сакам, па од каде едно дете страда па ајде сега нека страдаат и две. Не знам кои ви се причините за кавги ама ако еднаш не се променило, а и сега сама велиш дека е само ветувања, ти ниту од старт не си била нели сигурна дека сакаш и едно дете со него, сега сакаш второ. И не, не му правиш услуга да детето што ќе му подариш братче или сестричка ако го растеш во нездрава средина.
     
    На СноуБол90, Emy867, tina-63 и 11 други им се допаѓа ова.