Не, не, не идат така работите. Читај сега внимателно: 1. Ако и двајцата работите, тогаш домашните обврски се делат подеднакво. Еднаш ти переш, еднаш тој. Еднаш ти готвиш, еднаш тој. Еднаш ти чистиш, еднаш тој. Итн. Е сега ако имате две плати, купете си барем перална за садови. Перална за алишта се надевам дека имате. Имате ли? 2. Хипотетичко сценарио: Ако ти работиш, а тој не, тогаш тој ќе пере, чисти, готви и други домашни обврски, а ти кога ќе си дојдеш изморена од работа, ќе треба да те чека ручек или вечера и се да биде чисто и испрано. Не се смеј, сериозен сум. Ако си жена, не си робинка. Повторувај го ова по неколку пати дневно пред доручек, ручек и вечера. И зошто го имаш тој психички став дека ти треба да му удоволуваш него? Зарем не треба тоа да биде обострано и двајцата да си удоволувате меѓусебно? Мораш да го смениш тој себе-понижувачки начин на размислување, или во спротивно да не се мачиме залудно да пишуваме совети овде.
Ако му ја оставиш мамичката негова ќе му се прајт мама на детето твое. Стај му рицинус во кафето, нека поседи малце вклозет.
@Amelaaaa Многу ми е жал кога те читам вака како ем слугуваш, ем си напаѓана, ем повторно само ти се обидуваш да ја средиш неподносливата атмосфера. Не сум во брак, но ќе кажам од моја гледна точка како би можела да постапиш. Замоли некој близок да ја причува ќеркичката на неколку часа и седни да разговараш со него. Кажи му дека не ти пречи да се грижиш за домот, но дека веќе нема да молчиш ако тој не помага. Или поточно, ако не помага тогаш и ти нема да се грижиш дали се' ќе биде цакум-пакум. Ако му е до инаети, нека си оди неиспеглан на работа, нека седи гладен ако го мрзи да си стави чинија и да си земе леб, нека не оди во тоалет ако го мрзи тој да исчисти, нека спие на земја ако му е тешко на господинот да стави една постелнина. Во спротивно, ако сака да функционирате како семејство ќе мора и тој да придонесе во извршувањето на домашните обврски. Работа би ти рекла да си бараш уште од сега, затоа што ако не успее разговоров според мене втора опција би ти била да си заминеш од домот заедно со девојчето. Поради тоа ти е потребна финансиска стабилност. Знам дека не е она што го посакуваш, но исто така се надевам дека нема да дозволиш да бидеш нечија слугинка и жртва на изживување цел живот. Во случај на развод мислам дека мајката секогаш има предност во поглед на старателството над децата. Не сум сигурна, нека ме поправат другите членки ако грешам. Во секој случај, немој да се плашиш и од таков исход. Нема да бидеш ниту прва, ниту последна што се одлучила за таков чекор. Само ќе покажеш дека си одговорен родител и личност која не дозволува едно типично мамино синче да ти ја уништи самодовербата и да те погази.
овоа сето и го праве намерно штом несакаш да живееш со мама и да ти помага пукни и рмбај сама да видиш колку е тешко се е ова за да живее она со свекрвата пак и воде инат затоа
@Amelaaaa Дете знаеш кога ќе можат да ми земат? Кога некој друг ќе го носи 9месеца, друг ќе го раѓа и друг ќе му биде услуга 24/7. А се до тогаш за мое дете кажувам јас. И треба цврсто да стоиш зад тоа. Јас не одам на работа, ама заработувам од дома. Ама тоа што сум по цел ден дома не значи дека некому ќе изигравам слугинка. Тоа што можам да го сработам ако имам сила, нема проблем. Ако немам ќе чека. Господинот кај мене не е на прво место, туку детето. Не смее ни да помисли а не па да ми рече зошто прво на детето сум дала да јаде, ама јас така сум се поставила. Се е до ставот. Мораш цврсто да застанеш и да си ги бараш правата, затоа што никој нема туку така да ти ги даде.
И кога живеев со неа се сама си правев и јадење и чистењеосвен малата што ќе ја почуваше и во бременоата кога имаше период кога морав да мирувам тогаш на почетокот правеше јадење после нешо и текна о на бремена жена ми рече не е тешко да направиш јадење ќе ставиш нешо на брзинка а кога ќе правам јас ќе ти кажам да неправиш и така имаше денови ќе и текне ќе направи и за нас нешо ќе донесе имаше денови не правеше а јас морав да мирувам и јадев што ќе најдам или мм ќе донесеше нешо од работа кога си идеше .некогаш ќе дојдеше ќе изметте дома и сад ќе измие ама тоа беше тогаш месец два колку шо требаше да лежам. И јас си мислам дека е за тоа и дека сето ова е нивни план и за инат дрмек нека се снајде сама штом не прави муабет. Ако она не сака да ја гчеда малата само за инат за мене ја со неа не се замарам ама мм срам да му е плус и сам знае што се имам претпрено од мајкаму ама он цело време бара начин да ја оправда додека свекор ми е од моја страна секогаш ме подржувал ама и он неможе со нов двајца да се разбере и крена раце.
@Amelaaaa е опција да заминеш до кај твоите на некое време со бебето? Чисто да им дадеш до знаење на маж и свеки дека имаш опции. На твоите не мора да кажеш дека имаш проблем со нив ако не сакаш.
А да му спукаш на маж ти малку. Вака ако си ќутиш и ако се правдаш ништо не правиш. Покажи заби и покажи му и него кај му е местото во куќата.
Те читав и во претходните мислења. Таа мора дс научи дека е баба, а не мајка на твоето дете. А, оној твојон тешко да предтане да цица од мамичка, и заедно се договорени да ти тераат инает. Ама ти биди попаметна, земај си детето, шеткај, оди до кај твојте. Едноставно не врти се дома, да им дајш до знаење дека не ти се потребни. Ако ти побара јадење, зошто не било средено, речи не ми е арно и бла бла. Прави си засебе, а тој, па го има цицето на мама.
@Amelaaaa да си најдеш работа , детето во градинка и така мислам дека ќе биде полесно ќе си имаш свои пари и подруго е, а дома ако си и ако постојано ѓи извршуваш сите домашни обврски ќе бидеш по уморна отколку на работа да одеш верувај, плус ќе се запоставеш, ништо нема да ти е интересно ништо нема да ти се признава од сработенотото по дома (маж ти мисле дека он само работе придонаса , а ти си седеш дома и кога ќе дојде од работа треба ти да му бидеш слуѓинка оти нели ништо не си работила само си гледаш детето ) а ти си се утепала од работа , ќе станеш многу нервозна , ништо чудно и депресија да те фане и ќе ствара некоја негативна атмосфера дома кавги и сл
До вас е. Што се трудите постојано да му удоволите кога не добивате ништо за возврат? Ја читам Амела како се жали дека постојано чисти, средува, пери, пегла а тој не сака ни 5 минути да го почува сопственото дете. И упорно го убедува, упорно се труди да му удоволи, да среди се. За кој ти се молам? Јас да сум на нејзино место нема дома да ме види, ќе шетам цел ден со детето и нема ништо да фатам, барем ако се жали да има за што. Додека тој не вложи труд и не посвети внимание на сопственото дете и сопруга, не би и јас на ништо друго.
Ама Амела нејќе да ја среди ситуацијата, ако сака она ќе ја среди, се што треба е едно одење кај мајка и на подолг рок, ќе моли после. Она не да оди кај мајка и, не да најде работа мало е детето, не да се помири со ситуацијата со свекрва и која очигледно е лоша ама бар знам дека ќе имам јас мир у куќа, ништо нејќе. На никој не ни се по ќеиф моментите да чистиме додека децата ни се кај бабите, еве цела сабота дете помина кај неа за јас да чистам, ама кога се мора се мора, тоа е тоа. Ќе и го однесам бабо повели денес е твој ден со бебе јас морам да чистам, круг 180 и ќе си пуштам музика, ќе си чистам цел ден, само за доење (ако цица) ќе одам или да однесам јадење. Ниеден совет не го прифаќа, а тоа го увидел и маж и па сега ја остава сама да се снаоѓа.
Здраво..пак јас иако по подолго време. Мажот замина да раб во Германија. Почна во мај,и пред да појде имавме страшна кавга и само секунда фалеше да ме удри. Причината беше смешна, зошто порано не сум му кажала дека ќе одиме со малата на гости,а не пред тој да тргне на работа. Всушност ова и не причина тука само капка во морето наши кавги. Страшно беше..ми побараа развод но разговаравме да одлучиме кога ќе се врати. Поминаа три месеци, дојде.. ништо воопшто не беше сменет. Дома е е еден човек,молчи намуртен е пред Др се смее шегува и сите имаат мислење за него дека е фин. Јас не знам за кого сум мажена. Кој е тој човек за кој ми зборуваат,не го знам. Дури и до детето е ладен. Седеше само три недели и пак отиде. Во меѓувреме ме истера кај мајка ми,сум била курва бидејќи сум се шмикалс и дотерувала.Собрав партали и отидов со детето. Потоа ме молеше даде вратам ,ме сакав но детето пиштеше без мене а тоа е на прво место нели. И сега јас сакам развод. Не работам во потрага сум по работа,но и немам подржка од моите. Јас и од нив побегнав па се омажив. Тие живеат под кирија немаа пари да ми помогнат башка татко пијаница брат наркоман во затвор. Но јас сум решена сама да се пробијам. Не го сакам одамна не сме среќни нема почит и комуникација а тоа е најважното во брак нели? Некој совет искуство или поддршка
Најди работа. Тоа е најважно. Стабилизорај се таму и одлучи тогаш како понатаму. Без рабпта немаш многу шанси. Не знам колкаво дете имате, градинка и посвети се на барање работа и усовршување- курсеви, јазик, било што што ќе те направи поконкурентна. Со маж ти не се карај. Само трауми за детето. Пробај да ги игнотираш глупоатите негови додека да заминеш.
Јас можам само совет да ти дадам. Бидејќи поттекнуваш од дисфункционално семејство, мажот ти тоа добро го користи и цело време те омаловажува. Тоа што некој пат те моли и ти вика дека те сака се само игри, ради детето, а не ради тебе. Што добро детето ќе види од тој однос? Апсолутно ништо. Човекот е изгубен, не вреди да се надеваш дека нешто ќе се смени. Тргни од тоа што те нарекува курва, што избувнува, што нон стоп се кара. Претпоставувам малото е 3 год. Одлична возраст за во градинка. Барај работа, ако киријата е висока, дели соба со некоја друга жена или слично. Не се предавај, можда досега си била секогаш тажна, но нема фајде во тоа. Имаш право да си среќна, ама за да го постигнеш тоа, тргни од себе, од своите и потребите на малото, а на не на тој токмакот. Да се биде сам и не е така лошо одредено време. Работи си, грижи се за детето, игнорирај се што ти ствара негативни емоции. Бори се.
@Fleur-De-Lis детето е 4 год, хиперсензитивна е и мн врзана за мене. Впрочем се правиме заедно од бањање до спиење. Мене искрено ми е преку глава од се па и од неа ,иако знам дека кутрото не е виновно за ништо. Се трудам да бидам силна ,но веќе немам сила. Инаку ни стигна известување дека е одбиена за во градинка па не знам како ќе биде. Инаку живеам со неговите ама како сами да сме,во една соба..доолгса приказна. Сепак прво градинка да ја решам па потоа ќе видам што ќе биде