Palchica , јас мислам дека си премногу себична. Живеењето надвор од она што за тебе е центар не значи дека си излоран од градот и од можноста да посетуваш курсеви, пилатес и тн. Луѓето што живеат во населбите и селата не се ништо подолу од тебе и научи се да ги гледаш работите од сите агли, научи се да се адаптираш, не само на твоите желби и потреби туку и потребите на твојот сопруг. Вие сега сте двајца, во иднина дај Боже ќе ви се зголеми бројноста, и искрено за дете е подобра средина населбата/селото отколку градот. И нормално дека маж ти ќе мисли на иднината во планирање на станбениот простор, бидејќи тоа кога тогаш ќе си дојде и помислата дека ќе си живеете во гарсоњериче нема да ти биде доволна. Кога се планира и уредува стан не се поаѓа со став како твојот, сега помало утре поголемо, па зар цел живот вие ќе средувате станови, куќи. Немој да мислиш дека оние што не живеат во центар се помалку вредни и дека не успеваат да одат на пилатес, козметичар, курс... па и тие се луѓе, освести се, само за некои свои потреби значи дека треба да си го испотат гзот за разлика од тебе, која мислиш дека градот треба да ти биде сервиран на тацна. Толку ти е тешко од периферија да отидеш во град на пилатес? Луелуееее па во тој случај ти ни даваш слика на размазена градска шмизла, без навреди ама сеуште размислуваш соло, треба да го прифатиш бракот и заедничките потреби. А тоа дека бил скржав, хммм... во која смисла скржав, можеби ти си имала превисоки потреби за неговиот буџет и си трошела без осет, навикната на твојот претходен соло живот, а со таа компарација со сестра му, можеби добронамерно сакал да ти укаже дека не може се во животот да ти биде при рака, односно сервирано на готово до гз, за некои работи човек треба да се потруди, да учи, да работи, сам да се потруди за своите желби...и да се симне од облаците.
Јас не би заземала страни, и не можам да кажам дали ти си во право, или тој. Двајцата имате аргументи кои ви се важни, и ова е прашање кое мора заеднички да го решите, така како што на двајцата ви одговара. Ова е првиот тест, на кој ако паднете не знам дали има поента да продолжите заедно, а ако го надминете понатаму верувам дека многу полесно ќе правите компромиси. Не мислам да правам споредба на живеењето во центар и на периферија, затоа што поентата не е во тоа, туку во вашата подготвеност на компромиси. Различниот начин на живот во минатото многу се одразува во заедничкиот живот. Некој може да се прилагоди лесно, некој не може. Ние сме од многу слични семејства, и финансиски, и по професиите на нашите, во однос на место на живеење - населбите ни се разликуваа, ама немало драстични разлики, па сепак имавме различни ставови околу многу работи од животно значење. Пред неколку години се соочивме со прашањето кое вас сега ве мачи, само јас бев од обратната страна. Имавме куќа на периферија која за многу малку пари можевме да ја средиме да биде супер, ама се решивме да почнеме од нула, во близина на центар. Јас тогаш повеќе бев за периферија, бидејќи многу полесно ќе поминевме период кој ни беше многу мачен, ама видов дека му е важно да биде во близина на центар, и повеќе немаше дискусии. Имавме и сосема различни вкусови околу уредувањето на домот, до некаде и околу воспитувањето на децата, ама ништо од ова не претставувало проблем, затоа што двајцата сме подготвени на компромис без никаков проблем, и без да се чувствуваме како да сме направиле којзнае каква отстапка или сме изгубиле дел од себе. Сакам да кажам, дека ако сте спремно на компромис, прашањево е дури и смешно, а ако не сте, тогаш добро што ви се случува сега, кога немате ни деца, па ако за ова не можете да се договорите, тогаш можеби подобро е да се разделите, колку и да звучи ова сега страшно.
Јас не мислам дека е себична. Тука не се работи за нејзините курсеви и потреби или што знам јас што, друг е проблемот. Ако таа мора да се прилагоди на желбите и потребите на мажот, зошто тој да не се прилагоди на нејзините? Компромис треба да направат и двајцата, како што во моментот и на двајцата им одговара, а не само на нејзиниот маж. Проблемот кај нив не е станот и локацијата, туку недостигот на комуникација. Нема друго.
Комплекс нема, има само практичност. Да, по пола треба да учествуваме. Сега иако сме во близина на центар има моменти кога муабетот е „нема бензин за да одиш до ваму/таму“. Што би било кога би живееле подалеку и би имале кредит на 20-30 години.. Не потценувам населби, туку само кажувам од практична гледна точка за целокупниот заеднички живот (мој, негов и здравје во иднина на децата). И не зборувам за строг центар туку за поширок дијапазон како што и пишав претходно. Мислам дека целосно ја имаш утнато сликата за нас, а можеби и јас погрешно сум оставила впечаток кај тебе. Само едно ќе ти кажам: додека тој купува фармерки од 5000 денари, јас купувам во МакЏинс за 1500 еднаш годишно и не ми било никогаш проблем. Тие работи не се воопшто под знак прашање, немам ништо против и повеќе и поскапо да купува од мене ако тоа го прави среќен и не сакам воопшто да стане збор за тоа бидејќи нема муабет за тоа, ни караница, ни дилема, ни проблем. Јас не сакам од престиж да купам стан па да ме гледаш како градска шмизла - да бев таква ќе најдев некој што има куќи и коли, а јас се омажив од љубов за некој кој нема ништо. Гледам само од практична гледна точка, за нашите редовни работи, за мојата хонорарна работа што он секогаш вика „леле добро ни доаѓаат и тие пари плус“, за моите и неговите активности, утре за децата, па до некаде и за помош од родителите и сл. Имам другарки и другари кои цело средно не излегуваа бидејќи немаа превоз, рано одел последниот автобус, скапо било таксито, имало снег не можеле да се симнат до центар, немало кој да ги донесе и сл. Не реков да земеме стан во Соравија Ресорт, туку имам толеранција за многу дестинации. Но некако неможам да имам толерација за ситуации каде овој проблем се вади и префрла пред секој пријател и се бара поддршка за да ме исплука како не газам на земја. И да, уште едно дополнение: најдов идеален стан за кој беше решен дека сака да го земеме, само да ја спуштат луѓето цената. После цел месец договарање конечно ми ја спуштија цената (бидејќи јас преговарав цело време), тогаш се премисли дека не му се допаѓа. Не му се налутив туку му реков ок битно на двајцата да ни се допаѓа бидејќи и двајцата треба да живееме таму. Кога најдовме стан кој ептен му се допадна а мене не, почнаа навреди, дерења и лоша атмосфера со денови. Кога му реков ок ќе земеме кај ти што сакаш, но како ќе може да се вселиш со мене и да знаеш дека не сум среќна, одговорот беше: Не е битно ти да си среќна, битно е да ги гледаш заедничките интереси..па види сега ти.
Се согласувам и јас, нема потреба од завземање страни, секоја планина носи своја тежина нели, ама мене ми е чудно како тој до сега не кажал каде сака да живее во иднина, туку тоа го кажува сега, кога треба да се бира стан. Затоа реков дека во некој момент од врската/бракот ви недостигала комуникација.... Јас сосема те разбирам за изборот на населба Спојлер (не затоа што и јас сум таква, (ние купивме плац за куќа настрана од целиот хаос, иако станот ни е на 3мин од Центар) туку затоа што имам блиски примери), за „престижот“ што мислиш дека го носи, за „предностите“, за „името“ на тамошните училишта, градинки, и колку ние да се правиме „невини“, самиот износ на м2 кажува кои се „посакувани и престижни“ населби за живеење, без разлика дали ние се согласуваме со тоа или не. Не мислам да те премислувам, така си растена, така размислуваш, тоа си го бараш и ОК е, ама проблемот е што вие дури СЕГА дознавате дека сте се разишле по ова прашање. Прашањето е колку си спремна на компромис.
Па јас на ова ќе додадам, добро девојче каде ти беше овој памет додека живеевте заедно и кога правевте планови за брак. Ти овие работи си ги знаела и пред и после бракот, зошто тогаш се впушташте во нешто толку комплицирано и несигурно. Не можам да сакам некого кој ме навредува, особено пред други луѓе или ме омаловажува за мојата работа, каква и да е. Единствено решение ти е, да седнете и отворено да му кажеш, одн. да го прашаш зошто се однесува така и од каде потекнува незадоволството кај него, и да не завршуваш со разговорот пред да добиеш одговор. Така ќе си ги разоткриете меѓусебните незадоволства и ќе се обидете да ги решите. Без разговор ништо нема да решите, но да нема инаетење од двете страни. Не може тој на секој саат да ги менува мислењата за крупни прашања, така те малтретира тебе а и те засрамува пред луѓето. Не знам дали тој вистински те сака покрај таквото негово однесување.
Само едно ќе кажам: во право беа некои мои другарки кога викаа дека потписот знае да го смени мажот..не ми има вака реагирано пред луѓе и не ми има правено топло-ладно за ништо претходно.
Може потписот не го менува, само тогаш паѓаат маските. И јас живеев со маж ми пред бракот, но после тоа луѓето едноставно си се опуштаат и готово е завршена работа сега ја/го имам и ќе правам што сакам, како што ние жените пример знаеме да качиме кг и тие знаат да забегаат. Кој ќе се свести порано или подоцна дека греши и го повредува другиот кој нема никогаш. Се зависи до карактерот. За тоа ова бракот се помалку го ценам и искрено да живеев некаде малку подалеку од балканот наш, не ставав потпис, ќе си живеевме заедно и среќно и без тоа. Ама кога ќе земеш во обзир колку повеќе трпеле нашиве мајки и баби, сепак веќе сме во завидна позиција ние жените, нели Сепак и во денешниве мажи останало нешто од нивните предци па сега некогаш би требало да премижиме, се во граници. Секогаш сум за тоа да се почитува личноста на другиот, кога ќе почне да се гази цело време врз еден веќе не оди. Каде и да купите стан се надевам во него ќе почнето нов и поубав почеток.
Можеби си во право за некој работи но некако премногу себично ми е да немате искрена комуникација за вакви работи.Како што те прашав а видов дека не си ми одговорила (се разбира ако сакаш ).Дали би се нафатила на тој брак доколку би сте морале макар и привремено да живеете некаде на перфиерија со неговото семејсто ?.Можеби те нападнав-навредив но не ми беше тоа целта.Сакав да ти кажам дека и нашите навики се менуваат со тек на времето полека .Јас не сум женет но свесен сум дека кога ке се случи тоа сите оние работи што сега ги имам во изобилие (време за пријатели, кафинја, теретана, спорт итн ) потоа ке бидат сведени на минимум.Ке мораш да си го прифатиш и тој факт без разлика каде ке живееш и во која населба.А и градов толку мн се разви што неможе човек да почувствува разлика од карпош до ѓорче (освен во цената на станот ).Како што се гради сега , конктретно Скопје човек може да измигрира за месец дена доколку има потреба од тоа.Така да не гледајте ептен на долгорочен план ,секогаш може да се направи измена барем за тоа ,а не типично балкански каде си се родил таму и остани си и пукни со сите маки и проблеми
Од спомнатите населби, би ти го препорачала Ѓорче, и тоа почетокот. Имаш се, и школи за јазици и пилатес, урнанизирано е, брзо се стига до град. И навистина, не мора засекогаш да се остане во еден стан. После првото детенце, полека ќе се средите, па ќе имате за поблиску до град ако е до толку. Имајте на ум, двајца заедно прават повеќе од секој сам. Само разговор ќе го реши ова, ама искрен разговор и доаѓање до средина, компромис, кој и понатаму ќе ви треба за се и сешто, за тоа каква дневна да купите, ане пак стан.
Прво одговор на прашањето Пред да се земеме не сакав бидејќи врската ни беше малку на стаклени нозе и затоа почнавме да живееме заедно за да видиме дали ќе функционира или не. Така што тој период не доаѓаше во предвид уште живеење со родители. После свадбата јас му реков да одиме за привремено додека заштедиме плус пари за стан, но он не сакаше бидејќи веќе 1 год живее надвор од таму и се одвикнал он од нив и они од него да се под ист покрив и не сакаше воопшто да зборува на таа тема. И да, се согласувам со тебе - јас барам стан за почеток, за 10тина години, дај боже да имаме деца и да си растат и еден ден да ни биде станот мал, па ќе го продадеме за поголем. Само што стан на убава локација ќе продадеш веднаш, а на не толку атрактивна ќе продаваш подолго време. На крајот на денот, се нервирам ептен многу околу сето ова, но мене не ме плаши само проблемот со изборот, локацијата, големината, ме навредува и плаши многу односот, лутењето, дерењето, погрдните зборови и лошата атмосфера дома, а да не зборам и за префрлањето во јавност за проблемот. Ако за ова е вака, што ќе биде утре со деца и други проблеми. Од тука ми тргна и целата мисла да ви се обратам за совет. Како и да е, после долго размислување дојдов до заклучок дека е најпаметно целото ова да се стави на stand by, да се смират нервозите и сл.да се средам малку јас во однос на него, па после да видиме што-како-каде. Ве поздравувам сите и ви благодарам за искрените мислења
Ова се вика утрото е помудро од ноќта Правилно, подобро да легнат малку работите, и онака стан не се купува преку ноќ, отколку да се долева масло на оган. Штом веќе не сака да се враќа кај неговите, можеби со тек на време ќе увиди и дека периферните населби не се повеќе негов предизвик, па ќе биде благодарен што не си попуштила. Како и да е, како жител на Центар целосно ја разбирам твојата логика за животот овде, и целосно ми е туѓа желбата да се живее во периферија, меѓутоа не е мое да убедувам и осудувам луѓе со поинаков став,логично е да се има пристрасност или одбивност кон некоја населба, во зависност кој како е растен. Олабавете ја малку темата и размислете убаво, кога веќе и двајцата ќе учествувате подеднакво со заеднички сили, треба и двете страни да бидат задоволени, не е фер да плаќаш 20 години кредит, секој месец да даваш пола плата и да бидеш истовремено несреќен и незадоволен со својата инвестиција. Ќе се угушиш од нервоза. Во таков случај сигурно односот ќе ви стане уште полош и секоја караница ќе завршува со таа тема.
Незнам зошто имаш толку против да живееш на периферија од град. Јас цел живот живеев на Водно кај државна болница и искрено да ти кажам воопто не жалам што се преселив во Ново Лисиче. Имавме опција да купиме мал стан на Водно блиску до старите или голем стан во Ново Лисиче. Бидејки имам две деца си купивме комотен стан а не да се стискам во една спална. Ново Лисиче е супер, паркови за деца, Бисер блиску, Рамстор,Кам , Тедико на 50м од мене.Сега и школо и градинка ке оторат до мојата зграда ама баш ништо не ми недостасува. Водно бре пусто, по тоа уличките само баби за да си поигра детето мораш да одиш до Капиштец на лулашки а мене тука ми се пред зграда. Децата друштво колку сакаш. И за работа ми е позгодно,дали со кола или автобус одма сум до град. Од Водно морав пешки да идам до Центар што не е баш блиску. Исто така размислува и моја колешка која ме убедуваше да не купувам стан во Ново Лисиче ми вика подобро 40м/2 во центар него ли 80м/2 во Лисиче. Јас не размислувам така,но секој со своите погледи и сваќања.
болно ми е да си признаам, но го имам во фамилија човекот со најтешкиот од сите пороци на светов коцката, а тоа е тетин ми и кога дознав дека баба ми скришно му давала пари, а дедо ми откако почина таа одбиваше да го финанисира почнаа кавгите-го запостави бизнисот, па мораше да го продаде, го прокоцка станот, па се селеја неколку пати под кирија за на крај да кулминира целата ситуација да се разболи од срце и по неколку годишно закрепнување рекетари да го бараат затоа што сеуште им должи пари -од ова што јас знам, а што не знам и тетка ми е сеуште во брак со него и се чудам на мајка ми како не побегнала од татко ми, ама и се чудам на тетка ми што не го шутнала тетин ми ко парталче од дома, и се надевам дека овој пат си ја научи лекцијата.
нз ама тоа е теско многу знам таков слуЧај сто од град со деца се преселија во село.со една кола ужас.. да не зборам за децата за жената сто не може да најде работа ,така лесно социјалниот живот. на нула. од преубава жена се претвори. во нз.. едноставно сум и завидувала од секогас на таа жена но сега како да овена секако против нејна војла бесе тоа преселуванје.. живее во надеж дека ке се преместат .. но....... има предности во селата или помали населби.. но не на млади години.. има си свое време кога ке сакас да си мирен кога веке децата се пораснати .. си заминале да .. но ако имате усте сега толку разлини погледи .. не прифакај никако .. таа опција.. бидејки цел живот ке си префрлас.. дека требало поинаку.. нз па и не мора веднас да брзате за купуванје стан... поЧекајте . па ке видете сто и ккао.. ке се одвиваат работитие. нека помогнат твоите финансиски.. па ке купите во подобра населба стан нз.. ама во секј слуЧај не попустај секој се осека убаво во своја кожа. не да ти наметнува некој и една работа најмала .. за тебе ке претставува проблем.. пример.. за сколо му притребало на деттео несто ти во град трЧи се губи цел саат за сто за темперни бои пример ако имате рљазлицни погледи.. на крај краеви .. реси се сто и како со тој Човек до дека нее касно Ч9
^^ Си зборува девојчето за криза у брак, не е тука потенцирано за чиј брак, тоа си е индивидуално, секој со своите искуства, само гледате да се закачнете нешто, особено овој дволичен, од што е дволичен веќе човек не знае како да го сфати, кое од двете лице
Упорностa e и тоа како битна за одржувањето на успешниот брак... Многу е полесно нештата да ги оставите како што се, отколку да се потрудите да ги решите проблемите меѓу вас. Може некогаш личи дека не постои логично решение, но ако не пробате, нема ни да знаете дали можете да ги смените работите на подобро. На врската треба доста да се работи, треба да учиме на своите, но и на туѓите грешки. Заедничкото учење ја зацврстува врската.
Palchica Разбери го и него и види ги работите од негова гледна точка. Ако и двајцата погледнете не на кој како му одговара и како сака-а како едно цело немаше да има такви проблеми. Едниот мора да попушти-така да водите инает-јас така сакам-јас онака и крај точка-така мора да биде=нон стоп ќе има караници и нема да се стигне до некоја средина. Треба некој да направи жртва-дали ти да се откажеш од некои активности,дали тој да сака да земе стан до некое место кое тебе повеќе ти се допаѓа.. сеедно-важно да се попушти,да се ослободи таа нервоза и напнатост шо е помеѓу вас. Колку сакаш прави инает,така нема да стигнеш до никаде и бракот ќе ти оди надолу и ќе се нервираш и ќе стоите во место. Ти неможеш да знаеш како ќе биде со сигурност после 7 8 години кога ќе подпорасне детето,не знаеш шо ќе ти донесе животот,како ќе се наредат работите. Не знаеш со сигурност дека твоето мислење е правилно и дека после 7-8 години сепак тоа ќе биде добра одлука. И ти се лутиш дека тој сега вели дека станот ќе си остане еднаш засекогаш. Од кај знаеш дека нема да промени мислење,од кај знаеш дека ти нема да го засакаш тој дом и го уредите како шо сакате и си трупате убави спомени во него. Од кај знаеш дека и тебе нема да ти се допадне малку понастрана..со среќа и се надевам дека ќе се средат работите