1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    7.230
    Pred da krenes race, vredi da se potrudis. Ako Mu znachi semejstvoto ke odi na lekuvanje .
     
    На feminka10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.347
    Допаѓања:
    8.117
    Пол:
    Женски
    @feminka10 Алкохолизмот е проблем за кој решение нема, исто како зависност од дрога. Штом губењето семејство и разводот не му е поттик да престане, нема никогаш да не се лажеме. Убаво е што размислуваш за второ дете, ама да живеат со татко алкохоличар и утре кога ке разбираат да го гледаат таков е нешто најлошо на што можеш да ги осудиш своите деца.
    Сега имаш контрола врз работите, ама детето расне, ке почне да слуша и да гледа е тогаш доаѓа најтешкото.
    Штом имаш услови да го напуштиш, напушти го засекогаш. Тоа идење, враќање нема да ви донесе ништо добро. Како годините одминуваат ке бива полошо.
     
    На Luna91, јolene, feminka10 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.432
    Проблемот феминка допрва ќе доаѓа. јас немам проблем ти колку деца ќе имаш, ама како дете на родител како твојот маж, многу добро знам како делува алкохолот на сите во семејството. Твојата ситуација искрено не е чекање мед и млеко, туку тоа што твојот сопруг има друг приоритет. Сум имала потполно ист родител како твоето дете што има, баш како што кажа без една ок ама на една чашка не останува никогаш, и детето ако сега е мало за кратко ќе гледа и ќе разбира се без разлика колку мислиш дека не се карате пред него.
     
    На toogood, Annora, feminka10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    Само лекување или развод, трето решение нема. Немој проблемот да го решаваш со поголем проблем, раѓајки второ дете во тој брак. Млада си, ако не излезе на добро со сопругот, ќе имаш време понатаму да родиш уште едно.
    Алкохолот е голем проблем, тоа е болест на зависност и мора да се лекува, инаку ќе прогресира. Ќе почне да влијае многу повеќе на вашиот семеен живот, со тек на време може да прејде во физичко насилство, па како што ги губи другарите да изгуби и работа, потоа ќе почнат и финансиски проблеми... Ќе остави и здравствени последици, ќе страда нервниот систем, јетрата, мозокот веќе страда и се уништува...Болеста на зависност е многу комлексна болест, не влијае само на болниот во сите сегменти од неговиот живот, туку и на неговото семејство и на цело блиско опкружување.
    Ако сакаш да го одржиш семејството и да му помогнеш, само инсистирање за стручна помош, ништо друго немој да правиш. Не се враќај кај него додека не се согласи да отиде кај психијатар и тоа заедно со тебе, не му верувај на збор. Во оваа ситуација, ти мора да бидрш силна и истрајна, за негово добро, а и за доброто на вашето семејство.
     
    На toogood, Kija94, Luna91 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. feminka10

    feminka10 Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Искрено ме расплакавте со советите, со тоа колку сте во право. Затоа и пишав на форумов, ми требаше објективно а не пристрасно размислување.
    Додека моите блиски што се запознаени со ситуацијата зборат, као што мислам ако го оставам ќе најдам ли подобар, па ако не пиел ќе се коцкал, ќе идел по др, незнам што можел да прави, каков можел да се погоди или стане....освен мајка ми која веќе ништо не коментира и ме советува и последно што ми има кажано е дека стои зад секоја моја одлука. Што повеќе да посакам од неа.
    Сите сме веќе изморени и моите и неговите, а намногу ние и детето од тоа да го спасуваме бракот. Потрошивме премногу време и енергија, а никаков ефект на крај.
    Му пишав на мм дека доколку не си признае дека има проблем и не побараме стручна помош нема вракање и смирување. И дека капка алкохол не смее да помириса повеќе. Он почна да се пазари со мене добро не пијам веќе, само за родендени, слави, свадби....да се смеам или да плачам. Па сите родендени слави убави моменти ни се уништени од неговото пиење...
    Стручна помош не сакал да бара, не сакал да се декларира како алкохоличар, туку он бил маж имал свое јас, не бил зависен и кога сакал можел да пије, кога сакал не. Ми вика како еднаш ЦЕЛИ ДВЕ НЕДЕЛИ НЕ СЕ НАПИЛ (facepalm) да тоа е за пофалба му реков, ама не е работата после две недели или два месеци да се направиш пак магаре од пиење...
     
    На toogood, Kija94, Luna91 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    So sakas praj samo ne ragaj vtoro so toj covek.
     
    На Kija94, Luna91, Konfetka и 9 други им се допаѓа ова.
  7. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    7.230
    Stom ne se slozil za struchna pomos toj uste ne moze da si se soochi so problemot I da go reshava. Ne e svesen deka IMA problem. Toj nema da se smeni a ti Ne se nadevaj deka ke bide poarno. Maz ti treba da pomine niz faza na odviknuvanje a ne da se pazari so tebe koga I kolku da pie. Ako Mu znachi semejstvoto ke napravi se za nego.
     
    На toogood, Kija94, Luna91 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не дали му значи семејството или не па ќе направи нешто туку проблемот со ,,алкохоличарите,, е што тешко се соочуваат со реалноста дека имаат проблем и навистина им е потребно стручно лице.
    Феминка10 не оди од проблем у проблем. Никакво второ дете и колегата на игнор. Знам дека си разочарана и утепана до коска со нервози и ти одговара пажња од друг, ама сега не е моментот за такво нешто. Мисли на детето, подобро е да расне во ,,добар развод,, туку во нездраво семејство. Млада си животот е пред тебе, главата горе.
     
    На toogood, Kija94, Luna91 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    @feminka10 , во право е @slavica999 ... не се разочарувај... Многумина поминале низ тоа, и излегле посилни... Навистина, премногу си млада... не си заслужила да патиш.. никој не заслужува да пати...

    Биди храбра... Се' ќе се среди :hug:
    Не си сама, имаш поддршка од твоето семејство, имаш детенце кое ќе те полни со позитивна енергија.. Мажи има со лопата да ги ринеш.. И секогаш има подобар ;)
     
    На Kija94, Luna91, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    16.442
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ќе ти биде мака помисли на детето,не е фер како парталче да шета натака навака после секоја караница.Биди храбра собери сила и истерај до крај.Немораш одма развод ете дај му шанса да се спреми и реши да оди на терапија ама заедно веќе не,не му попуштај не се враќај.Ако после два три месеци одвоен живот не почне да превзема нешто поднеси си развод и отвори ново поглавје во животот.Он си мисли дека ќе попуштиш како и секогаш и затоа вака се пазари со тебе.Ама детето и животот не се пазар.Само биди јака и храбра,не си сама.
     
    На gjoker4e, Kija94, Luna91 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Желбата за твоето дете да има братче или сестриче дефинитивно е најгрешната причина поради која би се вратила на човек со кој со години веќе имате проблеми и би одела на второ дете со него. Конечно си успеала да си заминеш и да не се вратиш подолг период и знаеш и сама дека си се обидела да го спасиш бракот и не успеало, и зошто пак да се враќаш на истото? Колку шанси си дала досега? И зошто мислиш дека баш овојпат ќе биде поинаку?
    Ти кажаа и погоре, алкохолизмот не е ситница, туку огромен проблем, кој и не се решава така лесно.

    Едно е да имаш финансии за второ дете, ама сосема друго е да имаш услови, како растење на детето во здрава средина. Мислиш дека тоа ќе го имаш со него? Проблемот е доволно голем сам по себе. Немој да си ги комплицираш работите уште повеќе.

    И сама увиде дека подобро функционирате како пријатели, и нека остане на тоа. Секако одлуката е твоја, меѓутоа желбата за второ дете, не е изговор за да се вратиш во таква средина. Ако не си среќна со него, верувам среќата ќе си ја најдеш кај друг, откако ќе се среди ситуацијата. Здравје потаму можеби не уште едно, туку и повеќе дечиња ќе си имаш, ама со вистинскиот човек.
     
    На Milobebence, Kija94, Luna91 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Феминка, многу добро знам како се однесува маж ти, разбирам и знам што значи човек што пие односно алхохоличар за жал, многу добро знам низ какви трауми поминуваш со него во негова алхохолизирана состојба и јас лично ќе ти кажам да бегаш од таков човек, јас сум била жртва како мала на таков човек од блиска фамилија и не сакаш да знаеш како липтав и дткав и снемував воздух од страв во таква алхохолизирана состојба. Солзи солзи кавги трескање кршење.. малку по малку секојдневно период по период тоа е кобната вистина за алхохилизмот.
    Жено, ако маж ти има воља и е свесен да оди да проба да се излекува од тешката навика можеш да почекаш и да се вратиш евентуално во иднина ама вака немој.
    Немој.
    Јас трезвено ти кажувам дека со таков човек иднина нема, свесно ќе си го уништиш животот и ти и малецкото.
    Немој.
    Ако маж ти има воља да промени ситуација почекај со време и види.. ама немој да се враќаш по едно кажано "ветување" алхохолизмот е тешка навика, ужасна. Не се остава туку така лесно.
    Не се уништувајте ни вие ни криви ни должни покрај него.
    Уште повеќе па и дете да раѓаш сега за сега во таква спстојба.

    На него евентуално му треба подршка од блиските дома да оди да проба да ја орвикне навиката оти навиката ако не се спречи од сега со тек на време е 5 пати по лоша и излегува од контрола.
    Пази.
     
    На Kija94, Belgin1, elena.mak и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Bundaa

    Bundaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    13
    Луѓе се плашам дека бракот ќе ми заврши уште пред да ми почне.
    Пред да се земеме,во врска бевме година дена,тој беше најдобриот човек што го познавав.
    Од мене по сакана и по почитува жена немаше,буквално како очите ме чуваше.
    Не знам колку гушкања и бакнувања добивав.
    Ненадејно останав трудна,се зедовме....од моја страна се некако беше без кеиф,чувствував како да се мажам за човек што не го сакам доволно.Чувтсвував грижа на совест за тоа.Бев буквално несреќна.
    Бев лоша со него,знаев да го навредам омаловажам,му велев дека не треба да биде толку добар со мене.
    Дека не сакам повеќе да ме нарекува ни срце ни мрце,дека тоа ми е патетично.
    Ноо работите се сменија,како времето минуваше,јас се повеќе се затрескував во него,станав посесивна,ми смета да излегува,постојано му се лутам за се,тој се промени многу,веќе не е тој добриот,а јас не сум таа почитувана и сакана жена. Не знам од кога не ме гушнал и бакнал,убав збор не ми кажал.
    Постојано е напнат со мене,само нешто ми се дере.Не можам да го препознаам,
    Си прави како што сака.Не ме ни ислушува,со еден збор на курац не ме става.
    И да имаме секс тоа е само така,без бакнежи.
    Едноставно како да му се одмилив.Не знам како повторно да си го вратам стариот.
    Посакувам барем еден ден да изгледа како порано...
    Дали јас го променив или едноставно тој си го покажа вистинското лице,но како и да е не можам повеќе да издржам вака. Толку млада,а без љубов од сопругот.
    Целото внимание и љубов како да го насочи на бебето(ќерката) мене како да ме запостави.
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    A ti so mislese ami?
     
    На elena.mak, marlonbrando69, Abc07 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Jaigo

    Jaigo Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2018
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Незнам каде да се обратам. Во брак сум 7 год иако многу го сакам маж ми сепак го изневерувам. Ми фали блискост од страна на маж ми, сум разговарала со него но нема фајде едноставно ќе дојде нок безмилосно фака по интимни делови шо нормално кога е болно немаш напаленост. Му велам полека ме боли таквото фаќање но тогаш за тогаш утре пак исто. Или едноставно ќе му се дигне и ти вели ајде набрзинка па да спиеме. Нити да те возбуди нити да му затраи секс 1 мин свршува и со грб свртен. Во последните денови мн хрчи и се караме ради тоа и спиеме раздвоени. Одреден период се гледам со една личност која ги исполнува баш моите фантазии, сексот трае подолго. Знам дека од оваа личност неможам да очекувам ништо ради тоа што е ерген и има девојка а наскоро заминува надвор од државата и незнам дали и кога ќе се врати.. Ми вели ајде дојди сакам да живееме заедно ама да не сме во брак, и двајцата сме авантуристи сакаме слобода. Но на сето ова јас маж ми го сакам неможам да го оставам. Дајте ми совет како да го заборавам 2риов. И кон него имам чуства иако знам дека сме само за секс.. Да се надоврзам маж ми е и голем мајкар .
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Одете на брачно советувалиште. Сериозно. Морате отворено да разговарате и да направите компромиси со кои ќе можете да живеете. Седум години некој да не ти го послуша барањето, не е во ред.
     
    На Independiente и mira.mira им се допаѓа ова.
  17. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Како бе си ги сакате мажите, а со трчање се фрлате во друг кревет, не ве разбирам. Кога сакаш некој остануваш со него и покрај се и се трудиш да средиш, а не веднаш резерва да бараш, толку без секс да се не можело што жени ќе бевте.
     
    На H.VAGA и Annora им се допаѓа ова.
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.665
    @Jaigo Го сакаш маж ти или после толку години ти е веќе навика од која тешко ти паѓа помислата да се откажеш бидејќи не знаеш што понатаму? Искрено, така груб секс и кога на него му се сака го сфаќам како делумно силување (без разлика што сте во брак). Разговарај отворено, кажи му дека ти фали интимност со него, дека таквите нагли и груби потези само те одбиваат повеќе од него.
    А другиот ќе го заборавиш,верувај.. Само работата е дали ќе го замениш со друг, или ќе се обидеш да го решиш проблемот со маж ти.
     
    На WildMk и Independiente им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Нормални жени!
    Нормалните луѓе имаат потреба од задоволување на нагонот, нежност, внимание...
    Ако нешто од ова ти фали, не е чудно да бараш кај друг... Нејзе, и' фали.

    Ти мислиш не се трудела да среди? Кажа и самата. Седум години го моли да го смени начинот на кој ја допира, начинот на кој има секс со нејзе, и тој упорно ја третира како кукла на надувување... Епа... секоја акција, си има и реакција.. Просто.
     
    На LadyLollypop, mira.mira, elena.mak и 2 други им се допаѓа ова.
  20. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Ништо од ова не е нормално, само вие модерните сфаќате се, ние старомодните сме прости. И пред да влезат во брак не го знаела неговиот начин или пак тогаш не било проблем. Со разговор се бива, ама тежок е разговорот таму каде што има лаги, тука е проблемот. Тој сигурно или нешто знае или се сомнева, груб е со неа зашто не ја почитува, сама си го барала