la-lita-e така е, јас те разбирам што пишуваш, но ќе спомнам уште еднаш: проблемот го опишав детално, но не е работата во темата за која се караме туку во начинот на комуникација. Сега ќе ти објаснам и продолжение од ова. Пред 1 недела најдовме станче кое одговара и со буџет и со локација и со се (почетно се договоривме со сопственикот да го земеме станот). Бевме кај моите на ручек, им соопштивме дека одбравме стан, отидовме заедно да им го покажеме (неговите не можеа бидејќи спијат секое попладне и мм не сакаше ни да се јави бидејќи знае дека спијат и нема да дојдат). Им се допадна на моите и дадоа само свое мислење во смисол на инсталацијата што да направиме како промена доколку го земеме станот (татко ми е ел.инж. и има гооолемо искуство). После тоа видување, мм беше нервозен, дојдовме дома, не ми збореше, тензија ненормална. За да на крај ми се истури како моите наметнуваат мислења, како татко ми го напнува и многу зборува, како не сака никој да му се меша он бил доволно паметен, последно да било на светот нема да го послуша советот на татко ми, како се напнувал и бил со негативна енергија секогаш кога одиме кај моите итн. Моите не се негативни луѓе, напротив даваат совети, а не напнуваат, секогаш убаво го пречекуваат. Мајка ми го осети мм дека се изнервира и ми се јави вечерта на тел.да ми каже дека они како родители даваат совет за да не се зезнеме и во старт да оправиме некои работи. Ми рече: „Јас сум ти мајка, ако гледам дека ќе се сопнеш не можам да не ти кажам“. Денес татко ми се јави, да ми каже дека му е многу жал и дека нема веќе да коментира ништо пред мм, ако има нешто да ми каже ќе биде на само. Многу ми е тешко.. сега дали ме разбираш дека не е работата локацијата туку односот. Мм вика: моите никогаш не те напнуваат. Да, неговите не зборуваат со нас за ништо суштинско. Зборуваат за времето, за комшиите, за свадбите на пријателите и сл. Не ни даваат мислење, што мене ми пречи но не му спомнувам ништо. Татко му ме има навредено за време на слава пред СИТЕ роднини, директно, со викање, јас никогаш на мм не сум му пререкла за тоа - родители му се, какви се-такви се. И сега пак да не ме сфатиш погрешно, не е работата во родителите, ниту во локацијата, туку во неговата нетрпеливост кон мене. Сестра му го опишува „па он малку е нервозен тип“... Мајка ми ми вика: жал ми е што чувствувам дека нема основна почит кон тебе и кон нас. Вчера беше за локацијата на станот, денеска е во татко ми како го напнувал, утре што ќе биде? Многу сум тажна.. не сум сега исплашена туку се осеќам немоќно. Мислам на тоа какви прилики сум имала, потенцијал за толку поубав живот и партнер, што не можам да се помирам. Вие што сте во среќен брак, се прашувам како е тоа? Како се осеќате попладне, навечер? Ние не излегуваме, а уште немаме деца. Јас може да се прошетам со другарка и толку.. он иде скоро секој ден на фудбал а после кисне со игри на компјутер.. Нели треба да е малку поинаку? Или јас многу очекувам... Не знам, битно сега кога го прочитав ова пред да стиснам сенд се расплакав :'( П.С. Нон стоп прашува за плодни денови и упорно сака деца, упорно ме тера на гениколог за потврда на плодни денови, а мене ми е мрак пред очи за ова прашање во последниов период.. имам чувство дека е во брак со мене колку да е женет и цел му се само да направи деца и толку.
Палчица во прво време односно со првите твои мислења на оваа тема те доживеав како многу размазена девојка ,потоа како шмизла,па како сноб и да не набројувам понатаму.Сега гледам дека ти си сосема ок ,но имаш еден многу голем проблем,а тоа е мажот ти.Без да навлегувам премногу во детали и да ти додавам сол на раната ,јас најдобронамерно и онака како што би советувала другарка би ти рекла да размислиш за развод.Не дека ти неможеш да имаш иднина со него,но размисли каква би била таа.Денес проблем се твоите ,утре другарите,па некој друг,па на крај ти.Почекај некое време со станот ,зошто ако добро паметам ќе инвестираш и ти.По сево ова што го пишуваш ,за некоја година ти ќе бидеш крајно несреќна ,можеби со дете и дистанцирана од родителите и сето тоа по заслуга на мажот ти. Тој очигледно не те заслужува .Пред да си го претвориш животот во пекол види и размисли што можеш да смениш. Ти посакувам многу среќа.
Палчица, како жена одамна во брак, можам да ти кажам дека најмалку од се во животот ти треба некој напнат тип околу кој треба да газиш како по јајца затоа што тој е „малку нервозен тип“. Те навредува, те повредува, ем не му чиниш, ем сака деца... тек тогаш што би било . Здивни малку од се, размисли со ладна глава и ако чувствуваш не ја бива работава, пресечи и заборави го. Немате деца, ништо веќе нема да ве поврзува и ако така заслужил, нека ти остане само (лош) спомен и една лекција плус за понатаму во животот. За мене како родител е тажно тоа што мајка ти ти го кажала, затоа што за еден родител е огромна тага да си го гледа детето несреќно. Плус, ако и тие се свесни (а се) ќе имаш поддршка и од нив ако одлучиш да си одиш. И само уште една работа, не се залажувај себеси дека чуда се случуваат. Освен во бајките, не сум чула некој да се разбудил едно утро подобар. Немој и после 5-10 години да се жалиш за истиве работи (или за бетер) со образложение „мислев ќе се смени“. Пробај, види, разговарај, процени и ако треба-пресечи. Бракот не треба да ти биде доживотна казна и кога си одиш дома не треба стомакот да ти се грчи од нервоза. Замисли да ти е така секој ден, секој месец, до крајот на животот?
Палчица според ова што го имаш пишувано овде очигледно е дека твојот сопруг е личност која што сака да доминира,која сака се да биде по негово ,која не почитува мислење на друг и која нема разбирање и толеранција за другите.Значи пред да стапите во брак бил една личност а ,сега друга, глумел цело време.Многу неискрено и дволично од негова страна. .Мој совет ти е да седнете двајцата и се да му кажеш отворено,играј со отворени карти,кажи му дека воопшто не си го замислувала бракот со него на ваков начин,кажи му дека и тебе ти пречат некои работи ,дека ни тој самиот не е совршен како што си мисли. Бракот е заедница во која партнерите се рамноправни и секој има право на свој став и мислењеТемелот на еден успешен брак е компромисот а ,не слепото потчинување на жената.Најверојатно проблемот не е само изнаоѓањето на компромис околу тоа каде да купите стан,туку проблемот за жал е од посуштинско значење,вие всушност имате различни ставови и гледишта како треба да функционирате во бракот.Тој е тој што сака да се наметне ама ги обвинува другите,нападот е најдобра одбрана нели....,тој е тој што сака да го има главниот збор и станува нервозен ,агресивен и нетрпелив а ти си таа на која и смета да биде во подредена положба,тоа те уништува и прави несреќна и сосема те разбирам...затоа што и јас бев во слична ситуација. Гледај надминете ја кризава пред да имате дете.Една жена вистински сака некој маж тогаш кога сака да му роди дете.
SweetDream, велиш дека си била во слична ситуација. Како ја реши? Како го надмина проблемот? Он знае и да попушти за одредени работи, ама после тоа во секоја прилика/караница ми го спомнува тоа (тоа не е компромис и толеранција). Еве неколку ситуации во кои сум се осетила дека сакам да избегам колку што ме држат нозете: На свадбата кај мој многу близок роднина, кога влеговме кај невестата во соба да ја земеме пред сите ми рече: „не се смеј како кретен“... Каков и проблем да имаме, без разлика, не смее пред луѓе да ме омаловажува. Од свадбата си отиде без да се поздрави со никого (сите забележаа и после ме прашуваа што е работата). Летото пред кумот и моја другарка на маса ми има фрлено цевче од сокот во лице, демек сум се понашала.. Сето тоа ми е огромно омаловажување, како луѓето да ме почитуваат кога мојот партнер ме третира така? Има и добри денови, не велам дека е се црно-прецрно, но овие лоши денови, неговиот карактер и начинот на кој се справува со конфликтите со мене ме убива.. Извинете, ве удавив сите тука
Не давиш ти никого тука на форумот туку ти полека се давиш во нервоза и депресија (ако продолжиш со ова темпо ќе дојде и тој ден ). Која ,,мушкарчина,, е тој да така се однесува со сопствената жена да ја засрамува и руга пред луѓе, и утре да легне во кревет со неа и да дели интимни моменти и гаи љубов. Безкичмењак Не брзај со дете, почекај е една работа, а друга работа е кога тој неговите не ги внесува во донесување на одлуки па и делење совет не ги внесувај ни ти своите. Играј на таа карта за да видиш како ќе се однесува, затоа што очигледно му сметаат твоите родители. Направи ја и таа жртва во име на бракот. Вложи сета сила да го зачуваш а ако немаш фидбек од него тогаш џабе ти е се и сериозно размисли си да се разделите. Секој брак ги има тие ,,тешки,, години на почетокот додека да се фати некој си ред ама овдека е друга работа затоа што вие сте живееле претходно заеднички живот. Тука малку ми се испреплетува и дека тој е ,,материјалист,, - можеби грешам за ова ама дефинитивно е инат и тежок карактер.
Лелееее..... Како го трпиш ти ова.... Не ми се верува, кретен... Искрени и јас на почеток мислев дека си размазена, сеа центар морало да биде, ама сега сфаќам дека ти многу далекорочно си гледала... Мој совет, започни и ти така него да го третираш, започни и ти така да се однесуваш со неговите, нека види дека не е во ред. Не велам дека тоа пали секаде, ете јас на дечко ми кога и даму направам така тој вика дека претерувам тој не се однесува така со мене, ама па јас немам до волку проблеми, кај нас се ситиници. Не ми се верува, какво понашање. Искрено, татко ми е нешто слично на ова, одвратно понашање, па знам како ти е, знае да каже глупост пред луѓе, да навреди, да се дере да урла, ама па него алкохолот го прави таков, кога е трезен не се понаша така. Сакам да кажам, знам колку ти е тешко да се правдаш пред роднини и да се однесуваш како ич да не ти е гајле за неговото понашање, поготово пред родителите, такво непочитување, немам зборови. Според мене овој човек дефинитивно има огромни комплекси, кои очигледно ги лечи на тебе, не му дозволувај додека има време, убаво си рече, него само децаи го интересираат. Не можеш да живееш за ден-два убави моменти кога пред блиските те омаловажува и те малтретира. Огромна подршка од мене драга
Најискрено јас да сум на твое место не би можела да го трпам тоа понашање од негова страна, значи најмногу мразам понашања пред други луѓе. И не ми е бре гајле дека има моменти кога се понаша прекрасно, џабе е, кога лошото понашање и понижувањето уништуват СЕ. Памтам совет од татко ми, гласи вака: "Кога нема проблеми, човекот е добар, односно се е во ред, но во лошите ситуации можеш да видиш уствари каков е човекот, значи и кога е лошо, тој треба да биде добар". Значи работава е какви сме во лошото, оти во доброто сите сме добри, ама во лошото... затоа ти викам, баш во такви ситуации човек треба да биде смирен, толерантен, и пред други луѓе се знае како треба да се понаша, а после насамо ќе си кажеме. Значи според мене имаш 2 опции, и двете не се лесни, да се обидеш да разговарате смирено и двајцата, макар и за последен пат, да се обидете, да му кажеш што ти смета и што ти е важно во животот, исто и он и да пробате да најдете заедничко решение. Јас не викам одма да се смени во понашање, ама барем да ја признае грешката, да свати дека не треба да се однесува и да поработи на тоа. Ако се согласи дај му шанса, пробајте, види дали ќе се труди, ако пак мава со главата во зид, тогаш нема лек, таков ќе си остане. Тогаш другото решение ти е развод според мене. Размисли си убаво, разговарјте и решете. Како ќе решите така ќе биде. Од вас зависи. Секое добро
Палчица јас само да додадам од сопствено искуство:Кога мажот е нервозен,агресивно реагира,тенденциозно те вреѓа тогаш нема ЧЕКАЈ КЕ СЕ ПОПРАВИ,ЌЕ МУ ДАДАДАМ ШАНСА...Смирен човек кој те почитува колку и да е изнервиран и напнат од некого нема тебе да ти се испонаша,ниту е оправдување дека ти си го изнервирала,твоите или било кој..Сите имаме негативни денови ама некој на некого стално да му е издувен вентил е тоа не е во ред..Тој цело време ке има оправдување за психичкото малтретирање што ти го прави ТИ ЌЕ БИДИШ ЦЕЛО ВРЕМЕ ВИНОВНА ДЕКА ТОЈ ИЗБУВНАЛ..И кај мене дома е 3 дена сонце а 5 дена урагани и за се сум јас крива гледано од очите на мм,но јас немам избор имам деца а немам каде да заминам..Значи разговарај уште еднаш одлучно и ако не ти се допаѓаат неговите одговори пресечи веднаш пред да добиете детенце и да биди уште потешко,тој тешко дека ќе се смени ...
Ова е баш права криза во бракот Сигурно е многу депримирачки и обехрабрувачки на самиот почеток на брак, да се добие ваков ладен туш од човекот со којшто допрва би требало да го градиш животот. Меѓутоа штом дете нема на пат, нема заеднички имот и кредит, полесно и потрезвено може да се најде решение, иако во моментов испливуваат само лошите моменти. Некои мажи мислат дека со потписот во матично ја завршиле целата работа и веќе нема потреба да се трудат и да пазат, што е сосема погрешно, бидејќи успехот на бракот е всушност да ја одржиш љубовта и почитта на највисоко ниво. За жал Палчица, твојот сопруг е првиот случај а за такви незнам дали има решение, освен ако си решена по секоја цена да бидеш во брак и да се помириш со својот избор. Јас имав долгогодишен дечко со кој го имав истиот проблем, он секогаш беше најпаметен и се го нервираше, а јас толерантната што немам појма од ништо и подобро да ќутам, да не го изнервирам уште повеќе.... Хелоуууууу каде со тој памет. Колку повеќе се трудев да му удоволам, толку со тек на време беше неодољив, неумољив( оваа песна од Цеца по него и ја запамтив ) Една искусна жена тогаш ме советуваше: И 2 факултета да завршиш,и прва жена Премиер да станеш еден ден, и цел град да ти симнува капа, за него ќе бидеш само жена за дома и ништо повеќе, и се ќе ти биде џабе. Уф колку ме уплаши, бидејќи баш така небитно и се чувствував, без разлика што си имав убав круг на пријатели што ме сакаат и поддржуваат, од внатре се чувствував како некој што појма нема од животот. Советот ми е само: Барај си ја почитта, љубовта и вниманието што ги заслужуваш, бидејќи ако дома ги немаш, никој и ништо од надвор нема да ти ги замени.
Мила Палчица, ти ги читам мислењава во врска со ситуацијава едно по едно и само една работа не ми влегува во глава...како сте успеале да дојдете до брак...Не велам дека сте лоши/добри или воопшто да заземам страни, напротив од тоа што го пиша и двајцата имате особини/карактеристики кои се позитивни, но дефинитивно во пакет, ве прават не-баш компатибилен пар. Зарем таа една година која сте ја поминале во заеднички живот не ги покажала овие особини и навики на виделина? Не ли пречеле тогаш? Љубовта е мошне значајна, но далеку од доволна кога станува збор за вакви несогласувања за еден брак да функционира како што треба... И какви се тие зборови од типот на „последно мислење од татко ти да е, нема да го послушам“? Од мене, искрено, за таков муабет, еве не шлаканица, ама сигурно би добил тресната врата, а да ме види уште еднаш, би се пофалил. Тоа е непочитување прво кон тебе па потоа и кон твоите, коишто, ја жртвувале таа дремка која е најслатка во текот на денот и ви го посветиле попладнето вам, помагајќи ви во одлучување и давање совети за нешто навистина важно за вас и за секој брачен пар. И не, јас не мислам дека Палчица е размазена или себична или дека пати од комплекс да биде во центар...мислам дека жената потенцира дека и` е важно да живее во урбанизирана населба затоа што така е навикната да функционира. И што ако оди на курс или на пилатес? Ако е за тоа, како што пиша таа, еден семестар на курс веројатно исто чини колку едни фармерки на маж и`, но ете, тоа се различни приоритети. Ако е до толку работата да мора од некои “луксузи“ да се откажат, еве таа нека се откаже од еден курс, ама и тој следниот пат нека си купи фармерки од максимум 1.000-ка. Ако веќе има жртви, нека има и од двете страни. И баш мислам дека баш мажот е тој кој пати од комплекси, не Палчица. Ама стварно, во 21 век не знам што толку би имал против животот во урбанизирана населба ако не е некој комплекс во прашање... едит: сега видов дека имал обичај и да те понижува во друштво...значи дефинитивно мт пати од комплекс на пониска вредност и чувствува дека не може да дојде до твојата вредност, па се труди со такво понашање тебе да те спушти за да се почувствува подобро...таков дефинитивно не ти треба за брак, а не па за семејство...не дај Боже утре со такво понашање ќе те уништи како авторитет пред децата. Moira рече погоре, еве јас пак ќе ти кажам, каков и да изберете да биде исходот, решете го тоа, па потоа размислувајте за деца. Според постов донекаде можеш и да видиш според мене дали би било добро овој брак да продолжи или не, но не сакам да ти сугерирам за ваква, за тебе, мошне важна одлука. Само можам да ти кажам, дека јас лично, ваквиов човек кој не ме поддржува за ништо, би го оставила без размислување.
Нема да развлекувам многу ,ќе бидам куса: Внимавај,немој да дозволиш да си ги расипеш односите со твоите родители-само родителот е тој кој те сака со сите мани и врлини..... По ова што прочитав за твоите проблеми.....јас ниту во врска 1 месец не би го трпела ваквото однесување на мт,а не пак во брак....знаеш како викаат:кравата дава ,дава млеко,ама ќе го турне и ќе го расипе....исто и мт:неколку дена е ок со тебе,за да после тоа ја искористи првата прилика да те понижи пред другите..... Цени се самата себе,или ќе биде како треба или воопшто да не биде ,воопшто да не се секираш... А по се што прочитав-толку нервоза кај мт-поштено ми личи како човекот да има некое нервно растројство(извини) Поздрав...
Палчица,те читам неколку дена уште од самиот почеток со ред и од твоите постови разбрав дека ти единствено сакаш да го решите проблемот и да биде добро и за двајцата.Размислуваш долгорочно за вашата иднина заедно и тоа би го направил секој нормален човек.Јас не сум најкопетентна да ти кажам што мислам за проблемот бидејќи сеуште не сум во брак,но сепак бев поттикната од целата ситуација за да се искажам. Ти веќе си навикната да живееш со твоите претходно во мирна средина,каде што слободно можеш да си кажеш што мислиш и да си разбрана како што треба.За жал твојот сопруг ти дал целосно различна слика од она што си го замислувала,како ќе ви биде понатаму и каков ќе ви биде бракот.Ти си сега разочарана ,што е и нормално секој би бил да е на твое место,за се си спремна да направиш компромис само за да ви биде добро,но немој никако да се жртвуваш себеси,своите вредности и среќа поради некој кој што не те почитува тебе пред се,а потоа и твоите родители кои што според напишаното ти го мислат само најдоброто.Велиш сака да имате дете,не си помислила дека ако имате дете тогаш тоа му е начин да те врзи и уште повеќе да биде сигурен дека нема да го напуштиш?Дај си малку време како што кажа и самата ,размисли со ладна глава што сакаш за себе и за својата среќа во иднина.Сакаш покрај себе да имаш сопруг кој што ќе те омаловажува ,ќе гледа само за себе и неговите интереси,дете кое што ќе страда заради караниците на неговите родители или пак ќе имаш мирен живот исполнет со среќа и хармонија со некој кој што ќе те цени тебе ,твоите интереси и твоите блиски.Јас да бев на твое место би го седнала и би му дала ултиматум, ако сака дете и убава иднина со тебе тогаш нека не преговара околу станбеното прашање,односно каде ќе биде неговото место,ете нека биде станот блиску до центар пример,но да не биде ни многу скап.Ако не се согласи на тоа и ако си решена на таков чекор и си сигурна во тоа тогаш знаеш што следува.Не заслужуваш некој цел живот да те вреѓа,омаловажува,нервира.Што ќе постигнеш ако се наполниш со нервози и се разболиш и нема да си среќна.Како што кажав јас сум најмалку компетентна за да зборувам на оваа тема,но за да успее една толку силна врска како бракот потребно е од двете страни да се има разбирање,почитување,компромис,а не само љубов бидејќи таа не е се и основен двигател на нештата во таква институција.Ако го немаш тоа со животниот партнер тогаш немаш ништо од бракот.
Велат љубовта е слепа ама бракот ги отвора очите! Нема никакво оправдување за ваквото негово дрско, некултурно и недолично однесување,па тој нема основно воспитување...на што личи тоа ама изгледа и имал од кого да научи според она што го пиша за неговиот татко и како тој се однесува...крушата под круша паѓа .Вие сте два различни света,сте растеле во две дијаметрално спротивни различни семејства и имате различна слика за бракот,мислам дека оттука произлегува тој јаз меѓу вас.Тој е патријахално воспитан ,сака се да биде под негова контрола,не те поддржува во твоите амбиции,инсистира на дете и семејство само за да те врзе дома,тотално ги занемарува твоите потреби,желби и очекувања се додека не те претвори во некоја друга личност во нешто што не си и несакаш да бидеш но,само доколку ти го дозволиш тоа.Се е во твои раце.Зависи од тебе, колку си спремна да се жртвуваш за да го сочуваш бракот или дали воопшто вреди да се остане во брак со тој човек.???Одговорот најдобро го знаеш ти.Едно научив ,човек за да биде среќен треба да биде посебичен во смисла да се сака ,почитува и цени себеси повеќе,себеси да си биде најдобриот и најискрениот пријател и најважното да знае што сака во животот. За почеток најпрво разговарај со него иако верувам дека сега го доживуваш како странец,не ги потиснувај своите чувства,кажи си ја маката ,види како ќе реагира...потруди се да те разбере.Искористи ги сите опции,прво пробај со убаво,ако не бидува смисли тактика,секогаш кога ќе те навреди врати му и ти со иста мера нека осети на своја кожа да види како е а, не само да се сили и да те гази пред другите. Во врска со мене и јас поминав низ слично искуство.Ние живеевме во заедница со неговите во која бев третирана како ќуќен роб во буквална смисла на зборот и дежурен виновник за се по заслуга на мајка му.За жал многу добро го познавам горкото чувство како е да бидеш понижувана,навредувана и потценета од некој за кој си мислела дека ќе биде твојот најголем заштитник и животен сопатник . Моите обиди да разговараме и да ги надминеме проблемите завршија неуспешно,најпрво ме игнорираше и велеше дека сама сум ги измислувала проблемите,потоа почна со демолирање на предмети и жестоки расправии,па вербални закани за физичко насилство и уцени да не им кажувам на моите за се што се случува.На крајот се разведовме,тој човек не заслужи да биде дел од мојот живот.После разводот се чувствував како да сум излегла од робија,повторно среќна и исполнета.
Според ова како го опиша ти исто како да го опиша татко ми. Мајка ми помина баш низ скоро истото што минуваш ти со таа разлика што баба ми (свекрва и ) се мешаше премногу и уште повеќе ја влошуваше ситуацијата. Мајка ми беше таа што секогаш попушташе и правеше компромис па уште на почетокот на бракот се сложила да живее во помал град и си ја уништила кариерата. И не само ова туку и многу други работи, а најсличен пример е за тоа како се однесува пред луѓе со неа и колку ја почитува. Мајка ми е мнооогу образована но тој секогаш се обидува да ја понижи демек она ништо не знае и не сваќа. Јас како нејзино дете сто пати сум ја молела да се разведи затоа што животот со таков човек ич не бил лесен ни за нас децата, а камоли за неа. Но еве досега уште не се развела и така одлучила да си го помине животот. Тоа е нејзина одлука, страдавме и ние но таа си имаше свое мислење иако никогаш не беше среќна во бракот. Таа така одлучила да не се разведе и така и е но јас еве на пример не би можела да живеам така. Секој има различен карактер некој може да трпи повеќе некој помалку. Како ќе си одлучиш ти си знаеш но нема да ти биде лесно понатака и вистина ми е криво затоа што знам како е во такви ситуации.
Да ве замолам, дали знае некој/а од вас да ми посочи брачен советник или на психијатар да се обратам или... не знам каде..? Би сакала да се обидам со тоа, ќе гледам да го убедам и него да одиме заедно. Не сакам да се откажам и да фрлам се во вода, барем не сеуште. Сакам ако дојде до развод да знам дека сум направила се што можам.. знаете некое место каде што ќе може да се обратам?
И јаас сакам истото дда го направам...ако знае некој нека каже!!! Благодарам однапред [/ Порано пред да се стапи во брак се одеше на задолжително брачно советување во матичниот центар за социјална работа...но, за жал ја укинаа таа практика.Мислам дека можи да се обратите таму и да прашате. Исто и кога доаѓа до поднесување на барање за развод таму ги советуваат само оние брачни парови кои имаат потомство...во секој случај прашајте ... според мене ова не е коректно брак си е брак без разлика дали имате деца или не...ама тоа е.
Доколку двојката реши да се разведе и е пред чекор тогаш се оди во центарот за социјални работи каде што им доделуваат одреден период за двојката да размисли и во меѓувреме да зборува со стручно лице кое што ќе разговара со нив и ќе се потруди да им помогни и убеди дека разводот не е најдоброто решение за нив,се разбира доколку има шанси за тоа и доколку партнерите се согласуваат помеѓу себе.По обичај тоа е психолог или социјален работник,но доколку двојката одлучи и има можност и согласување од двете страни може да се оди на приватен психијатар бидејќи колку што знам во Македонија нема конкретно брачни советувалишта кои што се бават со брачните проблеми.
Мој најдобронамерен совет ти е - што и да правиш, не раѓај дете додека не се осигураш дека се ќе се среди. Нема ништо полошо отколку да пробате дали детето ќе го реши бракот (а нема, тоа можам со 100% сигурност да кажам од искуство), и со самото тоа што ќе се зезнете вие, ќе ја зезнте и таа малечка невина душа. Само строго, и не дозволувај да се понаша многу-многу, он тебе цевче во лице, ти круг на леееееево, и ај чао, па да видиш како ќе трча по тебе. Ова го гледав многу пати во мое присуство, и карактерот кој што го опишуваш е неверојатно сличен како тој карактер кој имав "чест" да го познавам. Тој брак не успеа, они зезнаа едно дете, новиот маж не го сака детето баш многу, па повеќе време седи со баба му и гледа шпански и турски серии, а мајка му до тој степен ја загуби самодовербата со кретенот, што мисли дека така треба, треба а се потчини, само за да не биде сама. Е сега, бидејќи веќе така се навикна, она вториот маж го претвори во првиот несакајќи, со нејзиното однесување. Во брак беа без малку 5 години, што не е ништо. Значи за 5 години она остана инвалид без самодоверба за цел живот. Детето дава отпор кон неа, вториот маж несака да го види затоа што овој е дифтар, почна да презира се што е машко, значи ужас!!! Размисли си убаво, и види ги сите опции и одлучи што е најдобро за тебе, затоа што од се што изнагледав со овој пример, подобро е да имаш епитет на разведена женска отколку на разведена мајка!