Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Palchica, ги читав денес твоите постови, ги читав и одговорите од членовите на форумот. Мислам дека ти ја разбирам ситуацијата. И јас сум од скоро во брак (година дена), немаме деца и немаме свој дом.
    Моментално живееме со родителите на сопругот, и не дека ни е тесно, си имаме своја соба, но сите други простории ги делиме, а генерацискиот јаз си го прави своето. Затоа решивме да дадеме се од себе и да купиме свој дом. Е сега, проблемот е што ние живееме во многу помал град. Понудата на пазарот не е така голема како во Скопје, а сепак цените се некако високи. Треба или да се купи помал а подобро среден стан, на подобра локација, или да се оди на варијанта поголем стан и не добро уреден (пошто зборам за половен). Сето тоа е бидејќи имаме ограничен буџет и ограничена кредитоспособност.
    Желбата (и моја и негова) што побрзо да се иселиме, а воедно да купиме комотен стан пристојно опремен за живот од една страна и несоодветната понуда на пазарот од друга страна, не‘ направија и двајцата малку нервозни. Дури, можам да кажам дека последниве неколку недели некако се одалечивме еден од друг. Имам чувство дека ме обвинува мене за целава оваа ситуација
    (нели јас сум таа што не може да живее во заедница, пред да се ожени, нему му било сосем нормално да живее со родителите, дури и планот му беше да живееме во заедница)
    . Но :!: , во ниту еден момент мојот сопруг не ме навредил пред други луѓе, дури ни пред неговите родители (кои не можам да кажам дека ме симпатизираат). Да, се караме, но на само. Дури се случува, ако дома има некој (мајка му, татко му) да излеземе со автомобилот и да се изнавикаме во автомобилот. И да, ми има кажано работи кои ме повредуваат (но не погрдни зборови), сум му кажала и јас нему, но никако не сме правеле драми и сцени пред луѓето.
    Тоа што сакам да ти кажам е дека конфликтот, т.е. проблемот што го имате во врска со изборот на место за живеење е сосема нормална работа. Изборот на живеалиште не е едноставна работа и е долготраен процес, особено во услови на ограничен буџет. Но компромис не се наоѓа со навредување и правење сцени во јавност. Компромис се прави со разговор, дискусија и тоа со аргументи. Тоа што твојот сопруг те навредил јавно е непростливо според мене.
    Јас сум многу тврдоглава личност. Доколку имам став за некоја работа, не го менувам туку-така. Но, ако спротивната страна ми дојде со цврсти аргументи за дадената проблематика, не ми е тешко да прифатам и да го променам мислењето.
     
    На Dinnna, Palchica, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    77
    Здраво јас имам огромен проблем и незнам воопшто дали ова може да се нарече криза последниве 3 години се пекол невиден скоро секој ден кавги расправии абе во јајце влакно бара за секс не ни помислуваме ни двајцата не бира ни што зборува ни како зборува ни пред кого зборува дали се децата тука или не мислам хорор невиден сакам да се разведам проблемот е во тоа што имам 2 дечиња 13 и 9 години ова помалово не се двои од мене и поголемото е така ама некако мие сомнително ми вели абе мами незнам како и да си одиме во ново школо нови другари тука ми се сите кај баба не ги познавам многу ај оди ти со сестрами јас да завршам тука учте една година па ке дојдам кај вас те молам не ми се лути !!! срцево ми плаче мислам дека се кршам на милијарда делови моите ми велат оставиго жива ли ке влегуваш во гроб гледаш дека те упропасти незнам што да правам се наогам во еден тунел во кој мислам дека нема излез ве молам помагајте дајте некој совет и да соберам сили да си одам зарем деца да делам ;( ;( ;( ке се убијам немам сила веќе
     
  3. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    За жал и мене истото ми се случува само што јас имам бебенце од 8месеци ама [како што вика мајка] неможам да застанам на свои нозе и да го оставам!!!
     
  4. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    jas bi se ostavila i oko nema da mi trepne...za takov zivot da ziveam :devil: ne fala...ako samata ne si se cenish,da znaesh nikoj nema da te ceni....ako si imash za vo prvo vreme kaj da ziveesh i imash podrshka od roditel..ne se misli dvapati..a decata..ko deca ...i kaj tatko i kaj majka ke si odat..pa so tekot na godinite kako si rastat taka ke si svatat kaj ke im bide ubavo tamu ke si sedat..zoshto da ziveesh u pekol :devil: ..zoshto da ne si srekna??zoshto zdravjeto da ti visi na konec..pa da nemozesh na decata da im se raduvash...zoshto dozvoluvash zivotot da ti go unishtat edni neandertalci...simnati od toa planinite ko divljaci kade shto neznaat shto e civilizacija...odi si shto poskoro od tamu ..toa ne e "brak", a ni prav "maz"..za shto ke ti e takov??..na sekoja zena i treba neznost,da e mazena,pazena,cuvana,sakana...a ne da zivee ko vo divina pa koj stigne plukaj ja,cukaj ja..pa kaj "muzot" pa ushte i "majka mu".....a be toa se bolni umovi :fubar: ..toa ne e "normalen zivot".....
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Поголемкото дете ти е на тие години, се јавуваат полно несигурности, па покрај кавгите и навредите дома, се фаќа како давеник за сламка за тоа едно нешто што го има стабилно во животот - другарчињата. Ќе го седнеш и ќе разговараш со него како со возрасен. Изборот ќе му го оставиш на него нели, дека нема да го теглиш со сила, ама да размисли подобро откако ќе му објасниш убаво да има за што да седне и да размисли. Ама кажи му дека го разбираш, оти го разбираш како му е. И дека не е клише дека другарите доаѓаат и си одат, вистинските остануваат и покрај тоа што не живеат во иста средина повеќе, а за една година секако ќе биде во ново школо, нови другари. Понуди му да си доаѓа при татко редовно за викендите и да се видува со другарчињата, а и ти знаеш и јас знам дека тие другарства ќе се заборават претежно, оно само ќе дознае дека е така, и со малку време поминато толку и ќе го влече нешто назад. Објасни му дека и тебе не ти текнало од узур да се делиш, дека ти е многу страв од промена на животот, ама мораш да мислиш за иднината на сите вас, и дека ти треба до тебе да ти дава сила, и треба на сестричката исто, помала е и ќе сака другар до неа додека се навикне и она. Дај му го како одговорност, со тоа голем/а си и знам дека ме разбираш и ти.
    :hug:
     
    На ilipili, AIT, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Осамене мајка веќе 3 години велиш дека имаш проблеми тоа е еден огромен период знам дека ти е тешко сите сме имале кризи кои помали кои поголеми,јас многу ретко да не речам никогаш не сум напишала пост во кој сум рекла РАЗВОД но ова твоево е страшно,ако не го сториш тоа ке се испоразболиш и ништо од живот ги читав и другите твои постови се бориш но сега треба да се избориш за себе за твојата среќа за да продолжиш со животот и да си ги гледаш децата кои ти се пред се како што напиша и IMELDA разговарај со детето и тоа само ќе разбере за кое веќе мислам дека знае.
    Осамена мајка ти си силна и храбра жена и верувам дека ќе успееш не дозволувај повеќе да се уништуваш децата пак ќе бидат со тебе
     
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Осамена, нели пред некој ден напиша дека конечно се опаметил маж ти? Или толку траеше? Ако се труди да биде поарен, а ова му било инцидентно, може му треба време. Ама ако си е таков каков што бил и не гледаш дека оди на поарно работава, само една работа имам да те советувам-дете оставање НЕ! Тоа е дете, нормално дека се плаши од промени, нормално дека мисли дека и вакво семејство е подобро од тоа семејството да се растури... Дете. Затоа ти треба да си возрасната и да му објасниш (како-најдобро ти знаеш, ти си го познаваш детето) дека немаш намера да го оставиш во никој случај доколку си заминеш. Другарка моја така го остави „привремено“, сега веќе 7-8 години нема контакт со детето. Детето не сака да ја види. Прво и ја наполнија главата дека мајка му ја оставила, а за дете муабетот „Го оставив татко ти, не тебе“ не е многу разбирлив. Дури и сама да сака да остане, пак ќе се осети оставена и плус ќе има плодна подлога да ја свртат против тебе, зашто кога и да е, ќе се осети повредена. Дури и во неформален разговор жена од Центар за социјални работи ми рече „Ако си оди жената од дома, САМО со детето, после тоа е многу потешко и посложено да си го земе“. Дури и во постапката за старателство ќе стои дека детето било оставено од страна на мајката, без разлика која е причината. Прави што мислиш да правиш, ама мој совет е, без двете деца-Никаде!
     
    На Palchica, ilipili, AIT и 4 други им се допаѓа ова.
  8. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    18.852
    Пол:
    Женски
    Осамена мајка многу работи постигна читајки те низ постовите..Немој сега да се предаваш ,можеби е неколку дневна криза кај маж ти(обично и кај мм се јавува некој период во кој е невозможен)меѓутоа доколку си сигурна дека ова неговото е вон секој човечки разум е тогаш делувај веднаш и пресечи, сега си и во предност и со твоите кога те поддржуваат во одлуката да го напуштиш тој нечовек и таа куќа каде си несреќна ти и твоите деца... и имаш пристојна работа со пристојна плата..И уште еден совет НИКАКО,ПОД НИКАКВИ УСЛОВИ НЕ ЗАМИНУВАЈ БЕЗ ДЕЦАТА тоа ќе ти биди фатална грешка и во секоја државна институција ќе се користи против тебе во смисла мајката ги напушти децата(ова ми е кажано од полициски службеник и службеник во социјални грижи,мои пријатели)..Разговарај многу со поголемото детенце ,дете како дете ќе дава отпор(децата си ја сакаат сигурноста на домот,училиштето,маалото,сето она на што навикнале но со многу упорност ќе се среди проблемот)а не го запоставувај ни помалечкото со разговор ,вложи ја цела енергија во нив,нашите деца се нашиот живот.Ти си борец и вервам дека ќе се избориш и со овај пекол,поздрав и ја имаш цела моја поддршка.
     
  9. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    77
    здраво девојчиња :* ви благодарам за подршката да од мојот сакан нажалост беше толку овие 3 дена не се трпи значи дефинитивно е врвот ова денес посебно се враќам од работа тој на комјутер на фб и од кога вклегов почна бла бла бла бла неможам веќе ни да пишувам малку да се подоправам па ке пишам само сакав да ве поздравам и да знаете дека многу ми значи вашата подршка :* :* :* ;(
     
  10. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Осаменамајка здраво! Јас најпрвин ке ти кажам дека е лесно сите да ти велиме остави го треба и ти да живееш свој живот не се жртвувај за него но никој не кажа што потоа каква личност си и дали понатаму ке опстанеш сама па и да си со децата ке имаш ли сила сама да пребродиш низ сите проблеми зошто проблемите допрва дооагаат кај тебе Децата се сега мал но еден ден ке пораснат Ке можеш ли и дали си таква личност што може да најде нов партнер и си замислуваш ли како ке биде и со тој а со твои деца Најлесно е напушти го Но животот има понегогаш уште потешки замки и изненадувања Како ке ги заштитиш децата од фрустрацијата и нашата примитивна околина Јас сосема не ја знам целосната ситуација но единствено неможе да се реши ако физички те малтретира Другото е се решливо Ако постои и малку взаемна љубов па и симпатија со тек на време може и тој ке се свести Сега сте одалечени прифати го тоа и понашај се исто како и тој Игнорирај го извесен период не обрнувај внимание на кавгите тогаш зафати се со некоја работа ,остави го сам со себе да се кара.Најлесно е и јас да ти кажам ОСТАВИ ГО но како си ја испланирала иднината и за себе и за децата Размисли добро одлуката единствено треба да е твоја Ти посакувам добро.
     
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ќерка од многу блиска пријателка на мајка ми во моментов се бори со рак на стомак, а сигурни се и дека има зафатено и други делови од телото.
    Таа трпеше ваков маж, заради децата, со години. Пред 6 месеци се разведоа официјално (собра некако сили) и пред неколку месеци пак му се врати....нејзиното објаснување било дека децата патат за таткото, и дека секогаш кога се враќале од кај него и` кажувале што им купувал, каде ги носел. Дали се уплашила дека ќе ги изгуби заради подароците (нели мали се, ја поврзуваат љубовта со даденото материјално) или се уплашила дека нема да најде друг кој ќе ја сака со деца - не знам, битно се вратила кај него. И што сега кога е болна? Децата посреќни да не и` бидат ако (не дај Боже) живеат со маќеа, наместо со одвоени, здрави и на свој начин среќни мајка и татко?

    Да, лесно ни е нас да кажеме Остави го и продолжи да го живееш животот, ама жено, ти МОРАШ да си го гледаш здравјето, оти после назад нема. Овие нервози ќе си го земат данокот некогаш во животот, за жал....
     
    На ilipili, Li0ness, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Navistina,zalno no vistinito.Sekogash so tolkava kolicina nasobrana vo stres i nervozi,za zal negde izbiva..dali vo po ublazena forma ili malku vo poseriozna...dali porano ili pokasno...vistina tesko nazad....e tek togash decata navistina pocnuvaat da patat...koga roditelot(majkata)ke ja gledaat bespomoshna.....i za shto???za nekoj da mi izvinite na izrazov"stojko shto ne go bolel"... :devil:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Мојата сугестија беше не да се трпи по секоја цена,да се доведе до лудило или некој тешки последици Зависно од проблемот до каква тежина е да се најде и можно решение Ниеден верувајте ниеден брак не е без проблеми,но ако е толку катастрофално одлуката треба да е лична без сугестија на родител или пријател или на некој од нас кој не ја знаеме целосната ситуација Јас само се запрашав што во иднина Дали е јака личност да го преброди тоа Аспоред мене чувствувам дека е кревка и повредлива Ке се заштити ли во иднина и од нервози и од болести и од уште потешки проблеми Јас лично мислам дека треба да го напушти но се прашувам како после каде и има ли сили да ги преброди сите проблеми во иднина Ако се чувствува доволно силна и јака ако мисли дека од потешкото зло го избира помалото зло ОДЛУКАТА ИСКЛУЧИВО ТРЕБА ДА Е НЕЈЗИНА зошто во иднина ке остане сама со мали деца и мислите тогаш ке пука од здравје или срека ЈАС НЕЗНАМ
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Осаменамајка, читав за твојот проблем и би ти рекла дека единствено решение ти е развод. Најмногу за децата, а и за тебе. А тоа поголемкото кога ќе ти зборува дека како ќе менува средина, другарчиња и сл. обиди се да му ја доловиш таа промена како некој убав настан. Спомни му некои убави места каде што ќе ги водиш во слободно време, направи некако да го засака местото. Од друга страна пак, спомни му дека убавината во животот е тоа што одиме на многу места, запознаваме многу луѓе и се обогатуваме. И да остане во истото школо, ќе треба да оди средно, па факултет, многу средини ќе смени. А башка и на девојчињата поинтересни им се оние кои се самостојни и не се водат по носот на другарите ;) Има многу начини да се обидеш да го убедиш да ја засака таа идеја. Само напред и запомни: децата никако да не ги оставаш на тој гад!

    И некаде читам, лесно е да речете остави го, ама таа има и деца, не треба така да се советува (пример). И шо ако има деца? Таа да не има помало право на живот од другите жени? Не треба ништо во тие мигови да ве поколеба и да подлегнете на искушението. Еее какви се` не примери знам. Жени со деца буквално сами на себе, ни работа, ни сабота, ама се борат, се снаоѓаат, чукаат на сите порти и на крај успеваат да овозможат барем некое скромно удобство за нив и нивните деца...не викам дека им било лесно или дека немале големи стресови, ама се избориле и сигурна сум, сега да ги прашам да можат да го вратат времето, што би избрале, сигурна сум дека ниту една од нив не би рекла „камо да не се разведев“...
     
    На Moira, imelda и osamenamajka им се допаѓа ова.
  15. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    77
    Здраво на сите ОГРОМНО БЛАГОДАРАМ за подршката сеа дојдов од работа и имам слободно време па да пишам .Прочитав некој имаше напишано остави се и не се замарај НЕЕ ВООПШТО ЛЕСНО ВЕРУВАЈТЕ ова се тешки животни одлуки ова се тешки фамилијарни работи се наогам пред големо искушение постарото детенце значи е дете најлесно се пере мозок на дете еве и да направам таков чекор да го оставам ;( на таткому што после после одреден период да ми треска во очи дека сум го оставила дека не ми било гајле мислите дека тоа нема да ми го каже !!! сакам да потенцирам една работа МАЖМИ Е НАЈДВОЛИЧНОТО И НАЈСЕБИЧНОТО СУШТЕСТВО НА ПЛАНЕТАВА ЗЕМЈА ВЕРУВАЈТЕ едноставно гази по трупови баш е така имам милијарда пати покушано милијарда пати дадено шанси се си велев ајде ке помине но пусто никако да помине имам 31 година се чуствувам како животот да завршил за мене се чуствувам ко да имам 50 години сеа откако појдов на работа е пекол мируваше една недела и толку и пак почна старата песна синојка ќеркичката ми вели МАМИ АЈДЕ ДА СИ ОДИМЕ КЕ ГИ ОСТАВИМЕ БАТО КЕ ДОЈДЕ КАЈ НАС НЕ МУ ПРАИ ЌЕФ БАТО Е СМОТАН ;( ;( ;( НЕМУЕ ГАЈЛЕ ТИ ШТО ПЛАЧЕШ И ШТО СЕ НЕРВИРАШ ќеркичката ми има само 9 години а толку е пред време пораснато почна мажми да зборува синојка да коментира и оваа му вели тато зошто си ваков ајде не навредувај веке па ние сите те сакаме ;( ;( ;( ;( зошто ти не не сакаш и овој што ке и каже ајде доста и ти само дрндаш нешто бетер си од мајкати мислам не ни сакам да пишувам веќе за вакви ствари нека му врати господ се ... денес бев кај адвокат му кажав штое какое ми кажа вака ЗНАМ ДЕКА Е ТЕШКО НО ДЕТЕТО АКО ГО ОСТАВИШ ЌЕ СИ СТВОРИШ УШТЕ ПОГОЛЕМ ПРОБЛЕМ НЕДАЈ БОЖЕ МОЖЕ ДА ЗАЛЕТА ВО ЛОШИ ВОДИ МОЈ СОВЕТ ТИЕ ИЗДРЖИ УШТЕ ЕДНА ГОДИНА КАЈ СИ ТРПЕЛА ТОЛКУ НЕКА ГО ЗАВРШИ ШКОЛОТО И ДА ТЕ НЕМА ЗА ТАА ЕДНА ГОДИНА ПРАЈ ШО КЕ ПРАВИШ ОБЕЗБЕДИСЕ СТАМБЕНО НАПРАЈСИ ПЛАНОВИ ЕДНОСТАВНО ПРИПРЕМАЈСЕ МОЈ СОВЕТ Е ТОА !!! сеа ви пишувам вам седам на комјутер пијам кафе плачам ко луда бидееки нема никој дома да си се исплачам на раат и само се чудам по кој пат да фатам на моменти ми оди да си заминам но НЕМОЖАМ на кого да ги оставам овие златни души на психопат па тој што им прави пред мене а камоли кога мене ќе ме нема да бидам искрена јас не ке можам да живеам без нив ТИЕ МЕ ОДРЖУВААТ ВО ЖИВОТ
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    У принцип имам ваму таму спомнато дека татко ми е алкос, не кријам, но ја немав целата приказна напишано. Значи, хроничен алкохоличар, од своја 18та година, во некој си стадиум на Цироза, полошо не може да биде. Што е најлошо не признава. Имаше неколку пати алкохолни труења, удари и слично, мајка ми го спасуваше, прекинуваше на неколку месеци и пак по старо, еднаш не пиеше цели три години, потоа прво скришно во подрум, а после и јавно се опиваше пак. Еднаш и си отидовме од дома, сите три, сум имала трауми од него, буквално, се тресев од страв, викав во сон. Се вративме, се закануваше дека ќе се убие, ајде се вративме, и по една недела пак по старо, со муабетот Ве лажев. Кој кого излажал, за што, што постигнал. Денес и двете со сестра ми имаме ужасно трауми, последици огромни, мајка ми е изморена веќе од борбата со него. Јас живеев речиси 7 години на неговата милост и немилост, ако даде пари да се пуштат во ред, ако не мајка ми ќе се снаоѓа. Секакви називи, курви, ороспии, дрољи, ќе ве убијам, ќе ве прележам, па закани со пушки, па бркања од дома, па оставања на сред пат додека се враќаме од некој друг град... Се помина, остана само мојата омраза во душата, тој за мене не е татко, не го сакам, што да кажам, никогаш нема да го сакам. После толку време баба ми и дедо ми дојдоа да живеат кај нас, живеевме 25 години под ќирија и кога конечно направивме куќа дојдоа, да не види мајка ми раат. Сега сирота се справува со сите тројца, и пак истите проблеми. Неколку пати го имам удрено, еднаш му го скршив носот, друг пат по грб, го имам плукано, ама ништо од тоа не стигнува до него, тој е дебелокожец. Сестра ми е малку поинаква, пожаловита, ама затоа и многу повеќе има добиено од него, за разлика од мене, за мене цел живот немало и од него немам добиено ништо освен еден сперматозоид да ме создаде. Муабетот ми беше, немојте да трпите, можеби вие ќе истрпите, ама траумите се на вашите деца. Ако на некое од децата му е убаво со тој родител значи не му смета, може да остане со него, не е на вас да му судите. На суд ќе го добиете, потоа нека оди да живее со тој родител, нека види како е, после само ќе трча кај вас. Сега ја осудувам мајка ми што не била храбра, што не пресекла, што дозволила да бидам волку истрауматизирана, да трпам последици од детството, кое патем морав да го завршам на мои 9-10 години, да станам возрасна бидејќи моето детство нему не му одговараше. Немојте да го зимате како изговор тоа децата да не останат без татко, ним ќе им биде и подобро без тој човек од кого гледаат само лошо. Можеби постов е хаотичен, но на оваа тема не знам што попрво да одговорам, како да ги поставам работите, од каде да почнам, бидејќи тоа е вистина, почетокот не беше со мене, почетокот бил далеку пред мене. Доколку еден ден бидам мајка и имам сопруг кој ќе се однесува со мене и децата како што се однесува татко ми, верувајте ми, ќе бидам посилна од се и ќе пресечам, ма колку и да го сакам, колку и да се озборува во општеството, бидејќи едно знам, не сакам моите деца да го проживеат тоа што јас го проживеав!
     
    На Anturium, danielka0507, avita и 20 други им се допаѓа ова.
  17. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    AngelOfArh секоја чест што си силна да признаеш секој неможе ова гласно да го каже,ти честитам ова значи дека си силна храбра и одлучна и навистина со твојот пост верувам дека на многумина ќе им помогнеш јас имав дедо кој беше гад што не и правеше на мојата на мојата кутра баба,но таа немаше сила да признае тадури беше тепана понекогаш и најлошото на жена што може да и се случи никогаш не ја разбирав како може толкава тортура да истрпува,а што беше најстрашно мојот дедо беше богат човек,а всушност беше човек со најсиромашна душа,имав страв или уплав поточно страв до бесвест тоа беше единствениот човек што го мразев,откако моите купија стан се преселивме секогаш се плашев што
    ќе биде со бабами таа почина,а тој бидејки имаше пари се расфрлаше по жени неоти имашње нешто со нив туку ти е му ги влечеја парите на една и купи стан и и правеше свадба за двата сина.Среќа што моите имаа добра плата и независевме од тој демон таканаречен човек-гад,никогаш не зборев за него јас се срамев,а сите си мислеја колку пари ми давал,од него банка не сум зела,пред да почине сите не молеше за прошка а мене ми рече дете ти..... му реков оди по ѓаволите ти таму и припаѓаш сите беа запрепастени од мојата
    реакција од сите тие жени што го гребеа една немаше бар на свеќа и никогаш не жалев што не му појдов на погреб ниту до ден денес сум му запалила свеќа,имаше коментари дека сум лоша но не сум.Најмногу што мразам во животот е пијандури се ежам од нив јас малку повеќе се расприкажав но тоа е така бидејки знам низ што си минала
    Само еден совет од менеАнгелОфАрх гледај си го животот,тој си го уништил не дозволувај и твојот да го уништи биди ми среќна миличка тоа искрено ти го посакувам некако ми олесни ова што го напишав
     
  18. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ангел оф Арх пред се секоја чест на твојата храброст и покрај се што си истрпела си останала своја.Траумите,бессоните ноќи никој не може да ти ги надокнади,тие ќе останат вечно твоја лузна за жал.Мило ми е што по твоите поствои и покрај се си секогаш насмеана,ведра,а само ти си знаеш како ти е.

    Осамена мајка жалам што поминуваш низ тежок период,знам дека немаш повеќе сили,но мораш да издржиш само поради твоите деца.Тие нека бидат твојата храброст,твојата поддршка.Добро те посоветувал адвокатот да се припремаш полека,полека за да заминиш од таа куќа идната година ако веќе си решена на тој чекор.Дели од платат колку што можиш на страна секој месец,барај стан ако немате веќе обезбедено,планирај што ќе правиш понатаму.Лесно е ние да ти кажуваме остави го или не го оставај,ти најдобро можеш да процениш каква е ситуацијата, што треба да направиш и кога е вистинското време за да превземиш нешто.Детето ни под разно јас не би го оставила со него,па така те советувам и тебе.Иако јас сеуште не сум во брак,допрва ќе дознаам како е знам дека секој брак си има свои кризи,но ова со твојот сопруг е веќе нешто посериозно.Имај си свое јас иако е тешко,не дозволувај да ти ја уништи самодовербата,остани си цврста на свои нозе.Контрирај му со доза на иронија,нека осети и тој малку на своја кож ашто прави.Се надевам дека барем малку ќе ти помогне ова.Ти посакувам се најдобро
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на убавите зборови, навистина е тешко понекогаш да си ги кажеш маките, но овде е поинаку, знам дека мојата приказна некому ќе му помогне да сфати како се чувствуваат децата во целата приказна.
    Илипили, токму заради случајот на осаменамајка и го напишав постот, за неа и за сите кои велат Заради децата. Токму тие деца на крај ќе излезат повредени и со длабоки траги, ним најмногу ќе им остане траумата, не само поради останувањето со само еден родител, туку и поради стравот од тој друг родител, од тоа како околината ќе гледа на нивниот татко алкохоличар, од другарчињата кои ќе бидат избркани на роденденот или додека играат во двор, од крвавиот поглед и лошиот мирис додека седи на последната клупа на родителските средби, од зајадливите коментари упатени кон наставниците и родителите на другите ученици, поради сите екскурзии на кои нема да бидат пуштени, на сите родендени на кои нема да им биде дозволено да отиде, на сите лажни ветувања.... Сите овие ситуации сум ги искусила на своја кожа, живеев во мало место, сите не сожалуваа, тоа ужасно ми сметаше, затоа и заминав толку рано. Не е важно дали се работи за алкохоличар, шизофреник, психопат, намќор или мамина маза, сите тие го прават истото тоа, помалку или повеќе. Бидете храбри, и еднаш погледнете и на вистината во очи.
    Осаменамајка, сакам и директно тебе да ти се обратам, те читав одвреме навреме и знам дека имаше подеми и падови, знам дека имаше лоши и добри моменти, во еден момент дури мислев и дека се средило се, но очигледно не било така. Твоето поголемо дете ко што кажа е машко, нему очигледно му е потребна татковска фигура, можеш тоа да го кажеш и на суд, ако се решиш да не чекаш, можеш тоа и лично нему да му го кажеш, на сопругот, дека ќе се разведеш од него штом детето заврши со школо. Биди силна, тоа мајка ми никогаш не беше. Зборувај и со синот, штом е поголем треба да сфати. На крајот на краиштата, зборувајте сите заедно, биди јасна, даваш можност до крајот на школската година да се средат работите, ако не потоа се ќе се заврши. Дотогаш не ни помислувај да напуштиш работа, да му дозволиш да те малтретира, не те создал тој за да те уништи. Знам дека вака одстрана е лесно да се зборува, тешко е да седнеш и да разговараш, кога ние со мајка ми седнавме да разговараме бевме ужасно нападнати, со оружје и закани, со одвај две три парталчиња во школскиот ранец, се сеќавам го имав понесено дигитронот кој ми беше многу драг и четката за заби, кога се вратив по бањарката бев дочекана со закана по животот, и сето ова на мои одвај 9-10 години.
    Суров е животот, затоа сега го живеам онака како што сакам самата. 10те години надвор од дома ми помогнаа да бидам поинаква од она што бев, да се осамостојам и да се излечам делумно од раните кои ги имав стекнато, сега кога ќе си отидам дома пак се е исто, но јас секогаш застанувам на страната на мајка ми, гордо исправена, поднесувам се многу похрабро, јас се излечив, но раните на мајка ми ќе ме болат многу повеќе од моите.
     
    На Trendafilka, Palchica, Li0ness и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Апсолутно се согласувам со ова. Не само што детето ќе заврши со школото, а и не само што ќе имаш време да се средиш во однос на станбеното прашање туку ќе имаш доволно време и да створиш подлога кај децата за тоа што доаѓа. Само биди сигурна што сакаш да направиш, дали ќе заминуваш или ќе останеш - бидејќи од неодлучност само минува времето и не е добро за никого, никој не е среќен.


    Доколку решиш да си одиш: ....колку си само младаа!!! Па јас имам другарка која има 35 години и 12 годишна ќерка. Разведена е веќе 5 години. Вика: многу ми е убаво, ќерката голема, јас сега имам дечко и мнооогу се сакаме, заљубена сум и се осеќам како да сум тинејџерка! :) Така да... ти треба време да собереш сила и енергија во себе и да видиш како може еден ден да се осеќаш како 20 годишна пак...