Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    77
    Добар ден какосте работава кај мене малку како да мрдна од мртва точка :) висам на барај работа мислам на страниве што се за вработување и баш немуе сеедно мрчи коментира ама се трудам демек да го ставам на игнор се трудам да сум насмеана позитивна луѓе па нема да ми верувате го убива тоа ооооо господи неможам да се изначудам ми вели што си таква ко на дроги некои да си ама нему се замарам всушност искрена да бидам се кршам на 100000000 делови ама шо да праам морам да издржам и секоја вечер буквално му барам :$ :$ :$ :$ :$ бидеќии на него не му текнува бидееќи седи 24 саати на комјутер и во се е специјалист и се знае сеа за сеа е добро се надевам ќе биде и подобро ве поздравувам
     
    На ilipili и SweetDream им се допаѓа ова.
  2. avita

    avita Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    31
    уф осамена тука некаде бев и јас. можеби и усте сум ... но науЧив дека мора да имам стратегија во животот а не да Чекам да ми се смилува маж ми.. не дефинитвно тој брак не проага.. дефинитвно.. си го унистувас животот.... да не се слуЧи да се разбудис на 60 и да реЧес сто направив од мојот живот.. а децата како деца ке си појдат по нивни патиста .. тоа си го ставив во главата јас .. и си направив ливЧе да да ливЧе ;)со мои приоритети во животот сто ми треба сто како.. и од каде да се поЧне прво работа . мала самостојаност..
    па социјалниот живот подобри го .. запииси некој курс за да ти се најде за подобра работа ако немас факлутет. едноставно улагај во себе и не пред луге, веке .. не глуми дека си срекна .. не добивас нисто од тоа.. но со тактика .. сврти ги лугето со кои живеете против него.. биди ти та фината најдобрата .. да поЧнат да ја согледуват разликата...едноставно морас да си го балансирас животоот.. инаку теско тебе и на твоите деЧинја со болна мајка .. верувај ми ке трпис ама ако имас цел ке си рецес ок нека усте малку ке трпам .. после ја сси знам.. ама морас да поцнес да улагас во себе ..позз и секое добро имај план сто и како со својот живот :)
     
    На osamenamajka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    77
    Najmnogu mi preci znaci sto nesum vrabotena a bideeki e umnoljubomoren ne me ni pusta da rabotam neznam stvarno so ke se pravi samo se mislam da dojdam do nekakva rabota ama tesko odi moram da se boram za decata ne za nesto drugo kolku se uspeam e znak praslnik imam nekoj nagon da zemam decata da se spakuvam i da zaminam no vednas vo glava mi se vmetnuva KADE nesum vrabotena ako nemam primanja ke mi gi zeme i decata e duri togas mi nema beganje od bardovci zatoa moram vaka tivko dobro da izigram se nadevam gospod ke mi pomogne ke bide so mene
     
    На avita му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    привремено препрвај се дека се му одиш по газот на него и неговите колку да го омекнеш и да го убедиш дека би било добро да работиш како ке имате поголеми финансии и како би си дозволиле подобар живот на вас и вашите деца е откако ке најдиш работа и собереш скришно некој динар можеш да си изнајмиш некое помало станце или гарсоњера и да му заминеш со се деца и после нека брка муви али до тогаш немој да му одиш контра затоа што децата ке ти припаднат тебе ако си вработена и ако имаш каде да живееш ако имаш на твое име уште подобро тогаш од социјалното ке дојдат и кај двајцата и ке видат каде има поубави шанси за живот на децата и они ке одлучат каде ке припаднат децата амо пази да не ги поделат децата едно кај него едно кај тебе размисли убаво и ако сакаш помош или совет писи ми лп
     
  5. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    nema nikakva teorija decata da ti gi zeme...pa shto deka ne si vrabotena |( ,toa ne i igra nikakva uloga okolu zimanjeto na decata..decata sekogash ( sudski) pripagaat na majkata OSVEN dokolku majkata ima psihicki problem,droga,alkohol,fizicki da gi maltretira..togash samo moze da pripadnat vo nekoj slucaj na tatkoto...jas bi te sovetuvala..da si se posvetish na samata sebe i zivotot shto pobrzo da si go sredish bash onaka kako shto si imash zamisleno za da bidesh srekna,ispolneta...deka vremeto si odi,zivotot si tece..tebe ne te stvorile (roditelite tvoi)za nekoj da te maltretira :x ..ako nemash pocit ,respekt,ljubov od toj shto si se reshila da go pominesh ostatokot od zivotot so nego..ne ni vredi ni da mu go poklonuvash tvojot zivot,osven nervozi i bolesti covek da zakaci ne mislam neshto dobro ke mu donese...soberi sila i pobaraj si ja srekata :inlove:
     
  6. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Кратко сме земени, немаме деца, немаме стан (под кирија сме), двајцата работиме, имавме 5-6 години врска пред да се земеме од кои 1 год.заедно живеевме. Врската ни беше турбулентна најмногу заради неговата скржавост, но се се среди кога почнавме заедно да живееме. Знае да помогне по дома, не е шетаџија, домаќин е, но потекнуваме од различни средини, различно сме растени и имаме создадено различни вредности. На нас не ни е проблем чистењето, миењето садови, излегувањето... ние западнавме во страшно голема криза заради станбеното прашање. Јас сум растена по добри населби и верувам дека местото каде живееш ти го диктира животниот стил. Имам премногу активности кои ми се врзани со центарот на градот (освен работата) и и пред да се земеме мм знаеше дека мене активностите ми е важни (може да ги намалам или ставам на пауза одреден период кога ќе станам мајка, но не и да се откажам од нив). Активности во смисол на учење јазик, пилатес и сл.во конкретни групи што не може да се сменат, а и други хонорарни активности кои носат дополнителни проходи (не можам точно да пишам бидејќи се многу специфични активностите и мислам дека ако ги кажам јавно, брзо ќе ме познаат во овој пост и моите и неговите пријатели). Он е растен во подалечна населба и сака да се селиме таму. Бара неразумно ниски цени за стан за голема квадратура и не сака да чуе да дојде поблиску до центар. Не верува дека парите накнадно ќе ги дадеме во животот за бензин, или во најмала рака јас полека ќе почнувам да се откажувам од мојот социјален живот се додека не се затворам еден ден дома - што ќе ме направи несреќна. Сака голем стан за 2 деца (ние уште ни едно немаме) и да го заврши тоа прашање за животов (демек сега купуваме за до крај на живот???). Плус да не зборувам утре за деца, за разнесување низ градот, за нивно враќање дома со автобуси и сл. Имавме толку големи караници, со навредување и дерење од негова страна што си отидов 2 дена од дома. Не сакав да се вратам и се вратив само во име на бракот, но никаква желба немам да бидам интимна со него. Се ми пречи, ме нервира, не сакам да го гледам дома, ми пречи и само ако ме допре. Ги спомнува само неговите како позитивен пример, како неговата сестра направила се by the book, а моите ги става во негативна конотација како „високото добро утро“ (изгледа тука работат комплексите). Јас неговите никогаш ама НИКОГАШ не ги спомнувам во негативна конотација. Престанав да имам било каква желба да го гледам и едвај чекам да искочи од дома. Не знам што да правам, гледам дека почнува од мене да го вади најлошото, почнувам да сум некоректна кон него и нервозна во секој момент. Дури и кога се обидува да биде фин, не ми доаѓа..после се што се изнаслушав од него. Тука нема ладна глава бидејќи станува збор за различни мислења и различни погледи. Не знам дали треба да се стави крај...јас не сум жена што ќе оди да живее на крајот на светот бидејќи ќе бидам несреќна, он не сака да направи компромис за населба бидејќи „немало толку пари“?? (тука е во прашање квадратура и локација - не пари). Не ми е само за мене, утре ми е и за деца, за помош од моите, за растењето на децата и нивните активности и тн. Можеби треба да се пресече во корен бидејќи почнува во карање да враќа и работи од дедо Ное: зошто за свадбата сум сакала вака, зошто за медениот месец сум организирала така, зошто зошто зошто...преку глава ми е. Ќе речете да седнам и да разговарам. Што да разговарам кога тука нема погрешно и правилно, тука има само различен начин на гледање на работите и различни желби. Башка ако вака тргнало за убава работа, што останува за тешките моменти во иднина, за одлуките околу децата и сл. Не знам што да правам. Извинете за долгиот пост, но потребно ми беше да се изнапишам и ве молам за совет бидејќи ми мириса на развод..
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    За да врати работи од времето на дедо Ное на виделина, значи дека некое незадоволство тлеело во него, ама не разговарал за тоа...или неговите му збореле, а тој не сакал да прифати, и затоа не те седнал да разговарате, ама ете сега, кога ТИ го потегна „негативното“, тој си зема за право да го кажи и тоа што до тогаш го преќутувал.
    Како и да е, недостаток на комуникација ќе да е.....вие не го разговаравте станбеното прашање пред да се земите? Не бевте ли свесни за своите желби (ти во Центар, тој надвор)?
     
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.605
    Допаѓања:
    35.099
    Пол:
    Женски
    ^^ Јас имав сличен проблем како твојот, само што кај мене ситуацијата беше обратна. Мене не ми беше битно каде живеам, а него многу му беше важно да биде поблиску до центарот. Најдовме компромис, сега живееме во урбана населба која не е во строгиот центар, ама не е и на периферија.
    Мој совет е да најдете компромис доколку сакате да си го зачувате бракот.
     
  9. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Сме разговарале, ги знае моите размислувања и знае се. Јас знаев дека не му е битна локацијата. Вели дека не му е битна населбата само битно е да биде голем стан за малку пари (значи... или руина во добро место - што ќе ти одземе дополнителни средства за да ја средиш - кое не доаѓа нели во предвид бидејќи пак ќе му биде скапо или ново нешто подалеку од центар). Он јавно НЕ кажува дека не сака во Центар, Капиштец, Карпош 1,2,3, Тафталиџе... не кажува така, туку индиректно со барањата за квадратура го наведува тоа. Единствен пат кога кажа директно беше кога му најдов прекрасен голем стан за под 1000 евра квадрат кај Бугарска амбасада - тогаш немаше што да каже и рече: не ми се допаѓа бидејќи е загаден воздухот :) Неговата населба кајшто растел била идеална, чист воздух, игралишта за деца, играорни, школи и сл. Значи ме форсира индиректно со условите кои ги наметнува и со коментарите од овој тип погоре. Инаку сега вади и работи дека сака 2 деца едно по друго одма, сака веднаш по градики да одат (нешто што не го наметнал како такво, но гледајќи ја сестра му мислам дека копира). Му викам, чекај полека, дај едно на направиме па има време за второ, ќе видиме како и кога...
    Јас се обидов да најдам со тоа што се согласив и на деловите подалеку како Карпош 4, Тафталиџе 2 и сл. дури гледавме и во Аеродром накај Ново Лисиче. Само што он бара ново и големо за малку пари, ме ограничува на населби како Ѓорче, Чаир, Железара и сл.што за мене се далеку (зборувам за мене и мојот живот - не потценувам и навредувам никого). За него тоа што живеел далеку од Центар е предност, чист воздух, деца каде да играат и сл..??
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Бош ситуација, не знам што да кажам....

    Едно е да биде само скржав, а друго е да не ви се совпаѓаат ставовите, посебно за деца! Мајката секогаш ќе влече повеќе кон детето, а ако некој негов предлог не е испочитуван, може да се случи да се повлечи на страна и да ти каже „Е па чим знаеш се`, воспитувај си го детето сама“ (имам видено вакви ситуации), па да не се замара околу децата....

    Знам дека тебе во моментов пилатесот и другите хобија ти се битни, ама кога ќе ви дојдат децата болката ќе се префрли на друго место, верувај.
    Реши ги овие работи ПРЕД да имате деца....
     
    На slavica999, Glasna, Micika80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Јас само ова имам да го кажам..
     
  12. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Знам, затоа се обидувам да донесам некаков заклучок и решение сега. Жал ми е што знам дека и двајцата сме ок луѓе, само што со овие ставови изгледа дека додека сме заедно едниот секогаш ќе биде несреќен..
     
  13. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Женски
    Искрено, не знам зошто живеењето во Ѓорче или Хром или Лисиче или Железара е проблем. Реално, и во најголеми гужви од скоро сите населби најмногу 25 мин е до центар. Ако имаш возило, сметам дека населбата не е пресудна. Што да кажат тие што патуваат од друг град до Скопје и се враќаат назад само да не се одделени од партнерот?

    Лично (без да ме сфатиш погрешно) ја поддржувам другата страна во однос на игралишта, ПАРКИНГ, тишина. Живеењето во центар има предности, но има огромен број маани. Впрочем, на децата од Ѓорче, Железара не им е скратено правото да излегувааат или да се дружат во центарот на градот. Цел живот живеев во Центар, да,се е тука, ама долг период од животот излегував во Карпош 4, аеродром, потоа парк, сега секаде :) признавам не сум се качила во автобус со години, ама тоа е карактер.

    Во однос на активностите кои ги спомена, јазици, пилатес и слично, искрено (не се лути) ама има такви центри и по најзафрлената населба. Ако населбата значи престиж, социјализација и топ соседи- некаде сум промашила.

    Во моментов живеам во Ѓорче, и супер ми е. Бар се наспав :) Соседите се ок, населбата е топ, имам паркинг во секое време... Стигнувам за 15 мин на работа (воцентар работам). Не се правдам или рекламирам, и мене ми беше чудно во првите месеци да се навикнам, ама сфатив дека има мноогу предности.

    Искрено се надевам дека ќе ја пребродите кризата и дека за некоја година ќе се смееш на овој период и ќе им раскажуваш на децата како мама и тато среќно пребродиле драма за зграда и населба.

    поздрав :)
     
    На SkarletOHara му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    ... :fubar: ..веќе 5 год имам криза во мојот брак...заедно сме 29 год,сопругот дури сега станувам свесна дека одескогаш бил тој,ама јас не сум приметувала затоа што децата беа мали,почнувавме бизнис и едноставно немав време да приметам некои работи кои не функционираат...децата си пораснаа и така многу проблеми станаа видливи...на пр,сопругот е тој што целото време криеше од мене пари, ако прашав каде се се кажуваа лажни изговори,за ова или она,никогаш не учествуваше во воспитувањето на децата,едноставно не го интересираше а јас како мајка го носев целиот товар со ќеф дека правилно ги насочувам во животот,што за среќа и испадна така,моите синови се здрави и успешни личности....за бизнисот цело време ме држеше настрана тој беше овластен потписник на сите банковни сметки,кога дојдовме до просјачки стап сватив дека и тука лажел и трошел без ништо да знаам...ако го немаше по неколку дена дома,на прашањето каде бил,добивав одговор со другарите,а дури сега дознавам дека и не било така(откако се разболе од хепатит B,кој се пренесува само по сексуален пат и преку крв)значи од некоја дама,...лелеле и ред други милион работи,кои се случувале покрај мене а не сум ги приметувала...за среќа што заминав во странство на работа се оддалечив,ама со секое мое одење дома ги увидував сите случувања како некоја реприза,и сега одлучив...ке се разведам,едноставно не можам поќе...тој е тој зрела личност која нема да се промени,ама јас не сум поќе истата будала од порано и не трпам поќе......па што ќе ми дај бог тоа ќе ми е...можи е касно веќе сум 47 год,ама не се знае...се чуствувам силна за нов почеток од 0...... :worried:
     
    На avita му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    Животот во брак е компромис. Не може само на едниот да му биде погодено, а другиот да биде несреќен. Палчица, вие имате поголеми проблеми, не е само станот во прашање.
    Јас мислам дека тој сака да доминира, а скржавоста (како што ти ја нарекуваш) му е начин да го покаже тоа. Сака да биде главен во врската, односно бракот, бидејќи смета дека мажот е оној што треба да биде доминантен. Од друга страна, мислам дека се чувствува инфериорен и искомплексиран од нешто - многу веројатно се срами од тоа што живеел на периферија и не сака да прифати да живее во централниот дел само затоа што има комплекс на инфериорност во однос на луѓето кои живеат таму.
    Со самото тоа што го наметнува своето мислење и желби во однос на станбеното прашање, а не размислува за твоите потреби, активности, конкретно твојот живот, покажува дека сака жената без приговор да го слуша, почитува и прифаќа неговото мислење, односно сака да те контролира и со тоа донекаде да си ги лечи комплексите. А искрено, ако не прифаќа разговор и компромис околу станот, ако децата што би ги имале во иднина му се изговор за да се оствари она што тој го посакува, не знам дали вреди да останеш со таков човек и понатаму. Не брзај, ќе ти речам убаво размисли, секогаш кога можеш, поразговарај отворено и кажи му дека е важно и двајцата да бидете среќни, а не само едниот.
    Но можеби неговите го притискаат да земе стан поблизу до нив?!
    И некако, како да немате меѓусебна комуникација... многу работи ти премолчел од минатото, сигурно уште ти премолчува - чашата ќе се прелие некој ден, а тогаш ќе биде многу полошо отколку да ти кажува во моментот што навистина му пречи. Тоа мора да се промени ако останете заедно.

    Можеби грешам во проценката на човекот, но таков впечаток стекнав за него од твоиве постови. Дај Боже да си ја средите ситуацијата и да најдете решение што ќе ви одговара на двајцата, без да ви се меша некој од страна. И најважно, почекајте со децата :)
     
    На EleMental, ilipili, Palchica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Ако разликите во цена на станевите што ги разгледувате е голема во однос на тоа каде се наоѓа, а немате баш пари за расфрлање па да ви е сеедно...тогаш зошто да не се размисли малку попрактично и реално и да не се гледа себично само за свои потреби?
    Кажуваш како тој зборува за голем простор, за комоција за вас и вашите идни деца, помирно место, поефтино...а ти размислуваш за курсевите за пилатес и јазици.Само во центар можеш да одиш на курсеви и само таму е можен социјален живот или пак имаш некој комплекс кој тој го има препознато па затоа си одите на инат и не попуштате...
    Ако е само ова проблем мислам дека со малку повеќе разбирање и компромис може да се реши, но ако и двајцата си терате по свое и мислите единствено за своите потреби без желба за прилагодувања кои ќе ви требаат и понатаму во животот тогаш размислете добро колку сте еден за друг...
     
    На ilipili, slavica999 и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  17. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Точно е дека проблемот е што имате различни гледишта и поинакви сфаќања, но компромисите се составен дел од бракот. Мислам дека ова е само период кога тој ти е толку одбивен, но мора да помине, сепак љубовта е таа која ве довела доовде и некако мене иако од една страна е голем проблем од друга страна додека читав ми звучеше некако детски и повеќе водење некој инат и некое си меѓусебно докажување па морав да погледнам колку години си. Не си мала, постара си од мене и размислувањето на развод заради дополнителни трошења на бензин ( заради кои би дошло) воопшто не ми се допаѓа. Какви и да ти се дополнителните активности ако вредат ќе вредат да потрошиш некое литро бензин плус, ако не не вреди да го трошиш времето што инаку би го поминала со децата и мажот. Помош од родителите ќе имаш и да си вами или таму верувај, најверојатно и ти го знаеш тоа. А најубаво е кога сама ќе знаеш да си го организираш времето па ќе можеш и пилатесот да си го вметнеш во животот. Може за тоа што ни јас не сум дете од центар, од провинцја сум, и имама седено под кирија во Скопје и во центар и малку подалеку и многу подалеку од центар. И ги имам почуствувано и предностите и недостатоците и на провинцијата и на Скопје во центар и на Скопје во периферија. Ајде да не го кажувам моето гледиште за тоа ( иако ќе ти биде јасно :) ), но во врска со вас мислам дека малку треба да се опуштиш Ѓорче на пример не е крај света и ќе можеш да правиш многу работи и таму без да идеш до Центар. Од друга страна кога ќе дојдат децата верувам дека многу работи за кои сега се карате ќе бидат бесмислени. Извини ама иако велиш дека ги немаш потценето неговите, МИСЛАМ дека гледаш со потценување на луѓето кои се така попериферни па затоа ти е толку тешко да го прифатиш тоа што тој го сака. Па не Ѓорче и некое село би било добро место за живеење за вас и вашите деца ако живеете во љубов и разбирање. Зар мислш дека луѓето од село немаат никакви активности надвор од домот и се ништо друго освен домаќинки?
     
  18. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Eве од машка гледна точка ке прашам само едно.Дали доколку не бил скржав,не би ги имал сите тие мани и те подржувал во се,те сакал и почитувал ке си прифатела да живееш на периферија на градот (без да има можност да купи стан ).Човек кај се мачи се труди да застане на свои нозе се наогаат уште небитни замерки според мене.Не го свакај ова лично но мислам дека ти не го сакаш него а ни неговиот начин на живот.Пред да се стапи во брак секогаш луѓето се запознаваат во една врска ,а понекогаш и заедно живеат .Но да не заборавам да прашам дали и ти учествуваш во делот со финансиите за станот (не е морално нити нешто лошто да не се учествува кога се нема ).А и крај краева еднотавно некој карактери не сакаат гужва коли и се останато а како населби што ги спомена се сосема пристојни и мислам дека ти не ги поднесуваш имаш некој комплекс на висока вредност.
     
    На ilipili, Abeja и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Не сваќај дека ако некоја твоја желба не е исполнета ти си несреќна или обратно. Ехеее уште колку кршења на копја ќе има, ама тоа е живот а успех на секој брак е да се најде компромис и зачува.
    Како идеја само, еве сега во тоа место каде што живеете под кирија сигурно и на двајцата ви одговара па побарајте некаде тука во близина стан.
    Стамбено прашање не се решава исто кога одиш да купиш леб во продавница, туку гледаш, вагаш и на крај решаваш.
    Женичко луѓе сонуваат за свој стан/куќа и стискаат заби кај старите и тргаат нервози затоа што НЕМААТ пари да си дозволат а вие ги имате ама незнаете како паметно да ги потрошите.
     
    На ilipili, SweetDream, Moira и 2 други им се допаѓа ова.
  20. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Луѓето во интерес на бракот прават многу поголеми жртви од таа што ти би ја направила.Секако под кирија сте,и да купите стан во околината,во центар пак ке има станови за под кирија (доколку би се вратиле).Не сте единствен пар што има проблем околу локацијата.Кај што јас живеев имаше многу подобри услови,во секој поглед(работа,станбено прашање,помош од родителите,културно-забавен живот итн.),ама тој никако не прифати да живееме таму (не домазат) и јас ја направив жртвата иако сето тоа таму го имав.Тогаш многу многу се нервирав,станав анксиозна,нетрпелива истите негативни чувства кон него,како и ти,но некако работите се средија.Сега маж ми со пола уста признава дека направи грешка,можеби ќе ни беше подобро кажува,но тоа не менува ништо,само ми кажува дека почнал да гледа подобро на работите,реално,а не со таа машка суета.Во меѓувреме јас се навикнав ваму и не би менувала ништо засега.