@WildMk, најпрво, форум е, разменуваме мислења. Дискусија е секогаш добредојдена, ама во конкретниов случај, не сакам да бидам дел од ваква дискусија, зошто станува збор за туѓ живот и туѓа среќа. Конкретна членка, со конкретен проблем. Може има мажот швалерка, може нема. Ама место да се обвинува себе си, не е на одмет да провери. Физички здрав маж кој одбива секс со месеци не е уморен од работата. Тоа се белите лаги кои им ги кажуваме на другарките зошто немаме `гз да им кажеме што вистина мислиме е причината. И честото, пак ја сврте дискусијата во твоја полза.
Нема што да се обвинува себе си. Еден од најчестите проблеми во бракот, е редукцијата на интимноста меѓу партнерите, откако ќе добијат дете. Посебно, после првото дете. Никој не мора да е крив, едноставно, им се случува живот. Им се насочуваат вниманието и мислите кон детето, оти тоа е 'беспомошниот' член на семејството, и најчесто цел ден на родителите им се врти околу потребите на тоа дете. Она што им треба е отворен разговор, како што впрочем и реков претходно.
оф-топик Да се решаваа проблемите со отворен разговор, немаше да постои форумов И животот ќе беше многу полесен... Пишав во првиот пост, шест години тоа ми беше омилениот совет- разговарајте. Ама откако на своја кожа осетив колку е всушност залуден, веќе не го давам. Зошто потребата да се седне на „разговор“ од старт укажува дека постои многу поголем, подлабок проблем. Или поверојатно- проблеми.
Пишав баш на некоја тема: Разговор. Компромис. Ако не можат сами, тогаш стручно лице. Ако не најдат решение, тогаш отворен брак. Ако и тоа не им е прифатливо решение, тогаш секој на своја страна. Ама секогаш, првиот чекор би требало да е отворен разговор.
@WildMk, со се се согласувам освен со предлогот за отворен брак. За мене, тоа е дел од сексуална преференција, не решение за криза во врска или брак. Исто како да си напишала: Ако не најдат решение, тогаш БДСМ. Или секс на јавно место. Ама таа дискусија е за другата тема, твојата тема. А таму намерно не пишувам од почит кон тебе зошто многу емотивно си ги сваќаш коментарите а моето мислење за отворен брак е далеку од позитивно.
Затоа реков: Ако и тоа не им е прифатливо решение, тогаш секој на своја страна. Едит оф-топик Иначе, БДСМ и секс на јавно место не е исто со отворен брак/врска. Отворениот брак подрзбира задоволување на сексуалните потреби, со дозвола и знаење на партнерот.... без разлика каков секс се практикува(БДСМ и секс на јавно место, спаѓаат во овој дел). Алтернатива на тоа, е изневерувањето. Мене да ме изневерува партнерот, не прифаќам. Ниту јас не сакам да изневерувам. Ама ако некому тоа(изневерување) одговара, тогаш.. гоу фор ит.
Ова што ви се случува е чест проблем, но најчесто со доаѓањето на детето,мажот се чувствува занемарен,бидејќи мајките се фокусираат на детето. Кај вас е обратно,ти си занемарена. Промени го однесувањето кај себе. Не може да се издераваш за секоја ситница. Па секој би побегнал од таков човек. Тој молчи, зошто го напаѓаш,не разговараш. И тоа негово бегство од тебе во прекумерна грижа за детето е знак дека и нему му фали внимание. Нема друга, човекот е незадоволен од проблемите кој ги акумулира,не ги решавате и затоа живеете ко комшии.
Значи нема друга сигурно, само треба малку квалитетно време насамо. Можи и дури детето спие не мора да го оставате ако не сака. Да не се оди на инает, малку муабет, па малку галење и се така со ред Само позитивно без големи очекувања.
Фала ви на сите што дадовте свое видување на проблемов, од се што прочитав чувствувам потреба да дообјаснам. Не се работи за неверство, не постои ниту еден индикатор за тоа, дополнително за него семејството е светост, така се однесува, кон нас како заедница, она што фали е дирекниот однос со мене како негова сопруга, однос кој што оди во надолна линија од раѓањето на ќерка ми. Во однос на сексот, цело време збори дека за него сексот не е телесен чин туку емотивен, и дека му е премногу тешко да има секс, кога сме скарани, а тоа некогаш трае и повеќе од месец.Како да се наоѓам во жив песок, секој пат кога пробувам да ја смирам топката - преќутувам, а тоа води до повторна фрустрација и пак издеравање за глупости и нервози. Он е во суштина тежок човек, перфекционист, и ако малку настаните му бегаат од замисленото сценарио, се лути и се нервира. Имам чувство како животот да го минувам само за да му угодам, се да биде како замислил за да не се нервира, а од друга страна не ми враќа со исто внимание, враќа со тоа што 24/7 се грижи за ќерка ни, се грижи за домот, помага речиси во се, но на крајот од денот, секој ден легнувам и станувам со потребата од него, и физичка и емотивна. Ние бевме во врска 11 години и во брак сме 5, не било така пред да се роди ќерка ни, он дури се плашеше претходно, немој да го запоставам кога ќе се роди детето, и гласно збореше за тоа, за да во една прилика пред година ми рече, јас се плашев ти да не ме запоставиш, а уствари јас го правам тоа....ама на тоа остана. Како да се охрабрам да седнам и да разговарам со него отворено, кога ќе решам, дури имам трема и не ми текнува што се сакам да му кажам, по што испаѓам ко стара жена што само попува...Имам проблем бидејќи навидум он е совршен, најважен му е домот и детето, заработува, чисти, помага, ја чува, ме почитува, и кога се жалам некогаш си викам може сум неблагодарна а од друга страна ниту ме гушнал, ниту ме бакнал, ниту комплимент ми поделил, ништо од тоа, и сето тоа ми предизвикува фрустфација и прави да не го црнам ни доброто што го прави. Дали имате искуство со брачен советник, и да ми дадете контакт. Ви благодарам и извинете за долгото објаснување, имам потреба да се искажам.
Јас не сум имала потреба од брачен советник до сега , па не можам да ти помогнам во тој поглед , но ќе те советувам уште еднаш - велиш дека и сам е свесен дека те запоставил . Штом е свесен за тоа , тогаш седни и отвори ја темата . Без помпезност и викање , кажи му дека се чувствуваш запоставено , дека си среќна со се што прави тој како татко и твој партнер ( околу чистење низ дома , грижа за дете , работа , финансии итн . ) , но дека се чувствуваш како комшии да сте или цимери . Кажи дека ти фали таа нежност и страст од пред доаѓањето на вашата ќерка . Прашај го во што е проблемот , зошто со месеци те одбива , дали е во тебе проблемот , или сепак е во него . Доколку ова не вроди со плод , ако тој и понатаму молчи , правец на брачно советување . Јас мислам дека ако е разумен човек ( иако со тежок карактер ) ќе разговара со тебе и ако не повеќе , ќе го најдете коренот на проблемот .
Седи и искрено разговарај со него.Како што напришале веќе прекумерната грижа кон ќерката можеби е само негово бегство.
А зошто не пробаш ти да го почнеш првиот чекор, место да чекаш он да те гушне, да те бакне. Навечер кога ќе си легнете гушни го, кога ќе се врати од работа бакни го. Кога ќе заспие малата дај му идеја да гледате филм и стуткај се до него. А кога ќе бидете во добрите разговарај смирено со него, кажи му дека ти фали нежност, дека ти фали он. И самата кажуваш дека е совршен татко, кажи му го тоа и на него, и дека фали уште да биде нежен со тебе и дека ти треба неговата љубов е така ќе стане и совршен сопруг.
Во право си. Да му отидам сега на рандом типац на улица да го грабнам без прашање, нема да ме одбие. Нагон има он, може ли да одбие. Што е битно со кого.
Ти ако ги преќутуваш проблемите, ги собираш и после избувнуваш, можеби треба со промена да тргнеш од себе па после да очекуваш од сопругот. На пример за ова си разговарала со него отворено? Може и него му се смачило да треба да ти чита мисли, да си мисли дека се е во ред па да избувнеш. Знам дека е тешко да се живее со перфекционист и да се осеќаш ко никогаш да не можеш да му погодиш. Ама твоја обврска е за се' да зборуваш отворено. Натака е негово.
Таков е машкиот мозок Некогаш си велам господе зошто не ме створи маж ,па да имам машки мозок и ко човек да си се одморам Машките само на тоа мислат
Викаш океј е да драпам непознати машки во јавност, им годи секако. Значи тебе не смее дечко ти да те одбие, одма значи те изневерува пошто како тоа он немал нагон во моментот.