@Гладиоли од мажи имам слушнато дека откако ќе станат мајки, не си ги гледаат жените како порано сексуално. Сега се мајки и поинаку им е. Разговарај со мажот ти околу ова.
Нема да ги 'разбуди', само љубомора ќе им предизвика. Ама ако... нека имаат на ум дека секогаш има некој што сака да има секс со жена ти.
Ама па така е, зошто па секогаш ние жените да се трудиме, да удоволуваме итн итн.... Нека го имаат бе тоа у предвид, ако родила жена му, не е баба станата... Баш напротив, има либидо сеуште и треба подршка, љубов и внимание. Ако и тоа неможе мажот, нека каже, ќе улета некој да му помогне.
Работам да ,сега таа го чува бебето ,ми стагнира со килажа ,"криво е млекото што ја дојам ,го лажам со цицката" Ако се скарал со неа за се што прави ,немало да сака да го чува бебето и ќе морало да напуштам работа.... Абе не е само сексот проблем... А и да е треба да се застане и да се реши ,не со бегање.... Јас барем немам проблем и со испробување нови работи и со се тој го знае тоа... Може сум срамежлива нешто да побарам ама освен тоа немам проблем.
Чим работиш, собирај си пари, изнајми си стан, бебето под мишка и заминувај. Речи му него ако сака, може да ви се придружи, ако не сака, нека седи со мајка му. Има градинки иначе.
Планирав ама еднаш кога ми реков ми спомна има над закон... И се повлеков... Не ми го примаат во градинка од септември рекоа ...
Кој е над закон? Демек свекрва ти? Тешко тебе женче што све голташ и трпиш. Ќе ми каже мене некој или на мм дали моето дете да оди во градинка или не. Ќе си ја прашам.
Не свекрва ми ,за развод зборував..мм ми рече така за во однос детето со кој би било.... Инаку не е дека не ја пуштаме во градинка туку не ги примаат. Од септември ,прашав и во градинката кај нас и во таа до работа...
Јас имам блиска личност што поминува низ слично, плус нажалост и семејно насилство, како психичко така и физичко. Имаат едно детенце, она нејќе да чуе за второ, баш од овие закани дека акоо помисли да го земе детето со неа, ќе ја убие, т.е. дека може да си оди сама кај сака, ама со детето не, за него закон немало. Женава буквално чека детето да и наполни 18 години за да се разведе. Вика тогаш ќе е голем, ќе знае, ќе може да избере, секако нема да сум му потребна како сега. Срце ме боли, многу добро разбирам во каква ситуација си. Во оваа држава ни закон ни ништо нема. Насилници колку сакаш, а жртвите кој ги штити? Ај со разбран човек ќе излезеш на крај ама со вакви... Знам дека сега каде каде е подобро од некогаш и дека жртва може да ја згрижат и дете да и заштитат, ама на одредено време. Што после? Верувам во тоа дека се плашиш да не ти го земе детето, ама мора дс бараш чаре. Вака или онака. Животот ни е еден, мора да го изживееме најдобро што можеме.
Детето го доиш, не може да остане со него, а и најчесто детето припаѓа кај мајката освен ако не е наркоманка, обвинувана за кражба итн итн. Нека не те плашат за безвезе. Крај краева ако ти се заканува снимај го ќе си имаш докази на суд дека ти се заканувал па може и забрана за приближување да му ставиш.
Уфф ... Тешко е претешко. Јас фала богу семејно насилство -физичко немам, за тоа е предупреден ,знае дека ако најмал физички удар ми зададе веќе нема да ме види ,тоа ми е таа црвена дебела линија ,граница која ако се помине нема назад.
Ова милион пати е пишано по форумов, жениве страв во коски им набиле, ќе си трпат и они и деца цел живот, само во конфликт да не влезат со свекрва или маж, тоа е многу страшно. Еве благодарни сме дека барем не нѐ тепаат и тоа е успех. @Гладиоли до 7 години нема шанси кај татко, кој сака нека е. И после тоа ако е упорен пак е тешко. Знам еден случај, таткото грдни пари даваше по бивши функционери, мајката и не работеше, и дури она не ги пушти надвор од дозволеното од судот да ги гледа, типот ништо не доби со врски и пари. Судиите не се дрзнуваат на вакви чекори кога се работи за старателство, сепак повеќе институции се замешани, (социјално, мвр) , надворешни организации ги пратат нонстоп и не е нешто што може зад врати да договори со еден или двајца кога има многу фактори во прашање. Не го пишувам ова за да станеш сега одма и да си одиш, сакам опциите и ти и други овде да си ги знаете. Може по дома да ви се прават јаки мажиња, помогнати од мајките нивни, но состојбата на терен е друга од тоа што они сакаат да ви го прикажат. На крај, каков живот очекуваш со човек кој користи закани наместо разговор за решавање на проблемите. Сепак ти живееш со него, мислам треба да направиш проценка и објективно да согледаш дали мажот ти е непресметлив или едноставно не се замара да разговара и решава проблеми па ова му е брзо решение да не го замараш.
Мислам дека е ова што не се замара проблем... Значи не е работава за да не направам конфликт ,напротив јас веќе скоро еднаш неделно се карав ..сега малку кренав раце , зошто откако ќе се искарам јас со неа тој не застанува зад мене , уствари може и не ме ни слуша кога му кажувам кој е проблемот ... Оти мртов коњ би изреагирал за некои работи он не. Еднаш,еднаш и нема речено слушам вака и вака си направила/рекла со/на жена ми ,не смееш или не знам било што. Значи јас му раскажувам што се десило тој ми вика тоа ти е ,таква е таа ,сега не може да се смени . Не се замарај со неа. Ама не може значи жената кога запнува за нешто 900 пати ќе го каже. И јас згрешив од сам почеток ,чекај за ова да не збори ќе направам вака ,чекај за тоа и сега веќе си се навикна ,јас сакав само мир. ...
Враќај и со иста мера па да видиме дали мажот ти тебе ќе ти каже она кога ќе се пожали и ќе видиш дали ја брани нејзе а тебе те напаѓа и ќе видиш дали проблем.