Каде бе со тие другарки, колешки? Па и уште лаже... И после да не се сомневаш. Аирлија нека е. И те како да се сомневаш. Женчиња ценете се самите себеси, ве молам. Немојте да ве шибаат вакви фрустрирани мажи. Ако не е способен за семејство, што земаш на душа невини луѓе ццц
Во брак и те како е различно од претходно - ако сакаш 15 години биди во врска (ние бевме 10) пак не знаеш каков ќе биде. Не можеш ни да знаеш дали си спремен за нешто додека не го направиш и не сфатиш, за жал некои работи не можеме да ги предвидиме. Кризи во бракпт има насекаде - искрено не познавам пар кој немал криза во бракот, без разлика за што била истата. Ако има таков - алал нека им е.
Не гледам причина за сомнеж и љубомора ако оди на кафе со колешки и колеги. Јас имам куп колеги и колешки и постојано сме на кафе, па нити еднаш не доживеав криза во бракот, дури се случува сопругот да ја чува ќерката која има 5 години, а јас да одам на кафе. Во канцеларија од секогаш сум била со колега, некогаш сме останувале и повеќе од работното време па ниеднаш не сум имала испад од мм. Напротив, дури ми вика оди прошетај, направи лајт муабет со колегите и колешките зошто знае колку стресна работа имам и знае колку се трудам да правам баланс помеѓу кариерата, домот, бракот, родителството и колку се трудам да нема никаде недостатоци. Нормално дека не претерувам, со кафиња и слично, имам самоодговорност и одговорност кон мм и детето, но жените не сме жртви на домот и бракот. Без разлика што е мало детето на членката, може да го земе да прошета со другарки, да се напие кафе, па и трач муабет да е, лошо е кога ќе завладее монотонија и животот ќе се сведе само на домот. Тоа што ја излажал не е во ред, но можеби го направил тоа за да нема кавга, ако постојано му приговара за кафињата, секако не е изговор, но сите понекогаш сме излажале нешто за да избегнеме конфликт. Ми измина времето за едитирање, затоа ќе се надоврзам на мојот коментар... Имам чувство дека во последно време жениве се натпреваруваат помеѓу себе за тоа која има поголеми подочњаци, која е понеисчешлана и која е поизморена и позатворена во домот,која е поизгладнета, како само со децата ги гледа со цел протокол околу оброците, ручек доручек вечера по беби готвач, и сл. за да докажат која е подобра и попосветена мајка, да не речам најмајка. А притоа се запоставуваат себе, особено емоционалниот и социјалниот живот. Иако си мислат дека го поатигнале моментот на најмајка, повторно не се задоволни, зошто, зошто ни еден ден не живеат за себе. Секако дека децата се најважни, но ако мајката е незадоволна и децата не се среќни, а да не збориме за сопругот. Колку поисполнета жена, толку подобар брак и родител . Кога ќе престанете да бидете роботи по дома, тогаш ќе станете ЖЕНИ.
Колку поисполнета жена, толку подобар брак и родител . Кога ќе престанете да бидете роботи по дома, тогаш ќе станете ЖЕНИ. Точно така
Не сум приговарала за кафиња и сл - и јас го правам тоа. Проблемот беше што требаше да дојде дома да средиме неш - другиот ден омавме гости а малиот не беше мирен и бев исцрпена. Испадна како демек побитно е да не им откаже на колешките отколку тоа ама нмв. Излегувам и јас со бебето - не седам дома - ама сите работат па мора тоа излегување да е навечер. Преку ден само до парк. Да сумирам - разговаравме - ок е сега поздрав
Развод. Зарем се враќаш дома после тоа? Или мораш да се вратиш? Кога те исфрла кај одиш? Или само со зборови те исфрла? Викаш после секоја? Зарем му даде веќе повеќе од три шанси??? На првото исфрлање РАЗВОД!
Разведи се. Куче не се исфрла така, а не пак човек. Се извинуваат добескрај после ама извинувањето воопшто не му е искрено туку манипулаторско. Идиот
Najlesno e da se razvedam ama jas imam dete so nego a i moite roditeli ne bi izdrzale vakov sok zatoa sto dedeka deteto mi bese malo istoto mi se ima slucuvano ama od tatko mu eve sega i on pocna
Јас со еден дури и не ми беше дечко после еден месец видов чат со некоја одма го откачив, а не па брак, деца, лудило
Ти трепеше татко му да те гони? Па ќе земеш ќе си најдеш работа и ќе си живееш сама. Ни прва ни последна ќе си.
Ако имаш дете со него треба побрзо да се разведеш. А твоите издржуваат да те исфрла од дома?????? Не ми се пишува веќе бидејќи од авион се гледа што следува кај вас. И второ ќе родиш и се ќе трпиш до крај на животот. Да тепав не знам дали прво по него би тргнала со стап или по тебе. Детето нека стада. Како ќе расте се потешко нека му е затоа што се родило од двајца како вас. Двајцата за стап. Твоите зошто те родиле тебе? За некој од дома да те исфрла????? Разведи се, оди кај твоите со детето кажи им те тепа и брка од дома сред ноќ. Ако не им е ок барај друго решение. Сама под кирија. Работа. Цркнав Крај
Никој не може да те спаси ако ти не сакаш. Провери низ форумов, ако за некој проблем може да се даде друго решение, членките ќе го предложат. За твојов проблем решението е развод. И психијатар за маж ти. Многу разведени имаат деца па се разведуваат. Тоа што твоите нема да го поднесат тој шок е нивни проблем не твој. Тие како родители треба да те заштитуваат тебе, а не ти да ги заштитуваш од шокови кутрите. Ако не одиш на работа, најди си. Во Скопје Интернационална мрежа против насилство на жени и деца нуди помош. Имаат дури и куќа каде можат да престојуваат жени и детски соби ако имаат деца. Ама ти треба да сакаш. А со оправдување на постапките на твојот маж кретен нема да си помогнеш. Ептен е лошо тоа што ти го прави. Спаси се, не мораш да трпиш